https://novatv.mk/zaev-utre-ke-ja-predlozhi-nina-angelovska-za-nov-minister-za-finansii/ Значи да, а? Ова е ужасно. Пљук! Колемишевски за економија?! Он е правник луѓе!!! Он може да биде министер за круварлук, а не за економија. Не е темава за трач и вистина, а искуството ми е лично, па ќе престанам тука. Пакувајте си ги куферите. Државава стана виц. Несериозност до бесконечноста. Едно е да те бива за бизнис, а друго е да си министер. А која е ароганцијата да го прифатиш предлогот?! Некој да му каже на Заев дека тоа од Форбс се пријавуваш сам и ПЛАЌАШ за да те има. Да не не му кажале. Сериозно... полека сите, еден по еден на аеродром.
https://kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenichkata-na-gruper-e-novata-ministerka-za-finansii/ Мизерлаци невидени! Дали е ова најава дека склепале уште една Катица? Да доукрадат што можат, а стапот прва да го јаде младав а и неискусна девојка! Ако девојчево има два грама мозок и малку доблест, треба одма усвет да фати што подалеку од овие битанги. Зарем ништо не научија досега? Ова не е професионален предизвик, ова е екстремен егзибиционизам, одење по јаже над провалија. Уште од сега ми е жал.
А па до сеа со искусниве многу аир видовме, се мењаат само ко на лента те едни исти. Девојкава е екстра, паметна образована, екстра у менаџирање и треба да и' се даде шанса.
Туку, освен што не ја сакате лично, да кажевте што и фали на девојкава? Бидејќи јас не ја знам, па очекував некој аргумент да кажете што не ја бива...
Неквалитетен маркетинг за привлекување симпатии од приглупа омладина и повозрасни со сличен ментален склоп. Комерцијала тешка. За вода сѐ уште не земаат од никого. Шо знам зашо не ти зеле, така ти се погодило. Плаќајте онлајн, за инает не им оставајте вишок. Само веројатно не секој е во можност да плаќа електронски и затоа е ова лоповлук.
Шанса за што? Кај живееме? Шведска, Швајцарија? Таму може даваат шанса на млади анонимци. Овде на крај може само пелин да изеде.
Сериозно? Лично?! Зошто е некомпетентна. Зошто е неискусна. Зошто е премлада за да води клучно министерство. Не се финансиите ексел табели и крадење идеи. Знаеш како се претставува? Како претприемач! Па шегата не може да биде поголема. Како доктор по економија би требало да знае дека взаемно се непоимливи. Да беше министер за економија, да речеме ќе сфатев и ќе речев, добро, можда ќе се снајде. Ама финансии? Ноу, ноу. Не е најмалку маркетинг. Ако Тевдовски не беше во ред, како Нина би била еве не ми е јасно. Нас не ни треба освежување, нас ни треба сериозен, зрел човек кој ќе биде докажан во професијата. Зарем нема?! И те како има, но не би бил толку лаик за да биде манипулиран.
На Заев не му иде памет со изборот на министрите и не му иде. Не знам што му е проблемот, ама не можеш да си играш со ресор финансии само за да пратиш порака дека и младите можат да стигнат на висока функција. Само лоши избори прави, си игра играчки со она што не смее. Паметна е, млада, образована, мада икс пати сум ја слушала и не воодушевува со говорот. Го смени Тевдовски за да го замени Нина? Става некој многу послаб од него.Очекував некој искусен, достоен за функцијата, зрел, а не е-бизнис експерт. Министерството за финансии е најкомплексен ресор од сите и треба навистина искусен човек од таа област. Реално Нина тоа не е.
Зoштo пa зoштo... Еднoстaвнo е... Сивитo не чини, зaр зa oвa требa дa се рaспрaвaме. Дa слушaвме oд пoчетoк зa некoмпетентни луѓе немaше сегa тукa дa бидеме.
Сеедно е кои ќе постават за министри. Тие секако не се тука за да ја оправаат државата, туку за да крадат и да ја уништуваат. Ама веќе ако толку не ја сакате оваа конкретно, можеби ако продолжите да критикувате на социјалните мрежи, ќе се повлече. Ништо ново од нив.
Кога ќе замине оваа влада ти повторно ќе се фрустрираш и така оди редот Всушност, веќе си почнал штом фокусот ти заминал од политички случувања до мислења и коментари на членови. Не празни нервоза од партиските собиранки овде на форумот. Да ја средеа државата твоите, да немаше што да се критикува, па да се лутиш на постовите, вака, не иде.