Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Јас не ти реков да ја гласаш левица. Јас ти реков да не запаѓате у несвест за нешто кое е очигледно напишано со иронија. Ако ти се арогантни не ги гласај, не ги поддржувај. Ама не е проблемот на ароганција од политичарите ставен на твитер за сите да го видат и да речат "Аха еве овој е арогантен". Нивната ароганција се покажува секојдневно низ проблемите во здравство, работа, образование. Ова драматизирање за еден твит на твитер е смешно при се што се дешава во државава.
     
    На Snowflake97, Bridget, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Што бенефит имаш од НАТО ? НАТО и ЕУ допирна точка ич. Мислев дека имаме датум за преговори у 2017, мислам 2018, 2019 де, оф 2020 или може 2021 ?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Maslany

    Maslany Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Поштеди ме со муабетов за граѓани... ја сум си крива шо опраам криви дрини на фемина форум... лол
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Има некои бенефити, од безбедносен аспект најмногу. Да немаше, немаше да бидат членки Норвешка, Луксембург, Канада, САД...
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Јас тебе те прашувам кај беше ти тогаш, протестираше ли на улица, бојкотираше ли партија што амнестира, не туку ми го избегнувај прашањето.

    Смешно е да збориш Заев не знаел да збори македонски кога твојов текст е полн со грешки и као некоја а мачка на тастатура да поминала.... Ме потсетуваш на оној од пред дик што дремеше јас сум тука за секој случај, тоа е тој менталитет.
     
    На elenaxbbg, x.Daisy.x, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    Женска абе оди шетни ги децата во паркче,води љубов со маж ти,пиј кафе на Широк сокак...не мора да имаш реплика на се. Јас стварно не те разбирам. Победија сдс ? Да и сеа шо,оди таму слави и олабај се малце,а тоа шо сакаш ти ич не не засега,само помалце тупи. А да - и во иднина одговарај на поставени прашања и секогаш довршувај ја дискусијата,немој само по твое. Ок ?
     
  7. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    А зоки не е психопат кога викаше дека живи луѓе ќе јаде?
    Поголем психопат од него нема, шитна све што можеше да се даде.
    Сте се фатиле за стрелањево и висењето кое е метафорички, мисли на сите што ја покрадоа државата последниве 20 г. така да нема тука ништо лошо. Секој што е виновен треба да лежи, а ги има многу и кај едните и кај другите. Затоа и им смета зошто многу лае, а ако продолжи овака и во собрание на наредните избори ќе им направи поголема беља во пресметките.
    Еве сега и етикета фашист му залепиле уште невлезен во собрание.
    Добро, зашто терористине не ви сметаат?
    Епа таква е оваа државичка секакви има. :)
     
    На Snowflake97 и magnolija09 им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    од безбедносен аспект..ние немаме мака со надворешен непријател, ами внатрешен. И во војната, пардон конфликтот, при очи слепи се правевме кога паравоени формации минуваа од косово тука и дивееја по планини. Пошто Косовска граница ја пазеше кој? Затоа и години подоцна се натегаме околу тоа што беше и мораме да викаме внатрешен конфликт бил на борци за права. При влада со албанска партија која од тогаш, бел ден не виде.
     
    На Snowflake97, fana, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Па не е неговата ароганција само на твитер. Секаде е. На било која дебатна емисија кон ниеден против кандидат не покажа бар малку, не мора респект, ама бар политичка култура. Она неговото, јас, јас и по мене пак јас. И реплики од стилот ја колку книги имам напишано, ти толку немаш прочитано. Или сликање на уверение со просек 10.00 и објавување на фб, демек мене ли ти ќе ме учиш. А избрка се што е паметно од партијата за да не му праат конкуренција, собра таму некој анонимуси на кои ваљда може да им држи предавања и кои му се слепи послушници. А старите членови на Левица, оние што ја основаа уствари Левица, дури ги тужеше. И реално, може народот се пали на неговите садистички изјави, ама реално ни една од тие изјави му немаат допирна точка со реалноста.
     
    На M.B., JuLleE и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Ние поголеми непријатели од самите себе си немаме :D
     
    На Veta и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Таа фирма во стечај отиде, а кој и да идел на работа во таа ситуација не идел од убаво, него се надевал дека ќе има плата.
    Скоро по 2 децении тие луѓе не добија оштета после толку протести и судски процеси додека овие ги купуваа за ич пари, ни па оние од ТАТ кај што Бранко носеше пари во црни кеси.
     
    На темјанушка и tina2018 им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.266
    Кажав веќе.
    Единствено заради евро-атланските процеси гласам за партија во Македонија.
    Заради ништо друго.

    Аха... 'се надевале'.
    На што?
    Од Бога росица?

    ТАТ беше толку провиден, што воопшто не ми е жал за оние кои и' веруваа на Соња, која иначе и претходно беше обвинета и затворена заради проневера на пари во банката во која претходно работеше.

    Битолчанка сум, и мои блиски изгубија пари во ТАТ, и ич не ги жалам.
    Оти им зина газот за нереалните камати од 20-30%.

    Треба да си будала да мислиш дека мала штедилница може толкав обрт да прави и толкав профит да обезбеди, кога најстабилните банки во тоа време не даваа камати поголеми од 3-4%.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    1.334
    Пол:
    Женски



    Повеќе не сакам да разговорам
    поздрав
     
    На magnolija09 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.831
    Допаѓања:
    19.919
    Пол:
    Машки
    Стандардов ич не е кренат, колку што ги крева платите, толку е поскап животов. Бројкиве повисоки изгледаат, али исто е ... а од друга страна пак ги имаш гревојте ВМРО што ништо добро не видов од рекламите освен тажна насмевка на тоа ко коваше шајка, па уште таа дали ја закова ко шо треба е прашање.
     
  15. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    И плус некоја паричка...оти толку зборење во текот на денот не ќе да е тек така,шо знам...
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Се е тоа океј и тоа никој не го негира.
    Смешно ми е кога ќе се фатите за некој твит кој очигледно е намерно напишан на тој начин.
     
  17. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Од кого ќе не бранат ? Од албанците ? Од Русија ? Каков бенефит имам јас денес од NATO ? Се чувствувам побезбедно од претходно ? - Не

    Ептен правиме споредби со други држави, а не си гледаме во нашиот двор. Норвешка во 2019 дала 6 билиони евра, може да си го дозволи ? - Да. Ние нели немаме леб да јадеме, ќе ни дадат на нас неколку билиони ?

    Едит: Не е муабетот дали е убаво или не, туку дали тоа ни е приоритет во моментот. ЕУ може да се каже дека е приоритет, НАТО е лижење на гз - затоа сме и примени. Немам јас проблем со СДС, јас сум за да не примат во ЕУ, само кога ? Кога ќе почнат фамозните преговори ? До кога ќе ни мачкаат очи ?
     
    На tina2018 и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Не треба да разговараш , треба да одговориш на прашањето каде беше кога Грујо амнестираше терористи и ги ставаше за министри?
     
    На x.Daisy.x, WildMk и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    9.263
    Пол:
    Женски
    Од самото НАТО. Ако не си со нив, војна ќе ти предизвикаат.
     
    На темјанушка, tina2018, Stache и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.266
    Не мом на сите да ви одговорам.
    Симултанка тешко се игра... а не сум по шахот.
    Замисли, заради идеологија пишувам.
    Не земам пари од партија, ни пак од било кој фор дет метр, па да ме 'држи в џеб' после, и 'да не смеам' да ги псујам ако посерат нешто.

    Не е мој стил.