Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.203
    Пол:
    Женски
    Сѐ се следи. Не постои повеќе приватност во близина на уредиве.
     
    На Јаневски и Asdasovski им се допаѓа ова.
  2. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Се се следи сaмo црпнaтиoт никoј не гo следи, бил вo Прилеп вo Пoлoшкиoт региoн, не пoстoи технoлoгијa кoјa ќе јa нaјде лoкaцијaтa нa тaкoв изгубен случaј.
     
    На Јаневски, nextredstyle и sjdgo им се допаѓа ова.
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Ама еден збор не кажаа и не го осудија барем малку очигледниот криминал од нивните другарчиња министерчиња и уште се надеваат дека оној режисерот 8) од Будимпешта како месија ќе се врати во земјава. (mooning)
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    25.595
    Пол:
    Женски
    Не сум од Скопје , инаку би се качувала без проблем .
    Не кажав ништо негативно за автобусите, туку за нивниот технички преглед .
    Кинески или не, убави се , ама не се одржуваат како што треба.
    И од Зоки да беа , ако не се одржуваат пристојно , џабе ќе е .
     
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Ниту се овие новиве на Заев или Шилегов, ниту се кинеските на Грујо.
    Граѓаните ги плаќаат тие автобуси.
    -----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Од вкупно 200 автобуси, 148 секое утро излегуваат на улиците. Во базата остануваат 52 автобуси како замена ако некој се расипе во текот на денот, од кои 40 се веќе расипани и се чекаат да се поправат.

    „Не можеме да имаме резервни делови на лагер оти се скапи. Луѓето се чудат зошто ги пуштаме во сообраќај старите автобуси, но мораме оти двокатните се расипани. Старите помалку се расипуваат од новите. Поправката оди тешко бидејќи немаме софтвер за да го откриеме дефектот“, раскажуваат вработените во сервисот на ЈСП„Скопје“.
     
  6. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Џaбе му е... тие се пo oбрaзoвaние учки, a штo пa нaс дa ни е гaјле штo прaвaт oни, зa тoa некa си мислaт aлбaнците, ние им дaдoвне сaмoупрaвувaње нa нaшa земјa... Штo сегa зaкoни дa се следеле ? Вo див зaпaд немa зaкoн.
     
  8. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Премиерот Заев инволвиран во случајот со унапредувањето на министрите професори од ДУИ

    Преписка со првиот човек на владата покажа денеска пред медиумите просветниот инспектор Ѓорги Илевски во која премиерот пишува дека нема ништо спорно во напредувањето на тројцата функционери на ДУИ на тетовскиот универзитет. Заев му пишал СМС порака лично на тетовскиот инспектор. Во неа премиерот го убедува инспекторот дека согласно новиот Закон за високо образование донесен минатата година, Адеми, Нухиу и Емрули законски биле унапредени со повисоки наставно научни звања додека извршувале државна функција. Сепак, Илиевски го потсети премиерот дека тројцата функционери на ДУИ напредувале во 2016 година – што било спротивно и на Уставот и на тогашниот Закон. Тој го обвини Заев дека влијаел врз одлуката на второстепената комисија.

    https://republika.mk/vesti/makedoni...apreduvanjeto-na-ministrite-profesori-od-dui/




     
  9. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Овој опортунистов Тортевски е најмногу разочаран што му пропадна златната кокошка СЈО. Додека сркаше од таму ништо лошо не гледаше, а сега наеднаш му текна дека Ката немала капацитет, ама тогаш се срамеле да кажат?! А затоа прв беше да провоцира кај народон што протестираше, да пцуе, да се ку*чи, да шлапа глупости (па што ако го сменија името, па што, па што?) а сега што - елате ваму сите разочарани, јас да ви кажам како треба?
    Ѓубре скапано. Ваквите во шише би ги напикала и би ги фрлила во бунар.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Тогаш политичариве ќе мора самоубиство да прават...
    Пошто нема кој да им ја изрече, ниту спроведе.
     
  12. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Федерaлизaцијa нa Мaкедoнијa нaскoрo вo книжaрниците близу вaс.
    68858712_428423337760515_564619024957177856_o.jpg
    69262105_882511902148993_3465195046230294528_n.jpg
     
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.048
    Допаѓања:
    131.002
    Пол:
    Женски
    Не,бе,го прават глупав народот...
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.048
    Допаѓања:
    131.002
    Пол:
    Женски
    Имаат план „Б“... :rofl::rofl::rofl:
     
  15. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.221
    Аман више нека го донесат законот за Ј.О. нека предложат некои амандмани и опозицијата за да биде подобар, и така веќе нешто се прифати, кој ке биде на чело сега не е најбитно ке предложат и двете партии, па советот како постстучен ке одбере.
    Само што сега тој што ке седне на жешкото столче два пати ке размисли пред да донесе некоја одлука или сезнае затвор.
     
  16. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Нoсете си сo еврoпскo знaменце, и oнaкa пoлa oд нaселениетo не ви јa признaвa држaвaтa, знaеш кoлку ни е гaјле дaли тaму ќе имa северџaнски кaдри, ич.
     
    На nextredstyle, orevokrsacka и zuto им се допаѓа ова.
  17. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.221
    Од државен интерес е да се донесе овој закон за било кој да е на власт,оти ни го бараат, а вас ако не ви е битно да се донесе тоа е више др работа.
    Увек кга треба да се донесат битни закони за државата Вмро ескивира.
     
  18. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Акo се битни зa oвaa држaвa тoгaш мoрa дa се дoнесaт...
    Нa никoј не му е битнa oвaa држaвa, ни нa мaкедoнците ни нa aлбaнците, сaмo нa тие нa влaст.
     
  19. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    ----
    Автор: Давид Илиески
    Извор: https://irl.mk/zoran-zaev-i-big-mak-grandiozni-i-misteriozni-planovi/
    ----
    [​IMG]

    Зоран Заев и Биг Мајк: Грандиозни и мистериозни планови
    28.08.2019

    Не се случува често светска бизнис естрадна ѕвезда да се го спушти својот приватен авион на скопскиот аеродром и да најави гламурозна претприемачка авантура која што од Македонија би направила европска „канабис супер сила”. И додека Мајкл Штрауметис на својот инстаграм профил не води низ секој чекор од средбите со функционери на високи позиции, вклучувајќи го и премиерот, секторот за односи со јавноста одбива да одговори која е целта на оваа посета и во какви преговори е со познатиот инстаграмџија и претприемач во полето на одгледување на канабис.

    Тивко пристигнување во Македонија

    Вторник наутро, Мајкл Штрауметис објавува фотографија на неговиот Инстаграм профил дека пристигнал во Северна Македонија. Следуваат видеа од полициската придружба кои што, популарно наречениот Биг Мајк, ги споделува со своите следбеници кои се бројат во 7 цифри. Откако е дојден, катаден Биг Мајк известува за своите супер планови за инвестициите во полиња со марихуана и го споделува својот ентузијазам за соработка со македонската влада. Речиси и нема медиуми кои што ја следат оваа посета. Институциите не споделуваат ништо. Единствените информации се продукт на посветеноста на Биг Мајк на социјалните мрежи.

    Тој ни кажува дека поразговарал со премиерот Зоран Заев и споделува фотографија од средбата.

    „Зборувавме многу за канабисот. И, дозволете ми да ви речам, оваа земја има голем потенцијал. Возбуден сум што ќе бидам дел од претворањето на Македонија во една од европските супер сили“, ќе каже тој.

    Грандиозни и мистериозни планови

    На неговиот профил ќе се појават и фотографии од состаноци и со други функционери. Биг Мајк фанатично не известува за сите Македонци кои ги запознал и видел. Од градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, до функционери на високи позиции како министерот за здравство Венко Филипче. На некои од фотографиите може да се забележи дека тој е и во посета на некои од постоечките погони за производство на медицински канабис во земјава, но бидејќи не кажува каде, тешко е да се процени на кој погон и со кој и колку производители се видел. Како што е тешко да се каже и што точно прави во Македонија.

    [​IMG]
    Фотографии од Инстаграм профилот на Мајкл Штрауметис, Биг Мајк

    Разговорот меѓу Биг Мајк и Зоран Заев е тајна

    Владините функционери ретко пропуштаат прилика да се пофалат со успесите. Тоа го прават преку соопштенија, а социјалните мрежи се нивниот омилен медиум. Но, никој од оние што се видоа со светската инстаграм ѕвезда со 2,8 следбеници не се пофали ниту со соопштение ниту со фотографија.

    Тимот на ИРЛ денес испрати прашања до Владата на Република Северна Македонија за тоа која е причината за посетата на Мајкл Штрауметис и што се дискутирало на средбата со Премиерот на што добивме одговор дека нема професионален стандард или пракса за јавно информирање за сите работни средби во Владата.

    „Владата на Република Северна Македонија и премиерот Зоран Заев на дневно ниво реализираат бројни средби и работни состаноци на економски теми. Не постои професионален стандард или пракса за јавно информирање за сите работни средби во Владата“, пишува во одговорот на прес службата на Владата.

    Мајкл Штрауметис пред да стане Биг Мајк

    Мајкл Штрауметис е роден во Портланд, Орегон во семјество од работничка класа. На свои 19 години започнува компанија за ѓубрење на земјоделски производи, а на 23 влегува во бизнис со растење марихуана. Живеел во бегство повеќе од една деценија со седум различни идентитети. Во 1996 година откако е фатен како нелегално сади марихуана во Калифорнија, со лажен пасош влегува во Канада каде ја отвара својата компанија „Advanced Nutrients“.

    Денес „Advanced Nutrients” е број еден компанија во светот за продажба на хранливи продукти специјализирани за канабис, со 90 милиони американски долари годишно во продажба во повеќе од 93 земји.

    Мајкл Штрауметис во 2018 година започува активно да го користи својот Инстаграм профил, кога од претприемач прераснува во ѕвезда на социјалните мрежи. Тој активно објавува контроверзни фотографии од девојки, снимки од различни земји каде долетува со приватни авиони. Често зборува за неговиот бизнис во индустријата за производство на канабис и експанзијата на неговата фирма.

    [​IMG]
    Фотографии од Инстаграм профилот на Мајкл Штрауметис, Биг Мајк

    Македонија се отвара кон пазарот за канабис

    Иако првите законски измени започнуваат со претходната влада, сепак, владата водена од СДСМ од самиот старт покажа посветеност да се позиционира на пазарот за производство на канабис и продукти од канабис. Премиерот напати го отворил и прашањето за легализацијата на марихуаната за лична употреба.

    Првите чекори се прават пред речиси три години кога владата почнува да дели лиценци за производство на канабис за медицински цели.

    Поделбата на лиценците, засега вкупно осум, не помина без контроверзи. Директно, семејството Заеви е вклучено во две компании кои произведуваат марихуана за медицински потреби – „МАМ“ од Свети Николе и „Фарма-медика канабис“ од Валандово. 360 степени скоро ги истражуваа ефектите од инвестициите во овој бизнис и констатираа дека инвестициите засега не даваат никаков значаен придонес во македонската економија.

    Во продолжение погледнете го видео истражувањето „Опоен бизнис” на Истражувачката репортерска лабораторија изработено минатата година во којшто се истражуваат играчите на потенцијално профитниот пазар на канабис и нивните врски со лица и центри на моќ.

    Поврзани стории: Опоен бизнис
    ----
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    :)

    ----
    Извор: https://denesen.mk/mladi-za-makedonija-mu-ja-dovrshivme-shkolkata-na-shilegov-vo-gradskiot-park/
    ----
    МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Му ја довршивме школката на Шилегов во Градскиот парк
    28.08.2019

    [​IMG]
    МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Му ја довршивме школката на Шилегов во Градскиот парк
    Фан страницата „Млади за Македонија“ на Фејсбук објави фотографија од Школка во Градскиот парк во Скопје на која е поставено Сонцето од Кутлеш.


    – Градски парк Скопје, Македонија. Ја реконструиравме и школка во градскиот парк, пирејот се шири и нема да запреме овде. Вие едно ќе уништите/избрусите, ние пет нови ќе поставиме зашто тоа знаме и симбол е во нашите гени. Никогаш северна, само Македонија!- порачаа Млади за Македонија на Фејсбук.

    Градоначалникот Петре Шилегов деновиве, исто така на Фејсбук, се испофали со овој „најнов проект“, односно бојадисувањето на школката во Градскиот парк. Тоа наиде на иронични коментари и потсмев, исто така на социјалните мрежи, каде имаше коментари дека бојадисувањето на школката е втор голем потфат на Шилегов по оној со постојката за 57-ка во Градскиот трговски центар.
    [​IMG]
    ----
     
    На nextredstyle и orevokrsacka им се допаѓа ова.