Е да бе, чим не му се поклања на Бранко, одма не чини, одма станува таен играч Да, сум го чула ова и порано А тоа што сеуште се игра на картата *незнаемешосакамеосвенфотељаикуппари* и упорно се трудат да продаваат магла, тоа ако. Реално, Карпош е навистина општина, со куп подобри услови, и навистина ќе беше срамота да го извисите Стевче само затоа што му откажа послушност на Оној. Да се такви барем повеќето, верувајте Македонија ќе беше оаза! Или ко Заев, ко Марјан, да се види кој навистина работел изминативе години Јас гласав за човек, надежен и просперитетен, а партиите можат да ми се фатат на она што го немам
^ Кате зошто ми го цитираш само крајниот дел од постот, онаа што е едитирано? Спомнав погоре кое мислење го имам за Стевче, оваа го кажав како тероија, што не значи дека е вистина, нели?
Затоа не цитирав чие е мислењето, повеќе пати го слушнав ова последниве денови, од еднострани луѓе со поглед до носот Се извинувам, далеку од тоа дека беше наменето за тебе. Според мене Стевче би можел да биде и добар градоначалник и на цело Скопје, ама со оглед на тоа што мора да зависат од Бранко, просто неверојатно е дека се најде барем еден да се спротивстави
Ова е прв пат каде што е кажано во јавност дека постоел обид за симнување на Македонското знаме. Повеќе пати било симнато,но се правело како ништо да не е.Со предходниот градоначалник,кој беше еднаков за сите. Но тоа е тоа.Ќе се помириме со она што е сега.Нема да биде ништо чудно ако закачат орел.И онака цел град вриет од орли.
Јас незнам каде тоа вршат притисоци врз гласачите, зошто искрено никогаш и никој ниту ме прашал, ниту ми кажал за кого да гласам. И едните и другите, брате мили го претераа. За пуста фотеља очи си извадија. Еве што ми смета: - кај првите: 1. направивме толку и толку паркиралишта... каде бре браќа, на тротоарите? дневна паркинг карта 920 ден. секако зошто не си видел дека ноќта ставиле знак ( и + поскапо плаќам за паркинг него за 2 чоколади што им ги носам на внуците кога одам на гости) 2. преку ноќ, ним блиски факултети завршија, па од џабелебојадачи сега се парождерачи 3. онаму каде имаше по една куќа со 5 станари , сега има 55 стана со 200 станари и апп.150 коли 4. поставија луѓе за градоначалници кои да беа поставени од било која др.партија немаше ни Г да бидат 5. најважно, ако одам на митинг сакам да слушнам што нудите а не какви се ОНИЕ - другите: 1. се понашаат како мали деца, сакам-несакам 2. изгубени се во просторот и времето 3. нудат излитени фори 4. не го сваќам БЦ... човек кој го достигна врвот во државата, зошто ли се валка во калта? жално
Незнам кој е човеков што го напишал следново, незнам ни дали и ако да, чии агенди одработува, само знам дека неможев повеќе да се согласам со него... Она што вчера требаше Црвенковски да го каже е дека дава оставка и се повлекува од политиката. Не можам да ја разберам таа негова внатрешна потреба кога се оди во пропаст, да влече надолу сè со себе. Ама тука веќе навлегуваме во некои други сфери, а не во сферата на нормалното, логично политичко резонирање. Црвенковски пак повика на отпор и бојкот, со услов предвремени парламентарни избори и расчистување на нерегуларностите што беа евидентирани. Да, имаше нерегуларности, тие навистина треба да се расчистат, не заради СДСМ, туку пред сè заради натамошно усовршување на изборниот процес. А за тоа се надлежни државните институции, кои мора тоа да го направат. Но прашањето е колку тие нерегуларности влијаеја на конечниот резултат. И на овие избори е очигледно расположението на поголем дел од народот. Овојпат соработниците на Црвенковски треба да повикаат на отпор против него, да соберат сила да му се спротивстават, да му се заблагодарат и да го пензионираат. И онака веќе добива пензија како поранешен претседател на државата, па ред е и пензионерски да си ја користи. Дојде време некој внатре од партијата искрено да му ја прифати тактиката за бојкот, ама не бојкот на избори, со кој ги лишува граѓаните од нивното право на избор, туку бојкот кон неговата погубна политика, која веќе седми пат по ред доживува неуспех на изборен натпревар. Црвенковски навистина веќе нема ни милиметар квадратен простор за манипулација со партиското раководство, кое досега неразумно слепо го следеше. Едно се неговите заслуги за СДСМ, а сосема друго е ова што се случува денес: неговите грешки и неговата доследност предизвикаа неговата партија, и покрај високиот потенцијал, да оди од грешка во грешка и земјава речиси да нема опозиција. Политичката матрица на дејствување што ја дефинира и ја постави Црвенковски веќе не функционира. Веќе не функционира матрицата на постојано креирање кризи, на постојано критизерство, на политички заткулисни игри, на манипулации, политика на наведнат, свиен 'рбет... Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи со својот поранешен претседател Љубчо Георгиевски, тоа одамна требаше да го направи и СДСМ. Се разбира, за тоа на Црвенковски нема да му треба бугарски пасош. Доволно беше синоќа да даде изјава дека се повлекува. И Георгиевски после се премисли и не ги даваше печатите на партијата, па на крај со сила му беа одземени. Не велам дека такво сценарио е неопходно и во случајот со Црвенковски. Неговата шанса е мајскиот конгрес на СДСМ. Тој конгрес е и шанса за членството на СДСМ, кое ќе мора да се престрои, да се стави на една поинаква патека од досегашната. Мора да ги собере сите свои капацитети и да ги впрегне до максимум, зашто тоа некогаш беше силна партија, интелектуална и достоинствена. Ама беше. Веќе не е. СДСМ, во име на старите времиња, и натаму останува најсериозната, најсилна опозиција во државата. Ако сакаат да го задржат овој епитет, социјалдемократите ќе мора да раскрстат прво со Црвенковски, а потоа и со сите негови клонови, кои само ја мултиплицираа ваквата политика на терен, па дури и да ја освежат партијата и со ново способно членство. Конечно, прашањето за постоење на силна опозиција не е само прашање на СДСМ. Тоа е многу сериозно прашање за целокупната политичка сцена на Македонија, за постоење на едно здраво демократско општество, во кое на една политичка гарнитура во ниту еден момент не треба да ѝ се остави удобноста на монополското владеење. Некој на таа гарнитура постојано треба да ѝ дише во врат. Црвенковски, очигледно, веќе го нема капацитетот за тоа. Александар Дамовски http://www.mkd.mk
Во 2004 година Црвенковски беше избран за Претседател на државава од страна на народот...Народот го избра....сега е обвинуван за неговите политики од 90-тите години....Што во 2004 овој народ не беше свесен за политиката на Брано па го избра за Претседател??? Абе ајде...кога дојде Груевски на власт до ден денеска единствена активност му е оцрнувањето на Бранко...сакал неќел ке ти влезе во глава она дека БРАНКО Е КРИВ...а реалноста е дека од 2006 наваму државата тоне а Бранко нема никаква врска со тоа...Човекот е директно предизвикан и под секојдневни напади навреди и повреди на интегритетот...Сепак станува збор за Премиер и Претседател на државава и треба да ужива почит од неговиот наследник а не да е мета за манипулациите и малверзациите на политичката игра на владеачката гарнитура која објаснувајќи му на народот што било кога било...му мачка очи од тоа ШТО СЕ СЛУЧУВА СЕГА..И да не се заборави Бранко по пензионирањето ја препушти партијата на помлади и надежни политичари...Но беше дирекно повикуван да се врати на политичката сцена, нормално е за еден докажан плитичар со политичка кариера долга колку што и всушност постои оваа држава да чуствува морална одговорност да се спотивстави на сите клевети...и преку отпор да се спотивстави на овој режим и да проба да му ги отвори очите на народот да види што ке се случи ако се спротивставиш на режимот...Но народот во негов стил одбира на замиже и да потклекне пред најмалата препрека уцена и закана... Кој би молчел ако му го оцрнуваат името???
Оф, да не сте ни во кожа на Кичевчаниве. Не продадоа ко најефтино парталче. Кој гнев и која тага ги осеќа во моментов. Ни зедоа дел од срцево, од душава..Само не зна како можат да викаат дека ние сме виновни што сме изгубиле во градот. Како не им е срам! Си напрајле пазар одамна, да не беше така, ќе ја организираа и нашата дијаспора да дојде, малку богати имат Кичево, па за по 2 карти да немат пари да купит. Овие шиптариве се си сработија со план, лани сите што беа Кичево, си изваја лични карти, а нашиве кај беа? На кое уше спиеа? Дека роми, турци ќе се за нас? Е, се излажале. Ние КИЧЕВО не го даваме, Кичево е наш дом! http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 0yjbS2959Q п.с. цената за купување на гласови се движела од 500 денари, до 250 евра. И македонци се поткупени. Само не ми е јасно, како е можно да си ја продајш верата и националноста. Кои пари го купуваат тоа?! Засрамота!
Нема врска, МВР и очевидци потврдуваат: Ветер го симнал знамето од јарболот во Кичево а и логично е, зошто би го симнувале знамето без да стават свое.
Си размислував...и стварно не можам да го сфатам народов како одлучува за кого ќе гласа! Според мене доколку сум задоволна од прошлиот градоначалник, без разлика на која политичка партија припаѓа-пак ќе гласам за него. НО,ако не сум задоволна-нема да гласам за него по никоја цена! На пример-градоначалниците на Струмица,Прилеп,Аеродром беа одлични и нормално е дека пак без никаков проблем победија. Од друга страна градоначалниците на Охрид,Куманово,Битола беа катастрофални, па нормално е што народот гласаше против нив. Она што мене ме чуди е ЗОШТО народот гласа за градоначалници што ама баш ништо не направиле за овие 4-8 години (на пр. Кисела Вода и Бутел). Тие 2 скроз ја уништија општината и народот пак гласа за нив. Не сфаќам!!! Побитна ли е партиската наредба од сопствениот живот??? За Охрид-редно беше да се смени градоначалникот,премногу криминални дела има направено.Но,многу ми е страв да не му се намерачат на градот и да не направат копија на СК-2014, да не го снајде Охрид-2018.Тоа би било права катастрофа! Се надевам дека докторот нема да попушти на желбите (да не кажам фрустрациите) на политичарите од Скопје. Инаку, до тој степен ли е сиромашен,прост и поткуплив народот што за бедни 500 денари,малку брашно,зејтин,дрва го продава својот глас?!?! До толку ли е мизерен народот?!?! Срамота! За Кичево и Струга не сакам воопшто да коментирам затоа што секогаш полудувам од самата помисла колку лесно власта се им дава на Албанците-со 1 цел-само за да остане на власт!!!!!!
За Охрид сум тотално разочарана... од лошо на полошо отиде, докторчево поим нема од политика, ќе биде само марионета на горниве... тешко на градот!
Види,ФАКТ е дека секој глас за Стефче е глас за ВМРО! И сите што живеат во карпош треба да се свесни за тоа, за после да не се жалат (како ние од центар!). Ако сакате општината да ви биде уништена ко центар (да нема зеленило, да плаќате за да си паркирате пред зграда, сите пари да ги трошат за споменици,врби,бродови,златни огради на мостови, слободно гласајте си за Стефче. Инаку, Стефче никогаш нема да се врати во сдсм затоа што таму никој не го сака! Ги напушти кога им беше најтешко, најпедерски во 5 до 12 си поднесе кандидатура. Си се запрашала ЗОШТО?!? Мноооогу пари се во прашање, мнооогу!!!
^^^Да не си помешала нешто? Јас колку што знам Карпош е единствената општина која не печали од паркинг кајгоде И не, не е педерски да се спротивставиш на некој кој одамна го изгубил правото на доверба Стевче ги одбра граѓаните на прво место пред можноста да остане партиска марионета и да му послужи некому како битно алиби за неуспех А и искрено, што останува повеќе кога се гледа толку еднострано, партија та партија, небитно дали магаре или вол ја води Муабетот „и пред мај, и по Мај“ или како и да беше мене не ми личи на одговорност и политичка жртва зашто навистина се сака и цени народот. Се гледа јасно на кому до што му е! Заев, според мене би бил уште подобар, и би добил стопостотна подршка од граѓаните, ама за жал, успеа Бранко да го уцени, го потсети на аболицијата, па си легна на брашното. И искрено, и Макрадули, и Петров, ми се чини дека му е веќе смачено да се влечат ко црева по него, и само да климаат со глава не чини, нефер е, такво е, без можност да си ги искажат ставовите. Ама баш да видам до кај ќе истераат
http://libertas.mk/%D0%B4%D1%80%D0%B0%D ... BE-%D1%88/ Во Кичево во моментов... Ај да видиме што има да каже.
"Народот е секогаш во право,дури и кога греши"... Чекав да помине некое време за да не морам да пишам пристрасен пост,бидејќи телефонот не престана да ми звони од денот на победата на Вмро па се до денес. Овде на форумот јасно ја имам изнесено својата политичка определба.Член сум на СДСМ,гласав за СДСМ во неделата.Во неделата во мојот град повторно победи ВМРО.Бев голем оптимист дека конечно градот пак ќе се врати под контрола на мојата партија,но се случи еден убедлив пораз од спроивната партија. Денот на изборите од сабајлето па се до затворањето на гласачките места бев на скоро сите места каде што се гласа,бидејќи бевме поделени преку месните. Имаше и кај нас неколку неправилности ама брзо се поправија.Многу другари и другарки ги немаше на списокот иако гласале на претходните избори. Беше најавено уште во саботата вечерта дека ВМРО ќе оди на опцијата руски воз.Тоа и се случи.Околу 4 часот сите кои од нивната партија беа распределени на местата каде што и ние почнаа да се повлекуваат назад во својата партија,и почнаа...Бев таму,видов и кажувам. Не дека плачам по форумов ама тоа е тоа,парата е во нив и не им претставуваше проблем да го започнат возот.Криво ми е за народот кои се продадоа за 500денари. Нели кој губи има право да се лути,арно ама,нашата месна сосавена од неколку главни улици во градот прв пат во историјата на мојот град беше убедливо поразена,со повеќе од половина гласови.Тоа ми отвара многу прашања во главата. Игри имаше многу,но тоа е тоа.. Народот ги гласаше,народот убедливо ги поддржа.Незнам можеби на сите им е убаво вака.Само не сакам после некое време да кукаат и да се жалат како немаат пари и како Грујо е крив,тие си го гласаа. Време е Бранко да си поднесе оставка и да не одолговлекува.СДСМ овие избори ги изгуби поради него,како што ВМРО ги доби поради Груевски.СДСМ на времето имаше многу јаки членови и функционери и се одделија.СДСМ вака не функционира,ма колку и да не ми е сеедно кога го пишувам ова. Многу луѓе од мојот град 2-3дена пред изборите ги фрлија членските и преминаа во спротивната партија.И тоа е нивно право.Ама ако ме прашуваат мене јас тоа никогаш не би го сторила. Партија и вера не би сменила.Ќе чекаме подобри денови. Нека ви е со среќа.
Длабоко жалам за Кичево и за загубата и ги жалам Македонците од тој град еднаш отидов таму на факултет кога се запишував просто се тресев во кое такси да влезам и на афтобуска толку непријатно и стравично се чуствувам што немам зборови да опушам поради што несакам да навлегувам во детали жалми е што изгубивме посебно во овај град катастрофа...
Јас не сум од Кичево, за мојата општина си го искористив гласот со поништување на ливчето и не ми беше нешто посебно битно, но Кичево е друга приказна и слушајќи ги од Кичевчани коментарите ми е мака навистина, ме интересира баш што премиерот има да им каже на тие луѓе.