Де, ќе излезеш на прошетка, ќе ти годи. Малку загадено надвор, ама нема везе, битното е што мислат на тебе. Одлични се, само нека продолжат со добрата работа.
Следнa меркa јaдење и пиење... Гoспoѓo личнa кaртa, кутијaвa слaдoлед е мнoгу зa вaс дијaбетис ќе фaтите. три лебa aууу гoспoѓo штo прaвите вие ќе се убиете
Точно како ќе биде за привремено онеспособени (температура на пример), не знам како ќе се регулира. Ама знам дека во светот, со име со презиме подгигнуваш рецепт од аптека. За трудница која лежи, има од доктор извештај дека лежи. Свекрва ти, ќе ја однесете со кола. Па така беше и претходно. Морав да одам на психијатар, и тоа на државен, еднаш на три месеци, да ми ги обнови рецептите.
И , земаше терапија за три месеци, или месец за месец одеше у аптека? Јас ќе ја однесам свекрва ми со кола. Ама баба ми нема кој да ја носи секој месец. Па и 30 км е оддалечена аптеката. Во Грција не мора лично да одиш со рецептата во аптека по лек. @Yowannty така е, или грешам. Еве и @Ava.84 може да сподели како е во Немачка
И пак не разбрав како со овој закон граѓаните нема да остануваат без лекови, а одговорноста ќе се префрли на докторите.
Па квотата ќе се укине, и нема да ти се случи да отидеш на 30ти и да ти речат: Нема од тој лек. А контролата за што се препишува, колку и како, ќе биде единствено врз докторите. Без специјалистички наод, нема да може да препишуваат матични се' и сешто.
И до сега матичните не можеа да препишуваат све и свашта. А таман работа ако за антибиотик треба да одиш на специјалист . И на кој специјалист би пратиле за бактерија некоја? Можеби на инфектолог? Ние немаме инфектолог и во следните 8 год нема никаква шанса да имаме. Ќе мора Скопје да одиме по рецепти, па на враќање ќе застане свекрва ми у аптека. Од специјалисти имаме само интернист, хирург, невролог,психијатар, гинеколог, очен и приватен педијатар. Кај кого ли ќе ме прати матичната да ми препише антибиотик, ако треба да пијам?
Антибиотик препишува матичен, ако одговара клиничката слика, односно, ако има бактериска инфекција. Повеќе е проблемот за седативи, тие се злоупотребуваат.
Будалаштини.Лично одење во аптека,што корист од тоа? Луѓето плаќаат или плаќале здравствено,да ги малтретираш без потреба, не сфаќам. Па и да сакаат да препишат еден антибиотик,го имаат веке платено со здравствени придонеси. Нека биде само за седативи,а не за се! А на крај ако некој сака да се труе со седативи државата ке го контролира и спречува ?
Едно е да се забрани на матичен да дава рецепти за седативи без специјалистички наод, сосем друго е да мора лично од аптека да се земаат лековите. Со второво, злоупотребата на седативи , па и антибиотоци нема да се намали. Тој што ги злоупотребува пак ќе ги злоупотребува. Не гледам како ќе се спречи тоа со донесување на закон - Лично во аптека
Ако е на сметка на државата, треба да го контролира. Ако сака, на приватно нека си купува што сака, со мои пари, не можи.
А еве не сaкaм јaс личнo дa си гo купaм лекoт... Рaбoтaм и кoгa сум дoмa ми е нaјпaметнo дa им дaдaм пaри нa децaтa oд мaaлo дa ми зaвршaт рaбoтa, им гo ускрaтувaте џепaрaцoт нa млaдите срaмoтa.
Можеби е одвратен,ама во право е.Дојдоа и уништија. Филипче продолжува да се глупира.Болен човек не може сам да оди да си купи лек.Што да прави ако нема кој да го однесе? #АлчностНевидена
Знаеш што? Седативи и антибиотици и сега, а и во иднина можеш да набавиш без рецепт колку сакаш, ако знаеш каде. Целава работа ќе се крши на грбот на нас чесните, обичните. Некои глупоштини едноставно не се правдаат.
Ма супер. Сега баба Рада ќе ни биде матичен лекар, Иван Исцелител доктор - специјалист за све (слушам лечел и сида), а Кили заменик- министер за здравство. Па аптекине мувла нека фатат.