Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас, мене ми е мило само што Штип доби добар градоначалник. Иако од политиката во последно време ми се повраќа најискрено, и јасно ни е на сите дека кој и биде избран, ништо нема драстично да се смени. Ама ете, не се каам за гласот кој го дадов денес.

    Жал ми е за Струга и Кичево и мене, еее до кое дереџе дојдовме. шиптараната си зема замав во наша држава, ццц :x.
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Во нормална држава и нормална партија, председателот на истата таа најголема опозициона партија, досега 100 пати ќе си поднесеше оставка од морални причини. Не ме интересира кој што ќе помисли, ова е факт. Очајно и е потребна реформа на таа партија и свежи нови луѓе. Незнам како на членството му се троши време задоволувајќи ги фрустрациите на тој човек. Не гледаат ли дека години и години уназад губат избори, и нели се запрашуваат што е проблемот? Со ваква опозиција, цел живот грујо ќе биде на власт, подобро неможеше да го снајде. Дури и самиот на еден митинг го кажа тоа, гледав на ТВ, неможев да се сложам повеќе за прв пат во мојов живот со нешто што он го кажа.
    Ако е членството на сдсм подготвено да губи уште избори, и ако е подготвено да го гледа цел живот грујо на власт, нека си го трпат Бранко, што да им кажам...
     
    На Hipica, JuLleE, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^^ Абе нели во Струга вмро победи?

    Скопјани, изгледа сум ви го преценила вкусот. :|
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Жалам за Kичево каква штета каква катастрофа...
     
    На gentle.girl и flowerred им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Еве јас реално ќе ти кажам.
    Неможе да го приватизира Гасоводот. Зошто??

    Затоа што Владата треба да одобри кој го лапа тендерот т.е основање на владино Јавно претпијатие, од една страна а од друга страна Комисија за енергетика ја утврдува цената на гасот (која е владина :) ) - сеуште не се знае цената на гасот. Тој мал дел кој е гасифициран (зборувам за Ку-во а претпоставувам и за Струмица е исто) и се фрлаат и фаќаат политички поени, е од оној крак од Украина ако не се лажам кој пропадна и тука завршува.
    А и што друго да се очекува кога стопанисува ЈП ГА-МА која е опозициска, па Грујо не е луд да даде златна кокошка на опозиција.
    СДК дека рацете на опозицијата се вржани. Џабе градоначалник СДСМ ако Влада е ВМРО.

    Нема да ми биде криво да може да биде и реално, ама на жалост не може.
     
  6. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145


    мн е лесно да се кажи раѓајте а со што ќе се гледаат тие деца во оваа зафркната држава или ќе ги оставиме да гладуваат и како шо знаат да се снајдуваат во животот сепак најважно е да се раѓа деца условите не се важни. ;)
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Дајте линк од резултатите..
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Не се наместени , туку ги уценуваат луѓето или пак им даваат 500-1000 ден за глас , не за џабе голем број гласачи мораат да си ги сликаат ливчињата за да имаат доказ дека гласале за таа и таа партија....
     
    На BoaVista, JuLleE, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    не сакам да навлегувам во темава зашто е многу посериозна од што мислиме ,ама со самото тоа што гласав имам право на мислење и свој став.Факт е дека во државава наша нема асолна влада а ни пак опозиција.Ама како велат постарите ако веќе морам да бирам меѓу две зла ке го изберам помалото.И тие и тие крадеа и крадат и ја доведоа државата во хаос и поделија народ ама овие едниве ако ништо друго,барем покачуваат пензии,даваат субвенции,градат,прават работи нови и тоа помалку ми се допаѓа.
    Е сега некои градоначалници како Стевче и Заев ни на сон не можат да ги симнат од позициите и заради тоа им се иде од гз да си апнат од мака.Ама оној кој работи е награден од народот.
    Се на се ,не може да се задоволни и да влегуваат у филм кога во големите градови у земјава секаде е или изедначено или мала разлика па се оди на втор круг.Тоа и не е така голема и силна победа.
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.224
    Допаѓања:
    4.273
    Те разбирам, но како што тие се организирале со авиони од Швајцарија така и македонската дијаспора можела да се организира од САД и Австралилја па и други земји и тогаш резултатите би биле можеби поинакви.
     
  12. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Вака, да разграничиме две работи. Едно е да сакаш да имаш семејство, а друго е да МОЖЕШ да го подигнеш тоа семејство, и да му овозможиш пристоен живот. Повеќето гледам овде зборуваат како македонките требало да раѓаат. Верувајте, многу е лесно да се каже,лесно е и да се направи додуша :D ,ама после почнува борбата за опстанок. Како да родат дете, кога имаат се` на се` сопружниците , 12. 000 ден. месечни примања,а можеби и помалку за кои сигурно 7-8.000 одат за ЕДНО дете. А каде се другите месечни трошоци,каде се сметките? Зборувам лаички, да не ги филувам работите.
    Албанците, со рамковниот договор, го решија тоа животно прашање, и имаат пари да не купат нас сосе валканите гаќи и гладниот стомак. Забележувате дека стапката на невработеност од ден на ден расте, а ако прокопате подлабоко во тој проблем,ќе видите дека процентуално, македонците се оние кои ја губат својата работа,пред албанското население. Да не продолжувам- зошто е тоа така...

    Нека светне надежта во семејствата, нека ги вработат ќерките,синовите, сопрузите, сопругите, па тогаш и на народот ќе му дојде до правење деца, а не да дојде до ситуација да не може да врзе крај со крај, или недајбоже што се случува во Бугарија - да се самозапалуваат луѓето од глад и немаштија. Се` во животот е поврзано со финансиите , сакале вие тоа да го признаете или не. И јас имам грутка во срцето кажувајќи го ова, но таква е засега ситуацијата.


    Конкретно за изборите- јас сум од Велес. И не сум партиски определена, ни за црното , ни за белото, ни за малите нијанси на сиво кои не можат ништо да поправа,за жал. Појдов од себе, од моја хумана гледна точка. Гласав за ЧОВЕК, а не за партија. Човек, кој колку-толку постигнал назад во своите денови нешто за мојот град, за народот таму, за опкружувањето,а не само да се топли фотељата изминатите 4 години, и да си ги тријат рацете советниците секој месец земајќи плата и разлики. Нормално, штом си на таа позиција, нема шанси нешто и да не се поткрадне, такви сме по природа за жал, но да се има лице пред народот. И самите резултати за Велес го покажуваат тоа, а ќе го покажат и во вториот круг,сигурна сум. Мило ми е пред се, што Велес гласаше за човек :)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    кој победи официјално во Струга?
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.718
    Допаѓања:
    107.004
    Пол:
    Женски
    Како што гледам на листава - ВМРО со 41,11% :)
     
  15. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    13.065

    Во Струга ќе има втор круг за избирање на градоначалник на градот. Кочовски заедно со кандидатот на ДПА влегуваат во вториот круг.
     
  16. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува за Куманово,а и за цела Македонија ова не е можно...После ова срам ми е да кажам во каква држава живеам...Срамота за целата држава.Бранко дади оставка и веќе никогаш не се појавувај ѓубре од човек секој гледа само за своја корист, а колку луѓе оставате без парче леб не ве интересира, ја испокрадовте државата и имате пари и внуците на вашите деца да имаат, а сега само поради вас народот ке трпи.Тркалото се врти и левицата и десницата ке го почуствуваат поразот само прашање е кога оваа диктатура ке заврши.Гадови покварени срам да ви е!
     
    На malecka91, artemis и Bunny2 им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да искоментирам на тема деца. Значи не, не може секој да си приушти да раѓа и да прави деца, па и да е како средство за спасување на народот. Зошто? Затоа што голем дел од народот крај со крај не може да сврзе, не па нешто друго. Не ја кривам власта и таа кога дојде налета на хаос со кој се справува на начин кој таа мисли дека е правилен. Сеа не може да постигнеме Нирвана преку ноќ, не е толку ни лошо, но се`уште треба работа.

    Другите заедници во Македонија се посебна приказна за себе. Ние како што сме мирољубив и добар народ и сакаме соживот (што е тотално океј и јас сум за тоа) им даваме права на малцинствата значително поголеми отколку во многу други земји. Посебни квоти за на факултет, не ретко имаат олеснителни услови при вработување, да не правам муабет дека ним полесно им е да заминат на печалба надвор, полесно добиваат дозвола отколку ние и после ќе донесат едно чудо пари дома, па жените ќе раѓаат, нормално. А јас пример, што ќе направам ако раѓам сеа по сто деца? Ќе створам гладни, исфрустрирани и тажни суштества препуштени сами на себе затоа што јас едвај ќе имам за да ги крепам некако сите заедно, можеби и ќе ме мразат што сум ги донела на свет без да мислам каков живот ќе им пружам (и со право би ме мразеле). Ќе им пружам стан што се`уште не е мој и на сопругот, после мене ќе наследи кредити и долгови. Али битно јас ќе бидам благородната мајка која се грижи за наталитетот.

    Сум за зголемување на семејството, ова е една од многуте програми што ми се допаѓаат и ги поддржувам од петни жили, но треба да се има услови за тоа. Сум тип кој се`уште верува во среќата во многудетно семејство, но за такво семејство треба услови. Не зборам сеа кола и вила за секое дете :D туку зборам за две сигурни просечни плати дома. Затоа што утре тие деца како резултат на ситуацијата во која јас сум ги ставила со тоа што не сум им овозможила убав живот, пак ќе го бараат чарето надвор и што? Нашата државичка ќе изгуби наместо да добие уште едно дете. Затоа, сум за многудетно семејство, но во услови во кои тие деца ќе бидат среќни, подмирени, а со тоа и поттикнати од петни жили да ја градат, сакаат и и` се радуваат на нашата земја.
     
    На SimplyElegant и lunicka им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    И тоа со 51 посто, па, изненаџена морам признати.
    Епа мислам дека ова се должи на тоа што е народов многу лут за Скопје 2014, зашто ни го уништија центарот.
    Тодорович не беше директно крив, ама индиректно што не се спротивстави на владава да си праи што сака. И си паркингот што ни направија, и кај мене пред зграда ни ставија да плаќаме :devil:
    Жерновски ни вети нови фасади, нови крови на згради, не бесплатно, али со некоја мала инвестиција од нас граѓаните. Имаме за што да го држиме за збор.
    Додуша и Тинекс не беше лош, после доларова, тешко беше да се управува.
    Незнам дали ќе има втор круг, ама ако има, сакам вакви резултати, барем ако ништо друго, Скопјр 2014 нема да им се помине така лагано.
    Мене најмногу ми е мило за Карпош, Јагнула мислеше дека ќе има најмногу гласови :rofl:
    За Скопје Коце коцка гледам исто доста добар процент, додуша немаше тој против кандидат, али добро КОЦЕ КОЦКА, среќа во Венеција не го пративме да се прошета, ќе му текнеше канали да ни копа низ Скопје |(
    За Охрид ме интересира, изгуби оној неспособниот градоначалник досегашен, време му беше.
    Само Субрата Рој да не го тупнат да ви гради, зашто ќе не изработи до крај |(
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Жерновски победи во центар која глупост бе господе човекот го немав видено уста да отвори ни говор да одржи пред избори а за неговата политичка мизерна кариера несакам ни да коментирам тоа ти е
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    253.046

    Нека го приватизира ако може, јас верувам дека подобро е да биде во негови раце, него ли во власта.
    Јас се прашувам од каде овој револт кон Заев, кога е еден од најспособните градоначалници во Македонија.
    Струмица е богата општина, но пред се има добар лидер кој знаеше да го искористи тоа и да ја претвори во тоа што е.
    Од Струмица никој не бега, сите мои колеги од факултет си се вратија, додека во мојот град е пустелија.
    Повеќе од 10 години власта е во рацете на ВМРО. Дојдете и видете што има кај нас, а што има во Струмица.
    И нашиот се обогати за цело негово поколени до 3 колено, ама градот ни е мизерија.
    Епа има разлика.
    Дајте ми само една општина за пример толку средена како Струмица, па вашите напади за Заев ќе ги сфатам како логични.
    Секоја чест и за Аеродром. Општината процвета со Конески.
    Не го бранам само Заев затоа што е СДСМ, еве истото го мислам и за Конески. Овие двајца се за пример и пофалба.

    Туку му се чудам на Бранко. Изгубил контакт со реалност, човекот е за во пензија. Аман оди си, ја уништи партијата.
    Победата на Стевче кажува нешто, редно е Бранко да си оди. Под итно!
     
    На Mishela и MiloMalo им се допаѓа ова.