А како ќе градиш мултикултура, освен со оставање во позадина на сите срања? Германија и Франција, после Втората светска војна беа крвни непријатели. Знаеш како го 'решија' проблемот? Со групирање на резервите на железо и јаглен на двете држави, во еден куп. Економската соработка е единствен начин на преминување на разликите и обединување на националностите. Не го измислив јас... попаметни од мене го измислиле, спровеле и функционира. Сигурно, ни Франција, ни Германија со тоа не ги заборавиле жртвите кои ги поднеле во војната.
Убаво си викаш, иднината не е во делење на територии... Дали тоа важи за нашето малцинство?! Не, а! А зошто не!? Муабетиве ти се too much про партиски, т. е. штабски, што дури се сомневам ако сдс рече да одиме секој Петок во џамија, ќе почнеш "да убедуваш" како тоа е добро, духовно да се прочистиме... бла, бла..
Уште ви е смешна споредбата со пицата? Не е важно каква е, ама сега ако ви ја донесат со пелин посипана, ќе си ја изголтате и оро ќе играте. И, вие што не излеговте на гласање за да ги казните политичарите имате големо браво од Аљи. Му го накршивте бе, секоја чест. Сега со вакви карти на маса ставени од Дуи, може само крв да си плукаме. Ама важно убаво им покажавме дека никој не го заслужува нашиот глас. Аххх, бре.
Едвај чекам некој со калашников во центар на Стокхолм да испука 20 на куршуми, да видам либералната, ненационалистички полиција на Шведска како ќе реагира
Националноста е измислена терминологија, не постара од 200-300 години. Не се раѓаш со национален идентитет. Го учиш. Луѓето го измислиле, луѓето можат да го занемарат. Национализмот е само плодна почва за поделби, никаков бенефит нема од него. Исто, докажано, и потврдено од попаметни од мене.
Едно е да има соживот помеѓу албанци и македонци, почитување на култура, а друго е барање на двојазична држава, премиер албанец, дури и дел од химна во држава каде не ни мрднале со прст, дури ни данок не плаќаат.
Зошто да не? Ние сме поглупи и понеспособни од нив? Не сме. Сакаме да бидеме 'глупи' оти е полесно, а не оти сме глупи.
Во Германија нема 30% француско малцинство со тенденција на сепаратизам. Во Франција нема 30% германско малцинство со тенденција на сепаратизам. Франција не е бинационална држава со тенденција на менување знаме, грб, химна, воведување задолжително изучување на германски. И, спротивно. Германија нема тенденција во менување знаме, грб, химна и задолжително изучување на француски јазик. Германците не ги уценуваат Французите дека ако нема германска партија во влада ќе пукаат калаши. Повторно банални примери. Дури смешно ми е што ги коментирам. Не ми се верува што се не ќе прочита човек и до каде самопонижувањето продира.
Еве уште ова до тебе и сите што глумите соживот зошто за време на карантинот со полициски час зошто тогаш полиција не одеше во Чаир и другите албански општини? Како се собраа 200 души во пандемија за да ослободат нивни човек од затвор па градоначалникот им се извинуваше и го пушти нивниот "брат" а овие го пцуеа. Тие што играа оро во Гевгелија казнети овие што се собраа 200 души да протестираат ниту еден казнет. Македонски полицаец попрво би удрил/уапсил македонец одколку Албанец бидејки му е страв. Е тоа се вика во сопствена држава да се чуствуваш како малцинство.
Чоек, се убивале едни со други, милиони загинале, и по 5-6 години се обединиле. 20 години поминаа од конфликтот во 2001ва, ние сеуште тапкаме во место. И тоа, тие имаат десетици милиони жители, а ние сме едвај 2 милиони. Нема оправдување, има само изговори.
Како треба да биде и како е, е цела разлика што човек во години како тебе со животен стаж во Мк треба да ја знае напамет. Не си викната на Тед ток да просветлуваш со говори, заврти се малку околу себе и види каде се наоѓаш. Ако гледаш само мебел и ѕидови, може е време да излезеш надвор.
Во Македонија. Земја на луѓе исплашени од промени, земја на луѓе кои одат по линија на помал отпор, земја на луѓе кои викат: Ќути, може и полошо.
Ти си таа, совршено се опиша во моментов. Само поинаку ти се поставени идеите да мислиш дека правиш некаква разлика.