Среќа што постои Ју туб, а богами и фејсбук, па да можеме да споредиме Еве прво неколку снимки и слики од митингот на СДСМ, има и некои од маршот http://www.youtube.com/watch?v=Trm76qX- ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=zhjRlu89 ... ture=share http://www.youtube.com/watch?v=DAFmzj29 ... re=related Еве неколку слики од митингот на ВМРО ДПМНЕ. Сега за сега толку најдов на фејсбук. Најверојатно утре ќе има повеќе. И сега што можеме да заклучиме? Дека имало народ и на двата митинга, имало, АМА кога беше митингот на СДСМ провладините медиуми убедуваа дека не можело на толкав простор да се соберат над 12.000 луѓе. Да, да, за СДСМ не може, ама затоа за ВМРО може и тоа не 20.000 или 30.000, туку цели 120.000 луѓе. Напишав погоре, среќа што постои ју туб, па можеме со свои очи да се увериме дека на митингот на ДПМНЕ немало повеќе народ од митингот на СДСМ. Ама тоа не е битно. Битно е како провладините медиуми, како и вообичаено ЛАЖАТ. За крај еве ја математиката по која Сител ги преброја сдсмовците. Баш ме интересира по истата оваа математика колку народ ќе пребројат на ВМРО http://www.youtube.com/watch?v=il5XPt-5 ... re=related
Многу народ имаше,премногу! И дај не се правите смешни,демек само ВМРО организира автобуси за да одат по митинзи.Па фала богу и од СДСМ се случува истото. Не сте интересни со обвинувањава и правдањето,секоја партија има автобуси што носи патници од други градови за главни митинзи. Важно многу народ имаше!
Леле Багуф4е и ти сега претеруваш, извини вака. Неможеме при очи слепи да се правиме, кога имаа вмро митинг во Велес имаше отстрана автобуси еден куп, за Сдсм немаше, јас лично и персонално бев на митингот на сдсм, а митингот на Вмро го гледав на нет директно. Едит. сдсм имаа организирано само на првиот митинг во Скопје што беше, на тој не бев. По другите градови немаа.
Не претерувам,ја кажувам вистината.Не сум слепа фала богу,со мои очи ги гледам автобусите и на вмро и на сдсм кои се организираат пред митинзи.Пред зграда кај мене се чека,побогу од прозор се гледа.Гледам објективно овој пат,автобуси има и на вмро и на сдсм.Ако нема од Велес,од Неготино има.
Во Велес имаше само од градско мислам дека еден автобус кога беа Сдсм. За вмро имаше повеќе, цел ден свиреа по улициве вееја знамиња, коли налепени со плакати од суратот на Ѓорчев. Еве јас кажувам за Велес, за сдсм имаше само од Градско, за вмро имаше многу автобуси. Останатите нека кажат за нивните градови. Битен е заклучокот. Не сме глупави фала Богу дека двете партии немаат поддржувачи, како можам јас сега да речам дека вмро немале во Скопје народ. Еве и сега на А1 кажаа на вестите дека имало премногу народ и улиците биле блокирани, а можеа и они фино лепо да излажат како тоа што го направија од Сител, уште и со мерки излегоа дека таму не собира толку народ кога беше за Сдсм. Е како сега наеднаш собира? Дури и повеќе? Излишно е да се кажува, и мислам дека нема потреба да се лаже.
Јас ќе кажам за Струмица иако не сум од таму ама имам блиски луѓе во Струмица и кажаа дека за митингот на ВМРО во Струмица имало мнооогу автобуси од страна . Повеќето од луѓето биле собрани од страна . Инаку од мојот град имаше организирано автобуси за митингот на ВМРО во Охрид, за митингот на ВМРО во Скопје, за митингот на ВМРО во Струмица и за уште некој град, незнам точно кој, ама за овие сум сигурна. СДСМ имаа организирано превоз за митингот во Скопје
Во однос на она апсење на Младиќ и воедниве злосторници од Балканов ... Значи ако американциве со авиони ги нападнат земјиве, како што го напаѓаат пола свет кој ќе им се спротивстави се херои најголеми се борат за мир во светот, против тероризмот бла бла. Еден авион, 10 бомби за 1 минута ќе пушти, 300 загинати и ајт борба за мир, се враќаат војничињата со значки, пофалници бла бла. А ако некоја држава се бори против организирана група како ние против ОНА која испадна дека само си барала права или србиве против муслиманите и одма командантите се злосторници, им се суди во суд за Меѓународни права и големиве држави изиграваат судии. А самите тие се најголеми злосторници, овај заборавив они се херои, а малите држави кои се борат против одредени групи сакаат да им наштетат и кои всушност први напаѓаат се злосторници! Да ви се плукнам у мирот на светот кој го пропагирате.
Еве најдов снимка од митингот на ВМРО ДПМНЕ во Скопје http://www.youtube.com/watch?v=-NE4zre0 ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=1NHya9lO ... ture=share Ееее на првиот клип имало 120.000 луѓе, а на вториот едвај, сила преку сила 12.000 луѓе. Хахахаха погледнете ги клиповите и одлучете сами на кој митинг колку луѓе имало
Јас неможам да сватам како од војната 2001 (официјално конфликтот од 2001 ) само еден човек е обвинет. Има ли тука логика? Не бил крив претседателот, ни премиерот, ни министерот за одбрана...ама еден обичен полицаец - е он е крив. Лудо време, луди луѓе ... Големи и мали... Еднаквост??? како не бе!!!
Да, и сега имаш еден таков кој глуми херој во државава и оди со слогани Слобода ил’ смрт по градовиве, рецитира поезија на митинзи и нуди средување на хаоси. Хм. И уште главен актер ќе се прави на политичка сцена, фактор х со кого он ќе коалицира. Оф. Јохан сам си издал бе наредба за се што е правено. Љубе е невин! Во подрум бил кога се случувало се. Редел тегли од ајварот таа година ццц едит: за Јохан и војната од 2001 Офи и мене баш ми текна пошто после КОД ја даваа жена му со песната на ТВ. Бедна ми е песната да и сето тоа нејзиното ама факт си е факт бе. Некој го крка за сите. И дебело го крка и тоа цела негова фамилија страда, дур овој се лакоми за власт
Ратко Младиќ против кого се бореше кога масакрираше 8100 муслимански мажи,во енклава заштитена од ОН? Спојлер Кој нормален може да најде оправдување за вакво злосторство,без обзир за која етничка група станува збор? Не ги оправдувам ни Американците и нивните методи ама па за вакво нешто никогаш нема да речам дека некој си ја бранел државата,ово е дело на психопат кој се крие зад лажниот патриотизам.
Се спомна апсењето на Младиќ и функционирањето на Меѓународните судови, па ми отиде паметот на Јохан. За некого не е актуелен политички настан, ама за тие што одблиску ја осетија таа војна е секогаш актуелен. Всушност сите изгубивме...кој повеќе , кој помалку.
Ај вака ќе ве прашам повозрасните на форумов, затоа што јас не се сеќавам а и мала бев... Што се случуваше тогаш со Љубе и Јохан, знам дека беа обвинети за злосторства во некое место Љуботен, и ништо друго незнам... Потоа ги пратија во Хаг, Љубе излезе овој остана... Може некој да ми објасни што се случуваше? Ме интересира, а нема од кој да дознаам, ако чепкам на интернет можеби ќе налетам на необјективни одговори, па вака вас да ве прашам, кој знае убаво да објасни
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1A84 ... 79C6257786 Мислам дека овде ќе најдеш одговор на твоето прашање.