Па јас прва напишав дека на Заев не му одговараат избори и дека блефира. Ама од друга страна, никој овде не е видовит за да знае со сигурност како ќе се одвива играта. На кого ти ограничени кога не разбираш што ти пишуваме? Воздржи се од навреди кога никој не те нападна, се надоврзав за да си пишам дека најавените „предвремени“ доаѓаат доцна. Прочитај и сфати, не се истрчувај.
Само пари по избори да се фрлаат - многу пари имаме, па уште избори ни фалат ! Места немаат струја, вода, училишта, градинки и ред основни потреби, народов само по избори се влечка, Јас сум против избори и онака нема што да е бира. Што да бирам - ВМРО ? Треба некој да ми го извади мозокот за да гласам за нив !
La Verita objavuva: „Ла Верита“: Заев барал од Русковска да ги одблокира 750.000 евра од Силјан Мицевски Весникот тврди дека Заев барал Русковска да ги одблокира 750.000 евра кои бизнисменот Силјан Мицевски ги уплатин за проектот за пензионерски домови, пари кои беа уплатени на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска. За тие пари, и таа самата тврдеше дека кога ги подигнала од банка веднаш ги предала на претставници на Меѓународниот сојуз. https://plusinfo.mk/ла-верита-заев-барал-од-русковска-д/ Navodno spored portalot 360 Naum Panovski gi demantira pisuvanjata na La Verita kako cista spekulacija. https://360stepeni.mk/obvinitelite-joveski-i-panovski-navodite-na-la-verita-se-chista-shpekulatsija/ Mozebi ovie objavi na La Verita se cist fake news no drzavniot obvinitel Jovevski isto taka tvrdese deka nema vmesano politicari vo reket a izleze sportivnoto.
Предлoжен Oливер Спaсoвски зa технички премиер oд нoвa гoдинa, кoлку прoвиднo зa дa мoже нa мирa дa прaвaт избoрни нерегуларности, дa немa кoј дa снoси oдгoвoрнoдт мвр премиер... Кoлку прoвиднo.
А кој ќе излезе да гласа на овие избори? Сериозно прашувам... Заев не дојде на власт со гласачите на СДС туку со неопределените кои сега нема да гласаат за нив, а уште помалку за вмро. Нема спас за државава.
Ако ги навредуваш другите, никој нема да ти даде почит и да те слушне, безразлика колку твоето мислење има валидна поента или не. Ти иницијално пиша нешто, ова: Никој не реагираше (некој не видел, некој видел, но нема што да каже) и сега почна да маваш. А кога ќе удриш, тоа повредува, така тука некаде - во пределот на чувствата и болките се неизмерни, предизвикани од тешки, те-лесни повреди. Не иде така, ќе ти биде возвратено грубо, а поентата ќе биде промашена... Треба да седнеш, да им дадеш на луѓето чајче и колаче, или млеко, да се згреат покрај огнот и тогаш да си направите муабет. Не треба.
На овој народ не му иде памет.Уште необјавена официјално инф. за избори одма анкета на фб за коги ќе гласате Заев или Мицкоски и најтрагично преку 240 особи веднаш во првите минути се изјасниле со име и презиме Малку е за нас се,малку ..
Јас прва НЕ гласам, како и на последните избори. После сѐ, не знам кој ќе гласа. И да, не е работата сите да си одимеама за жал, системот нѐ тера. Бг пасош немам, ама струката ми е еден вид пасош...за таму некаде.
Поддружувам граѓаните да излезат и да го остварат своето право на глас, ама како е тргнато, секоја година избори! Повеќе од очигледно е дека државата ја водат луѓе шо си играат играчки со народот, се гледаат единствено сопствени интереси, шо е можно повеќе да се укради, уништи и сл. Не дека ако опозицијата дојде на власт ќе биде подобро, повторно ќе се мачкаат очи и оп се вртиме во круг. Само не можам да сфатам како на народот не му е смачено од овие циркузи...
---- Автор: Горан Бошев Извор: https://tv21.tv/mk/politsija-go-chu...-oshteteni-10-stolba-od-istoriskiot-spomenik/ ---- Вести | Македонија Последно освежено: 20/10/2019 20:17 Полиција го чува скопскиот аквадукт, оштетени 10 столба од историскиот споменик Автор: Деск 20/10/2019 20:17 Досега непознати лица за полицијата оштетиле 10 столба од скопскиот аквадукт кој е изграден во времето на Римската империја и во различни историски периоди служел како вештачки водовод. Аквадуктоот се наоѓа на 2 км северозападно од Скопје, односно во село Визбегово. „Се наоѓаме кај скопскиот аквадукт, споменик кој е изграден уште во Римската империја. Опстојал и во времето на Византиската, но и Османлиската империја. Несовесни лица кои досега и се непознати на полицијата се обиделе да го уништат овој древен историски споменик“, вели репортерот на ТВ21. Од Министерството за култура го осудуваат вандалскиот чин на аквадуктот. Од таму велат дека овој споменик е дел од културното наследство и како таков е заштитен. „Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје Општина Карпош и Министерството за култура, по извршениот увид преземени се итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот кој е заштитено културно наследство од прва категорија“, велат од министерството за култура. Полициски патроли за кои известија од Министерството за култура ги сретна и екипата на ТВ21. Овој водовод бил во употреба до 18 век и е единствен од тој вид во земјава. Сличен ваков споменик се наоѓа во Сплит, Хрватска и еден во Црна Гора. mp4 видео ----
Хм... овие две години видовме многу поголеми преседани и скандали од недобивањето датум (за кој настрана глума, сите подобро информирани беа свесни дека државава ќе остане покуса) па тоа да биде поводот. Ниту мене не ми се допаѓа на иницијатива на Заев да има избори, зашто сигурно направил некаков дил и очигледно тој и неговата партија добиваат нешто, макар и вишок пратенички мандати. ВМРО требаше да го изиграат некако. „Предвремени“ се изборите за цели 5 месеци, wow... чисто да се револтира населението со кампањи и избори... Пак странска режија, али ајде, нека им биде.
Тој аквадукт одамна се уништува, само овој пат изгледа поголема е штетата. Треба дронови постојано да надлетуваат и да ја мапираат Македонија, нема кој да води грижа и патролира дење-ноќе, а крадци и вандали ја опустошија земјава. Со ваков деструктивен менталитет, треба у резерват да живееме, а не пак во ЕУ да бараме влез.
Ajde dudlanje na najjako za dobivanje poeni kaj Albancite.Znaat deka Makedonci nema da gi glasaat i ke doziveat debakl.Povtorno krsat evropski normi i standardi pa posle zosto nema datum.Venecijanskata komisija rece deka zakonot za dvojazinost e neustaven no ke se butka so kazni da se sproveduva a na televizija mrsuli ke im tecat zboruvajci za pravda,ustav,zakoni.Ke si lezite site predavnici Собранието го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 114-тата седница го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците. Во текот на расправата пратениците од опозицијата побараа оваа точка да се одложи на неопределено време се до добивањето на финалната верзија на извештајот на Венецијанската комисија заради, како што релкоа, поврзаноста на ова законско решение со Законот за употреба на јазиците. Тие укажаа дека Венецијанската комисија има забелешки на Законот за јазици и додадоа дека не треба на брзина да се носат законски решенија кои имаат сериозни последици за сите. За владејачките партии Законот за Инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците и со него се гарантира рамноправност, еднаквост и непристрасност при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците. По усвојувањето на Законот претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот. https://lider.com.mk/makedonija/sobranieto-go-donese-zakonot-za-inspektorat-za-upotreba-na-jazicite/