Европа ќе 'пресечи'. Сега ќе почнат со усогласување на законие и другите процедури за членство во ЕУ.
Сериозно ??? Јас пак не верувам дека останаа толку гласачи на таа другата партија вмро ли како беше. До кое дно дојдовме аман , кога во толку тесен круг се најдовме со тие.
А мислиш ќе ја вратат ако дојдат на власт? Исто колку што го вратија и знамето во тие 20 години што ги имаа.
Дааааалеку од совршени се сдсм, ама и далеку подобри од вмро во моментов. Еден нормален не сум видела од вмро во моменталниот состав.
ВмРО мора да го сменат составот. Мицковски да си оди. Нека дадат шанс на некој млад.На пр.Муцунски. Тоа Милошоски, тоа Ѓорчев мора да си одат.
Не гласав за никого пошто нема некој нормален избор ама посебно ми е драго кога губат дпмне Ете баш ми е мило. Не дека и другите се нешто посебно ама дпмне катастрофи. Ајт со здравје.
Ете го Латас плаче на Алфа дека биле нерегуларни избориве. Шо вика Џоли, не сум за никој ама многу ми е мерак кога губат вемеровциве.
Денеска гласав по прв пат после полнолетство...(ради реда да видам како е). Искрено ни ВМРО ни СДСМ не заслужуваат глас. Страшно монотони кампањи , препукувања , обезличување на противникот. Ништо ново ни пак убедувачко за некаква промена Кој и да победи се ќе е по старо...