Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Да, и за тоа се вртат-перат милионски суми на пари. А денес Владата се задолжи уште за 36,3 милиони евра http://24vesti.mk/vladata-utre-kje-se-z ... lioni-evra

    Инаку не верувам дека ќе направат нешто во Кичево, Струга, Дебар, Гостивар затоа што мислам дека веќе се пазарени да ги земе албанец градоначалник. Како и да е, тие веќе си имаат одбележано своја територија. Жално, но вистинито.
     
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Ние самите не се сакаме помеѓу нас, очекуваме од некој друг да не сака и почитува.. Не, ништо не ме чуди. Не е од денес тоа со Гостивар, Струга. Туку кај што сме поќе македонци ке ги подшлапнат малце и одма се жалат, пи*иња едни ши*тарски..цц
     
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ми дошле у маало да ми држат митинг.... неможам на раат да изиграм дота ....

    Од Митингот реченицава морам да ја издвојам

    "Овој миркуловски или како и да се вика , што направил ? а ? , што направил ? . НИШТО , еден обичен советник е, еден програм и има и тој не го завршил, АМА ДА ГО ВИДИТЕ Тодоров (вајда така се викаше) да видите колку проекти има , све што сте сакале све направил , значи да гласате за број 4 ,за советотда гласате , бидејќи ако не гласате тогаш врзани му се рацете и ништо не сме направиле, значи уште еднаш повторувам за број 4 да гласате "

    сега и журка ќе има уууууухууууу , можеби и бесплатно пиење и јадење , ќе идам да џапнам нешто за по дома да си имам пун фрижидер .....
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Љеље љеље љеље љеље

    Не знаев каде да го ставам, дали во последното што ве насмеа, дали во што слушате во моментов, дали најбоља песна форевр енд евр.
    Ај што се брукаат па и Господ го мешаат во кампањи :x .

    Песната од претходната кампања може вода да и носи на "Еј Зоки Зоране" (многу ми звучи познато, да не имала Лепа брена некоја таква :lol: )

    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=SELyWP1EBhk


    А ова е старата нумера :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=D_oqjj7B-sg
    Почнаа забавни песни во модерен стил да им смислуваат, не е веќе актуелен Орце со Песна за Николче, за ЉуБчо војводата итн
     
  5. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    АМАН од рекламирањата на власта!!! На ТВ,по весници,на билборди,флаери,на секое ќоше...нон-стоп реклами.Со чиви пари се врши ова рекламирање? Со чиви пари се плаќаат автобусите со кои ја носат администрацијата на митинзи низ цела држава??? Па уште им даваат пари,сендвич и сок-мизерно!!!
    Со чиви пари се плаќаат сите тие пејачи?
    Не знам дали се свесни дека целава прекумерна медиумска кампања предизвикува контраефект кај народот? Џабе имаат направено толку многу работи, народот повеќе не е глупав, свесен е дека власта троши пари на народот за себе-рекламирање и тоа ќе го казни на следните избори!!!

    А опозицијата...бледа,бледа...побледа амин! Наместо да ги искористат настаните од 24.12,да зборуваат за непродуктивните трошења и прекумерните задолжувања на власта,за сиромаштијата...во своја полза...нив никаде ги нема!
     
    На artemis, joana18, Edie.S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Shoshanna1

    Shoshanna1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    47
    Лошо прават и власта и опозицијата. Едните се убиваат од рекламирање со што ствараат контраефект кај народот а другите ништо немаат понудено за привлечат внимание. Груевски со обратна психологија абе гласајте за Сдсм а Бранко во секој говор епа братче.. Епа братче позборувај си ти така уште малку и можеби некогаш ќе победиш на некои избори, а Груевски фала богу еден говор асално научи. Боже господе, не уништија. Од сета оваа работа едино добро е што брат ми се радува на песната од вмро кога ја пуштаат на тв и си игра пред телевизор, друго јок.
     
  7. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    79
    Ми тргнале од врата на врата и "гласај за мене" и се разбира сето тоа по наредба на неговото Височество ГОЛЕМИОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ .И ај ако се решам да им простам што ме прекинаа од попладневен одмор и мене и ќерка ми , ама зашто бре луѓе ги праќате овие малите пиончиња, дојдете вие Ваше Височество и прашајте ме како живееме или ви е под достоинство да разговарате со нас обичните смртници.Имајте храброст и со се ТВ екипи бујрум на врата ама кај случајно избрани семејства а не ваши партиски војничиња, и прашајте како ви живее македонскиов народец. Значи не ви е просечна плата 18 000 денари,тоа е даааааааааааааааааааалеку изнад просекот. Еве вака живееме ние,крпиме од месец за месец и среќни сме и најсреќни кога платите ќе ни ги покријат трошоците.
    Дали вашата сопруга купува некое си скапано мелено пилешко месо за да можете на вашето дете да му купите квалитетно месо?
    Дали вие господа јадете некакво си т.н. сирење од 100 денари за да можете да купите млеко за вашите деца?
    Дали доживувате стрес секогаш кога ќе видите дека памперсот ви е при крај и незнаете дали ќе имате пари за да купите нов?
    Дали вашето најскапо парче облека е 300 денари и сте среќни кога можете и тоа да си го дозволите ?
    Дали вашата сопруга седи по цела ноќ за да испере на евтина струја ?
    И само да ве известам ова го пишува жена со две релативно ( според вас ) добри плати, а едвај крпиме крај со крај , а се плашам и да помислам како и е на кутрите семејства што се со една плата или живеат од мочаните 800 денари што им ги давате како социјална помош.
    ЕТЕ ВАКА ЖИВЕЕ НАШИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕЦ.
    И затоа најљубезно ве замолувам барем оставете не на мир во нашите домови и терајте си избори на јавни места,сместете си се повторно во удобните ви фотељички и уживајте додека ние бараме начин како да избегаме од ова државиче во потрага по леб. Ќе си ги добиете и овие избори,не грижете се , ама како тргнавте во догледна иднина ќе нема ни кој да гласа ни за вас ни за некој друг. Од неодамна некој србин го направил ова , а сигурно сите се согласуваат со мене, важи и за кај нас
    [​IMG]
    И НАЈВАЖНО ниту сум СДСМ ниту приврзаник на Црвенковски.Тој е посебна приказна и ако почнам да пишувам за него ќе ми стават вечна забрана не само за овој туку и на сите други форуми поради непристојно однесување и навреди.
    Не уништивте, не дотолчевте и не згазивте, а сега врз нас го играте и пајдушкото.И одозгора кампања за зголемување на наталитетот-па како бре да правеме деца, зар мислите дека либидото расте кога во џеб немаш пари ни за семки.
    Се мислев дали овој пост да го испратам во -Специјален поздрав_ама еве ќе си го поздравам и таму.
     
    На artemis, vendiii, ludoto19 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ај тоа него и на фемина се рекламираат,
    некој е очаен но дали фемина или власта не сум сигурна.
     
  9. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Не знам како Груески сакат да гласаме за ДЕЛА кога 24-ти март е НЕДЕЛА! хахаха аман веќе доста е од митинзи и сите политички срања!
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... vyr51r3faQ

    да де, збори за едниот со калашников, а пред некоја недела другиот го назначи за Mинистер за одбрана и напад :D
    Kако и да е, ова со превозиве им е фино, бар чоек може да се изгага превоз, ете брат ми си отиде за Cтрумица, ќе си седи таму цена недела, раат у кучи :D
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Во контекст на муабетот на Златната Алис го најдов на нет не знам дали веќе сте го ставиле , мора да го има . Ова е писмо до Никола Груески жал ми е што никогаш нема да стигне до него . Секоја чест за дечкото за храброста , зрелоста и истрајноста :x
    Не знам дали има некој кого нема да го трогне и замисли .


    И јас со писмо до премиерот
    Иако однапред сум сигурен и знам дека нема да го прочитате ова писмо, тоа сепак е наменето за вас, за луѓето околу вас и за следбениците на вашиот престол. Премиере, вас ви е лесно, а ние обичните смртници живееме и умираме со истите маки со кои сме родени. Мојата животна приказна не е многу различна од другите реални стории на скромниот (да не речам сиромашен) македонски народ.
    Мојот живот почнува во 1993 – та година, во почетокот на кризната независност на оваа проколната и проклета црна земја. Дете на транзиција, родено во почетокот на крајот, односно во длабочините на пеколот. Минував низ тешки периоди, а кога имав 5 години, заедно со моите родители и со мојата сестра близначка се преселивме кај баба ми и дедо ми во руските згради изградени во кобната 63 – та година. Ни тогаш не беше розево, а причината за преселба беше финансиски проблем, односно приватизацијата и затворањето на фирмите и фабриките поради кои моите родители од прекрасни работни места паднаа на статус кво. Останаа без работа и се претворија во именуваните „стечајци“. По долги недели, месеци и години, се снаоѓаа и наоѓаа работа. Денес работат за помалце од минимална плата. Мајка ми зeма некоја си платичка, додека татко ми работи цел ден за несигурна, односно не фиксна заработка. Не кажувам колку зeмаат, затоа што така само ќе се срамам себе си, државната власт и општо, внатрешната ситуација на Република Македонија.Од моите најстари членови на семејството, само дедо ми зима пензија. Значи, ние сме 6 члена во семејството, а финансиски се способни само тројца, од кои најголем придонес е пензијата. Животот е тежок, но денес е потежок од порано. Велите дека: „Знаењето е моќ, знаењето е сила“, а јас поради фактот моите родители да не ги вовлечам во долгови морав да го оставам факултетот, а местото го остапив на мојата сестра близначка. Жените не можат да работат физичка работа, затоа таа нека учи, а јас тргнав во потрага по работа. Барав, барам и се уште ќе барам, но никаде нема сигурна работа, ниту пријава, ниту дневница, ниту месечна плата и милион други заебанции. Ги гледам партиските полтрони од кои повеќето неписмени се вработиле, први се на факултетските листи за ваучери и многу други грешно завземени места. Украдени работни места и награди кои треба да паднат во рацете на вистинските личности, а не на тие што имаат партиска книшка, делат флаери, лепат плакати, седат по цел ден во штабови, носат кафиња и купуваат цигари на претпоставените, кординираат по средношколските и студентски класови, вршат злосторства и слични партиски активности. Знам, и јас бев едно време член на партија. Моментално не студирам, ниту сум вработен, односно работам за една интернет страница која нема спознор, а јас не добивам плата. Нешто хуманитарно, демек доброволно.
    Додека ти премиере носиш скапи одела, јас не можам да си купам едни обични евтини фармерки. Додека ти премиере седиш на својот најнов Iphone, јас не можам да го однесам компјутерот на сервис, а далеку од тоа да купам нова графичка картичка или нов компјутер. Додека ти премиере го спортуваш секој спорт, ја се одлучив за скејтборд затоа што немам пари за велосипед, ролери или нешто слично (всушност за една даска за возење собирам цел месец пари неизлегувајќи од дома или намалувајќи ги финансиите за забава, односно не се забавувам воопшто). Додека ти премиере правиш реклами за колку е убава Македонија, јас летото и зимата ги поминувам во огромна досада во мојот град, Скопје. Додека ти премиере велиш дека ова парче земја е убаво за живеење, моето семејство е болно и е во процес на изумирање, а нема пари да отиде на лекарски преглед. Додека ти премиере шеташ секаде, јас дали ќе успеам еднаш во 2 месеци да посетам некоја биртија, да се напијам од наевтиното пиво во градот. Додека ти премиере возиш и те возат во најубавите автомобили, јас, а ниту моите немаат средства да ми платат часови да полагам за возачка дозвола. Немам минимум по 100 денари дневно определени за автобус, затоа најчесто се шверцам. Додека ти премиере некогаш тагуваш по нешто што си го изгубил или по нешто што сакаш да го добиеш, мене очите ми се насолзени со солзи полни нервоза и огорченост затоа што не сум сигурен дали ќе ја преживеам егзистенцијата, но се обидувам да не капне ниту една моја солза. Не можам да размислувам за иднината, за утре или задутре, ниту за жена, деца и нешто слично во склоп на мојата судбина. Додека ти премиере си гостин на секоја манифестација, јас немам пари да купам карта за во кино или театар, да не зборувам за некоја журка. Додека ти пиеш скапи и густи сокови и виски, јас пијам сок на растворање и ракија, или некои евтино вино. Додека ти премиере имаш се, народот нема ништо... Единствен излез ми е криминалот или бегство во странство. Не викам дека и двете опции не сум ги искористил или дека нема да ги искористам. Кога ќе се запрашаш „Зошто има голем раст на криминалот?“ и „Зошто младите често бегаат во странство?“ те молам прочитај го писмово повторно. Јас не сакам да се занимавам со криминал, затоа во најбрзо време и јас ќе бидам дел од младината која ја бара убавината надвор од оваа одвратна татковина, надевајќи се ќе го најдам успехот таму некаде. Не сакам психичките, физичките, моралните и финансиски проблеми да ги решам со самоубиство, тоа е за слабите луѓе.Ова го пишувам затоа што не можам да пуштам игра на мојот компјутер, немам пари да излезам и да се забавувам, не ми се спие поради длабоки нервози, болни мисли и многу одлуки кои живеат во мојата глава, поради тоа што сум во кафез во кој ме затворивте вие и вашите претходници. Додека го пишувам и читам истово се чувствувам грозно, уплашено и разочарано. Јас не сум против вас, ниту против опозицијата. Јас сум против морбидната реалност која не сакате да ја промените. И дали ќе гласам? – Не! Денес гласам за мојот живот и за моите реформи. Ќе гласам за подобра иднина, тогаш кога навистина ќе имам прилика и партија со водич кој ќе не однесе на правилниот пат, во убавините. До тогаш се надевам ќе бидам жив, а воедно среќен и здрав заедно со моето семејство. Можеби, но не верувам.. Повреден сум, а болката се повеќе расте. Денес е 8-ми март, а јас не можам да си дозволам да им купам и подарам нешто на женските индивидуи во моето семејството. Можам само да им речам: „Среќен 8-ми март, ве сакам...“ Благодарам за животниот Титаник. Се гледаме на дното, некогаш...

    :bow: :bow: :bow:
     
    На Divinebutterfly, julie77, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.305
    Допаѓања:
    158.266
    Официјално,освен во оштина Карпош,во Скопје нема ниту едно место паркинг место кое можеш да го ушпараш за без пари!!! Секаде се наплаќа! Секаде каде што можеше да се упикаш да не те ошури 40 денари на час,максимум два часа или катна истите пута осум... Новото е, табли по местата каде што луѓето се паркираа без пари,демек само за резиденти и тел број за пајак служба за да те пријават да ти ја соберат колата!

    Така е Коце, во оваа трошна држава се живее со труење кучиња, со правење на скулптури, ошурување на народот со паркинг места и тоа као демек е ок,со катни гаражи од кои се се узурпира и зелен простор и циркулација на воздух. Браво! Поодватен,шизофреничен лик политичарски немам сретнато! Љубчо ми е дури посимпатичен,а одамна сме запознаени со неговите лик и дело и нивната несимпатичност!
    Не бе,ако,гласајте вие и понатака, све топ си е, споменичиња,ова,она... А удобноста на живеењето,мање-више.
    А нашиве фирми,фала богу ти даваат храна и превоз и не размислуваат дека се одговорни да ти обезбедат паркинг простор кое претставува една од поволностите при вработување секаде низ Европа.

    Иронијата е што два пати у неделата,на единственото место у градот каде што можеше без пари да се паркираш те блокира вработена во ВЛАДА со две различни коли! Па пичка му матер, твоите луѓе ја прават оваа заебанција со паркинг местата, значи ја поддржувате,шо не одиш да се паркираш у катна?! Влагаш да ја бараш у Влада,жив среќен еј у влада сум и гледаш љоп еден,љоп два,наши дремат лево-десно ко муви без глави, некоја зачмаана атмосфера која те гуши. Каква атмосфера у влада,таква у држава. Фенг шуи по пропис! Пувежи! Излезете да се излуфтираме малце, да живнеме!
     
    На enca.69, JuLleE, jb82 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328

    Да не го прочитав ова писмо немаше да разберам каква е сурова судбината во Македонија.Се супер ;природа супер,народ предобар и гостопримлив,владата/политиката?? За никаде.Од кога го прочитав ова писмо ми се отворија очите и видов дека не е се така расцветано и убаво како на лето.Да,расеана сум и многу ми е жал што некои треба ова да го доживуваат.Да го најдам детето ќе му пружам рака ,затоа што оваа храброст и добрина која ја носи тој ,ја носат многу малку луѓе во себе.Се надевам дека за кратко време ќе го најде патот за странство и ќе се оттараси од оваа сурова судбина. :worried:
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    абе за грев сме сите кутрите во ова држава....и како да гласам за дела бе?за кој дела?! :^) па уште некни илзегва на телевизија онај Ставревски(ко магаре ми е во фацата) и без никаков срам вика дека нема да има покачување на минималната плата во 2013...немојте аман немојте никако да ги покачите мизерните 8050ден,не,нема да знајме шо да му прајме на парите,кај да ги трошиме.
    Па уште се фали дека на луѓето од текстилната индустрија им ја покачиле платата...колку бе?колку?земаја помочани 6000 а сега ќе земат 6500,многу јака работа |( па се фалат без никаков срам дека ќе проширеле пат,ќе изграделе спортски сали.....ма да си ги напикате и спортските сали и патиштата таму назад,народот за леб трпи,тие патишта ќе ми прошируваат :swear:
    И кај се видело бе еден обичен помочан огномет да биди поубав на митинзите на господата шо го украдоја лајкот од фб :D отколку за Нова година?!не мислам стварно,тој огномет кошта пари,ненормални едни :swear: толку имав да кажам :!:
    фала!
    и после ова да гласам?! :x :x
     
  15. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    79
    Да се надоврзам на Мајицка , НЕ САЛИ И СПОМЕНИЦИ ,направете градинки и училишта па еве како поклон од нас ставете им по еден споменик во двор, па и именувајте ги според вас , ама важно ИЗГРАДЕТЕ ГИ.А не денес идам да го запишам детето во градинка и ми викаат слободно место во септември.АЛОООООООООООООООООООООООООООООО, а до септември на улица да го оставам или на дневен престој во влада или собрание.Тоа што јас треба да тргнам на работа не е ваш проблем , па што ви е гајле,градете си вие порти и споменици и фонтани .У пи**у матер да се немало оправачка
     
  16. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Незнам баш во која тема да го сместам прашањето ама си викам ај овде ќе прашам:
    На кој начин се определува дали ќе има 2 круг на избори за градоначалник? Или кои се условите за да може некој да добие во прв круг?
     
  17. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    4.691
    дали фемина е политички определена?
    мене лично ми смета кога ќе отворам фемина и гледам вмро на сајтот....
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    За градоначалник во прв круг од гласањето е избран оној кандидат кој го добил мнозинството гласови од вкупниот број на гласачи кои излегле да гласаат, доколку на изборите излегле на гласање повеќе од една третина од вкупниот број регистрирани гласачи.

    Ако постои само еден пријавен кандидат за градоначалник а во првиот круг не го добил потребното мнозинство на гласови, тогаш се повторува целата постапка.

    Ако во првиот круг ниеден од кандидатите не го добил потребното мнозинство на гласови(мнозинство од гласачите кои излегле на гласање, под услов да излегле повеќе од една третина од вкупниот број регистрирани гласачи), се оди на втор круг на гласање кој се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг, во кој се гласа за двајцата кандидати кои добиле најголем број на гласови и победник е оној кој ќе освои поголем број на гласови.

    Ако и по вториот круг не се избере градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршување на изборите ја известува за тоа Владата која во рок од 15 дена треба да именува повереник за вршење на работите во својство градоначалник. Владата во рок од 15 дена по именувањето на повереник го известува претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Не го отварам сајтот и секако не можам да ти одговорам во име на администрацијата на сајтот, ама доколку има политички реклами тоа е зошто платиле, секој медиум кој живее од маркетинг, мора да го рекламира оној кој ќе плати, независно од наклонетоста или ненаклонетоста, сепак бизнис интересот е оној кој доминира тука... Да не беше така, да преовладуваа емоции на Шител една реклама од опозицијата ќе немаше :) ...
     
    На Divinebutterfly, Hipica, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Денес фудбал играв и ете ти пак митинг на 300 метри од мене , кај и да идам ме следат овие митинзи ....

    Мислам дека и на овие избори Вмро ќе си победи или ќе биде 60/40 со Сдсм .
    Имаат јака пропаганда , скоро сите весници и телевизиски станици се нивни , кај и да се спомне сдсм го држат Бранко за тоа што се случуваше на времето , што и да напоменам време е да после овие избори да се повлече и да не појавува веќе , ново лице е потребно иначе ќе го држат за ова засекогаш....

    Друго све едно исто е на митинзите , 30% локално население 40% автобусите донесени луѓе од страна 30% од другите населби :lol: .... сигурно им даваат иљадарче или нешто за да се извозат со автобус 2-3 саата и да дојдат тука пак да седат 2-3 саата и да ракоплескаат и пак назад 2-3 саата .... барем се надевам дека заради тоа идат иначе треба да си будала да се влечеш насекаде за ова ....

    Трето исти ветувања за нови проекти , исти ствари како направивме нови улици , НЕ , само полошо направивте , дрвана што растеа на средина на секоја улица ги исековте и уништивте за да ги проширите улиците.... нови тротоари и чуда и фактички само околу тоа и се врти .


    До сега немам слушнато работи како изберете ме мене и утре кога ќе идеш во продавница со 100 денари ќе можеш да купиш 5 асални производи , или изберете ме мене и утре ќе има подобар живот , сметките за топлификација ќе бидат намалени а не да ве шуриме на секој чекор , уште за воздух данок остана да даваме пари , штета толку е загаден не вреди ни денар да даваш ..... и така ... митингот претежно се состои од зборење за опозицијата и средените паркови и поплочените тротоари ....

    и после заслужувале некој да ги гласа ..... пих ... да не спомнувам што опнале толкаво Албанско знаме , во Србија еден споменик ставија Албански и утредента цела српска војска тамо се нацрта да го тргне и никој нема да писне ... тука пак , подобро да гласаме за албанскиве партии и онака за некоја година ќе бидат на власт кога сите млади македонци ќе си отидат по странство а албанциве ќе се раскотат со по 11 деца....

    Ај барем тепав на фудбал ако не за друго :emo:
     
    На DAngel и MIA-SK им се допаѓа ова.