Ljupche Zlatev najavuva ekskluzivni podatoci za novata ministerka za finansii.Kako samiot najavuva deka Gruper go vodela so izmami.Ajde Ljupche cekame materijal za ozboruvanje. https://lider.com.mk/ekonomija/dali...mi-a-sega-kje-stanuva-ministerka-za-finansii/ Koga ke go sporedam ekonomskiot tim na Gruevski i na Zaev e ko da sporeduvas nuklearna raketa i gumen kursum.
Очекував да видам вест како некој од дотраените автобуси кои сообраќаат низ Скопје се запалил денес , кога гледам , двокатниот на Грујче . Не беа овие 2012 - 2014 земени ? Нови беа .. Ме чуди како може да се запали во возење .. зарем не научија дека секоја недела треба да ги носат на технички . Не научија ли нешто од несреќата кај Ласкарци
Не бе, супер ни оди у партија... Баш прегеска ве оговаравме, дека малку се подлажавте дека пак ви се ближи вашето време и уста не затворивте деновиве.... Како и да е, сега слободно може да се критикува власта, не е како во вашето едноумие, да се стрела секој неистомисленик.... па така, слободно продолжете, ќе ве ислушаме
Среќа е што нема жртви . Да не бил пожарот на време забележан , сега ќе броевме колку луѓе настрадале ...
Хaхaхaхa зa време нa пo твoе режим... Имaвте прoтести секoјдневни, медиуми весници телмa 24 aлфa a1 дo 2011, пoртaли, невлaдини oргaнизaции пoзaди сдс, aмбaсaди, меѓунaрoднa се се се, предвремени кoгa сaкaвте тoa е нaј демoкрaтскo, меѓунaрoдни нaбљудувaчи сo илјaдници незaпaметенo вo други случaји, непризнaвaa институции... И сегa спoреди гo твoјoв режим сo штo е oвa денескa. И oвa ти гo кaжувaм oд пoзицијa нa некoј штo не е дпмне. Не живеј вo oблaци. Срaмoтa е.
Се ова што наброја, всушност се случуваше зошто Македонија го живееше најубавото поглавје во историјата, нели... абе иди бегај, не биди смешен....
Не не гo живееше јaс бев прoтив груевски зaтoa штo не стaви крaј нa мешaњетo вo внaтрешните рaбoти нa Мaкедoнијa и си легнa нa oхридскиoт рaмкoвен дoгoвoр. Не туку се смешкaј кaжи дaли беше тaкa и спoреди гo сo сегa. И кaкo сегa се третирa oпoзицијaтa. Ти си смешниoт.
Ве стрелале хахахах не сте вие белки зомбиња Значи циркусот летово служи за ние да се подлажеме, да не се секираат оние помалку упатените ваши симпатизери. Добро. Приоритети, мајко мила. сдс додека беа во опозиција немаа никаков демократски капацитет за дискусија, нејќеа да слушаат ништо што не им одговара, многу беа хистерични и најдобро беше да не разговараш со нив. Сега не се расправаат зашто сѐ им е рамно, ама како и секогаш ги игнорираат реалните проблеми, затворени се во своја стварност повеќе од било кој. Не, и никој ништо нема да научи, веројатно никогаш.
Јас така кско лаик неупатен, сакам да ми кажете еден човек кој сметате дека ке го биде за министер за економија, не е битна неговата партиска определеност. Може па и премиерот ќе го упатиме. Не, сериозно де предложете?
Заев кога пред 2-3 години даваше интервјуа беше се нешто сигурен во себе се смешкаше а сега во последно време како некој исплашен зајак зборува, испотен целиот зборува брзо.
Зошто да не и Ставревски Арен си беше човекот, професионалец. Тоа што не се слагаше со лудите идеи на неговиот ,,лидер,, кажува далеку повеќе од она што го сторил.
Бидејќи идејата на премиерот е експерти на вистинските позиции, ете Нина и Коста и Кирил велат дека политика е ново за нив, па се политички анонимуси, можеше да се осврне на познатите банкари кај нас. Од бордовите на директори само да се насочи, пола работа му е завршена. Има и одлични луѓе и од други типови на финансиски институции. А и што вика Рефка, Ставревски без иронија сметам дека беше ретко здраворазумен лик од претходната влада и ми се допаѓаше. Човекот интегритетно си го застапувал стојалиштата, ама нели... друго е во прашање. Треба да гледаме реално на работите. Немаме време за проби и утки. Она што треба да се критикува, треба да се критикува зошто не се работи за градоначалник на Прибилци со буџет од 2 милиони денари. Има луѓе на темава (не зборувам за тебе Галапче, дека те цитирам, генерапно зборувам) кои јасно ми е дека имаат придобивки од партијата оваа или онаа, па секогаш реагираат на идентичен начин еден на друг, а не се ни свесни за тоа и секогаш им чини што и да им преземе партијата. Да бидеме реални, ова е страшен чекор.
Јас имав шанса лично да ја запознаам во неколку прилики и убаво мислење имам и за неа, и за Групер. Искуството секогаш ми било позитивно и често го кажувам тоа. Девојката е многу начитана, нашетана и информирана, во тек е со настаните, полетна, полна енергија, муабетот што го прави е на место. Повеќе не знам, и не би било фер да кажам. Значи, впечатокот мене ми е позитивен. Нема многу такви луѓе овде. Коста Петров не го знам, ама типот знае шо прави и знае како да направи добар ПР. Да направи хајп, да речеме. Можеби и затоа го земаат, малку да се поправи реномето на партијата. НО.... И јас не мислам дека и' треба ваква егзибиција. Ни неа, ни на Коста Петров. Се надевам дека ќе останат некорумпирани, трудољубиви и полни со енергија да ги решаваат проблемите. Оти се' некако мислам дека кога ќе те проголта машинеријата, треба да угодуваш на лево и на десно, на фаци однадвор, да се осигураш дека џепчињата на сите тропкаат и плус да водиш државни финанси... мислам дека ќе ти го исцицаат и најмалиот атом на енергија.
A дали секогаш мора да имаме сопстве предлог за да критикуваме или изразиме несогласување со предложените министри? Низок удар, Галапче. Слично како Чка другарка ти Не сум стручна, ниту морам да бидам и се да знам, нели одбрани се за тоа да ја водат државава, а не да прават циркузи. Тежок плагијатор за министер Била начитана, образована, докторат, итн... Пола од младава популација се такви, па не сите се за министри. Постои нешто како искуство, на пример. А дотичнава го нема. Освен за крадење туѓи идеи
А да, да се надоврзам на постот на @An-na (ништо лично, само ми дојде твојов пост овде) оти често слушам дека идејата за Групер е крадена. Ако добро памтам, Групер (и сите фирми од типот на Групер - пример, во Словенија е Купонко, во Америка е Групон, во Бугарија е Групово) се франшиза. Значи, само ги откупуваат правата да го прават истото, а не ја крадат идејата. Исто како што Мекдоналдс, Бургер кинг, КФЦ и сличните на нив ги продаваат правата за отворање ресторани низ светот.
Исто сакав да пишам. не се работи за плагијаторство. Само со лиценца е превземена работата. Жената не измислила ништо ново, но ете многу години успешно опстојува на е-пазарот. Зарем немаше и други он-лајн сајтови за вакво вид на понуди на пазарот, ама не успејаа. Не ја познавам девојката, но тоа не значи дека не е успешна. Нека се даде шанса. И многу звучни имиња биле на чело на Министерства ама не покажале особен успех. Не ми е јасно она во врска со годините и искуството, зарем претходно НЕКОИ Министри за финансии имаа искуство и години кога просечно успешно ги водеа финансиите во Макд ?
Настрана од тоа, често е критикувана и она, а и други млади - демек, зошто не се почнуваат стартапи за е-комерција во Мкд. Ова Благојчо Аризанов ја критикуваше, а и него си го поштувам, ако е забеган малце. Е, па, не е така лесно. И Групер не дека вртат некоја којзнае колкава пара, вртат сосема доволно за да опстанат успешно и да додадат по некоја новина тук-там. Толку е. Па само една апликација знаете коолку пари чини?! Многу! Сега се проширија и во Косово, ама не дека и таму ќе свиткаат џам. За да се направи еден сајт за нарачки како Амазон, Али Експрес, Золандо (или како и да беше тој германскиот/швајцарскиот), требаат многу пари, ама требаат и технички услови што делумно се оневозможени ради полисите на Гугл во Мк. Пример, не можеш да рангираш со спонзорирано кирилично пребарување, па се користат бугарски/руски азбуки, па подесувањето за онлајн наплата е осмо светско чудо за банките овде (пример - еден куп книжарници имаат електронска испорака на книги но целиот систем е застарен и се гледа дека функционираат со што можат и имаат на располагање) па карго доставите чинат едно мало богатство (пример, плаќам 100 денари достава за продукт од 100 денари?!) итн, итн, итн... Да не заборавиме, ние сме исклучително мал и сиромашен пазар. Се знае колку е и која е куповната моќ на пазарот. А да не правиме муабет за тоа колкава едукација треба на населението за правилно купување онлајн. Се знае кај нас, најлесно е да се купи/нарача преку ФБ/ИГ - тоа го знаат и тоа го прават луѓето, па мислат се' е лага, бла бла. Мислам, ај да бидеме реални, без купоните на Групер, 80% немаше да отидат у Сушико на суши оти е прескапо за еден просечен човек. Како и да е... да не забегаме од темата. Не е лесно човек да отвори и одржува фирма/бренд во Мк, така што... нема потреба до толку да се плука по неа.
Без никакво сомнение девојката е способна,никој не треба да го спори тоа,но за оваа позиција е неискусна. Имаме многу способни млади лица што успеале во бизниси но дали ке ги бива за министри ,дали ни се потребни такви егзибиции и тестирања?! Дали се работи за недостаток на искусен кадар,докажан во тоа поле,па од тука доаѓа овој предлог за министерка?
Ок, неискусна е. Дајте предлог тогаш. (само без НЕЗНАМ ве молам) Мој предлог беше да го вратат Ставревски. Или евентуално (незнам дали е технички возможно) Таки Фити. Кирил Миновски by the way какво искуство имаше? Него лично го познавам, воопшто не е за функција, а најмалку за Финансии