Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    60.894
    Пол:
    Женски
    @WildMk јас немам одговор на твоето прашање. Навистина се осеќам во матирана позиција, каде сум во истата од сите можни фигури во шахот.

    Јас ќе ти го поставам истото и ќе те прашам ти што би направила? Што би направила ти ако си на власт да ме убедиш да не си идам од државава, што би направила за својот народ кој е разочаран, гневен, истрошен и истоштен до максимум?

    Попис ќе сакаш да направиш. Луѓето кои толку ги браниш нема да ти дозволат попис да направиш, свесна си така? Ќе сакаш да си фер и да спроведуваш закони претпоставувам пошто колку што те познавам таков човек си. Свесна си дека ако сакаш да спроведеш закон нема да можеш пошто војна ќе ти се деси? Свесна си дека ќе мораш да голтнеш кнедла кога ќе ти достават информација за избоден труп а ти не можеш злосторникот да го затвориш пошто протести ти следуваат, така?

    Еве јас решена сум да си идам. Убеди ме зошто е подобро тука да седам, објасни ми го тој соживот како би функционирал со овој моментум како што се движи и убеди ме зошто државава е добра за млади луѓе кои ги немаат мамичка и татичко да ги пикнат у позиција да седат.
     
    На teaiva, темјанушка, 1112 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Не е според математика на Ѓорчев. Општина Куманово има 25% Албанци. Може и повеќе. Плус, 6-7% Роми. Ете каде се прави разликата во корист на СДСМ. БЕСА да додала 2-3 илјади гласови, Ромите 1500. Ете ти разлика.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.266
    Секако дека нема да ги спречам да допатуваат, ама ќе мора да оговорат на прашае, дали се со постојан престој во МАкедонија и ако не, каде.
     
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    39.577
    Ете, ќе речат да. Како што и планираа. Познавав такви, remember? И сега знам што ќе речеш " ги пријави"?:D
     
    Последна измена: 16 јули 2020
    На Biljarkata и Mantub им се допаѓа ова.
  5. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    3.410
    Пол:
    Машки
    Screenshot_1.png
     
    На Snowflake97, Hacon, The Saturdays и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    На BloodElf, JuLleE, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.833
    Допаѓања:
    19.923
    Пол:
    Машки

    Абе дванајсе години и кусуро бевте на власт, сите овие финти шо ги користевте, сеа дека ве дриблаат на истите финти и плачите???

    Дај ви се молам не пиштете многу од партиски штабови. Исти qр се двете, само се менуваат дресовите.
     
    На Sarence и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.266
    Хм... добро прашање...

    Ќе ја ангажирам полицијата и во нивно присуство ќе се спроведува пописот.
    Ќа следам комуникација на сите 'сомнителни' лица и оние кои претходно докажано се занимавале со националистички идеи (ДБК и тие работи)

    Попис ќе направам, па ако сака, последно нека ми е.

    Е после, со податоците во пописот, не правам национални стратегии.

    Непристрасно казнување ќе практицирам директно јас (ако сум на власт де)
    Секој што ќе го начекам да прави криминал, лично ќе го пријавувам, без разлика кој е.

    Ќе објавувам дневни билтени за сите казнети кои го прекршиле законот на овој-или оној начин.

    Најверојатно атентат ќе ми извршат, ама за да не биде тоа.. ќе побарам заштита од Американчиштата и Европа.

    Во превод: Ќе ја 'жртвувам' кариерата заради државата.
    Просто ко грав.
     
  10. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    Да,баш сеа кажаа за 80.000 гласови кои биле неправилно распределени
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ упатува честитки за сите учесници во изборниот процес, кој согласно досегашните извештаи од набљудувачите, помина во мирна и демократска атмосфера, како што и доликува на Република Северна Македонија која ги отпочнува проговорите со Европската Унија.

    „ Со жалење констатираме дека Христијан Мицкоски и донесе пораз на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа, потврда дека на партијата и се неопходни реформи и темелна чистка, со цел нејзина демократизација. Ова е уште еден доказ дека Мицкоски е казнет и од нашето членство кое не дозволува ВМРО-ДПМНЕ да биде претворена во партија налик грчката Златна Зора. На членството му благодариме за стабилната поддршка која ја покажа, за разлика од Христијан кој донесе само негатива покажувајќи дека не умее да го искористи кадровиот потенцијал на нашата партија и избра да оди со кандидати како министерката на Бранко-Гога и Сафет Бишевац.

    Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ кој го донесе Мицкоски е последица на распарчувањето на партијата кое тој го донесе, исклучувајќи ги сите кои мислат различно од него и неколкумината негови потрчковци. Наместо како лидер, да обединува за силна победа, тој ширеше омраза, лаги и го ситнеше отпорот против владејачката гарнитура. Тој остана настрана и од помирувањето кое е толку потребно во нашето општество.

    Срамно е немањето на доблест за признавање на дебаклот кој ние најавивме дека ќе и се случи на партијата, а со оглед на деструктивните политики водени од Мицкоски. Залудни се оправудавањата дека ВМРО-ДПМНЕ ја победила СДСМ и обидите за манипулација на чесното членство. Наместо тоа, Мицкоски, веднаш, без размислување, треба да поднесе оставка за катастрофалниот резултат кој и го донесе на партијата. Со него, треба да ги понесе и неговите „лева“ и „десна“ рака, како и сите нивни придружници кои изминативе години во континуитет ја носеа партијата во пропаст, наместо да се залагаат за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО.

    Самонаречениот лидер Мицкоски, кој во изборите се претстави како „даскал“, ги изгуби овие избори со 40.000 гласови помалку во споредба со претседателските избори. Доколку се направи споредба со парламентарните избори во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ поради нечесните политики кои ги водеше Мицкоски има 150.000 гласови помалку. Тој самиот кажа дека доколку ги изгуби изборите или не состави Влада, ќе си поднесе оставка. Редно е барем еднаш да го одржи зборот и да замине засекогаш од ВМРО-ДПМНЕ. Доста беше лажен патриотизам и сквернавење на партијата. Доста беа погрешни политики и урнисување на името ВМРО-ДПМНЕ.

    Во нашата партија има чесни поддржувачи, членови, активисти. Ти не си ВМРО-ДПМНЕ, ти си уништувач на идејата за модерно, центар десно ВМРО. Затоа, Христијан Мицкоски, заминувај веднаш“ .

    ©Makfax.com.mk
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.197
    Допаѓања:
    88.851
    Пол:
    Женски
    Касно е веке за се.
    Не треба да ги убиеме,ама соживот не може да има.
    Но да се водиш по граѓански концепт наспроти силно националистички кој гледа само за својот народ е пропаст и немање визија за иднината на твојот народ.
    И на крај секој си гледа за своето.
    А кај нас си гледаат партиите своите џебови.
    Затоа не ги гласаше народот вчера.
     
    На felisitas, темјанушка, oblace1 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.111
    Допаѓања:
    26.991
    Ако има попис што мислете, колку народ сме? :D
    Јас велам милион со сила.
     
    На Biljarkata и candy.cane им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.266
    Основата на сите проблеми во држават и светот.

    Милион и пол
     
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    17.678
    Пол:
    Женски
    :D Епа тогаш, каде треба да го упатиш револтот за соживот? Ние ја немаме тука таа кариера за да ја жртвуваме.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Нешто ко да неживееме на иста планета...
     
    На Biljarkata, x.Daisy.x, baby-star и 3 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.266
    Да кренам раце?

    Ај да се откажеме сите...
    Ти замина Хрватска, јас да заминам некаде, сите да заминеме...

    Едит:
    Не сите.
    Вета ќе ја остајме со пушката да мафта :D
     
    На Biljarkata и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    39.577
    Ако ти одговорам, ќе биде сватено како ад хоминем. Затоа ќе прескокнам одговор на ова.
    Тие што заминале, хах , немаат сите исти стории.
     
    На Lianna Anna, DAngel и andromedae им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Хрватска :D Уау, кој успех :rofl:
    Без разлика кај и да сум моментално, јас сум жител на Македонија, земам плата во Македонија, плаќам придонеси таму. Ќирија уште плаќам во Македонија. Здравствено уште имам само во Македонија.
    Не е за заминување, не е ни за друга држава. Тоа што ти си го замислила го нема ни во Македонија, ни во Швајцарија, ни во Германија, ни во Холандија.
    Ептен утопистичка замисла имаш.
     
    На baby-star, Lianna Anna, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.266
    Кажи ми жити ја!
    Сигурна сум дека имаме слични патешествија

    Епа како?
    Ај една 'реална' стратегија бувни