Сите кои соработуваат со Албанци појма немаат албански. Од каде ги вадите овие глупости не ми е јасно? Или да се напише нешто, али дали има смисла, е тоа е веќе друга поента. Германец на турски ли зборува со Турчин во Германија? Ете, вршат бизнис. На кој јазик зборуваат?
Може од секави причини да соработуваш и да се дружиш со луѓе кои говорат друг јазик освен твојот мајчин.
Од таму кај што ги гледам. Зет ми и сите во неговата фирма (македонци), зборуваат албански. И тоа е веќе 2 децении наназад, затоа што најголемата клиентела им доаѓа баш од албанците.
Колкави се шансите дека детето ќе сака да ти живее овде а не во странство или да појаснам да живее во нормална држава отколку во држава каде нитуедна институција не функционира добро? Се повеќе и повеќе си заминуваат млади и мило ми е за нив а стварно ми е жал за тие што ќе останат овде и гледаат некаква иднина.
Да, дружба си е дружба, служба си е служба.. Не е исто да си соработуваш и дружиш со албанци, и да го изучуваш албанскиот
Колкав е тоа процент од популација? 0,5%? Германец и Турчин од Германија соработуваат за бизнис. На кој јазик се разбираат? Над 3 милиони Турци во Германија пазарат, купуваат, соработуваат со Германци. Како им се обраќаат? На турски или германски. Постовите ти немаат смисла.
Знаете ли дека во Шведска имаат задолжителен кинески? Сигурно и за кинескиот имате 'забелешки', пошто, нели... не е македонски.
Каков шамар си удривме ние Македонците. Браво за нашата неслога. Ќе фрлаат глас за мали партии, кои ставиле анонимуси на листи, ќе пуштаат неважечки, не гласаат не биле заинтересирани. Е сега допрва ќе следат уцени. Албанците земаа повеќе мандати.
Не прави споредби, ние не сме Шведска, Европа и слично. Тоа е само тешење. Мандатите покажуваат дека Македонецот станува малцинство во Македонија поради мал наталитет, иселување, апатија и ќе учиш и оро ќе играш, ако не најди си резервна држава, ако те примат некаде, и мене и тебе и сите други.
Да сигурно ќе му е клучен фактор за кога ќе сака да си замине во Америка/Германија/Австралија било која европска држава сигурно ќе му го бараат за виза.
Немаме попис и не ја знаеме реалната слика за демографијата во државава. Иоако, во муабетов, тоа не прави разлика. Секој јазик кој го знеш е плус за тебе. Докажано. И психолошки, и економски бенефит е. Добро, навистина ли не ја знаете предноста од познавање што повеќе јазици, или само се правите дека не знаете? Не би сакала да верувам дека во денешно време, покрај пристап до толку информации, некој не го знае ова...
Де ма па ти... Овично коа известуваат тие имаат по релевантни податоци и инфо од нас..нашите портали-ѓољ
Али чисто сумњам дека кинезите бараат Шведска да биде "голема Кина", што не е случај со нашево малцинство
2016/2020 ИЕ1 73,62% / 52.17% ИЕ2 66,54% / 47.97% ИЕ3 72,74% / 57.31% ИЕ4 75,00% / 59.78% ИЕ5 64,67% / 59.78% ИЕ6 51,32% / 39.22% Еве зошто СДСМ бараше избори. Неопределените не излегоа, а најголем дел ќе гласаа против СДСМ. Цела државна администрација беше ставена на терен + поткупи.
Споредбава нема врска.Ко да треба да се објаснуваме за ова зошто не ни е баш прифатливо, како да не гледаме што се случува и кој тек го земаат работите....и не се работи за знаење плус јазик за сопствено добро.Ама и ти го знаеш тоа де.
А кинезите им се мешаат во водењето на државата, дали населението на Шведска се граѓани од втор ред во сопствената држава? Немој те молам со вакви теории, и споредби зошто се пресмешни а во исто време и трагични.