Па верувам дека е компромис бидејќи Грците прифатија да бидеме со додавка и да биде името Македонија. Тоа го гледам така.Македонскиот ни остана признаен од 1977, неможе да го оспорат. И да во ЕУ следните 7 години сигурно нема да влеземе бидејчи тое е процес треба да се исполнат прво некои работи. Одма неможе да не примат.
Компромисов бетон,исто ко идентитетот наш... Или си навистина "наивна",или глумиш лудило дека срањава од договори се "компромиси", и дека сите страни подеднакво ги почитуваат...т.е. само ние ги почитуваме, до ПОТЧИНЕТОСТ...
Живеам во држава која не е членка на нато и се надевам дека никогаш нема да биде, нато бомбандери не фала
Само да прашам, дали сериозно мислите и верувате дека доколку ДПМНЕ дојде на власт ќе го врати името и ќе го поништи Преспанскиот договор?
Да. И дека ќе ги исправат жените свиткани од туркање бебешка количка и дека ќе им го реновира домот бесплатно.
Ми се се*е од спотовите нивни. Секој спот да ти е со критика кон одредена личност и партија, пониско нешто нема.
Па тоа де, освен (негативно) критикување ништо друго не знаат. Ама спотовите му се ептен споделувани, иако хумористични.
Јас имам видено да ги споделат само за мајтап терање, иако кај нив се наоѓаат и коментари за поддршка ама тоа е.
Ајде ред се редат мале !!! Ко што тргнало,еден куп столчиња ќе ни се ослободат за влез во ЕУ Кампања на Холандија за излез од ЕУ.. Што така другари,мед и млеко е во Унијата,име,идентитет, историја...сменувме за влез, железни опинци облековме, вие еден по еден излегувате
На првата слика фали бело и бронза во барок стил А за втората шо е погодено - е, цепки стана во “државата“, секој ден се смеам
На времето пред неколку години кога Британците најавија излез од ЕУ, Хрватите станаа членка на ЕУ, и подмочуваа од радост. На ова Енглезиве зајадливо коментираа по медиуми "можеби Хрватите знаат нешто што ние не знаеме". Тое е дечки, ЕУ и Нато се љуштури. Мртви и нефункционални. Дојде времето "уздај се у се и у своје кљусе". Никој никого веќе нема да носи на грб, секој сам ќе си ја плаќа вечерата. Ако си ја заработи.
Не сме им таму па да знаеме со сигурност. Си пуштаат пробен балон да се биди какво е расположението,па со тек на време ќе решваат. * А јас сигурно сама не го направив постерот
Епизода Сдссм крадци во ноќта. Се будам утрово пред шест и шо ќе прам, ај си викам ѓубрето да го изнесам надвор и спикинг оф ѓубре- ко гледам летоци во дворот. 24/7 дерман немаат штапските, е така е ко ќе се шитниш.
Таму сме им и знаеме поише од вие кои не сте им таму А за пробни балони ....имало пробни балони и за легализација на педофилија. Па никому ништо. Не се палете на се што ќе видите па ајде злурадо ќе коментираме.
Е убоо што сте таму, штета што не можете или не сакате да ја видите реалната ситуација. За некој период ќе слушнете и за Nexit,па за Dexit.....и тако даље.. Како што кажа членката погоре, ЕУ е нефункционална, во клиничка кома е,и вештачки се оддржува.
Дали тоа ЗоЌи од петни жили се трудел да паднат случаите за Грујо, Мијалков и остали други?!? Може ли "слободноумното демократско независно граЃанство" да се јави на главна каса !? Зоќи јавно мести судски пресуди, тој е и судија,обвинител, премиер,рекетар... Вака се обезбеди 2/3 мнозинство за името? Вака слободно,по своја волја гласаа независните пратеници од вмро? Еве и да ги ослободил Мијалков, Груевски и да местел судски случаи и да стопирал попис и да рекетирал и да крадел и да лажел и да мењал име и идентитет и да не понижил и да ни ебел мајки и 5 пари да не вреди човек за него. Зарем да дозволиме ВМРО да се врати!? https://www.slobodnaevropa.mk/amp/30720701.html?__twitter_impression=true
И сеа стандард ќе ти напраат риплеј од типот: 1.Станува збор за монтажа Или 2. Бар влеговме во НАТО ако ништо друго