Покомплицирано е. Како ќе се составува влада? Ќе се испозаколат меѓу себе пратениците, кој со кој да биде во владата, а кој не.
Толку сме опремени што авиони од Грција позајмивме за денот на армијата мислам дека беше, сега види ти дали имаат корист од нас за некаков воен аспект.
Кажав јас сабајле, без Левица нема влада. Ај да видиме дали сум видовита Познавајќи го волкот, ќе заборави на премиер Албанец и така среќно ќе си живеат, јер пара е послатка од беса, ама баш, да видиме. Стеј тјунд...
Помина времето кога бевме опремени и армијата беше армија, денес гледаш чизми и униформа немаат здрава не пак друго.
Од Источниот блок. Не со воени подвизи, туку со самото присуство. Чим сме членка на НАТО, значи припаѓаме на западниот блок и се оградуваме од Русија и Кина. Па не знам дали и колку е жално. И војниците имаат бенефит. Ќе одат два пати по 6 месеци во Афганистан, па со тие пари ќе си купат стан (пример) Бизнис, ко се' друго
da, da bide samo edna izborna edinica i treba, no mislam deka albancite toa nema da dozvolat , bi izgubile pratenicki mesta
Па ако се мултиетнички партиите, нема да има потреба од албански и македонски пратеници. Едноставно, пратеници на граѓаните на Македонија.
Дали ќе се вратат назад војниците пак да ги видат своите најмили мање више,битно бизнис да има. На крајот на денот исти идеологии сте имале со зет ти
Ќе се вратат До сега сите се вратија. Да не мислиш дека на мисии на терен ги пуштаат македонците? Покрај нејви силс и триста други тимови на супер опремени војници што имаат, не ќе си играат играчки со државни тајни пуштајќи војници од некое земјиче ко нашето, што немале пукано во жива мета 20 години. Колку за инфо, пацифист сум. Мразам оружје и вооружени луѓе.
Хахахаха забегана работа.... Ги заболе дупе Русија и Кина за Северџан, сега или било кога. И како не со воени подвизи.... ти за тоа не се прашуваш. Ако речат главешините дека одиме со бомби да шириме демократија на некоја локација од планетава, така и ќе биде.
За Европа. Како се шири влијание, што мислиш? Директно од Полска ли ќе почнат мислиш, која има 40 милиони жители и стабилна економија и држава? Не. Со такви ко нас 'влегуваат' во Европа.
Точно е дека се вратиле, Дај Боже така и да продолжи,меѓутоа што ќе ти се пари,станови,кога 2 пати по 6 месеци - година дена нечиј сопруг,син,татко го нема. Тоа се 365 дена страв кај сите. А,и да бидеме реални ако си имала контакт со војници и сте праеле муабет на оваа тема,сигурно ти кажале дека најчесто они се тие што се поставени за чување стража баш кога е најризично. На Америка или другите им е гајле за нашите...