Актуелни политички настани

Discussion in 'Политика и настани' started by Ariel, Aug 3, 2010.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    17,042
    Likes Received:
    130,976
    Gender:
    Female
    Еве ги со Бугарите ќе го сменат животот на Делчев...
     
    Tanjamm likes this.
  2. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Joined:
    Apr 12, 2019
    Messages:
    1,252
    Likes Received:
    1,599
    Рaдев јa кaжa вистинaтa денес, ќе не oбезличaт.
    Пoсле луѓетo се чудaт зoштo Мaкедoнијa не требa дa прегoвaрa сo еу и нaтo, не требaше дa се смени пoлитикaтa кoн грците бугaрите и aлбaнците ни милиметaр oд 91 дo денес.
    Бaрaвте гледaјте...
    Вo иднинa дa се мисли зa привaтизaцијa нa училиштaтa, пoштo држaвнoтo ќе биде директнa зaкaнa зa Мaкедoнскиoт нaрoд.
     
    Tanjamm likes this.
  3. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Joined:
    Jun 26, 2010
    Messages:
    1,965
    Likes Received:
    2,221
    Судиите односно на судските рочишта да бидат попрецисни и да не се одлагаат судењето туку да има завршница како секоја постапка, секој втор предмет се одложува.Предметите се преземени од Сјо и несмеат да заостануваат и дасе провлекуваат. Катица како овластен застапувач по нејзино писмено барање има право за да се презема од Ојот и даа продолжат понатака.Судиите да бидат поажурни во работењето.
    Во Врска со денешната изјавава на Обвиителите дека по Уставен принцип имаат право они да Избираат стручен и независен Шеф а не прсти да мешаат во изборот Пратениците.
    Суството и било кој избор треба да е надвор од конрола на Политичарите ако имаат намера да биде независност.Немаат право да се мешаат во изборот и тоа не треба да биде политички.
    Тој што ке го изберат тој ке сноси одговорност.Доста више со вакви циркузи.
     
    Last edited: Sep 20, 2019
    Tanjamm likes this.
  4. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Joined:
    Jun 25, 2019
    Messages:
    489
    Likes Received:
    606
    Gender:
    Male
    Тајните и врските на наркодилерите и политиката во Македонија

    [​IMG]


    Македонските дилери соработуваат и со поголемите шефови на наркобизнисот од Косово, меѓу кои на врвот се координаторот за САДТом Духани, блзиок соБеџет Пацолиа за Германија задолжен е Гани Дрешајкој пак е близок соРамуш Харадинај.

    Наркобизнисот е длабоко навлезен и во македонската политика, особено последниве три- четири години и како никогаш порано функционери на владеачките партии отворено се дружат, сликаат и на избори соработуваат со шефовите на нарко бизнисот. Резултат од тоа се темелните промени на изборните резултати во општини каде наркобизнисот се смета за традиционално присутен какоАрачиново,ГрчецилиСтуденичаникаде дојде до невиден пресврт во распоредот на гласовите кои од традиционалните албански средини и гласање за партиите на македонските Албанци, преку ноќ, одеднаш убедливо гласаа заСДСМ. Тоа доведе и до преземање на власта од СДСМ во наведените општини кога таму доби за прв пат во својата историја локална власт под контрола, а СДСМ заработи и неочекувани 4-5 пратеници повеќе по овие пресврти на гласачките места.

    [​IMG]

    Во Македонија последниве години се креира, пресликува состојбата од Косово каде политичарите од врвот тесно соработуваат и даваат логистика на наркобизнисот кој пак го водат формални бизнисмени како Екрем Лука, Исмет Осмнаи - Цури, браќата Шемседин и Сабит ГециилиРустем Мустафа.

    Веднаш по изборитеСДСМиЗаевдонесоа одлука за амнестија на околу 700 затвореници меѓу кои во голем дел се и дилерите од наркобизнисот. По преземањето на власта веднаш се растури и одделот за организиран криминал во делот на наркобизнисот како и кадровско разбивање на одделот за недозволена трговија и шверц на дрога иако тие полициски сектори имаа историски успех во борбата против дрога а, помеѓу останатото, се памети и заплената на 500 килограми чист кокаин во јануари 2007 година,најголема во историјата на Македонија.

    Еден од ретките докажани независни професионалци во полицијата во власта на СДСМ еЛазе Велковскикој беше поставен на функција директор на Јавната безбедност. Запаметете го ова име бидејќи во приказната потоа е еден од клучните ликови. Но,Велковскикусо остана на таа функција бидејќи по барање на премиеротЗаевбеше сменет минатата година поради тоа што неговата ќерка се возела со неговото службено возило Ланд Ровер. Од оваа временска дистанца, и по собирање на сите информации, порталотВечеродговорно тврди декаЛазе Велковские наместен од МВР и возилото кое го возела неговата ќерка е плански следено од Скопје па се до Грција каде е сликано, а фотогафиите потоа се предадени на одбрани портали за да се промовира скандалот.

    Пред овој спакуван полициски скандалЛазе Велковски, како директор на Јавната безбедност, ја заплени целокупната документација и го отвори скандалот во Министерството за здравство за сомнителентендер на реагенси вреден 37 милиони евра! Тендерот пропадна но, заинтересираните за тие 37 милиони евра најдоа начин да му се одмаздат, и да го сменат. Целосното исфрлање од полицијата на Лазе Велковски го запре американската амбасада и тој, потоа, е поставен на функција началник на организиран криминал.

    Врските и тајните на нарко бизнисот во Македониоја, денес

    За прв пат во Македонија, по осум месеци истражување и собирање податоци од дипломатски и македонски извори,порталот Вечероткрива детали за тајните шеми и врските во нарко бизнисот во Македонија издвојувајќи, за оваа прилика, само некои од деталите, а сите информации со кои порталот Вечер располага ќе бидат пласирани во иднина, согласно поводот и приликите кои ги диктираат настаните.

    Рафиз Исени Бреза, заедно со неговите браќаТаулент ИсенииБесфорт Исени, ја предводи групата од Синѓелиќ. Тие беа уапсени во акции во мај и јуни годинава, аРафиз Исени Брезабеше еден месец во Косово по акцијата на полицијата. Во оваа акција беа уапсениБекимиИбрахим Јахја(кои се дел од поранешната групаБеланоца, група наЏељо Ајети, која сега е распадната на три дела, особено по убиството на Рузвелтова на крајот од 2018 година)

    [​IMG]

    По распаѓањето наБеланоцана три помали групи, најсериозна станува групата наБреза(трговија со кокаин) која дневно прави промет од околу 5.000 евра, а заработката е голема. Се купува чист кокаин по цена за 1 грам од 38 евра, а се продава 0,4 грама за 50 евра, или околу 100-120 евра за грам. Ако се знае дека на чистиот хероин пред продажбата му се додаваат 30-40% разни евтини смеси како парацетамол, на околу 5.000 евра прометдневната чиста заработка е повеќе од 3.000 евра.

    По убиството наНаим Исени(брат наЏељо Исени) минатата година на Рузвелтова во Скопје,Беким Јахјазема замав и ова негово делување е проследено со повеќе инциденти кои се регистрирани од полицијата, но за кои МВР молчи. Еве еден пример: Тој пука во колата наСетко Рахиќ, брат на сегашниот директор на затворот ШуткаЕсад Рахиќ, на крајот на 2018 година, настан кој не е расчистен до денес ниту има кривична пријава. Регистрирани се и 3-4 киднапирања. Според извори на порталот Вечер од полицијата оваа група е заштитена од началникот на недозволена трговија при СВР Скопје,Газменд Бериша.

    Сопругата му на началникотГазменд Беришае ќерка на пратеничката на СДСМ од ГостиварЃуленсен Касапи.

    Наркобизнисот расте како никогаш досега, а мерки против крупните играчи речиси веќе три години не се преземаат. Досегашниот началник за недозволена трговија со дрога во организиран криминал замина во пензија, а МВР пред околу два месеци отвори интерен конкурс за место кое е таксано токму заГазменд Бериша. Изборот требаше да биде завршен, но поради внатрешни отпори кај дел од началниците во МВР – се уште не е избран.

    Кај началниците кои пружаат отпор познато е, и нам ни е потврдено, сомневањето дека групата наРафиз Исени Брезабила под директна закрила и плаќала за заштита кај началникот за недозволена дрога при СВР СкопјеГазменд Бериша, и плус кај уште двајца високи функционери од МВР, кадри наДУИ.

    [​IMG]

    Таулант Исени, брат наРафиз Исени Брезаод Сингелиќ, во безбедносните служби има досие како припадник на радикални исламистички структури кои преставуваат директна закана по безбедноста на државата.

    Извори од обвинителството наведуваат дека истрагата и акцијата на апсење нарко дилери од мај и јуни годинава требала да извади најмалку15 луѓе од групата, а на крајот акцијата се сведува на 4-ца уапсени од кои за двајца има непобитни докази дека земале замав, фатени се од полицијата, еден од нив е пуштен да се брани од слобода, додека четвртиот е во бегство откако добил дојава за полициска акција.

    Најновите информации напорталот Вечерод ЈО се декаБекимиИбрахим Јахјасе врбуваат од истражители на обвинителството за организиран криминал да бидат заштитени сведоци, т.е. да дадат информации против групата одГрчециРафиз Исени Бреза. На овие двајца кои се фатени со докази им се ветува слобода и преку нив се подготвува удар на групата одШеваљ од Грчец, заедно соОрхан Бајрами Оки.

    Притиснати од доказите и некои други шефови на наркобизнискот од апсењето во Сингелиќ соработуваат со полицијата па месец дена подоцна уапсен е иАбдулах Садики викан Дуликај кого при апсење се најдени оружје и кокаин.

    Пред околу десетина дена на Партизанска во Скопје е запрено скапо возило Мустанг на синот наШеваљ Муаремиод Грчец, возилото било внесено во Македонија без никаква документација и запленето е од страна на полицијата.

    Дрогата која се продава во Македонија, воглавно, се увезува од Турција и Косово, марихуната претежно од Албанија, делумно останува на македонскиот пазар а во најголем дел потоа се транспортира во државите на западна Европа. Британските медиуми, како и медиумите во Германија и Чешка пишуваа дека албанските нарко дилери од регионов (Косово, Македонија и Албанија)држат повеќе од 40% од пазарот на хероин и кокаинво десетина држави низ западна Европа со проценет годишен промет кој надминува една милијарда евра.

    Американците ја преземаат работата во свои раце

    По констатацијата дека во регионов, а оттаму и во Македонија, полицијата и државните власти наместо да се борат против нарко бизнисот соработуваат со главните дилери како заради личен профит така и заради помош од дилерите при избори, најмоќната светска организација за борба против нарко бизнисот, американската агенцијаДЕА, на почетокот на годинава работите ги презема во свои раце, планира и координира акции во Грција, Албанија, Косово, Србија и - Македонија.

    Што се однесува до Македонија, во периодот април-мај годинава во Солун сеорганизираат средбина експерти од американскатаДЕАи одбрани лица од македонската полиција. За шеф на мал доверлив тим кој треба да ја предводи борбата против нарко дилерите во Македонија избран еЛазе Велковски, денес началник на организиран криминал во МВР. Тој, и околу десетина одбрани полицајци добиваат овластувања од ДЕА за акции, добиваат информации изаштита од Американската амбасадаод опструкции во самата власт како и за случаи кога полицијата одвнатре им урива планови или врши покривање, дојави и прикривање на нарко дилерите за да ги заштити од апсења и заплена на дрога, пари и имот од трговијата со дрога.

    Celata detalna analiza na https://vecer.mk/node/33789
     
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Joined:
    Jun 26, 2010
    Messages:
    1,965
    Likes Received:
    2,221
    Дали се договорија колку ке биде минималната плата и колку ке се покачи?
    До каде е работата?
     
  6. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Joined:
    Apr 12, 2019
    Messages:
    1,252
    Likes Received:
    1,599
    Плaтa не се пoкaчувa сo зaкoн, плaтaтa мoже дa биде тoлку кoлку штo екoнoмијaтa дoзвoлувa, кoгa се прaшувa кoлку ќе јa пoкaчaт... Прaшaњетo штo требa дa следи е кoлку луѓе ќе oстaнaт нa улицa.
     
    sjdgo and Feminka22 like this.
  7. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Joined:
    Jun 25, 2019
    Messages:
    489
    Likes Received:
    606
    Gender:
    Male
    Sto pravime sega? :)

    Шокантно сведочење на Верушевски: Бомбите се страотно модифицирани и компромитирани!

    Таканаречената „Вистина за Македонија“ е базирана на материјали кои биле незаконски следени, а потоа изменети и компромитирани. Ова во својот исказ пред судот во предметот „Таргет-Тврдина“ го изјави денеска поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски кој важеше за креатор на целиот проект на Зоран Заев.

    Верушевски изјави дека до неговото апсење го знаел точниот обем на документацијата, но потоа немал контрола.

    „Факт е дека таа документација доживеа страотни модификации и компромитирања. Зборувам после моето лишување од слобода“, кажа Верушевски, на општо изненадување во судницата. Тоа практично значи дека материјалите кои ги предал Заев во СЈО се изменети и монтирани, што практично отвара прашања во однос на постапките и по другите предмети.

    https://kurir.mk/makedonija/vesti/s...te-se-straotno-modificirani-i-kompromitirani/
     
    nextredstyle likes this.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Joined:
    Mar 8, 2016
    Messages:
    4,940
    Likes Received:
    53,169
    Gender:
    Male
    Е баш е верно чим Курир е извор. Почни да следиш и други медиуми за промена, полесно ќе ти биде.
     
  9. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Joined:
    Apr 12, 2019
    Messages:
    1,252
    Likes Received:
    1,599
    Вернo е вернo е и син му е вo рaспрaвијa сo сдс, aли штo имa везе сегa... Лaнциер се пaли нa глупoсти... Штo дoбивa Мaкедoнијa пoсле oвa oнaкaзувaње ништo... Oни ќе си oстaнaт врти кaпи, не се тaквите кaкo Верушевски прoблем, прoблем се луѓетo штo пoсле oвa им викaaт брaвo... Предaвник е предaвник.
     
  10. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Joined:
    Jun 25, 2019
    Messages:
    489
    Likes Received:
    606
    Gender:
    Male
    sjdgo and nextredstyle like this.
  11. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Joined:
    Dec 30, 2011
    Messages:
    2,682
    Likes Received:
    88,176
    Верушевски е човекот кој два пати им ја крши кичмата на вмро...првиот пат во 2000 со аферата големото уво, втор пат со Бомбите...и тоа во време кога вмро беа најјаки во својата историја...
    Наивно е да се верува дека зборува глупости ... треба да се сфати контекстот во кој тој ја има дадено изјавата...
    на крај, тој не вика кој и како ги модифицирал бомбите...моѓе сака да каже дека тогашната власт го направила тоа...
    Инаку, за син му...тој е конфликт со власта дека не го оставааат да прави криминал како што беше научен во времето на Бранко..
     
    oblace1, LejlaD, JuLleE and 1 other person like this.
  12. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Joined:
    Jun 25, 2019
    Messages:
    489
    Likes Received:
    606
    Gender:
    Male
    Kontekstot e takov kakov sto toj go kazuva.Bombite bile modificirani i vadeni od kontekst so cel da sluzat za kampanjata na SDSM.Bombite na El Cheka vo vrska so Martin Neskovski samo ja potvrduvaat izjavata na Verusevski deka SDSM i udbaskite strukturi se makedonski gnoj koj vo idnina treba da se istiska od makedonskata politicka scena.Toa bese najgolema greska na VMRO.

    Sin mu na Verusevski ne go ostavaat da pravi kriminal,zatoa sto drugi dojdoa da lapaat od kolacot.Eden kup kriminalci momentalno se na sloboda.Istite sto odrabotuvaa za referendumot i pretsedatelskite izbori.Kolku SDSM i MVR si ja rabotat rabotata dovolno zboruva debaklot sto go imaa pred nekoj den so akcijata.
     
  13. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Joined:
    Dec 30, 2011
    Messages:
    2,682
    Likes Received:
    88,176
    .
    Најголема грешка е што дпмне уште постојат како партија... поточно како злосторничко здружение. имаат направено толку зло, што требаше да бидат збришени од лицето на земјата...
     
    oblace1, anaja1, JuLleE and 1 other person like this.
  14. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Joined:
    Jun 25, 2019
    Messages:
    489
    Likes Received:
    606
    Gender:
    Male
    Status na Nikola Gruevski na facebook vo vrska so denesnoto svedocenje na Verusevski.

    ДЕНЕС ОДЕКНА НАЈСИЛНАТА БОМБА!!!
    ВЛАСТА ЈА РУШЕЛЕ СО МОНТИРАНИ СНИМКИ!!!
    Полека, но сигурно вистината испловува на површина...
    Кога се појавија “бомбите” во 2015 година објавивме дека не се автентични и целовити односно дека отпосле во нив се вршеле интервенции. Медиумите, новинарите, аналитичарите и хејтерите кои го подржуваа СДСМ се мајтапеа со фразата “сечени, лепени, прелепувани и монтирани”. Можеби од маркетиншки аспект тие изрази не беа најдобро избрани, но беа вистината.
    Мислам, дека и голем дел од неутралните, а дел и од нашите подржувачи, или кратко кажано дел од јавноста, со сомнеж гледаа на тие наши соопштенија и изјави.
    Денес тие кои ги подготвуваа и лансираа истите, јавно, во медиуми, дел од нив и во суд го потврдуваат тоа.
    Знам дека на дел од таа јавност не и беше доволно кога ние го тврдевме истото.
    “Не и се вклучи сијалицата” ни кога судиите, како никаде во светот го одбија нашето барање, самиот суд да ангажира вештаци и да се изврши вештачење на автентичноста, веродостојноста и особено целовитоста на нелегално прибавените аудио снимки. Нели е малку чудно, да имаш нелегално прибавени докази, кои си ги добил како копии, а не како оргинал и да не сакаш, ниту да побараш да се споредат со оргиналот за да се увериш дека нема манипулација, ниту на тој начин да се вештачи нивната целовитост, автентичност и веродостојност.
    Самиот сведок на СЈО, Ѕвонко Костовски во судот кажа дека ги “копирал” на ЦДа и ги испорачувал понатаму.
    Кој нормален судија во светот особено за вакви случаи би си дозволил таков пропуст, освен уценет, заплашен или притиснат судија од режимот на власта?
    Кога ние самите како неправедно обвинети ангажиравме лиценциран вештак за ваков вид проблематика и извештајот го доставивме до судијаката Кацарска, таа одби да го прифати како доказ, како што одби таа самата по нејзин избор да ангажира таков вештак, кого сака.
    Нели тоа беше чудно?
    Потоа, веројатно по некоја грешка или момент на слаба концетрација од секојдневно преслушување аудио матерјали, на оној Ел Чека кој не крие дека неизмерно ме мрази, му излета една снимка од разговор кој траеше околу 12 минути, а поврзана со случајот Мартин Нешковски и од кој за разлика од кратениот и монтиран разговор кој го пушташе Заев, јасно се разбира дека воопшто не сме сакале да прикриваме убиство. Напротив, обратно е. Но и тоа, за многу луѓе не беше доволно.
    Следуваше изјавата на Заев, кој правдајќи го претходното од Ел Чека, јавно си призна дека разговорите кои ги добил биле долги, па тој морал да ги крати. И така, при кратењето, на пример во онаа за Мартин Нешковски, наместо народот да разбере дека сме правеле се што било во наша моќ и не сме се согласувале со прикривање, тој народ слушајќи ја “вешто скратената”верзија на Заев се собра пред владата со желба да не линчува, па притоа 40 полицајци завршија во болница, а ниту еден од оние кои ги нападнаа.
    И сега конечно, помалку неочекувано, за многумина “неверници и оние кои свесно одбиваат да веруваат” дојде сведочењето на Зоран Верушевски, во кое тој самиот кажува дека аудио снимките биле сериозно сменети, или како што кажа “модифицирани и компромитирани” од оние кои тој му ги предал на Заев.
    Е ова е “бомба”. Поголема од сите досега.
    Ова е најсилната “бомба”!!!
    Извршителите на целата операција јавно и во суд потврдуваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ беше компромитирана, а потоа и покрај победата од страната на власта, а стотици поединци судени, осудени, притворани, претресувани, жигосани, оцрнети, компромитирани со не само нелегално прибавени аудио снимки односно копии од такви снимки, туку и сериозно едитирани, модифицирани и компромитирани, или... пак ќе се вратиме на поранешната фраза која исплива на површина како и секоја вистина: сечени, лепени, прелепувани и монтирани.
    Секако, дел од таа јавност повторно нема да се согласи со ова и ќе продолжи да не напаѓа и обвинува, особено мене. И тоа е во ред. Нека тераат како што сакаат. Демократија е нели, па секој може што сака да коментира.
    Но, вистинското прашање е, како после ова ќе се однесуваат судиите, како оние во Кривичниот суд, така и во Апелациониот и во Врховниот суд. Независно “кој чив е” и за кого е. Кој кого сака или мрзи, политички или било како (алудирам на судии блиски до СДСМ). Независно кој ги притиска, им се заканува, ги уценува или ги поткупува со ветени унапредувања, вработувања на луѓе од нивното семејство или верувања дека ќе ја поделат со нив паричната штета која би ја добиле, а која нетреба да ја добијат.
    На Заев воопшто нема да му е гајле за нив кога ќе биде сменет од премиер. Тој ќе гледа како себе да се спаси од злоделата кои и ги направи на Македонија и на многу луѓе кои ги гледаше како пречка на патот во реализација на неговите валкани цели.
    Нему во моментот единствено важно му е да остане на власт на изборите по една година. Затоа и го направи ова со незаконското префрлање предмети од СЈО во ОЈО. Веќе предметите го води неовластен тужител. СЈО правно формално сеуште постои и се е незаконски направено. Мислите дека тој не знае дека ова е незаконски и дека еден ден ќе падне? Знае! Но сега му е важно во следните 10 месеци, СЈО односно ОЈО, како и судиите и оние нивни совети, да ги искористи за да остане на власт преку нови прогони, затворски казни, нови обвиненија, притвори, претреси, спектакли, диктирање теми во медиумите и јавноста кои ќе оцрнуваат поширок круг од неговите политички противници, а се во правец на задржување на својата политичка моќ по следните парламентарни избори.
    Тој е свесен дека откако ќе падне и со тоа откако ќе исчезне неговиот притисок, уцена, закана а некаде и поткуп кон обвинителствата и судството, има десетици законски и уставни причини се ова да падне. Тој го знае тоа и воопшто не го интересира денот откога ќе падне. Ниту судбината на судиите и обвинителите кои под негова принуда носат незаконски, нестручни и несовесни одлуки кои никој непристрасен во светот не може да ги разбере.
    Мислите напразно институциите и судовите на засега три земји членки на ЕУ, Грција, Унгарија и Шведска потврдија дека преку нашето судство се врши класичен немилосрден политички прогон? Мислите глупави се тие или би ризикувале ако не е така?
    И не само овие три земји. Секоја независна институција и непристрасен суд на земја во ЕУ би го сторила истото. Затоа што има очигледни и несоборливи докази и признанија за политички прогон, не фер судење, лажни обвиненија и нивни квалификации со цел некој да дојде на власт, да смени име, идентитет и историја на една земја и народ, а потоа и со цел да остане на власт подолго.
    И уште нешто... денешното сведочење на Верушевски целосно ги компромитира и анулира претходните два сведока во тој случај на СЈО, сега ОЈО. Тој на судот му кажа дека тие го лажеле судот во своето сведочење повикувајќи се на координирана соработка со него. Непостои суд на светот кој исказите на тие два сведока после ова ќе ги земе за релевантни. Како што одат работите, ќе излезе дека Заев бил искрен кога ми кажуваше, што јавноста имаше можност да го види, дека снимките му ги дале некои странски служби со чии преставници лично се среќавал.
    На потег е сега судството да се дистанцира од сите манипулации на разузнавачки служби и политичките манипуланти и да ги врати предметите таму каде им е местото- на буништето на историјата каде веќе се најде Катица Јанева и нејзината екипа која тајно се честела секој месец со илјадници евра народни пари додека се изживуваше со нас и додека аздисани, вознесени и забегани се препукуваа и натпреваруваа кој од нив ќе се кандидирал за претседател на Република Македонија во иднина.
    Сите ние некогаш, можеби наивно верувавме дека СЈО нема да може да ги победи фактите, доказите и законот, а дека судот нема да си дозволи до таква мерка да работи незаконски и по партиска нарачка.
    Знам дека и дел од судиите никогаш, ниту помислиле дека некој ден ќе мора да носат така очигледни незаконски одлуки какви што не можеле ни да сонуваат, од страв да не им се случи нешто лошо од власта.
    Оваа денешна изјава во судот на Верушевски околу “квалитетот” на доказите и сведоците е отрезнувачка за сите кои заборавиле дека вистината не може да се сокрие.
    П.С.
    И да не се изненадите кога еден ден оние луѓе кои даваа изјави под закана и уцена, а дел од нив и лажни сведоштва под закана од СЈО, ќе си ја кажат вистината.
    Оние кои на првиот распит во СЈО кажуваа дека нивни е потписот на некоја партиска донација од на пример 500 евра, па на испраќање пред вратата обвинителот тивко, небаре многу пријателски тапкајќи ги по грбот им викаше: “ајде размислете уште малку. Имате деца...”.
    Па откако ќе ги посетеа и доуплашеа некои други уценети ликови од истото СЈО, кои прифатиле да бидат “помагачи” (барем така службено ги водат во СЈО) со цел да ги изземат од обвиненијата, а кои подоцна или барем дел од нив се ребрендираа од “помагачи” во “реформатори”, ќе ги доуплашеа и следниот пат во страв и пребледени ќе дојдеа со спремна изјава различна од првата, нарачана од обвинителот, издиктирана од “помагачите” кои својот неморален однос и пресврт во нивното однесување, лажно им го оправдуваа со наводната длабока убеденост за реформи во партијата каде до “вчера” до пред “овие ренегати да ги фати СЈО на едно чувствително место,, го зборуваа спротивното. Оние истите што сега веќе прифатиле нова “мисија” па ни презентираат некаков нов македонски концепт, дека на следните генерации требало да им оставиме само држава, слобода и пари, а името, идентитетот и историјата да им ги оставиме на соседите, кои бездруго на своите граѓани ќе им остават и држава, слобода и пари. Но, и многу повеќе од тоа.
     
  15. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Joined:
    Dec 30, 2011
    Messages:
    2,682
    Likes Received:
    88,176
    Уште овој ве дупи? :rofl:
    Ако, ако... да го читате, да му се восхитувате, да го слушате се што ќе ви каже... подобро и не заслужувате.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,304
    Ебате чоекот.
    Шо не дојди тука и да се расчисти со судот... а не, бега го попарен, и од 1000км да дроби попара.
     
    oblace1, g8lQQk, anaja1 and 1 other person like this.
  17. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Joined:
    Apr 12, 2019
    Messages:
    1,252
    Likes Received:
    1,599
    Груевски јa фрли Мaкедoнијa нa изрoдите и предaвниците зa дa не се зaмери сo зaпaдoт, грујo не сaмo штo е предaвник никoлa е кукaвицa, мнoгу мoжеше, дa гo уaпси Зaев уште вo кaбинетoт кoгa рекетирaше, немoј некoј дa мисли декa oн е сегa нa мaки пoрaди Мaкедoнијa... Oн е нa слoбoдa зaтoa штo не дигнa ни прст прoтив oвие квислинзи.
     
    jacqueline.s and sjdgo like this.
  18. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Joined:
    Jun 25, 2019
    Messages:
    489
    Likes Received:
    606
    Gender:
    Male
    ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ ОД МВР: Синот на Локвенец сексуално нападнал девојка – потоа ја тепал!

    Ексклузивни документи достави свиркач до редакцијата на „Економски Лидер“. Документите сведочат за сексуалниот напад и физичкото насилство кои на 14 месецов во локал во Прилеп ги извршил Илија Локвенц, син на пратеникот Хари Локвенец.

    Иако сексуалниот напад и насилството се пријавени во полиција, против мизогиничниот сексуален престапник Локвенец, сеуште не е поднесена кривична пријава.

    Младата девојка Викторија од Охрид, во нејзиното сведочење пред полицијата, говори за ова мизогино насилство.

    -На ден 13.09.2019 околу 03.34ч:04.00ч, јас и мојот другар Борче… од Велес бевме во клубот „Собрание“ во Прилеп. Кога излеговме да си одиме пред влезот на клубот ми пристапи пријавениот Илија кој сакаше да ме бакне, ме допре по задникот, јас го одбив и го оттргнав од мене бидејќи не сакав и тогаш Илија ме удри 5-6 пати со шамари по лицето. Тогаш мојот другар Борче сакаше да ме одбрани, а Илија и него го удри 2-3 пати со шамари по лицето по што избега. Ние се јавивме во полиција а потоа не упатија во ИМП Прилеп по што дојдовме во ПС од ОН Прилеп за да го пријавиме настанот.– сведочи девојката Викторија од Охрид, која била сексуално нападната и тепана од синот на пратеникот Хари Локвенец.

    [​IMG]

    Откако ја наопаднал девојката, синот на пратеникот Хари Локвенец го тепал и нејзиниот другар кој сакал да ја одбрани. Сопственкот на локалот, го предупредил да не го пријавуваат случајот во полиција, затоа што таткото на сексуалниот престапник и напаѓач е пратеник.

    -Знам дека се работи за лицето Илија Локвенец бидејќи го видов на социјалната мрежа „Фејсбук“. Сопственикот на локалот ни кажа дека е беспотребно да пријавуваме во полиција затоа што Илија Локвенец бил син на пратеник и никој ништо не му може.– сведочи другарот на сексуално злоставуваната и тепаната Викторија, кој исто така бил тепан од синот на пратеникот.

    [​IMG]

    Двајцата потоа се обратиле и во болница, каде што им биле дијагностицирани повредите.

    [​IMG]



    [​IMG]

    За случајот освен службена белешка, во МВР постои и записник.

    [​IMG]

    Инаку, ова не е прв испад на синот на Локвенец, тој е познат и по тоа што предизвика сериозен инцидент на екскурзија во Црна Гора.

    https://lider.com.mk/hronika/eksklu...ec-seksualno-napadnal-devojka-potoa-ja-tepal/
     
  19. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Joined:
    Jun 25, 2019
    Messages:
    489
    Likes Received:
    606
    Gender:
    Male
    Бежовска: Странските директни инвестиции за првото полугодие од оваа година се значително помалку споредено со истиот период лани

    Во емисијата „Тренд Анализа“ на ТВ 24 гостуваше гувернерката на Народна Банка на Република Македонија Анита Ангеловска Бежовска.

    Таа кажа дека податоците за првото полугодие од оваа година покажуваат дека нето странските директни инвестиции изнесуваат само 50 милиони евра што е пониско споредено со истиот период од лани.

    – Добро значи податоците за првото полугодие од оваа година покажуваат дека нето странските директни инвестиции за првото полугодие од оваа година изнесуваат 50 милиони евра што е значајно пониско во споредба со истиот период минатата година истакна Бежовска.

    https://kurir.mk/makedonija/ekonomi...elno-pomalku-sporedeno-so-istiot-period-lani/
     
  20. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Joined:
    May 28, 2018
    Messages:
    2,179
    Likes Received:
    14,264
    Gender:
    Female
    Ku ku.jpg
     
    Tanjamm and oblace1 like this.