Тоа што кај нас во Струмица веќе има двојазични табли не е форсирање? Па и тоа со учењето ќе дојде Заев веќе неколку пати се изјасни дека било важно да се учат двата јазика да се разбираме.
Ама не можам да разберам што ти ограничуваат и одзимаат двојазични табли? Двојазични табли не се нешо ново, одамна ги има. Батали го Зајко што тропа, он нека си учи ако сака.
Ако албанциве како малцинство испод 20% во Македонија не ги уживаат сите можни права,не знам каде во друга држава некое малцинство има вакви права... Имаат СЕ (учат на мајчин јазик,студираат на мајчин јазик,кај сакаат се вработуваат-по можност државна работа, имаат свои телевизии,весници..) Што им е ускратено во РМ?!? Што немаат?!?!
*да те потсетам само чисто информативно,ако албанскиот стане официјално службен јазик во РМ,ти сакал-нејќел ќе го изучуваш,ќе мораш **јас не сакам да го изучуваат моите деца,а ко што те читам ти баајги загреан си за некој си нов поредок...
Ако стане? Па нели стана веќе? Тераат некој да го изучува, ставен е у наставни програми ко задолжителен?
Неуставно е станат,и "твоите" од петни жили се трудат да го протуркаат секаде кај што се може. Знаат и самите дека прекршен е уставот повеќе пати, но мораат да го испорачаат цекот,оти нема нивни гласови после.
Не ја менувај темата сега, не е муабетот како е станат туку дека е станат и дали децава го учат у школо или тебе некој те натерал да го учиш.
Затоа и брзаат за избори во ова време-невреме... Знаат дека ќе изгубат , па ако успеат некого да прелажат со ваучерите
Разбираш дека не може сеуште да се изучува дека не е официјално службен!?! Со сила се турка. Кој директор ќе се дрзне да го вметне како задолжителен предмет,ќе одговара кривично Ќе падне на суд.
Како не е официјален кога помина у Собрание? Кој треба да потврди дека е официјален? Она со двојазичните табли беше врзано со ова па си се спроведуваше и никој не одговараше кривично нели?
Да не се правиме на Тошо сега, мислам нема смисла. Јас како лаик по право и закони(не се мој домен) , но имам доволно познавање, знам дека најмалку 4 уставни закони се прекршени за да се "изгласа" и донесе овој закон. Најмалку 4. Ако сакаш да се запознаеш подобро, отиди кај Левица на страната(мислам дека тука го имаа ставено претходно) они го успоруваат "законов" пред уставен суд, со точно и прецизно се наведено каде и како се прекршени законите. И дека целиов циркуз со јазикот е НЕУСТАВЕН
Кој размислува трезвено, ќе укапира зошто се тие ваучери всушност. Но за жал некои ќе се"залетаат" и после леле,леле,што направивме!
Ама не разбираш Ики, тоа што за левица и за тебе е неуставен не значи дека не е функционален. Од моментот кога е изгласан у Собрание почнува да се применува. Значи еве колку време помина од тоа и ништо страшно не се деси, не гледам некаква разлика
Не,ти не разбираш бе Џони. Законски не е донесен законот за јазици. Прекршени се уставно законите Сите знаат, се прават удрени,ветено имаат,мораат да играат на национална карта како и досега. Тебе те најде: "една лага повторувана стотина пати,станува вистина" Или треба да се помириме со "Новата Реалност" како што вика зоќи?
Македонците во регионот немаат ниту 0.5% од она што Албанците го имаат овде. Во Грција Македонците носат грчки имиња, па дури и ако принаучат македонски тоа е на некој чуден дијалект, и едвај ќе се разбереш. Во Бугарија не можат да се изјаснат, и во Албанија живеат во мизерни услови. Никаде ништо немаат,