Поскапувањето на горивото секогаш повлекува и други поскапувања на стоки, услуги и прехранбени продукти. Се е врзано.
Е добро де нема 20 денари да се зголеми, 3,4 денари е незначително поскапување. Буџетот мора да се полни, од кого ако не од нас...
Не сум сигурна дали е офтопик ама: Петиција: Стоп за финансирање на ИВЗ и МПЦ можете да се потпишете ако кликнете на линкот: http://chng.it/8z6kF4sM
На гробиштата „Камник“ оштетени 50 споменици Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јужноморавски бригади“ на гробиштата „Камник“, од непознат сторител биле оштетени околу 50 споменици. https://www.mkd.mk/crna-hronika/na-grobishtata-kamnik-oshteteni-50-spomenici Toa e losoto.Koga na ovoj narod fitiljot ke mu proraboti
Слушам за Жито Прилеп, нема плата за вработените, а и од К-15 ги терале да се откажат. Добро нели Џорџ Атанасоски се фали дека е голем патриот, па како така им рекол на луѓето преку надреден, ако не им се работи да си одат. Дали некој има од Прилеп, кој ќе ни каже дали е вистина, дали тој човек врши тортура?
Не знам дали е точна информацијава, ама ако е ТОЧНА, тогач ова е шлагот на тортата..... https://360stepeni.mk/na-povidok-no...ri-so-eu-so-makedonskiot-jazik-i-maltsinstvo/
Не можам да оддолеам ... еден барел е НУЛА денари на берза, во МК, извини северна, цената се качува, и тоа вие нешто грешка сте гарант, зошто паѓа за 17 ден. и ова ти го пишува министер, нема лабаво ќе вика и се ре розе што ќе прави а топ тема на ФБ некое куче и полицајци. А бе, се ни е таман Дојде живот
Каде тоа? И нормално е да сака избори побрзо, ќе се игра на картата на Венко сеа, како се справил со ситуацијата ова она. На Зајко му одговараат побрзи избори, на Жмицко да нема у скоро време. Ама не знам од каде тоа дека му се брзало?
Лажна тревога било, добро е. За момент помислив им се брза да не мора да се справуваат со буџетски крах кој тек допрва следува од август.
Едвај чекам да дојдат изборите и да изгубат сдсм/вмро/дуи !! И да не ги гледам повеќе овие гарнитури!!
Вежба Мицко,не го вади (ВИДЕО) Мицкоски пак „жив“ уловен како напушта теретана? https://twitter.com/TalatOdPrespav/status/1254034824916058112
Мицко уште долго време не победува. Сори. Му се брза на Заев оти му е сигурна сега победата и да ги откачи Дуи, оти во моментот кочат само. Мицко сега не сака избори. Што мислиш зошто? Пред короната извесна беше победата, ама сега мислам се знае. И јас не сакам сега избори, или нека завршат веќе, ама јуни ќе има. Најверојатно. Секако се зависи од вирусот.
Колку сакам оптимистични и самоуверени луѓе И право да ти кажам и јас некако не сакам сега Заев да предава столче, рано е некако. Има уште да "отвара" .
Во цел свет скоро државите им помагаат на народот, како знаат и умеат полесно да се преброди периодов со вирусов, само во севернава народот ја спасува државата,зошто очореа од крадење,буџетот дупка без дно, пари за плати нема,земаат кредити да исплатат плати..... И пак малку им е,кратат од кај стигнат,се во името на " да се ублажат последиците од Ковид-19" а благе везе нема тоа.
Спасовски за 3-годишнината од 27 април: Биле подготвени и за ликвидации Статус на премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук за 3-годишнината од насилството во Собранието Денеска се сеќаваме на најмрачниот ден во поновата историја на нашата држава, објави денеска премиерот Оливер Спасовски на својот официјален фејсбук профил по повод тригодишнината од насилството во Собранието на 27 април 2017 година. „На 27 април 2017 година, со монструозна намера и со насилство беше организирана и спроведена злосторничка акција од лидерите на тогашната владеачка партија кои беа решени да се задржат на власт по секоја цена, без чувство за последиците на нивните мрачни амбиции. Упадот и обидот за окупација на домот на македонската демократија беа агресија против секој граѓанин на Република Северна Македонија и на темелите на парламентаризмот. Нивните постапки не беа само организиран криминал, туку беа предавство на идеалите и принципите на слободата и демократијата. Денес сѐ уште се чини неверојатно дека безумието отиде до таму што некои од насилниците, за да го реализираат нивниот монструозен план и намера, биле подготвени и за ликвидации нa некои од членовите на Собранието“, напиша Спасовски. За да не се случи голема трагедија и најлошото, додава Спасовски, помогнаа разумот и присебноста на мнозинството од пратениците, храброста на поединците и силниот порив кај секој од нив безумието да заврши без трагични последици. https://www.slobodnaevropa.mk/a/30578897.html