А зошто толку се чудите за Куманово. Па конечно после 20 години СДСМ да се симне од локалната власт во овој град . Не направија најмизерна општина во цела Македонија која што нема апсолутно никаков прогрес на ниедно поле. И што направи актуелниов градоначалник изминативе 8 години откако е на власт ? Само едно - си ги отплати своите долгови, апсолутно едно нешто не направи за да остане запаметен, и ова не е само мое мислење туку и на повеќето граѓани во Куманово а целото тоа незадоволство резултира со губење на овие избори , после 20 години престанавме да сме СДСМ-овски град . Браво. Што се однесува до опозицијата резултатите се очајни . Многу пати имам потенцирано дека не е јака владата туку опозицијата е МНОГУ слаба. Срамота е една помала албанска партија да освои повеќе градоначалнички места од најголемата опозициска партија . Виновникот за поразот сите го знаеме, со вакви луѓе на чело со господинот Б.Ц, Груевски ги добива и наредните 26 избори по ред, само не ми е јасно како сеуште паметните луѓе кои што останаа во СДСМ го дозволуваат ова, очигледно е дека додека е жив не планира да ја напушти својата фотелја. Запрепастена сум , па уште најавува бојкот на вториот круг зашто изборите биле нерегуларни , до каде ќе оди со смешнава политика ??? Кичево го изгубивме, и допрва ќе ни се случуваат вакви сценарија , не е крив Грујо за ова , ни Бранко ни никој. Самите си дозволиме да станат 25 % , не наоѓајте други виновници.
^^^ Го скапавте фалење Заев демек тој е најдобриот градоначалник и дека само Струмица е изградена?? Не дека имам нешто против него, или пак против Струмица, да изградена е и се, ама според мене најдобар градоначалник дефинитивно е Маријан Ристески. Од ко дојде тој на власт Прилеп цвета, дефинитивно цвета. Толку многу го изгради и среди што за разлика од тоа каков беше порано, сега Прилеп е метропола, а се надевам и дека уште ќе се гради и во наредниве 4 години. Само криво ми е шо ова му е последен мандат. А инаку ова шо го прават сега Албанциве не е за чудење. Се котат како вошки, ко шо викаше една моја професорка од средно: Една оди, сто води, за илјада место прави. И се докажа дека е во право.
Колку луѓе познавам во Куманово што ја напуштија партијата СДСМ и преминаа во ВМРО токму поради Бранко.Ке одиме нема да одиме, ке одиме па пак нема да одиме и на крај ке одиме.Нема право така да си игра со судбина на многу луѓе каде се вклучувам и јас, поразот на СДСМ неможам да го прифатам во Куманово.Неможете да кажете дека градоначалникот не направил ништо, градот доби нов плоштад, кеј,многу нови спортски сали во училишта, нови патишта каде што луѓето не ни знаеле дека постои асфалт.. има уште милион и милион работи да се набројуваат по што КЕ БИДЕ запамтен Циц, единствен човек на кого му давам рака од сите политичари без разлика дали се ВМРО или СДСМ.Од ВМРО барем јас немам никаква корист еве училишта на пример учиме во најлоши услови немаме компјутери, немаме нови клупи секој ден си ги кинам алиштата, мислам дека толку далеку сме отишле што професорите повеќе се плашат од учениците,друг пример болница кога отидов ми дојде менструација тоалетите беа катастрофа така што со мајка ми се сокривме во соба за доктори и таму ставив влошка, од државна болница затоа што немаат апарати ме пратија во Систина и таму ми земаа само преглед 400 евра, за здравство се нема пари а за споменици ако може и пред моја куќа да стават нема проблем.Се оди назад буквално се, толку сум незадоволна што и животот да ми зависи никогаш нема да го заокружам бројот на владеачката партија.Секој гледа за фотеља, а за народот никој. Барем знам дека веќе никогаш нема да излезам да гласам.
Сама себе ќе се цитирам, за да прочитате уште еднаш. Инаку, ако ги читате страниците претходно повеќе од пола бвете тука за промени, никаде ги немаше младите ВМРО-овки. Ама затоа во последните страници се појавија да пишуваат како ни цвета во државата. Ете ви ги неопределените, седат под јјорган за да излезат кога треба откако ќе им се вети нешто ситно. Знаете како ви цвета бе? Кај нас во комшии чекаа работа две жени на исто место. Едната вдовица, цел живот член на ВМРО со две деца волонтираше со години. Другата млада надежна вмровка, мажена, со вработен сопруг и приватна фирма. И јака “п....“ без грам мозок, без образование. Знаете кој го доби местото? Јаката. На не наведувам други примери за глупостите на оваа власт. А Мартин го заборавивте сите? Не гледате дека е дил за Струга и Кичево? За да не го “пука“ Ахмети, и за да не го напушти од Влада, Грујо се ке му даде. А бе за ситна пара се продава народов, ми се гади каде живеам. А ти Бранко, аман оди си, од тебе не може да пркне опозицијата, и вие опозиција свестете се - кочницата ви е Бранко.
Не си во право! Си одеше човекот во секоја населба и правеше муабет со луѓето и си ја покажуваше програмата. Само не беше со огномет, затоа не сте го слушнале и виделе. Само се мислам дека во втор круг ќе одат, али не сум сигурна. П.С Зборете што сакате, ама ова е градоначалник и ова е победа, само карпош гласат за човек не за партија, ни Конески, ни Заев ни никој. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... WL-NVnUwQ#!
Кој гледал Телма може пообјективно донел одлука за гласање Толкаво уживање во вести немам навистина од ниеден програм осетено. Многу професионално ги пренесоа и кампањите и случувањата. Нит фрустрации нит пристрасности. Таман, како што треба да биде. Може и не било доволно добро, ама толку ми се згади од останатите телевизии, што јас на Телма орден и давам. За пред изборите, не гледав ниедна кампања, не гледав реклами освен вести. Не сакав да си ги арчам ушите за тоа колку Бранко крадел, нит за тоа колку Грујо тепал пратеници. Све знаеме. Едните погласни од другите, дали парите го направија своето? Можеби не сум во право, ама тивката кампања на опозицијата, сите овие дејствија...се прашувам, дали им беше план волку да изгубат? Дали вистина се согласија на изборите за да кажат дека демек ете попуштиле, а поголемата политика била да се изгуби? Зошто? За да се остави народот потполно под власт на вмро, па да видил што добил? Оти така, Бранко не може да биде крив Не знам, може си умислувам стратегии Искрено мислам дека зад ова стои поголема работа. И аман Бранко оди си Јас гласав за човек, не за партија.
Сведок сум на вакво дело, каде активисти на опозицијата вчера ги поткупуваа Ромите во мојата населба. Порано слушав и не ми се веруваше, сега видов со свои очи како ги вадеа 500те од бели пликоа! Срамота!
Heleny, доколку опозицијата даваше пари-таа и ќе победеше,нели?!?! Многу е очигледно КОЈ вчера даваше пари,зејтин,брашно,дрва за огрев... Ако сеуште не знаеш КОЈ-ќе ти кажам! Истите оние кои ја имаат власта,моќта,контролата на медиумите,...оние кои земаа кредити за да можат да потплаќаат,оние кои трошеа државни пари за 24/7 рекламирање по сите медиуми,оние кои секој ден на државен трошок полнеа автобуси (делеа сок+сендвич+дневница) за митинзи......треба ли уште да пишувам???
Зошто ли тогаш вадат од свои џебови, зашто нели немаат допир со државните пари, па да купуваат гласови? Зошто кога апсолутен пораз беше искристализиран уште додека Б.Ц. се колебаше одиме-не одиме? Лоша работа е очајот знаеш, од немање каде па човек на се' е спремен! Друго, не говорам од ракав, туку ова лично го видов! Едно е јасно, факт е дека од 2005 година па наваму поминаа 7 избори: локални, парламентарни, претседателски, предвремени, вакви такви... факт е дека Власта е апсолутна во секој поглед, а народот е оној кој гласа. Очигледно, слаба и истрошена фигура е Бранко со неговата тајфа, иако стегаа тупаници по митинзите! Промени се потребни да, но во редовите на СДСМ! Толку од мене. :up:
pamelche Бројот на советнички места се утврдува со Д Хонтова формула. Се пребројуваат гласовите на секоја советничка листа, и вкупниот број на гласови се дели со 1, 2, 3, 4.. се до бројката на советнички места. За број на избрани советници се земаат најголемите количници (онолку колку што има советнички места). Лелеее околу секои избори вакви глупотрескања и карање и очи вадење. Ете, се гледа сложноста на македонскиот народ. Затоа и шиптарите ќе се множат и множат, и не само затоа што се јаки е*ачи, туку заради тоа што македонците се пи*ки невидени, си ги испродадоа нивните имоти баш на тие шиптари, тие си изградија куќи, од еден квадрат прават два, им се може бе, па не само куќи туку и други плацеви околу нив, а македончето бара надомест од државата дека биле протерани, еве пример од Арачиново, па си седуцкаат во државни станчиња а со парите добиени од продажбата на нивните имоти си направија нови куќи а сеуште си седат на терет на државата. Од Чаир се иселија сите македонци, им испродадоа се на шиптарите, овие се утврдија таму. И после Цацко крив, епа не се ни Цацко ни Никола криви, криви сте си самите. Нешто што свесно им се продава, не може после да се врати а најмалку да се обвинува друг за своите грешки. Не се продаваат само приватни имоти, се продава Македонија така. И сега очекувано е да ги изгубиме и Кичево и Тетово и Гостивар, Струга...само прашање е на време кога ќе почнат да бегаат нашите од тие градови, масовно да се иселуваат и да им ги поклонат на тацна. А тоа дека народот бил поткупуван со брашно, јајца, ракија, 1000 пиво и тн.не ви држи вода. Кога некој дава, зошто да не земеш? Ако некој ти понуди автомобил, ќе го одбиеш? Само глупавиот и оачјниот може да дава а да не е сигурен дека ќе добие. Народот ако е глупав и без брашно ќе е глупав и манипулиран. Ама ако некој знае за кого ќе гласа, може комотно да си земе брашно, да си меси леб цел месец а да гласа за кого сака. Додека си кубете коси размислете дали вреди толку да се расправате на форумов, кога тоа време за расправии можете да го поминете во гледање добар филм, на пример.
hah слатко ме насмеа,можеби си шеткаше човекот и си кажваше приказни јас не велам не но дали кажа нешто и излезе пред медиумите SO KONKRETNI ZBOROVI PLANOVI I PROEKTI?далеку било и скраја да е од тоа а всушност и што има направено докажано и покажано овај човек во неговата политичка кариера,ве молам не ме засмејувајте освен што излезе на тв да цмирзи и да се правда за неговиот под наводници наводно и регуларно правно стекнат имот која мизерија кои смешки...
Еве каде ќе има втор круг на гласање: http://www.plusinfo.mk/vest/86116/Kade- ... ichka-trka Центар не е на списокот, а и Жерновски победи со 51 %. Карпош не го прочитав, ама ќе има втор круг помеѓу Стевче и Андреј. Абеја, не се расправаме, туку дебатираме. Кај виде некој да навредува на лична основа, никој овде не си вади очи со никого. Имаме време и за филм, без гајле. Една дискусија ќе се развие, без разлика што е темата политика и одма што се расправаме.
Миме, 51 и нешто плус проценти гласале за него, сигурно знаат за што гласале, а тоа е мнозинство. А ве молам се покажаа делата за центар, на центар не му требаат споменици, туку паркинг кој не се плаќа милиони. и ЗЕЛЕНИЛО, а не се угушивме од ова градењава и бетони на секој чекор Ако победи и после Жерноски верувам дека нема целосно да се усвои Скопје 2014, што на нас центарци тоа не ни одоговара проектов, и сите сме против тоа. Јас додуша не бев на гласање, а ако има втор круг ќе размислам за кого да гласам. Сум против тоа центарот да биде жртвено јагне на власта, да си набиваат гласови од "патриотите" кој се купуваат со измислени дела и празни зборови. Не ни треба споменици, ни требаат подобро услови на живот и повеќе зеленило, сe угушивме.
Народот гласал и изгласал а според тоа најголемиот број граѓани се задоволни од владата и супер им е животот. Или пак мислат дека толку заслужуваат
Тие што не го виделе и слушнале Жерновски со конкретни планови и проекти очигледно гледаа само tv Сител,а од тој медиум нешто по мизерно ниту имало па ни ќе има. А приврзаниците и симпатизерите на кичерајот,простотијата,насилството нормално е да ги критикуваат луѓето кои се против тоа.
пссс се пресмејав баш ме интерсира каде Жерновски кажал и покажал за некој негов проект еве конкретно јас не гледам само сител напротив и никаде не видов да излези со некој негов изработен проект во минатот или испланиран за во иднина потенцирам KONKRETEN а кој може да изработи било што за 2 недели посебно од овие на политичката сцена ALELUJA за луѓето кој се крстат во политичар кој нема ни А речено ниту пак прст ставено за оваа держава GOSPOD NEKA IM E NA POMOS
Во секој случај не треба да гледаме кој кај победил, туку каде изгби Македонија! Не ми е верно на толку мала територија толку не сложен и клет народ да има! Додека ние очи си вадиме меѓу себе некој профтира и се шири.... се шири како метастазиран рак....е чаре нема! сами сме криви за целата ситуација во нашава ни чудесна Македонија