Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Мислам дека нема таков.
    Јас само сум уверена дека Јохан како и сите полицајци си ја извршувал својата работа.
    Е сега наредбодавецот е слободен и нотгилти, а извршителот нека скапува во затвор.
    На крај на краиштата па и Љубе бил под команда
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Абе :) што мислиш зашто Љубчо извади пасош бугарски?
    Една од шушкавците е дека токму тоа е причина, бидејќи отворено стоеше таа опција и тој да оди таму. Му било отворено кажано. Ова му било како спас евентуално ако се решат да побегне.

    едит: со таа тема инаку магистрирав, меѓудругото, бидејќи беше анализа на етнички конфликти и нашиот беше пример, па ако си читала или ако ти се чита ќе си најдеш интересна литература посебно книгата од оној генералот што беше во пензија, почина нели пред некое време, а специјално за војната го активираа.
    Ќе видиш таму како се зимале одлуки. т.е. како се одлучувало, па по средба со странциве се повлекувала одлука. Како претседателот покојниот се препотувал во тоа време ;)
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Хмм значи вие мислите дека одговорни за тој случај треба да се Љубе, Љубчо или евентуално Борис Трајковски како тогашен председател? И мене ми е чудно тоа што Љубе како тогашен министер не е виновен, а факт е дека некој треба да нареди за друг да изврши, во случајот Љубе како министер му наредил на Јохан, а овој само си ги извршувал наредбите од претпоставениот. Ако е така, зошто тогаш Љубе го вратија од Хаг и го прогласија за невин, а Јохан остана и тоа како виновен? :?: Плус, ако е така зошто тогаш не ги затворија и Албанците кои малтретираа Македонци (оние што ги камшикуваа и измачуваа). Во овој случај, правдата не е задоволена, што би се рекло, кантарот погрешно мери. Нанесена е неправда спрема Јохан затоа што извршил воени злосторства, а нема никаде казна за Албанците кои исто така извршуваа злосторства :?:

    *Ако има некоја албанка/албанец на форумов, не ми е поентата да подгреам меѓуетничка нетрпеливост и препукување на форумов.*
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Целиот тој таканаречен конфликт беше една голема срамота. правдатана не само што не беше задоволена, туку беа нанесени и големи неправди. Луѓе со сериозни последици од војната, борци, да не можат да земат инвалидска пензија, неспособни веќе за било каква работа, бидејќи се бореле за земјата :fubar: Со триста маки и врски, врски замислете, да се борат за шугава пензија од 6000. И после патриоти? Е не со овој памет.
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Таман работа да го оправдувам, он си е воен злосторник. И Јохан ете е злосторник исто така а главниот кој му давал команди е ослободен (нзс нема), воедно и други лица кои дневно даваат дозвола за убивање на илјадници луѓе да се херои.
    Тоа го зборам.
    World peace! :swear:
     
  6. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Леле луѓе ми отварате болни теми :(
    АЈ јас сега да се искажам... Татко ми е воен инвалид од конфликтот во 2001 година. Пензија доби веднаш, ама пензијата е многу ниска за неговиот степен на инвалидност, 5500 денара. ОК тоа. Најмногу од се ме иритира тоа што, не му исплатија никаква оштета д осигурувањето...Значи за една обична скршена рака човек добива 2000 евра, ама ако имаш удар на главата и потрес на мозокот, скршена нога, рака, тоа не е ништо.
    Уште тогаш имаше поднесено тужба за да му се исплати оштета. И не само тој, туку уште 11 други колеги кои беа заедно во хелихоптерот што падна. Кога дојде ВМРО на власт, 6 од инвалдите си добија оштета, другите 5 не. Поднесуваа нви тужби, случајот излезе и на судот во Стразбург, за конечно, во ноември 2010 година, да им биде дбиена тужбата и никаква оштета да не им биде исплатена...
    Чувствувам голем гнев кога го пишувам ова, се загушувам дури. По цели 10 години тужби, жалби, фрлени пари за судски трошоци и такси, не добија ни денар. А првите 6 што добија, па тие си имаат партиска книшка.
    И гласно се смеам, повеќе од гнев отколку од што ми е смешно, кога ќе слушнам за какви се не глупости добиваат милионски суми луѓето во странство. Пример дотичната госпоѓа што се изгорила со кафе во Мекдоналдс, па го тужеше Мекдоналдс и доби милиони.
    Е ајде сега, речете дека се развива Македонија... Солзи на очи ми доаѓаат кога ќе се сетам колку татко ми веруваше дека ќе добие оштета, мислеше дека е само прашање на време, зошто нели, нормално е во секоја држава воените инвалиди да бидат обесштетени.
     
    На mims-89, DivineChaos, femina11 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    ^^^

    Во врска со апсењето на Љубе и Јохан во Хаг има многу контрадикторни работи, а посебно истите се врзани за донесената пресуда...Како прво се тргнува од фактот што врховен командант на воените сили е претседателот на државата(во овој случај кај нас, тоа беше покојниот Борис Трајковски)..Друга работа е тоа што во војна нема правила на дејствување, за да секој што учествува во истата да знае што треба во секој момент да прави, каде да биде, кого да известува, како да дејствува итн...Јохан и вооружените полицијаци, чиј командант беше лично тој, заедно со припадници на агенцијата за обезбедување Комета, влегуваат во селото рано наутро и крајно контрадикторно е тоа што советот во Хаг во пресудата наведе дека биле убивани Албанци во цивилка, т.е. дека акцијата Љуботен била единствено врз база на етничката припадност на населението...Тоа што биле убивани албанци во цивилка не значи дека истите тие не биле терористи...Зошто? Затоа што не сите носат униформи толку рано наутро...
    Можеби некои имале секс со жените, кога полицијата им влегла во дворовите...
    Голема црна дупка во целиот случај е смртта на Борис Трајковски, поточно неможноста тој да сведочи пред трибуналот..Многу недоумици и дилеми ќе беа расветлени да беше тој жив... Во крајното излагање на советот беше кажано дека Љубе за акцијата дознал од Борис Трајковски и отишол во селото кога акцијата била при крај и не бил информиран за сите дејствија што се случувале таму...
    Тука е црната дупка во случајот...
    Кога се врати Љубе во Македонија, цел народ беше на нозе и сите го поздравуваа, премиерот го чекаше на аеродром итн...Како тоа испадна сега Љубе да е предавник? После толку време, Љубе предавник, а Јохан патриот и јунак...Соња Тарчуловска е обичен партиски пион во рацете на вмро и тоа е факт, а поготово со ова последново кога ја сними песната за патриоти и предавници...Крајно смешно и понижувачки...Според мене е нанесена голема неправда и на Љубе и на Јохан, со самото нивно апсење...Нашите Хашки случаи, беа вратени во Македонија...Зошто? Зошто ниту еден албанец не е осуден во Хаг? Зарем тие не правеа воени злосторства врз Македонците во 2001? Токму тој али ахмети, водачот на албанските терористи сега седи на иста маса со грујо и се бори да добие што повеќе пратеници во собрание...Г-ѓата Тарчуловска пред да нарекува некого предавник, нека види нејзините вмровци со кого се во коалиција...Љубе Бошковски никогаш , ама апсолутно никогаш :!: не седнал, ниту пак ќе седи на иста маса со тие неписмени имбецили од учк...Пак ќе повторам дека во војна нема правила и според мене овој случај е многу контрадикторен и заташкан...
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    ^^^ Нема да објаснувам за брат Љубе од чиста причина што не ми се дискутира во моментов ццц е брат Љубе ништо повеќе од егоист. Само толку ќе кажам, поради фактот што си ја прибра опашката и многу глупости направи во врска со случајот сведочањата поврзани со Јохан, а да не зборувам за игрите што ги направи тука со неговата матична партија. Не е важно, човекот си сака власт и нека му е. И тој си отслужи негово. Штета само што еден е тука друг е таму. Тоа е неправдата за која се зборува погоре. А не нешто друго.

    ЕДИТ: А СДСМ само да прашам зашто они сакаат да седнат со нив? Мислам дека нема потреба да се дискутира на тој начин. УЧК се трансформира и колку и да ни е ружно таа тема треба да ја завршиме и да продолжиме. Побитно е она што го вели Мајгрл за пензиите, за парите што на некои ги дадоа на пример и потоа им ги побараа назад, што како што вели на партијска основа биле дадени на некои, а некои морале да се жалат за да добијат, испадна секоја на своја рака бил во таа војна.
    Побитно е што ете Јохан седи таму, а не дека Љубе е крив Јохан не е. Не дискутираме за Соња ич не ме занима песната нејзина. Него за ХАГ! Неправдата. Само подобро е таа тема да не се шири. Бидејќи отсекогаш предизвикувала и ќе предизвикува тензии. Проблемот со таа војна е што не беше војна, што не беше дефинирано како војна и многу други глупости поврзани со тој период, за што притискаа странците, бидејќи инаку ќе беше поинаку.


    Туку друга информација што не стигнав да ја постирам вчера.

    http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=3 ... ntId=37426

    Иванов најавува промени во регионот. Ваквите проценки на шефот на државата доаѓаат по средбата со американскиот претседател во Варшава на состанокот на земјите од Централна Европа.

    ,,Обама се обрати на целиот регион на Централна Европа и упати многу позитивни и афирмативни пораки, така што по неговото излагање можни се одредени промени во нашиот регион, затоа што Америка сака да продолжи да го прави она што го правела за Европа,, - изјави претседателот Иванов денеска во Софија.

    Иванов не објасни за какви промени зборува и дали е тоа поврзано со, како што вчера беше пренесено, фрустрацијата на Обама од спорот за името и неговото уверување дека за прашањето ќе разговарал со грчкиот премиер. Македонскиот претседател не прецизираше и дали Обама, кога зборувал за името, освен разговор со Папандреу, најавил и друг ангажман на неговата администрација за процесот, во кој подолг период нема некоја суштина или поместување. Иванов, кој денеска во Софија присуствуваше на конференција за иднината на Балканот во ЕУ, не зборуваше за името, туку за потребата од поголем ангажман на Брисел во регионот.

    ,,Покрај тоа што се случува во ЕУ, нам ни треба повторно да ја ставиме ЕУ во погон за Балканот, зашто еден наш пријател метафорично зборува дека Европа е како птица, таа мора да лета, ама птица не може да лета ако едното крило и е скршено. Затоа ЕУ како проект ќе биде заокружен кога ќе стане Европа, сега ЕУ не е целосна Европа. Недостасува дел од Европа. Доаѓа повторно до будење на потребата од директна демократија. Знаете дека демократијата во Атина се јавила зашто ноќите биле жешки и луѓето не можеле дома да остануваат, па излагале и создавале личен контакт,, - изјави Иванов.

    Тогаш,ако се земат предвид професорските примери на претседателот Иванов, за да се заокружи проектот на ЕУ, можеби и на Атина и на Скопје и требаат повеќе ,,жешки ноќи,, за конечно директно и искрено да стапат во контакт и да стават крај на долгогодишниот спор.

    Владимир Мирчески
     
  9. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Точно е дека учк е трансформирана, ама али ахмети беше нејзиниот водач - тоа е факт...

    Во однос на македонските бранители не се изјаснив погоре...Државата апсолутно ништо не направи за нив и ниту им помогна на нивните сопруги и деца, што е срамота и за жалење...Освен кога јавно ќе излезат на децата на загинатите бранители да им делат пакетчиња, па целиот настан ќе го комерцијализираат и ќе викнат новинари да се сликаат(за свој маркетинг ја користат судбината на дечињата, кои највредното во животот го загубиле во војната). Уште кога слушнав пред некое време дека албанците бараат државни пензии за нивните воени инвалиди - ми се згади буквално, толку бес и гнев не сум имала во себе...Ако тоа се случи, ќе биде најголемиот срам за Македонија и за македонскиот народ.
    Од друга страна пак, не ми се допаѓа тоа што нашите бранители партиски се обоија и на тој начин се разединија меѓу себе...

    Едит: случајот со падот на воениот хелихоптер, во близина на Катланово, каде што животите ги изгубија 11 македонски војници, враќајќи се одмировна мисија од базата Бутмир во Босна - не е сеуште расветлено, ...
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Поентата беше дека неможе изврштелот да биде виновен , а наредбодавецот не.
    Кој е предавник, а кој не е ... никогаш нема да се знае, сите како да сакаат да го заборават тоа што се случи.
    Кој може .. секоја чест, јас не.
     
    На Offspring и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Значи ќе се повторам - врховен командант на воените сили е претседателот на државата (извршител како што велиш ти...) :)
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Милки претседателот е врховен командант на вооружените сили, ама вооружени сили Милки се армија - АРМ, не полиција, главен на полиција е министер за внатрешни.
    Ова беше полициска акција. Воена состојба тогаш немаше државава прогласено, армијата не делуваше таму, а полиција.
     
    На mims-89 и milky-candy им се допаѓа ова.
  13. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Не се разбирате :D Сањаева сака да каже дека неможе извршителот (во овој случај Јохан- да биде виновен) а наредбодавачот (врховниот командант-претседателот или Љубе, кој и да е ) да не биде виновен ;)
    Како и да е, овој случај а и ред други ќе останат мистерија, најверојатно затоа што на некои така им одговара.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Имаш право - да...Тоа беше полициска акција...Сепак е несватливо - полициска акција, а облечени во униформи и наоружани до заби со воена муниција (сигурно не биле со еден пиштол и пендрак само...), а плус за тоа време селото било опколено со воени резервисти, а со Јохан паралелно одел и оклопен воен транспортер во Љуботен...Како и да е - многу работи останаа мистериозни и контрадикторни...А, загинувањето на Трајковски, уште повеќе ја усложнува целата работа...Се трудам да не мислам на поврзаноста меѓу загинувањето на Трајковски под мистериозни околности и случајот во Хаг... :x
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Ај да ја смениме темата... Што мислите за партијата Достоинство? :)
     
  16. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ветувачка партија која се гледа дека има за цел на достоинствен начин да им помогне на оние кои се борат за Македонија.
    Срамота дојде ред и бранителите од незадоволството да прават своја партија.
     
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Давам целосна подршка на бранителите да си ги остварат своите права во оваа држава и максимално да им се помага на децата на загинатите и воените инвалиди...Така да браво за партијата Достоинство што се бори за своите права...Но, само едно нешто не ми се допаѓа :!: , а тоа се неколкуте гостувања во емисии на Стојанче, мислам дека се викаше претседателот на партијата, кој не е во ред на толку језив начин да прераскажува во детаљи што се случувало во конфликтот во 2001 и да се прикажуваат слики од масакрирани тела на војници итн...Ми остава по малку впечаток дека ја користи трагичната судбина на некои од своите колеги за да предизвика што поголемо внимание и да ги оствари своите цели..Единствено само тоа ми смета...
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Јас незнам многу за таа партија, знам единствено дека е нешто за бранителите и толку. Немам видено ни дека гостувал на некоја емисија, можеби сум пропуштила :) Па затоа шрашав, дека ме интересира :)
     
  19. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    НИТИ ЛАВ ЌЕ ШЕТА ...НИТИ ГРУЈО ЌЕ ПРЕТА,ОД 5 ТИ ЈУНИ----РУЖА ЌЕ ЦВЕТА

    :lol: :lol: што нема да им текне! :D
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.