Ама за тоа треба прво да не успее СДСМ да состави влада, што во моментот со минимум 2 пратеника плус и имајќи ја во предвид ситуацијата со Ковид, е mission imposible.
Нели Америка е спонзор на таа Интегра.... Чешки да кандиса Дуи со Вмро....зш зајакон и на нив брда и долини ќе им вети и пружи....
Јас колку што пратев ситуација , Албанскиот политички блок се изјаснил дека се желни за коалиција со СДСМ . Тоа го кажа и аналитичарот Александар Пандов ( кој е поранешен пратеник од редовите на ВМРО ) . Е сега , деновиве не пратам баш вести и политика , па не знам дали и колку е тоа точно .
So what? Ова треба да ме убеди дека нема да коалицираат ако си договорат бизнисчиња ? Очигледно не ја разбираш политиката друже.
И сега, практично се чека,кој повеќе ќе им го издудла на Албанциве или ? Албанец премиер ќе е условот ? Кажувајте со време, да спремам куферот.
Кочани, Берово, Пехчево, Делчево и сличните места имаат многу Роми. Да не зборувам за Струмица (која е во 4-ка), 20% од градот и околината се Роми. Поткуп, пари и ете каде се прави разликата во гласови. Да, победуваше ВМРО кога беа во коалиција со Ромите и Турците. Плус, не заборавај дека на овие избори имаше помала излезност. Многу неопределени не гласаа, а тие ја прават разликата. СДСМ ги држи скоро сите општини, а со тоа и вработувањата. Цела нивна гласачка машинерија беше активирана. ВМРО изгуби од најлошиот премиер во историјата на Македонија. Целото раководство на ВМРО треба да си поднесе колективна оставка. Тоа е реалноста. Честито победа на СДСМ и среќа во составувањето на владата.
Беса +ДУИ нема да можат заедно. Очи си вадат бетер од нашиве. Не може сите три да бидат во комбинација со Сдсм. Затоа и влезе Беса со Сдсм,за да бидат фактор наместо ДУИ. Тешки комбинации. Единствено ако може СДСМ+Алијанса+Левица. СДСМ+Беса+ДУИ,нема шанси. Незамисливо е Беса +Дуи
Левиза нема шанси со СДСМ да иде. Мислам дека порадо би со ВМРО. Левица и ВМРО ми е идеолошки оксиморон. Ама тази Левица не е левица
Кој тепаше? Или уште се бројат гласовите? дајте инфо нешто не пратев. Инаку за прв пат си го искористив граѓанското право на глас Искрено ме мрзеше да отидам да гласам цел ден, едвај се наканив накај 7 да отидам. Мислев дека ќе се испобунам таму со целата процедура али тие од комисијата беа лабави и ми честитаа кога им кажав дека прв пат гласам.
Вака се распределени мандатите засега: СДСМ 45 ВМРО-ДПМНЕ 44 ДУИ 16 АА/А 12 ЛЕВИЦА 2 ДПА 1 Има уште гласови за пребројување.
Процентите од ракав ги тресеш? Врска немаат со реалноста. Ти кажаа во постот кој си го цитирал. Инаку, баш ме интересираат официјалните бројки, ама порано сум заспала и ништо од бизнисот. Ќе чекам да се разбуди некој од моите за да ми кажат. Евентуално тука на вести ако кажат податоци.