Во Карпош досега не се наплаќаше паркинг затоа што таму беше градоначалник од сдсм. Имајќи предвид дека сега ќе победи Стефче, односно дефакто-вмро сигурна сум дека мнооогу работи ќе се сменат во карпош и повеќе нема да биде баш толку убаво место за живеење-верувај ми! Колку пати да ви кажам дека на никој не му е гајле за народот, а најмалку на Стефче! Стефче е длабоко навлезен во бизнис-зделки со лица од вмро, а поготово со брат му на Латас . За Андреј и Јани сосема се согласувам со тоа што ти го пишуваш! Тие 2 се ептен бледи политички фигури, ама барем АНдреј е доктор, културен и воспитан, скромен дечко. За разлика од Стефче кој сопствената фамилија би ја продал за пари! И пак ќе кажам-ако припаѓаш на одредена политичка партија МОРАШ да ги почитуваш одлуките што ги носи партијата, а не да си продадена душа! Затоа што доколку не била политиката и партијата, тој никогаш не би станал човек, никогаш не би станал градоначалник, поготово во општина каде што сдсм секогаш има голема гласачка машина! Затоа неговиот потег во 5 до 12 го сметам за максимално безобразен!
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... kVrumoCwl8 Ова е моето Кичево Не се предавме ние така лесно ! Одиме само напред !
Тоа е поткупувањето со пари за гласање.Моментот кога не ти излегуваат пресметките па се пушташ во акција.
До кога народе, ке веруваш на политичари? Спојлер Станува човек сабајле во паника, доцни на работа. Набрзинка тркнува до кола, сфаќа дека му ја украле. Зема такси, оди на работа ама предоцна - шефот му вика дека поради доцнењето добива отказ. Се враќа дома, ја начекува жената со друг. Решава да се самоубие. Таман да рипне од мост, слуша глас: - Синко, што планираш да правиш? Се врти, го гледа Дедо Мраз. - Да се убијам, доста ми е од се. - Не е убаво тоа. Јас сум Дедо Мраз и можам да ти исполнам три желби. - Сакам! Прво, да ме вратиш на работа. - Средено. - Да ја најдам колата. - Средено. - Да можам да и простам на жена ми. - Средено, само што ќе се вратиш дома, ќе те моли. - Фала ти најмногу на свет. - Нема проблем, само... бидејќи ти исполнив три желби, сакам и ти мене да ми исполниш барем една. - Кажи, која било. - Да попушиш. Клекнува, завршува работа. Дедо Мраз, закопчувајќи си ги панталоните, го прашува? - Добро синко, а колку години имаш ти? - 35. - И уште веруваш во Дедо Мраз? Вицов, колку и да е жален, е нашата болна вистина За партијата се се дава, без да се мисли и размислува. Ова е мојот револт за изиграните граѓани на Струга и Кичево. Да се обединат македонците, да гласаат за еден. И? Гласаа... И што добија? Хаха, па тоа се знаеше одамна Кај е сега Груевски, да му се зафалува на Дехари. Ке си довел тој дијаспората, ама ние ке сме се обединеле. Уште кога го видов видеото на јутјуб, знаев дека Грујо го допре дното. Се фати за последната сламка, патриотизмот. И со таа сламка им ги извади очите на веќе слепите македонци. Многу им е краток фитилот. Малку им беа толку години да сватат дека пред избори се се ветува, а после ништо од тоа. Слепо му поверуваа, а сега се жалат. Си го бирате 7 пати по ред, а тој никогаш не пропушти да ве изневери. Ни ја продадоа државата, па после други биле предавниците За власт.... газето си го дадоа на вересија Ама ако!
За Бутел и јас се чудам, а во Кисела Вода се смени кандидатот. Истата партија е, ама друг кандидат, иако мислам дека главно за партија се гласа, а не за кандидат. Полека но сигурно одиме кон едноумие. Не чини тоа, ич не чини. Јас не можам да искажам колку ми е жал за Кичево, и колку ми е жал веќе осум години за Струга. Ама не ги обвинувајте само политичарите за тоа. Имаше референдум, кој беше неуспашен поради мала излезност. ЗНачи сами сме си криви. Прашајте сте дали тогаш сте излегле. Ако сте немале право на глас, прашајте ги роднините и пријателите дали биле на референдумот. Тогаш ние сами продадовме се. Не ни продадовме, подаривме.
^ Не избегал.Ете гледај го видеото погоре што го имам поставено Не бегат Грујо никаде,прочитај по интернетов,имат убаво кажано
Да не мислеле на бугарски воз, јас за руски не сум чула, ама бугарскиот е честа појава кај нас на денот на изборите.
Значи, според тебе, поарно да си верен потрчко на партија во која веќе одамна е се расквакано, отколку да откажеш послушност и да си кажеш јасно и гласно дека сам, значи САМ преземаш ризик и сносуваш последици ОК, јас не сум од Скопје, далеку сум, ништо не знам, ама навистина би сакала да прочитам коментари на граѓани на Карпош А знаеш, кога ќе седнеш на фотеља, чисто сумњам дека остануваш добар и чесен, тоа кожата што ја тапацираат има алергени во себе, заразна е :geek: Туку, ај накратко да пишам збор два за мојава општина(не оти ви е гајле ) на денот на гласањето. Регуларно, без никакви проблеми, навреме отворено, затворено, со пријателски однос на комисијата, посматрачите, без разлика што се два спротивставени табори, се броеше два пати, кандидатите солидни, борбата не беше за партија, туку навистина за ЧОВЕК Разликата беше нешто повеќе од 1000 гласови, советниците се мизерија во раскош И пошто беше јасен и видлив исходот уште посовреме, и не затоа што имаше притисоци и слично, туку зашто стварно кандидатите си ги знаеја своите можности, противкандидатот воопшто не се налути, ниту се затвори в штаб да квичи и смислува финти за непризнавање на резултатот, туку народски си излезе и си чести, и продолжи фино лепо заедно да слави, надевајќи се на успешни четири години со навистина подобрување на инфраструктурата и поголем број остварени проекти И си живееја среќно засекооош Штета што нема втор круг, белким ќе се потрефеше некој да ме чести илјадарка за да гласам :geek:
Не знам ништо за човеков, факт е дека Петрески скроз забега, па за Бакрачески си викам доктор е, ваљда е поштен...се надевам и молам да не го направи Охрид како Скопје-2014 !!!
Кичевчани, му давате поддршка на човекот кој го продаде Кичево?!?!?! Ај размислете малку, најголемите фалсификати на овие избори се правеа во Охрид, во сите Скопски општини, Куманово, Битола (во Струмица не им успеа)... Нив им беше многу поважно да го победат сдсм, а не да го задржат Кичево и Струга, затоа што однапред е направен договорот вмро:дуи! Кога веќе се носеа гласачи од Пустец зошто тие се донесоа да гласаат во Скопје, Охрид, Прилеп... Нели ќе беше многу попаметно да ги однесеа да гласаат во Кичево и Струга? Околу Стефче-поентата е дека ако си член на партија треба да си тимски играч и да ги почитуваш одлуките што ги носи партијата, затоа што таа партија вложувала во тебе,те предложила за кандидат, а ти тотално нечесно и го вртиш грбот и да се однесуваш како мало дете! Ако не била партијата Стефче ќе бил никој и ништо! Ова не се однесува само за Стефче, туку општо за сите политичари во државава! Бузлески и тој од Куманово си беа фер-уште во почетокот на отпорот си кажаа дека ќе одат на избори и тоа е легитимна одлука, а Стефче тоа педерски го направи буквално во 5 до 12! Во игра се многу, многу, многу пари!!!
Кога некоја партија ќе одлучи да дава пари за глас, не може да биде сигурна дали тој што ги земал парите навистина и ќе гласа за таа парија. Баш затоа бугарите го измислиле бугарскиот воз, кој е тешко приметлив, а најдобар начин за сигурност дека парите за поткуп не се дадени за џабе, туку дека се материјализирани во гласови. За да се изведе бугарскиот воз потребно е само едно празно гласачко ливче, а денес сме сведоци дека лесно се доаѓа до празно гласачко ливче(и на овие избори имаше случај кога кај една жена беа пронајдени дури 4 ливчиња). http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1% ... 0%BE%D0%B7 Локомотивата (организаторот,подмитувачот, уценувачот од партијата) има празно ливче, и на него го заокружува редниот број на посакуваната партија. Потоа, тоа ливче го предава на некој гласач, којшто зема празно ливче, истото го става в џеб, а заокруженото го пушта во гласачката кутија, а за возврат добива пари за гласот или е уценет на некој начин итн. Потоа, празното ливче се предава на локомотивата, којшто одново го заокружува посакуваниот реден број, па повторно го предава ливчето на некој друг гласач. Постапката продолжува на ист начин понатаму, при што со сигурност се знае дека гласачите ќе „гласаат“ за посакуваната партија.
Катастрофа! Затоа нема никогаш овде да има фер и демократски избори! Бугарски возови,руски локомотиви,македонски машиновозачи .....политичариве ќе си се наполнат си пари,а за граѓаниве "Оде воз у кукуруз"
А Петрески, како поранешен директор на Охридски Комуналец и со завршен Сообраќаен факултет имаше појма од политика? Не Па ете 8 години,освен 4 кружни текој и згради на секој чекор...Охрид воопшто не е сменат Во Охрид од секогаш и на парламентарни и на локални избори победувале СДСМ, а сега Бакрачески победи со речиси дупло гласови....заколнати СДСМ-вци на Петрески око не сакаат да му видат, значи се бараше нов човек...Да живниме малце
Многу размислуваш детски и наивно за жал како и повеќето Македонки тука! Каква мултикултура, каква мултиетничност, се е тоа вештачки створено!Ниту ќе има некогаш, ниту имало, а ниту треба да има мултиетничност.Македонија е земја на Македонците и ние треба да сме газди во оваа држава како што секаде е така. На Шиптарот од Дуи многу му е гајле дали Кичево сега ќе станело поголема општина или не.Нив им е битно федерализација, обележување територии и покажување кој е газда таму!Многу јасно! Да не ја заборавиме кампањата на Сдсм, Бранко и Бучковски со мотото “ Некои прашања не заслужуваат одговор“ кога ги продаде Кичево и Струга да стане претседател на Македонија со подршка од Сад.Денеска истиот Бучковски и Црвенковски не отидоа во Кичево пред Македонците таму, затоа што знаат дека главата ќе им ја скинат.Истиот Бранко денес ти збори за национални интереси на Македонија ? Тој не е толку проблем, проблем е бедниот македонски народ којшто не излезе на референдум, а најслаба излезност имаше баш во Струга и Кичево.Сите симпатизери на Сдсм тогаш го бојкотираа референдумот со мотото “ Некои прашања не заслужуваат одговор“.
Размислувам детски и наивно затоа што тврдам дека сами сме си криви за ова што ни се случува и дека треба да престанеме да се криеме зад параванот на политичарите и да понесеме ОДГОВОРНОСТ? За мене понесувањето одговорност е една од поважните карактеристики на зрел човек, и не би се согласила дека тука има нешто наивно и детско. Па не знам колку да сум член на партија, ќе отидам против директивата на партијата, ако нешто е директно против мене. Затоа од политичариве наши единствено ја ценам Лилјана Поповска, која имаше муда и излезе, иако тоа за неа значеше исфрлување од партијата во која беше на висока функција. На референдумот излезноста колку што се сеќавам беше околу 30%, па не верувам дека 70% од народот беа членови на СДСМ. Еден куп луѓе што ги познавам, а не беа членови на ниту една партија, не излегоа. Па не знам каква кампања нема да ми го промени мислењето за нешто за кое имам став, и од кое последиците се повеќе од очигледни. Мултикултурализмот не е моја определба, туку е определба на државата. Тоа што сакам да го кажам дека сега веќе претходниот градоначалник на Кичево се обидуваше да го подготви теренот за она што го очекуваше Кичево, и сработи нешто, за разлика на овој другиот што беше на Осломеј, а сега е на цело Кичево. Поентата ми беше дека едниот е добар работник, подготвен за промените кои секој од нас му ги сервира на Кичево со неизлегувањето на референдум, а другиот е неработник. Инаку не, не мислам дека му е гајле, затоа и ми е жал затоа што се случи тоа.на Кичево. А СДСМ, или Бучковски, си го добија своето, и се уште си го добиваат. Ама ние не ја искористивме историската шанса да ги поправиме грешките од 2001. И во иднина нема да биде подобро.