Обично не коментирам за политика, но од аспект на човечност никогаш не би му дала на Заев да е премиер. Сите лажеле, лажат и ќе лажат Балкан тоа е тоа, али да се тргува со името, историјата тоа се веќе други теми со кои за жал располагаат политичарите. Европска унија ќе ја видиме пред да се распадне или додека не дадеме се што сакаат соседите и ќе си останеме со прстот во уста. Искочи работава турците 500 години името ни го чуваа, а СДСМ ни 3 години не можеше. Мене повеќе ме боли фактот што спроведоа референдум на кој се бираше. Да сме некоја цивилизирана држава ќе беше поништен,. И ко за споредба во Шпанија за независност на Каталонија ги тепаа гласачите за да не гласаат за отцепување, а кај нас и при мала излезност ни 40% мислам дека не беше го сменија името... Во водење на држава не би навлегувала посебно ме допре тој дел со името и историјата...
Ke si bide ko sto bese do sega,izborite pominaa,za nekoj den karantin i pol cas ke ni lupnat i taka..
Моја грешка. ВМРО 47-78. Левица 1-2. ДУИ 13. Плус, стариот коалиционен партнер ДПА 1 пратеник. ВМРО + Левица + ДУИ + ДПА. Можни комбинаторики. ВМРО + Левица вс. СДСМ + БЕСА = 2% предност на ВМРО - Левица Левица, Интегра, Единствена Македонија се партија за кои гласаа разочарани вмровци. На СДСМ просекот го вадат Албанци, Турци, Роми. Во Источна Македонија, која е полна со Роми и Турци, гласовите ги дадоа за СДСМ. Плус,
Според неофицијалните првични резултати од електронскиот внес на Државната изборна комисија, СДСМ и коалицијата водат по пребројани 90 отсто од избирачките места (3 130 од 3 480). За разлика од претходно, кога разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беше помалку од 1 процентен поен, сега таа изнесува околу 1,4 отсто во корист на социјалдемократите. Во проценти, сликата е следна: СДСМ – 36,15% ВМРО-ДПМНЕ – 34,73% ДУИ – 11,5% АА/А – 8,77% Левица – 3,95% ДПА – 1,46% Интегра – 1,34%
Ова се ок, ама ме ми е јасно зашто пишуваш коалиции на ДПМНЕ кога со плус 2 пратеника СДСМ ќе го добие мандатот и ќе напраи влада. И за Источна Македонија уште, малку не е ок сега да пишуваме роми и незнам што кога знаеме дека 3 ката е етнички најчист дел е во државата. Цели 12 години ДПМНЕ таму правеше 14-6, 13-7 разлика. Со роми и турци победуваше ДПМНЕ досега?
И, на претходните избори ВМРО победи, па не направи влада. Важно е ДУИ како игра. Пајтон партии на СДСМ како Интегра добро одиграа на овие избори. Им скинаа на ВМРО скоро 2%
Па да, ама апла приметно е дека кавгата меѓу ДУИ и СДСМ беше добро осмислено сценарио и дека уствари немаа кавга. Нешто слично ко финтитее ДУИ/ ДПМНЕ што ги правеа порано. Демек скарани растураат коалиција и оп после пак у влада заедно. Оправдание, мора да коалицираме со победникот од албански/македонски блок. Плус во моментот не може да се дозволи политичка криза ради коронава и така.
Кавгата не е помеѓу СДСМ-ДУИ, туку помеѓу ДУИ- БЕСА, ДУИ-Алијанска. Ако оди ДУИ во коалиција со ВМРО, ВМРО прави влада. Ако не одат тогаш СДСМ прави влада.
Нормално,и Али кажа пред некој ден дека иако немаат исти гледишта со Заев сепак би сакал пак у коалиција со него Ама мислам дека без него ќе формираат мнозинство,тек тогаш го пукам Моетот