Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Сечии национализми, шовинизми, фашизми - се добри, само македонскиот патриотизам - не чинел.

    Значи тој ти вели „не смееш да постоиш“, ти не му велиш „ти не смееш да постоиш“, само велиш „јас сакам да постојам“ - и тоа не било добро.

    Такаречи, ти сакаш да си ги јадеш своите колачиња, што си ги заработил и купил, без да чепкаш во туѓото и некој таму ти вели, „неможе, мои се“ и ти ги зема.

    Мислам... Ваков однос да се има со себе или со било кого, е деградирачки.
    И кој и да ти наметнува вакви недолични услови, не ти мисли добро.

    Тековната Влада во Македонија и нејзините поддржувачи, што го туркаат напред остварувањето на сите овие антимакедонски агенди, биле, се и секогаш ќе бидат непријатели на македонскиот народ.

    Основна човечност е да не кршиш човекови права.
    Тој што оспорува туѓо постоење, е зло.
    Тој што го оспорува своето постоење, е болен во умот.

    ----
    Извор: https://www.dw.com/mk/софија-се-усогласи-не-постојат-македонски-јазик-и-бугарски-фашистички-окупатор/a-50764579
    ----
    СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
    Софија се усогласи: Не постојат македонски јазик и „бугарски фашистички окупатор“
    Бугарската влада денеска усогласи декларација во која се наведуваат серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ. Не смее да се споменуваат македонскиот јазик и „бугарскиот фашистички окупатор“

    [​IMG]
    [​IMG]
    Justizministerin Ekaterina Zaharieva Bulgarien (BGNES)

    Официјална Софија денеска усвои рамка која содржи повеќе од 20 услови кои Северна Македонија ќе мора да ги исполни за да стане членка на ЕУ. Соопштението од бугарската влада по состанокот започнува со ставот дека „Бугарија го поддржува почетокот на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија“, а под него се наредени серија услови, квалификации и забелешки кои задираат во историјата и идентитетот на државата и граѓаните.
    Најпрво, Бугарија се заканува дека „нема да дозволи интеграцијата на С. Македонија во ЕУ да биде придружена од европска легитимација на државно спонзорирана идеологија на анти-бугарска основа", а истиот пасус финишира со оценката дека „препишувањето на историјата на дел од бугарскиот народ по 1944 година е еден од столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам."

    „Реален напредок“
    Софија натаму нотира дека „добрососедските односи имаат хоризонтално значење и следствено треба да се оценуваат во секоја етапа од процесот на пристапување на земјите кандидати“. Оттука на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 15 октомври ќе се бара целосното исполнување на Договорот за добрососедство да биде наведено како уште еден услов во преговорите.

    Бугарија сега најавува дека ќе ја блокира и првата меѓувладина конференција, со која формално започнуваат преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ, доколку до нејзиното одржување не биде забележан „реален напредок во исполнувањето на духот и словото на Договорот за добрососедство“.
    Под „реален напредок“, Софија подразбира откажување од поддршката или барање за признавање на македонско малцинство во Бугарија; почеток на процес на рехабилитација на жртвите на „југословенскиот комунистички режим кои трпеле репресија поради бугарската самосвест“; нов процес на лустрација кој треба да ги расветли соработниците на поранешните служби за безбедност на Југославија во денешна С. Македонија; и системско отстранување на квалификативот „бугарски фашистички окупатор“ од сите текстови на споменици и спомен-плочи.

    [​IMG][​IMG]
    Bulgarien Bojko Borissow (picture-alliance/AP)
    Бугарскиот премиер Бојко Борисов


    Следната серија услови се однесува на работата на мешовитата историска комисија. Таа ќе треба да се усогласи за личности и настани од „заедничката историја до 1944 година", а меѓу нив се набројуваат „Гоце Делчев, ВМРО и Илинденското востание“. Откако Комисијата ќе ги усогласи тие ставови, истите ќе треба да се пресликаат на информативни табли и други ознаки на историски и културни споменици. Ќе треба да се договорат и конкретни датуми за одбележување на заеднички настани и личности, но притоа, „политичките претставници, претставниците на државните институции во Северна Македонија, како и медиумите финансирани од државниот буџет“ ќе мораат „да ги засноваат своите изјави и коментари на текстовите кои ќе ги договори Комисијата."

    Јазик со ѕвездичка

    Третата група услови се однесува на самиот тек на преговорите со ЕУ. Тука, Софија предлага освен Поглавјата 23 и 24 кои се отвораат на почетокот на преговорите и остануваат отворени до крајот на процесот, да остане отворено и Поглавјето 35 (Други прашања), во кое одново се наметнува обврската да се следи почитувањето на Договорот за добрососедство. Клучното барање во овој дел е никаде во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република Северна Македонија“. Ова барање финишира со заклучокот дека „треба да биде јасно дека јазичната норма која е прогласена за уставен јазик во Република Северна Македонија, е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година."

    [​IMG]
    Premierminister Nord-mazedoniens Zoran Zaev und Bulgarische Premierminister Boyko Borisov (Cabinet of the President of North Macedonia)
    Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје на 1 август 2019 година



    „Ниту еден документ во процесот на пристапување не може да се сфати како признание од бугарска страна за постоењето на ткн. 'македонски јазик’ различен од бугарскиот“, заклучува бугарската влада.

    Историјата во оригинал
    Кога ќе дојде на ред Скопје да ја одржи втората меѓувладина конференција, Софија сака веќе да биде исполнета уште една серија услови. Имено, дотогаш историчарите ќе треба да постигнат согласност за уште една група личности и настани од историјата до 1944 година (не се наведува кои); потоа дотогаш ќе треба „да се хармонизираат училишните програми по историја и литература во двете земји“, и дополнително: „историските и литературните извори од 19 и 20 век, паралелно со адаптираните текстови, да се претставуваат и изучуваат и во оригиналната форма на која биле напишани“.
    Во следната фаза од преговорите, Бугарија ќе инсистира Македонија да ја приложи „учебната програма по историја, географија и литература“ од основните училишта до универзитетите во кои веќе ќе бидат имплементирани сите договорени одлуки на историската Комисија. Истото се однесува и на спомениците во земјата. Во оваа фаза ќе се бара и „надминување на говорот на омраза во јавниот простор“, особено кон лица кои се идентификуваат како Бугари, но и поголема транспарентност за сопственоста и финансирањето на медиумите.
    И конечно, исполнувањето на сите овие барања ќе се земат предвид во последната фаза од преговорите, кога Бугарија ќе треба да го потпише и ратификува договорот за членство на Северна Македонија во ЕУ.

    DW.COM
    ----
     
    Последна измена: 10 октомври 2019
    На edenandrej му/ѝ се допаѓа ова.
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    И НА КАТИЦА ЈАНЕВА НЕ Ѝ Е ДОБРО, ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ПРЕГЛЕДУВА ВО „ЖАН МИТРЕВ“

    10 октомври 2019
    Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
    [​IMG]

    Поранешната Специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор, вчера добила силна тахикардија и затворската управа проценила дека таа денеска треба да биде прегледана кардиолошки, услуга што ја нема во затворот во Шутка.

    Според извори блиски до Јанева, таа и претходно имала проблеми со срцето и оваа состојба не е нешто невообичаено за неа. Оставено било нејзините деца да најдат специјалист и клиника за соодветниот преглед и терапија што треба да ја прима во Шутка, а тие ја избрале клиниката „Жан Митрев“.

    Денеска обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска го пишува обвинението за првиот дел од рекетот врз Орце Камчев, каде што Јанева е третосоомничена, а прво и второосомничени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец.

    [​IMG]
    Неофицијално, Јанева ѝ спомнала на Русковска дека сака да се спогоди со признавање на вината, но, како што кажа синоќа Русковска, „предлогот за спогодба со некој од осомничените е слушнат, но не е одлучено по него“.
     
  3. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Пред некој ден поминав и баш се запрашав - кога ќе го урнат споменикот на македонските деца бегалци, протерани од Егејска Македонија, од страна на грчкиот окупатор...
    Ете, не сум бил далеку од „прогресивноста“ на нашите домашни, тукашни непријатели, кои што патем си ги гласавте.

    ----
    Извор: https://denesen.mk/sram-srede-skopje-iskrshena-plochata-svedok-za-genocidot-vo-egejska-makedonija/
    ----
    МАКЕДОНИЈА
    СРАМ СРЕДЕ СКОПЈЕ: Искршена плочата-сведок за геноцидот во Егејска Македонија
    / 10.10.2019

    [​IMG]

    СРАМ СРЕДЕ СКОПЈЕ: Искршена плочата-сведок за геноцидот во Егејска Македонија
    Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН најостро го осудува вандализмот од засега непознат сторител или сторители поради бруталното кршење на мермерната спомен-плоча на Споменикот на децата бегалци во Паркот “Жена Борец“ спроти Собранието на Македонија во централното градско подрачје на Скопје! Во нивната објава се вели:


    „Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН ова сквернавење на Споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија го смета за смислена намера на антимакедонски сили поттикнати од Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, со која Владата на Зоран Заев се откажа од Македонците од Егејскиот дел на Македонија насилно прогонети за време на Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција, како и од Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година со која Владата се откажа од Македонците во Пиринскиот дел на Македонија!

    Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН бара надлежните органи да ги преземат сите мерки за откривање на сторителот или сторителите и нивните ментори и инспиратори и да им изречат најголема казна затвор за ова гнасно дело!

    Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН бара Владата повторно да ја изгради искршената мермерна плоча на Споменикот каква што беше пред да биде брутално искршена!

    Мермерната плоча беше поставена на 19 јули 2016 година, на Денот на Светителот Сисое Велики, заштитник на децата, со следниот текст:

    “28.000 деца, најмногу Македонци од Егејскиот дел на Македонија и други места на Грција, насилно беа прогонети за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година… Останаа трајно раселени во источноевропските и прекуокеанските земји. Далеку од своите родни огништа… Овој Споменик е вечен Паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота…”

    Текстот на мермерната плоча беше испишан на македонски јазик и на англиски јазик, за да биде разбирливо за сите во Македонија и странски посетители што претставува Споменикот на децата бегалци во Паркот “Жена Борец“!

    Мермерната плоча е донација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушорадци од Лерин во Македонија и Светскиот Македонски Конгрес.

    Споменикот на децата бегалци, пак, е откриен на 30 јуни 1988 во чест на одржувањето на Првата Светска средба на децата бегалци одржана од 30 јуни до 4 јули 1988 година во Скопје.

    Првата Светска средба на децата бегалци беше одржана од 30 јуни до 4 јули 1988 година во Скопје, Втората Светска средба на децата бегалци беше одржана од 15 до 19 јули 1998 година во Скопје, Третата Светска Средба на децата бегалци беше одржана од 15-20 јули 2003 година во Солун, Костур, Воден, Лерин и С’ботско, Четвртата Светска средба на децата бегалци беше одржана од 18-21 јули 2008 година во Скопје и Петтата светска средба на децата бегалци беше одржана на 30 јуни и 1 јули 2018 година во Скопје.

    Помен и вечен спомен за жртвите од Граѓанската војна во Грција…!“

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    ----
     
    Последна измена: 10 октомври 2019
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Овој споменик да го чепнеш треба да си малоумник, али да не се секираме дечкиве ќе разберат каква злоба носи нивната злоба.

    Ние сме криви што уште стојат имиња и споменици на титовци и скендербеговци.
     
    На Rama и Јаневски им се допаѓа ова.
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.219
    Заради притисокот што го имаме ОД Франција пред одлуката на датумот, Да Го Донесе Владатата законот за Ј. О или со Вмро или со 8 независни за да се постигне компромис и Дветретинско мнозинство.
    Ова мора да е приоритет до 15 октомври и Владата да направи напор да се донесе законот.
    Процесот на пристапување кон ЕУ мора да биде Имперетив за Државата и приориет бидејќи е клучно за нас како држава.
    Мора со тоа да ја притиснат Франција да ни да дадат преговори, но и да ни се даде шанца бидејќи имаме направено повеќе од Албанија и да не не ставаат во пакет ако е потребно. Мора секоја земја да се третира индивидуално и според заслугите. Не смее да седава на Франција Аргумент за да не блокира. Мора да попушти пред притискот од другите држави и да ни даде зеленосветло.
     
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.219
    Во однос на Ставот на Бугарија која ни е земја сосед не смее да си дозволи и да е членка на Еу да се обидува да ни наметнива ние како да се однесуваме во наша лоша полза.
    Како соседи мораат да не признаат како Држава самостојна но и како држава со наш сопствен јазик различен од бугарскиот јазик.
    Да сме биле исти како нив во Јазикот ке сме збореле како нив и немало да имаме потреба од наша држава.
    Во однос на Македонското малцинство во Бугарија нема ппретензии како држава, тие ги има во помал дел и зборуваат кога живееле во Пиринскиот дел, Денешна Бугарија. Тие се сега таму дел од нивното живеење.Но ги има во помал број како и во дриги држави.
    Во однос на Историскиот дел каде што имало наши жртви од Тогашните Бугари нема ништо страшно во тоа да признаат Бугарите дека било така. Исто како што во Историјата Нацистите го признале злостортсвото врз Евреите и се извиниле.
    Тоа што е комромис може да се направи во некои области во Историјата, Но без задирање во Нашиот идентитет кој го имаме и како држава независна.Не смее да бидеме уценувани во таа смисла.
     
  7. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Среќен празник Македонци.
    Да живее Македонија.
    Македонија на Македонците.
     
    На Rama, monibejbi, Јаневски и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Тој што го урнал ова заслужува да нема гробна плоча.

    За сите има место, голема е земјава, нека стојат, нека бидат, нека создаваат, само нека не го рушат она што не го изградиле.
     
  9. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Затоа што дозволивме да има место за сите сега се руши нашето за они да не се чуствуваат мали, кога ќе се вратат спомениците во тетово ? Неможе бре да се урива мое наследство за да се обележува територија, ако сакаат да си прават нивно во 21 век нека си најдат свое место не на моето, исто е и со Охрид тоа е црква не е џамија, се ние ќе ќутиме и жртвуваме наше наследство.

    Каде е плочата на карпалак каде е на вејце ? Важно наместо споменик на хероите од радуша и споменик на сухои имаме див споменик на учк.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    25.592
    Пол:
    Женски
    Od kade toa deka vo Tetovo nema spomenici ? Imam vo komsii vo parkot , na plostadot isto , vo kasarnata ... Ima spomenici ne deka nema .
     
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.281
    Пол:
    Женски
    Алоо Тетово, се слушаме?
    Слабо некако Државното знаме изложено бе?
     
    На Asdasovski му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Илјадници спомен обележја се уништени вандализирани и одргнати, кажи ми денес имаше ли истакнување на државни знамиња низ тетово ? Го знам одговорот.

    Ено опптестсто з сите !! !
    Теута подржана од смрдсм
    https://telma.com.mk/nepochituvane-na-deneshniot-praznik-vo-tetovo/

    После некој ќе рече почитувај двојазичност... Мало сутра, никогаш!
    Македонија има народ јазик нација етнос симболи, фала пријатно.
     
    Последна измена: 12 октомври 2019
    На Lavica2602 и Rama им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    25.592
    Пол:
    Женски
    Makedonskite znaminja vo Tetovo odamna se oskudni na drzavni praznici . Uste vo vreme na vmro .
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Се сложувам со тебе не мисли дека сум дпсмге
     
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    25.592
    Пол:
    Женски
    Ne znam samo kako odednas ovie od vmro se povredeni , navredeni i potreseni za Tetovo , kao oni koa bea podobro bese . Isto e , samo igracite se menuvaat . Srekja sto narodov tuka ne se zamara mnogu . Koj se postuval od porano se postuva i sega, bez razlika na vera i partija .
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    2.219
    Франција да не си дозволи да не блокира по преговорите со Еу на сметка на внатрешните реформи.
    Сите други земји па И Греманија кои се ЗА отварање на поглавјата да и извршат притисок на Франција за да не не блокира.Ако сака внатрешна реформа таа да се однесува само со самото отворање на поглавјата.
    Секое поглавје да биде контролирано и мониторирано од страна на Земјите членки како и нивна реална примена. Така нема да се спречи и нашиот напор да направиме повеќе како држава. Сепак заслужуваме преговори и не треба да бидеме блокирани и дасе загрози нашиот напредок.
     
  17. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Не би требале да не блокираат но би било фантастично ако не блокираат, но сепак мислам дека Макрон нема да застане зад принципите за кои беше изгласан од Францускиот народ туку ќе биде послушна кукла на Брисел.
    Каков потрес ќе биде тоа ако не добиеме датум:rofl:
     
  18. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Оној Макарон :devil: сега ќе не заебава.
     
  20. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Еве, деновиве вадиме десет месеци од погребувањето на Македонија, на 11 јануари со колективно извршена егзекуција во присуство на државата. И некако, парастосот се погоди баш на 11 октомври, денот кога Македонците решија судбината да ја земат во свои раце. Да се ослободат од бугарските окупатори кои со локалните балисти и качаци решија на овој народ да му извршат бришење на свеста дека се Македонци кои зборуваат македонски.

    Реториката тогаш е слична со она што го слушаме денес. Како при упадот на бугарската војска која на 19 април 1941 влегла во Струмица, дека бугарските браќа од Македонија ќе бидат ослободени од српското ропство и под цар Борис ќе бидат дел од силното европско семејство под фашистите. Бугарите со време пристапија на тоа ново европско семејство, кога бугарскиот премиер Богдан Филов, на 1 март 1941 во Виена, го потпишал пактот со фашистите на Хитлер.

    Филов, при говор пред бугарското собрание на 19 ноември 1941 вели дека пристапувањето на Бугарија кон фашистите било оправдано бидејќи со тоа Македонија и Тракија се ослободуваат и припојуваат кон матичната Бугарија.

    За ослободување на Македонија од самата себе и бугарските браќа во неа, царска Бугарија донела 45.000 војници од петата бугарска армија под команда на генерал Никола Михов, 3.400 учители и наставници за наметнување на бугарскиот јазик во училиштата, 170 попови и свештеници во црквите, 850 Бугари за државната управа... Бугарите не верувале во бугарските чувства на браќата Македонци.

    Бугаризацијата барала и локални, македонски соработници кои ќе вршат агитација за бугаризацијата и ќе организираат вооружени чети од локалното население за борба против партизанскиот и интелектуалниот отпор. Се формираат пробугарски Акциони комитети, на нивно чело се наоѓале нашите Васил Хаџикимов, Димитар Чкатров, Спиро Китанчев, Димитар Ѓузелов, Кирил Дрангов... а од странство поддршка на бугаризацијата давал Ванчо Михајлов кој во тоа време се наоѓал кај лидерот на фашистичка Независна Хрватска, адвокатот Анте Павелиќ, во Загреб.

    Отпорот во Македонија е предводен од неколкумина стари активости на ВМРО како Панко Брашнаров или Павел Шатев и новосоздадените комунистички организации кои, заедно, под координација на пратеникот на маршалот Тито, Светозар Вукмановиќ Темпо, потоа ќе формираат партизанско движење кое ја создава независната држава Македонија, и истата ја дефинира и прогласува на АСНОМ, на крајот од Втората светска војна. Историјата по АСНОМ ни е позната на сите. Македонија станува држава.

    Дека југословенското народно ослободително движење во Македонија подразбирало држава на сите Македонци, вклучително и оние што живеат во Пиринска и Егејска Македонија, докумнетиран доказ е и составот на делегатите на првото, државотворно заседание на АСНОМ, на 2 август 1944. Атанас Велков Атанасов и Васил Григоров Василев се делегати на АСНОМ од Петрич. Димитар Манџовски и Васил Атанасов се делагати од Костур... а АСНОМ го отворил учителот од Велес, стариот вмровец Панко Брашнаров.

    И, тука би ја затвориле историската читанка и потсетување на чистите факти. Заклучок е дека за државата Македонија се бореле, заедно, и комунисти, и социјалисти и вмровци. Дека денешната држава Македонија е формирана на територијата на Кралството Југославија во делот под контрола на Србија, и дека таа територија за формирање на македонската држава е дел од Југославија, а дека за денешна Македонија, заедно со Македонците, се бореле и партизанските комесари од Србија почнувајќи од Драган Павловиќ Шиља па се до црногорецот Светозар Вукмановиќ Темпо. Настаните потоа, чистката меѓу самите комунисти и врз македонските лидери како Панко Брашнаров или Методија Андонов Ченто е производ на идеолошка борба меѓу комунистите околу сталиновото Информбиро и иницијативите на македонските лидери да се доврши процесот на обединување на Македонците од Пиринска и Егејска со Македонците од Вардарска Македонија.

    Бугарија и Грција, за разлика од Србија, не се откажаа од териториите на кое живее мнозинство Македонци, и денес тврдат дека Македонци воопшто и нема.

    Факт е и дека, додека постоеше Југославија, Македонците во Пиринска имаа целосни етнички права и свест за самопостоење, а делумно и во Егејска Македонија. Денес, Грција и Бугарија бараат, а Македонија се согласува, дека нема Македонци во Пиринска и Егејска, а самата држава Македонија се откажува од правото дури и да ги спомнува. Се откажа од нив, но и од Македонците дома.

    Зошто сево ова, и во ова време, се пишува.

    Историјата се повторува. Се е исто, само што денес ги немаме партизаните. Денешните бугарски акциони комитети ги предводат Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Никола Димитров... кои се согласуваат дека Македонија нема историја, дека таа е бугарска. Народ без историја е како куќа без упис во катастар, формално – не постојат. Народ без држава е збир на бегалци со привремен престој. Курдите се голем народ, над 20 милиони ги има поделени во пет-шест држави, и по нив удира кој ќе стаса. Немаат држава да ги организира и да ги брани. Нашиот пат до Курдите е во тек, пред очи го гледаме.

    Заев и соработниците се согласуваат и на ревизија на македонскиот јазик, со воведување двојазичност тој е ставен во подредена положба наспроти албанскиот. Ова не е мое мислење. Ова е став на правниот систем на Венецијанската комисија објавен минатата недела. Кога требаше и формално да се објави нашата делегација откажа средба и со тоа го одложи објавувањето. Заев, Шекеринска, Пендаровски... им се должни на наркоклановите од Арачиново и Грчец, на мафијата од ДУИ кои им гласаат на избори и се откажаа од одлуката на Венецијанската комисја која тврди дека двојазичноста е незаконска. Се откажаа од европска одбрана на македонскиот јазик. По ова, секому се јасни работите.

    Официјалниот став на бугарската влада и резолуцијата на нивното Собрание објавени деновиве, се дека од нас безусловно се бара да се откажеме од партизаните и државноста стекната на АСНОМ. Да спроведеме лустрација со која ќе се откажеме од сите борци од НОБ и институциите на Македонија дека се виновни за “југословенизмот“, за политиката која, според нив, создала вештачки народ, и вештачка држава Македонија.

    Заев веќе ја избриша резолуцијата на АСНОМ од Уставот. Кога во Собрание Шекеринска му порача на Србинот од Куманово, пратеникот Иван Стојиљковиќ да си оди од каде што дошол, нејзиниот пат до Арачиново и до бугаризација беше уште тогаш најавен. Арачиново ја донесе на власт, Софија ја одржува.

    И после се, Зоран Заев очекуваше дека за сето ова на него ќе му се падне Нобеловата награда за мир. Боже мили, има ли граница глупоста и самобендисаноста?! Нобел да го дарува човекот кој, со пенкало, брише сопствена нација, историја и држава. Да застане во историјата на нобеловците покрај големиот Черчил, Јасер Арафат или Иво Андриќ!

    Просто знам дека одозгора, таму од небото, големиот нобеловец Андриќ му ги спрема зборовите напишани за сепаратизмот на писателот Енвер Чолаковиќ: Јас, Енвере, со моето пишување дојдов до вратите на пеколот, а ти богами ги отвори и влезе внатре...