Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.203
    Пол:
    Женски
    Кој сака да се кладиме шо е следно сега до крај на мандатот, мигранти? Ма неее.
     
    На nextredstyle и Јаневски им се допаѓа ова.
  2. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Не знам за до крајот на мандатот, но знам дека за нешто години, ќе ја приватизираат водата.
    Од водовод ќе имаме само техничка вода за миење, а за пиење ќе купуваме флаширана.
    Се што е природно богатство - чист извор на вода, ќе стане приватна сопственост, а јавните водоснабдувачки системи достапни за народот ќе бидат намерно запустени - или преку нивно дирекно купување, или преку негативно влијание од страна.
    Една од белосветските перверзии против човештвото.
     
    Последна измена: 31 август 2019
    На Biny, AnnabelLee и Asdasovski им се допаѓа ова.
  3. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Ми текнa нa oвa, бaш истo, лудaци...
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.203
    Пол:
    Женски
    Не можам да кликнам ми се допаѓа на ова :doh::(
     
    На AnnabelLee и Јаневски им се допаѓа ова.
  5. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Ете, не си доволно прогресивен човек.
    Идејата на козумеризам не предизвикува позитивни емоции кај тебе. Не те испрале во мозокот индоктринирале соодветно.
    Овој длабоко метастазиран рак што се шири на планетава, сакаат уште побрзо да се шири.
    Живееме во глобално општествено уредување што ќе се памти како едно од најлошите во историјата на човештвото. Но, можеби некој ден ќе бидеме подобри.
     
    На AnnabelLee и sjdgo им се допаѓа ова.
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Како да е Миленко низ темава на пати си мислам :D

    Порано вака почнуваше учебната година а не па да дават наставниците да си бараат подобри услови за работа.
    А тоа се истите тие работници што вака ги редеа децата. FB_IMG_1567233626594.jpg
     
    На oblace1, mareane, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Вчера на расправа во седница Заев за малку ќе ја скршеше чашата вода до себе.
    Се чувствува тензија, пукаат и последните зашиени нервни шавови, мириса на леш, оставка и пад.
    Remember, fall is coming. :e:
     
    На Harper, Rama, Asdasovski и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.203
    Пол:
    Женски
    Hе е моја вина, туку на системот. Машината не пере како што треба или не чини прашокот. Kојзнае уште колку има како мене.
    Лошо стана поради пропагандата која се наоѓа насекаде, во џеб ја носиме, буквално.
     
    На AnnabelLee и Јаневски им се допаѓа ова.
  9. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    :D:D:D:D
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Трагедијата на една Нина
    [​IMG]
    Портфолиото на жената која ни ја претставуваат како нов министер за финансии е портфолио на класичен плагијатор кој може да има проблем со меѓународните закони. Портфолио на жена измамник со сомнителен бизнис концепт, која секогаш длабоко била во спрега со државата и така се пробивала во хиерархијата на нашиот квази-капитализам.

    пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ

    Искрено, не верувам дека постои нормален и стабилен човек кој би сакал неговиот дом да го води жена која прифаќа да биде втор избор.

    Нина Ангеловска прифати да биде втор избор, откако антикорупциска му забрани на премиерот Заев самиот да ја обававува функцијата министер за финансии.

    Не, ова не е мизогинија (иако многумина веднаш така би оквалификувале), реално постои длабок проблем со жените кои прифаќаат да бидат втор избор (ги викаат и швалерки). Не постои ништо пофеминистичко од овој мој заклучок. Едноставно, не може да биде лидер некој кој прифаќа да е втор избор!

    Во случајот на Нина, таа можеби е и седми или осми избор, ако се има предвид дека многумина претходно го одбија премиерот да стапат на оваа функција (помеѓу нив и професорот Ванчо Узунов).

    Сепак, мора да се биде искрен и да се призне дека доколку човек ја чита биографијата на Ангеловска, многу тешко дека ќе ја детерминира нејзината општествена субмисивност. Се работи на студент на генерација на е-бизнис на економски факултет, подоцна магистер и доктор на науки. Жена, која од 2011 ja поседува и води успешната компанија „Групер“.

    Наизглед, колку и да се сомневате во нејзината способност за водење на макроекономијата, поради богатата биографија би помислиле се работи за една импозантна фигура која без проблем би ја водела државната каса.

    Но, позади превезот на интелектуалка која во исто време е успешна бизнисменка, се крие една голема измама! Бизнисот на „Нина Групер“ е целосен плагијат на американскиот „Групон“ (повеќе на следниотлинк), што само по себе е проблем од невидени размери. Да украдеш бренд, да му ги ископираш боите и концептот е трагедија на нивото на „Адибас“ патики кои се продаваат на пазарчето во Шутка како замена за „Адидас“.

    Тоа што „Групер“ е нелиценцирана копија на „Групон“ е чиста измама и покажува дека приказната за успешната кариера на Ангеловска е лага, независно колку пари заработила од истата.

    Берни Медоф своевремено важеше за еден од најуспешните менаџери во финансискиот сектор во САД. Но, по 30 години кариера (во која ја водеше и NASDAQ), кога јавноста откри дека е измамник – тој заврши во затвор.

    Нашата Нина, иако целосно откриена во измамата, наместо да седне на обвинителска клупа ќе си седне на министерската фотеља. Замислете Медоф да беше поставен за прв човек на федералните резерви? Тоа е трагедија од исто ниво. Сакаме да бидеме сериозна држава? Со вакви луѓе нема да бидеме никогаш…

    На ова се надоврзува и фактот дека Нина ги плаќака дигитиалните маркетери и ит-инжинерите кои работат во нејзината компанија со минимална плата од 12.500 денари. Никој не верува дека човек на такво работно место би прифатил да работи без плата од 700-800 евра, па очигледно е дека таа на вработените им дава пари на рака.

    Замислете, жената која најавува прогресивни политики (читај зголемување на даноци), на своите вработени им дава пари на рака за да избегне плаќање на данок. Па добро, има ли крај на оваа хипокризија?

    „Групер“ ни го продаваат како успешна приказна, без воопшто да напоменат дека ваквиот бизнис е на граница на законитото и секогаш поддржан од главата на УЈП. Нина, својата е-трговија ја лажира во форма на „попуст“ а својот измислен финансиски дериват кој има име „купон“ – не го даночи со ДДВ.

    Ова е чист криминал почитувани читатели, за кој како главен уредник ви ветувам дека „Економски Лидер“ во деновите кои се пред нас, добро ќе истражува. Како сега Нина ќе промовира поврат на ДДВ преку фотографирање на фискални, кога компанијата која таа ја води не издава фискални? Или правилата не важат за сите, па иако тоа е јасно утврдено во законот, во некои случаи (како оној со „Групер“) крајниот корисник не е тој кој плаќа ДДВ?

    Приказната на Нина е приказна на измама, заобиколување на законите и напредок во финансиската хиерархија преку политика (дел е и од скандалот „Фонд за иновации“). Оваа приказна ја уништува Македонија, затоа што е сублимиран опис на се она што ни се случува во последните 30 години. Затоа што не сум мизогиничен, нема да коментирам за нејзината близина со Анѓушев. Тоа си е приватна работа, освен ако во неа не најдеме и јавни финансии.

    Како човек кој верува во неолибералните економски политики, не можам да прифатам ваков измамник и политички профитер да ја води касата која јас ја полнам со плаќање на даноци.

    Трагедијата на една Нина е трагедија на една Македонија. Која правно веќе ја избришаа. Сега ја осиромашуваат… не, веќе е осиромашена… сега ќе ја доведат до глад!

    https://lider.com.mk/makedonija/tra...vz38yhP9GhWc8qa4ogobzy8EVEE3AVY-VowqLuu2KBKtM
     
    На Amelia и Biny им се допаѓа ова.
  11. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Овој дебилов мислам дека и кога ќе напише нешто точно, нема да му верувам.
    Пиунче просто.
     
    Последна измена: 31 август 2019
    На Someonespecial и ninja35 им се допаѓа ова.
  12. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Тoчен е текстoт нo oвoј ми е oдврaтен, тешкo кoмуњaрскo србoмaнче.
     
  13. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.221
    Малце ке бидам офф топик, но нешто сакав да кажам.
    Прееска гледав мислам Зевзекманија беше и една Македонка во Америка живее и тука изградила Куќа и кога ја прашаа кои две работи не се добри и разликата од таму е што рече дека таму Бизнисите немаат никаква врска значи не си оптеретен за која политичка партија си и си тераш рбота, за разлика од тука каде имаат блијание но и јас сум затоа да можеме да го искорениме како феномен.
    И на второ место ја стави хигиената која како народ треба да бидеме свесни.
    Интересно видео може да се погледне.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.047
    Допаѓања:
    131.001
    Пол:
    Женски
    Другарува со Соросоиди.Не треба да му се верува.
     
  15. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Пa Ивицa Бoцевски гo реклaмирaше им гo бутнa нa Лaтaс и Миленкo.
    Не сaмo негo, не му се верувa нa oвa дпмне, не мaкедoнштинa, кoлaбoрaтoрствo се пoзнaвa пo фaцa веќе и смрди.
     
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.221
    Владата да направи и помогне за новиот Закон за минимална плата на работниците да биде 15000, со тое што ке направи работодавцитее да ги уплаќаат на жиро сметка да не биде во кеш или во најлош случај да не ги враќа работникот парите тие што ке му бидат дадени на рака. Тука да има месечни контроли во тој сегмент, и да биде за сите работодавци. Мора и работникот да биде заштитен а и се зголемуваат и трошоците и живот и треба да растат платите.
     
  17. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.221
    Нешто прееска што прочитав.
    Мвр во Делчево да поднесе Кривична пријава до Градоначалникот на Делчево бидејки самоволно му истера голем смет пред приватна компанија. Нема право така дрско да се понаша па и да е градоначалник.Треба и за него да има ред. Треба и приватниците да бидат заштитени неможе да прави којшто сака. За ова и Заев да реагира.Каков безобразлук луње.
     
    Последна измена: 1 септември 2019
  18. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Sostojbite vo ekonomijata se mnogu losi.Toa sto tvojot soprug zema pogolema plata e zatoa sto se kacija danocite,se zema i krpi od sekade za da se kupi politicki mir i zeme nekoj glas povece.Jas znam deka obicniot covek ne razbira ekonomija (kako i jas) i toa sto go interesira e kolku mu e poln dzepot na krajot na mesecot no dolgorocno takvi politiki nosat losi posledici.

    Vo vrska so ekonomskiot razvoj vo prvite dva kvartala od 2019god.
     
    На orevokrsacka и sjdgo им се допаѓа ова.
  19. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    (Видео)ОВА ГО HEMAЛО НИ ВО ТУРСКО: Градоначалникот на Делчево истури четири камиони градежен шут пред приватна компанија како oдмaздa

    Вистински скандал предизвикал утринава градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, откако наредил четири камиони полни со градежен шут, истиот да го истурат пред влезот на приватна компанија

    [​IMG]





    Голготата на сопствениците со градоначалникот започнала кога сопственикот на компанијата за технички преглед „Автовозач ФЕР“ од Делчево го пријавил шерифското однесување на шефот на локалната власт во Комисијата за спречување на корупција. Но, откако ДСКС започнале постапка за да ги истражат наодите на сопствениците на компанијата кои го пријавиле поради незаконско бришење на деталниот урбанистички план, градоначалникот започнал да со зakaните.

    Како одмазда за пријавата, градоначалникот влегол во улога на шериф па започнал да му се заканува на соптвеникот. Неколку дена подоцна, утринава, пред влезот на компанијата тој без уредна наредба, повикал четири камиони на компанијата „Гранит“ да истурат градежен шут пред влезот во техничкиот преглед, со тоа попречувајќи ја работата на фирмата. Додека ова го правел, на сопствениците им посочил „сега ќе видиш кого пријавуваш во Антикорупциска“.

    – Повеќе пати се обратив до државна инспекција, до државна комисија за спречување на корупција, и затоа што сум го пријавил во ДКСК намерно – тоа и ми беше најавено пред неколку дена – дека заради тоа што сум го пријавувал ќе ми истури градежен шут на самиот влез пред фирма за да не можам да функционирам. Едноставно, уништува фирми. – вели сопственикот на „Автовозач ФЕР“ од Делчево, Коста Пантовиќ во изјава за „Инфомакс“.

    Најавите дека ќе му ја уништи фирмата денес утринава се оствариле, откако градоначалникот се појавил пред фирмата во „шорц“ на неработен ден, објаснува сопственикот и додава дека кога тој пристигнал пред фирмата го видел Трајковски како наредува автомобилите кои биле паркирани пред компанијата, а кои се приватна сопственост да бидат преместени.

    [​IMG]

    Детален урбанистички план на кој се гледа дека просторот пред „Автовозач ФЕР“ е предвиден за паркинг, а каде градоначалникот истурил градежен шут

    На прашањето на сопственикот на техничкиот преглед Пантовиќ, што прави градоначалникот и зошто, тој му одговорил:

    – Сега ќе ме запамтиш, па оди нека ти помогне Државна комисија за корупција. Оди пак да ме пријавиш таму.

    Во меѓувреме градоначалникот Трајковски се јавил телефонски и ги повикал камионите полни со шут. Откако пристигнале камионите на „Гранит“ градоначалникот лично почнал да им наредува на возачите да го истураат шутот пред влезот на компанијата, кој инаку е приватен.

    – Му велам ‘господине што правиш нели дојде живот? Што затвораш фирми, што ги уништуваш луѓето тука?’ ‘Ти нормален ли си, имаш ли ти наредба? Какво самоволие вршиш, каков си ти градоначалник во шорц и во маица?“ – му рекол сопственикот Пантовиќ, на што градоначалникот продолжил со шерифското однесување и давал наредби кој камион каде да го истури шутот.

    Според Коста Пантовиќ, сопственик на компанијата „Автовозач ФЕР“ од Делчево, градоначалникот Горан Трајковски ова го правел за да спречи раст на компанијата која важи за една од најголемите работодавачи во овој дел на Македонија, но и како одмазда бидејќи тој го пријавил во ДКСК поради незаконското работење на општината.

    – Во ДКСК го пријавив поради злоупотреба со донесување на деталниот урбанистички план. Незаконски врши прекин на донесување на ДУП кој јас го финансирам. Околу мене има изградено објекти на „Гранит“ без одобрение за градба. Поднесовме барање за вонреден инспекциски преглед и отстранување на тие градби и тој не сака да превземе. И поради тоа сум го пријавил во Антикорупциската комисија. И сега за да одмазди истура градежен шут на асфалтирана, уредена површина (која сами ја асфалтиравме и уредивме) предвидена со ДУП како паркинг простор. – објаснува Коста Пантовиќ, сопственик на компанијата.

    Сопственикот на компанијата додава дека ваквото однесување на градоначалникот, за кого и тој гласал, е неприфатливо особено поради фактот што во „Автовозач ФЕР“ има вработено 15 лица, а во објектите сопственост на семејството Пантовиќ има уште неколку компании кои вработуваат повеќе десетици луѓе на кои им е оневозможено да работат.

    Случајот е пријавен во полиција, но откако полицајцит пристигнале на лице место градоначалникот одбил да објасни зошто тоа го прави и избегал од местото на настанот.

    [​IMG]

    Сопственикот најави дека доколку Обвинителството и полицијата не започнат со правна постапка по службена должност, тогаш тој ќе ги превземе сите расположливи законски мерки за да се заштити од шерифскиот однос на градоначалникот на Делчево Горан Трајковски.

    https://infomax.mk/wp/видеоова-го-немало-ни-во-турско-градо/
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  20. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.221
    Tука мора да се апелира да покрене Обвинителство Градоначалникот да одговара бидејќи злуупотребува службена должност и да се превенира и др вака да постапуваат.