Црнооката поим нема од некои основни работи у животот ти на вакви комплексни прашања сакаш да ти одговори. Офффф not worth the effort
Ај, ај, не ми драми многу, многу... Испушени муштикли си ти и таквите како тебе, одродени од својот народ, наклонети кон албанизација на својата држава.
Воопшто не е изненадување, огромен број на неопределени и млади на кои им е преку глава од сдсм и вмро, гласаа за нив. Кога во државава има екстремни националистички албански партии зошто да не има и македонска. Очекувам Левица да биде опозиција како што и најавија, па да ги направат поинтересни седниците во собранието, а не сега како баби на чешма се лаат кој повише украл. И дефинитивно промена на изборниов систем бидејќи е катастрофа.
Жими се тронка почит немам кон луѓе што се тепаат за партија, што плачат ако изгубат, што се лигават или што се радуваат од срце ако победат. Продадени души баш. Едно е да гласаш, да поддржуваш, друго е да се внесуваш ко идиот дека нешто најубаво на свет ти се случило. Какви видов деновиве, а и на секои избори ги гледам. Смешни. Малце да речам мизерија. Ај степајте се, они многу се засекираа за вас. А овие што се тепаат, а уствари добиваат. Јасно е за нив. Луѓе без квалитет, мора да ги подземе некој.
а зошто зајко ги завори патриотите кои влезеа у собрание,зошто ги ослободи сите кримиалци од затвор,2015 во куманово кои животите ги загубија наши полицајци зајко прва слика му беше со албанците
Ич не било за потресување, шега било и јако било политичар да се ку*чи дека ќе стрела и сече глави? Окејјј. Па страшно е колку ви се отупени и паднати критериумите за луѓе у политика, страшно. Терајте, најдете си сеа па трет нафуран психопат за бранење и вадење очи со други, пошто овие досеа не беа доволни.
Мала бев, ама се сеќавам кога и татко ми и дедо ми останаа на улица, тие години не израсна татко ми додека мајка ми работеше и во смени и на празник и на делник за мизерна плата.Со тие странски инвестиции што ги донесоа ВМРО се подоправивме после, мада што на такво врбување и катастрофални политики ни за нив не би гласала.
Па и очекувам да стрела, ама у собрание. Ѕирнете колку кривични и против кого се' поднел до сега. Да, арогантно створење е. Не го гласав. Ама ако сте гласале за Заев у овој живот, не ви се важи мрчот за каков е Апасиев.
Или хаштагот #ЌеВиситеЗаедно. Незнам, човеков е узурпатор на партија, успеа да избрка све што вредеше во Левица, да и ја смени идеологијата на партијата и да си ги лечи комплексите, зашто и повеќе од очигледно е дека е искомплексирано и самобендисано суштество. На страна тоа што ,,програмата,, му е остварлива колку онаа на Интегра, али реториката и тој говор на омраза што го шири, таа надменост, епа не го можам никако.
Зошто тогашната власт, на ДПМНЕ, им дозволи да влезат во собранието и да имаат обид(и) за убиство(а)?
Не ни се паднати критериумите, фигуративно е кажано, стилско изразно средство е што се учи во 6то одделение. Во цела драма ти за што се фати