Ни е приоритет. Оти сме никој и ништо. Неквалификуван кадар, никаква економија, никакво производство, ништо немаме што да понудиме на пазарот. А светот е еден огромен пазар.
Не бе златна,тука бар не со симулации. Ти можеш на 20 мислења риплеј да направиш поставувајќи едно исто прашање,а ние 2 ти поставивме и те снема. Те мислев појака,јер кога влегуваш во дискусија оди со крај до истата,каква и да е. Кога можеш во секоја тема да имаш мислење од Секс до Религија,зошто тука не одбегнуваш !?
Хе, хе. Грешка си. Чичо ти Али победи. Оди бргу да го бубнеш во обравчето и да му кажеш фалимендерит за твојата блескава иднина!
Сега имаме што да понудиме ? NATO нема да ни го "отвори" светот, нема да не направи попривлечни за инвестиции иако го имаме факторот за "заштита". Како и да е, ќе дочекаме и следни избори, а јас верувам дека ништо нема да се смени по ова прашање.
da te postedam? ti si zadovolna sto si graganin bez identitet so smeneto ime jas ne sum i ti ne si taa sto ke mi naredi sto da mislam sakas da kazes nie na femina sme glupi? pa sto baras tuka , idi opravaj krivi drini vo stabot na sdssh lol
НАТО единствено е некаква 'верификација' за стабилноста на земјата, и да го намали стравот кај потенцијалните инвеститори.
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција рече дека се сомневаат дека партијата по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласа и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници, во изборните единици 1, 2 и 4. Ќе поднесат приговор во законскиот рок од 48 часа, а најави и кривични пријави против членовите на ДИК зашто ова е, рече, „невиден скандал во досегашната изборна историја“. Соопшти дека засега немаат контакти со политички партии за коалицирање, но дека со СДСМ нема за што да разговараат. -Она што најмногу загрижува е тоа што има најмалку 80 000 гласови кои се несоодветни. Според нашиот аналитички центар, не кореспондираат електонските записници со хартиените записници. На овој начин, ние сме искрадени по 30-40 гласа во урбани средини по избирачко место, а пратениците кои „висат“ во овие три изборни единици се за 200 до 600. Тоа значи дека доколку не беа овие изборни нерегуларности ние ќе имавме чисти плус тројца пратеници. Сега засега имаме двајца пратеници чисти. Се прави максимален обид од СДС да ни го земат и вториот пратеник во Третата изборна единица, кој е чист како солза. Ќе дадеме максимум од себе да дојдеме барем до тројца пратеници, рече Апасиев. Хакерскиот напад на страницата на ДИК го нарече изборен масакр и дека по разговор со стручни лица смета дека дистрибуиран напад на сајт чини неколку милиони евра, а само неколку луѓе или структури во државата, рече тој, тоа може да го спроведат.
А оти е тоа така? Еве да речеме имаме рудници, од кои извезуваме бел сивец - мермер до странски држави и е далеку познат, но концесионери се грци! Да речеме дека имаме огромен дел на богата почва измислена за земјоделство, и пак увозот ни е поголем од извозот. Зошто е тоа така? Не е проблемот до држава како држава, мала е, али е доста богата. Али менталитетот наш, т.е алчноста и арамиите се проблем! Не сум толку запознат и начитан човек, сигурно ако не во сите, ама во скоро сите гранки фали по нешто или е сомнително.
Оти имаме неспособни лидери... докажано. За надворешна политика, СДСМ ги поштовам, за внатрешна, никој не го поштовам.
Нее нее ОраОкршачке грешна си и тоа како,Заев победи на овие избори а ти ако имаш доблест би честитала исто како што честиташе за Вучич,амааа...
А Бугарија и Црна Гора едно битни, квалификувани, развиени, полни со понуда, по по по. Шака народ, колку еден поголем град во Германија е Мк Никој не си ја работи домашната, па после му биле криви името, знамето, колите на десно што возеле Од 2006 колку години и колку влади поминаа, а?
Реков дека се квалификувани и развиени? Не реков. Целта е Европскиот контнент да се унифицира и да се обезбеди стабилност на истиот. Дека никој не си ја работи домашната работа, потполно се согласувам.
Да, морам да ги искритикувам и екипата на Мицковски што ни директно, ниту пак јасно се изјасни што би правеле со договорот од преспа. Како би го решиле сето тоа итн. Сето ова ми делуваше само како полесно и побрзо да стигнат до фотеља.
Нема што 'да решаваат' повеќе. Решено е. Муабетот им беше: Ќе се придржуваме кон Преспанскиот договор, ама нема да го почитуваме Мислам...
Абе оди, кај беа да се бунат на референдумот, ко пички под кошули беа (да ми извиниш на речникот). Инаку јас како личност сум многу бунтовен и мразам нефер работи, затоа и можеби страдам.
Колку време се Грција и Португалија во Еу/ака ЕЕЗ? Знаеш до кај се со унифицирањето, на пример на економска моќ? Па до нигде, отприлика.
Е и? Шо треба? Сами да бидат како Англија? Уште толку ќе допропаднат. Не е само да влезиш во ЕУ, треба и да се научиш на таа унифицирана култура, а 'по правило' што смо јужнији, то смо тужнији.