Ова за албанците се знаеше одамна... Но ме запрепастува фактот што албанците се спремни да прават нереди и кризи ако не сме во пакет а ние сме спремни да ќутиме на едно малцинство и кога се работи за нас, овие не да го понижија македонскиот народ во име на оваа еу... Ако и сега ќутиме не сме ни народ ни нација, толку... Нека не делат како втора светска војна, барем така ние сме во еу а илирида надвор. Политичарите ќе се обидуваат да кажуваат бајки но они самите се криви за состојбите во државава, а овој народ, македонскиот е крив што им ќутеше.
Не сум му Адвокат на Фрчковски за да го бранам , но потполно го подржувам во тоа шт го кажа и им отвори очи на овие од Сдсм, а тоа е следното: Да сезафатат сериозно со работа, да Продолжат најпрво со Ветинг во Правосудрство Администрација , Мвр., и сите случаи кај што има обвинение од Претходната Владада има Разврска и пресуда без исклучок. За сите случаи да има правна разврска. И за овие што се на власт но и за нив.Правна разврска и судска одлука за секого.Ако овие работи несенаправат Сдсм има шанси да загуби.
Сдс секако ќе изгуби избори, затоа што во парламентарни може да добие само дел од малцинските гласови а дел мораат да завршат во фуи беса и аа, сдс ни сега не е власт со победа, туку е власт поради национални предавства тоест концесии акомодации. А дпмне не треба повеќе да им изиграва некојси граѓански фактор, туку да се даде до знаење македонскиот народ гласаше за нас вие ако формирате влада не не интересира вие не може да не владеете нас и точка. Дуи ќе направеше војна кога вмро ја зема дпа губитник кај албанците, а сега ние му ќутиме на дуи 3 години.
Има време за Избори и сега не е време за тоа. А Сдсм ке видиме колку гласови ке добие и ке видиме што ке сработи до крај.Но мора дда заврши и со лопувлукот во Вмро и за нив да почнат да се носат пресуди, а кој судија нема да ја врши работата сиктер од работа. Тоа за сите судии да важи. Veting vo pravosudstvo.
И храбро ќе ќутиме, да знаеш. Нема таков јунак да им го мавне есапот на овие. СДС ќе победи, да живее злото, Сатаната и буржоазијата.
Шо има ново? Зајко се наполни со пари и сега сака да си оди? Шо ве е... ја отскокнав. Каква ЕУ, каков НАТО, ѓомити затоа сменив и име и јазик и све, ама сега оти ме излажаа, понизно оставка ќе си дадам. Вие арни?
И после се', кога ќе помислиш дека на народот веќе се' му е јасно и нема да постои бодрење за една или друга партија, налетуваш на ова и се враќаш 10, 15 или 20 години назад. Ајмо наново
нормално... секој верува во нешто и го бодри или се бори за тоа... кој за што е, е прашање на избор...
Ич не е нормално. Нормално е фудбалски тим да бодриш, не за партија да навиваш верно без разлика што не им се погодила сезоната.
И пак да има избори... Ова е она чувство кога се осеќаш заробен во сопствената држава. ВМРО да се вратат пак, ми создава страв и чувство на гушење (насилнички, арогантно, тенденциозно, безобразно, немилосрдно) овие да останат ми создаваат чувство како сирак (несериозно, изгубено, наивно, безконцептно, празно, површно). А на крајот, знаеме дека нашиот проблем не е од политичка природа, ниту пак може да се реши политички, впрочем, не може никако. И тоа е причина да си заминеме.
Ако бара избори што е можно побрзо, во декември, како што пишуваа медиумите утрово, не верувам дека ќе ги добие. Ако тој ги прифати барањата на опозицијата, значи однадвор решиле да го тргнат и приклештен е со аферата Рекет. Гајсер на почетокот од септември најави оставка на Заев во наредните два месеци.
Од надвор е ова, од надвор го ставија со сила на власт така го тргнаа, не верувам дека е за аферата, таму и странски амбасади се вмешани. Или е игра само, избори се сепак пари од буџет. Циркусот продолжува...
Му е гајле на Зајче си зема 5 милијарди за да ја продаде државата, не му успеа за дадум и сега ајде пак на избори. Техничка влада и за тоа време ќе му ја здувне како Грујо некаде.
Избори чуму би прашала?Претходно гласавме со надеж дека нема истото да биде.И што добивме,претхотдните никаква одговорност,осуден,конфискуван имот на никој.Новите си ја продолжија песната,тендери,пари од фондови,патни трошоци,афери,полнење на сопствен џеб и терање сопствени интереси,партиски вработувања,непотизам и приказни за ќе биде...де жаву бре.Доколку некој барем од власт и опозиција не чита би ѓи замолила-господа и госпоѓи,другари и другарки доста само на лични интереси мислите.Знам око лакомо и не наситно,но накалапивте и за идни поколенија ваши,имајте исав доста е,доста лакомост.Наместо избори кренете малку рачна од лакомштилок,засучете ракави,но не за вас лично.Туку за сите нас обични смртници.И не,не сме дава милиони како што кажа премиерот,туку шака народ сме останати.Доста е,и да се сработи нешто за народов треба.Оти во спротивно нема ни таа шака народ да ја има,се гледа надвор да замини.Со кого ќе си играат држава,меѓу себе само ли?Не сакам слепо од љубов кон некоја партија да заокружам на избори,не сакам тие што сме да се делиме на ВМРО-овци и СДСМ-овци,да се делиме,и дури очи си вадиме трчајќи по штабови за работно место,тие кои се власт и опозиција да си калапат и натаму за лично богатство.....Доста е,мислам,дури и премногу е....имајте исав ....мада знам дека немате....