Моето дете ќе сака германски, англиски, француски да учи светски јазици, а не да губи време учејќи албански што на меѓународно ниво само во наркомафијата во Европа доминантен.
Браво за Левица, Интегра, Единствена Македонија, Македонски концепт. Симнаа 7-8% од контото на ВМРО. Најдобро платени и корисни играчи на Заев. Со “ јакиот“ успех на Апасиев ќе добиеме нов грб, знаме, химна, уште позасилена албанизација, понестабилно општество, за да едно 10 години од сега и добиеме федерални кантони од типот на БиХ. Браво за Апасиев. Нели тој беше на платен список на Заев и Катица? Сите честити и наивни Македонци што гласаа за мали партии испаднаа најкорисни идиоти, затоа што ги напалија со национална реторика и ги фрлија своите гласови во празно, т.е. Заев си доби победа. Браво за нив. Сега нека ронат крокодилски солзи по социјалните мрежи, а за 4 години нека го пејат Џемо Балистот. Како што напомена еден на Фејсбук: „ Македонците само потврдија дека се историска грешка и неуспешна приказна“. Веројатно ќе не изучуваат по универзитети и клиники за душевни заболувања. За неопределените, и тие кои „ ме мрзи да гласам, сите се исти, јас сум по правдата“, слободно нека си го пијат кафето на бауштел во Германија.
Нема. Поделени сме и се' е за инает. Вештачки се наметнуваат закони кои се производ на Рамковниот договор. Не се решава основата на поделбата, туку само се форсира потенцирање на разликите со тоа: 25% Албанци, 75% Македонци. За да нема вакви поделби, потребна е вистинска мултикултурна заедница, во која има дијалог и разбирање од двете страни. Конструктивни закони кои се стремат кон подобрување на општата економска ситуација, како и спроведување на закони без разлика на национална, верска и не знам каква припадност. Искоренување на непотизмот и корупцијата... народски речено: Врските. Културните разлики ќе станат небитни, доколку економски сме постабилни и институциите функционираат и спроведуваат закони непристрасно. Пак многу време треба, пошто во прашање се коренити промени, кои задираат во менталитетот на сите кои живеат овде. И воља.. заборавив најбитното. Воља од сите засегнати страни.
Не трипај дека Сдсм е про албанско, а другиве се хардкор македонштина. Албанизација ни се дешава, на која страна и да свртиш.Ко што рече некој поназад идејата за задолжителен албански е стара 10тина години,предложена од вемеро. Ќе се оствари кога ќе и дојде дедлајнот безразлика кој и да е на власт. И не ми е јасно како може некој да не гледа проблем во задолжителен албански. Тоа е условување завиено во форма на мултиетницизам. Зошто ваква покорност, да не рокат калаши ?
https://www.slobodenpecat.mk/savesk...ja-doprva-ke-vidite-kolku-pogan-chovek-e-toa/ Фала на сите што (не) гласавте. Абе како може да дадете глас за Левица, како бе???? „Така ќe сe види многу убаво дeка Апасиeв ја прeтвори Лeвица во султан-партија, опкружeн со полтрони бeз два грама мозок. Па сeга тиe со два грама мозок нeма вeќe да можат да сe кријат зад султанот – па ќe бидe вeсeло“- пост на Савески кој беше дел од раководството на Левица за која со Апасиев водеа и судски спор.
ДУИ освои + 5 пратеници играјќи на национална карта. БЕСА, Алијанса на Села. Сите се со национална реторика. Многу убав параметар што сака просечниот албански гласач, а ти натаму убедувај не дека кафе со сол и кафе со шеќер е исто, затоа што и солта и шеќерот се бели. Во овој парламентарен состав добивме 4 албански партии и само 1 опозициона “македонска“ партија. Ќе биде убаво сркање. А, за твоите фантазии, веројатно, Јунг би имал многу подобра дефиниција.
Само неколку странички поназад скокаш од радост дека ВМРО има шанса да направи коалиција со ДУИ , па што и да биле условите, а сега ти смета таканаречена албанизација кога сфати дека ВМРО нема шанси? Кој бот!
Левица е единствената партија која предизборно и изборно за време на кампањата доби бан од заевата тв телма за учество во дебати. Сепак не верувам дека Апасиев има нешто со Сдсм денес. И Гога ја поддржуваше лани на претседателските. Но, ако сака калето, Заев ќе напрај пак влада со Дуи. Ќешки да не се меша Америка овој пат (на страна на Сдс), Дуи со Вмро беа подобра комбинација, си гледаа бизнисите, а овој Заев заради гласови ги хушка Албанците и ги покачува нивните националистички критериуми, со што им отвара работа и на Дуи, а државата ја шитка невидено.
Многу ми се интересни ликови ко тебе и сличните, кои гласаат за СДСМ. Гласате за СДСМ и за нивната деструкција, а од друга страна си ги пакувате куферите да си одите. Тоа во психологијата е познато како - садомазохизам. СДСМ единствено нешто што ги интересира е нивниот џеб и пари, а се спремни за тоа да одат и преку мртви лешеви. Го видовме тоа на дело последните 3 години. Така е. Се е предложено од ВМРО, ама како за инает ништо не е потпишано од нив, туку од твојата партија. Сега за 2 години СДСМ ќе не убедува дека премиер Албанец е предложено од ВМРО и таквите ко тебе ќе се налепат на тоа. ВМРО, на чело со Христијан Мицкоски, треба да си поднесат колективна оставка, а за цените на малините и црешите нека си расправа на факултетот таму. Да изгубиш од најлошиот премиер во историјата на Македонија, треба или да си толку неспособен, или да си дебело платен и донесен на таква функција да играш така. Се надевам членството на ВМРО ќе собере сили и храброст да го исчисти ова раководство на ВМРО.
Апасиев е салонски интелектуалец , со надуено его и нарцисоидна личност. Како се очекува нешто од него, да ми је знати..демек ќе им сржел у брк на оние покварените...хаха, па тој е бар исто покварен како нив, сега само ќе има со што да се пазари.
Да бе да, еве не можам да спијам од страв и од вина оти ради моето негласање Албанците ќе ни ја земат државата, ко што секои избори ни ја „земаат“ и „се воведува казни за незнаење албански“ и сл. До вчера сдсмовските ботови на кои им гореше под нозе хараа низ социјални мрежи и со црни билборди дека Грујо ќе се врател ако не гласаме, сега па вие демохристијанските националистички патетики играте на оваа карта. Секој со своите ветерници и плашила за мали деца. Ај опрајте се колективно, жити сѐ.
И да повториме, ако плукаш по вемеро не значи дека си сдсм, и ако плукаш по сдсм не значи дека си вемеро. Албанскиот фактор е клучен секои едни избори и тоа кошта. У позиција се да бараат што год сакаат а другиве да им дадат се што побараат. И да не ги чепкаат. Од двата наши партиски блока, не еден, ко што ти инсинуираш.
А наместо да се плука по оние кои не излегле на гласање, да сработеа нешто партииве што се вртат на власт како што треба во државава? Кога ќе научите дека неопределените нема да ги придобиете со плашила? Со тоа гласање на помалото зло, кои да е тоа, од осамостојувањето до денес го бушиме дното се подлабоко. Наместо вакви мали шамарчиња на секои избори, треба баш еден голем шамар да им се даде со бојкот. Албанците ќе дошле на власт? Епа ако не го сакате тоа почнете да работите како што треба за да придобиете доверба кај народот.
Не ми се целосно исти, конзервативната багра која ти ја симпатизираш секогаш ќе ми се поголемо зло. Само што решавам да не гласам против нив, а за помали (но сепак) зла. Let that sink in.
Нема што да повторуваш. Твое е за кого ќе гласаш, ама радосна беше вчера на вмровските крокодилски солзи. Доста ми е веќе од такви “неутрални анонимуси“ по социјалните мрежи, кои се први во 7 часот да гласаат на избори. 2016 2020 ИЕ3 72,74% / 57.31% ИЕ4 75,00% / 59.78% Ете зошто албанскиот фактор е клучен. Нека си седат дома неопределените и нека делат правда пред селска коперација. Албанскиот фактор е клучен, затоа што македонскиот е апатичен, безидентитентен, крајно конформистички и себичен. Супер. Им посакувам среќа на бауштел, а на Албанците убави работни позиции и среќа во иднината.
Како мислиш дека ќе функционираат кога ќе отидеш и ќе зоруваш некому на јазикот на државата и тој ќе се прави дека не разбира и нема ништо да завршиш затоа што не го знаеш вториот јазик?