Ма каква Левица. Се додека дава глупи изјави од типот " џабе ни се лижете, ќе ве дереме" нема ништо од тој Апасиев. И без него ќе се формира.Влада. Веќе го притегаат ДУИ од надвор, за почеток Меркел му искорнала уши.
Да,но тие не се должни да војуваат во друга држава,да ги бранат нивните интереси. Имам личен пример. Мој близок против своја воља,му беше наредено да замине за Авганистан на некој период. Чоекот одби ради ризикот,но и поради тоа што тој не е должен да ги брани Американците - и потоа што следуваше можеш да замислиш,уцени,закани...
Епа не требало да биде војник, чим не бил спремен да војува. Што не учел за фризер. Плус во војска, нема сакам-неќам. Затоа војска е. Ако не почитуваш команда, толку од твојата воена кариера.
Ќе ти гарантира Нато муда од лабуда. Интегритет и државотворност се луксуз за некои други посвесни народи, кај нас и да сакаат нема што да чуваат. Се' продадовме на Бит пазар.
Кога си во веоан алијанса, сите ќе ги браниш. Исто како што во Втората светска војна бевме во алијанса со Сојузните сили. Постоењето на државата во утврдените граници со утврденото име, Устав и државни обележја.
Имам мн што да пишувам, но не ми се губи време. Воопшто не ми е гајле за Европа, дали Русија или Кина ќе преовладеат и колку Полјаците со Русите се нејќат, ланскиот снег ми е повеќе битен. Големи се сите, си знаат за себе. Водите “битки“ шо не се ваши (наши) и ради шарени бајки дадовте да се раскрчми државата. Од сето тука на крај ретко кој се офајдува и се знае кои профили на луѓе се тоа. Вие си одбравте.
А уште ова заборавив да ти кажам....Шведска шо ја спомна со кинескиот во училиштата, изгледа полесна е за продор од нас Не чувате вие од “мрачните сили“, нема шала со вас.
Шо збораш жити очи? Ти си замислувач воен напад? Не се прај то така во модерниот свет. Се регрутираат со преедуцирање луѓе. ЦИА, КГБ и тие работи.
Јас се разбирам. Ти не разбираш и те тролам. Да ти повторам дека не ме интересира наводното ривалство САД/ЕУ вс. Русија/Кина, кој би надвладеал, и затоа не пробувај да ме труеш мене со меѓународни поделби и “идеолошка“ омраза. И делуваш ко некој со кого мачките разговараат, искрено.
СДСМ и ДУИ....Само таа опција ми се врти во глава. Повеќе ме интересира со кого ќе биде во сојуз Левица.
Изигнориран пост, тотално небитно. Страната паднала, струја снемало, слаб интернет, некоја тетка погрешно дугме на тастатура кликнала...се дешава. Не е вредно за коментирање. Апасиев може да е арогантен до миле воље. Конкуренцијата е сељачана тешка.
И сеа? Кој ќе прави влада? ШДШМ или МВРО? Мош ќе се повтори сценариото од 2017 коа МВРО со тесно мнозинство не создадоа влада па ШДШМ им ја лапна пред нос? Сеа обратно За да биде интересно Не сум во тек со ништо, извинете за упад
Каква 'идеолошка омраза'? Не ти викам да сакаш или мразиш некого, само ти кажувам зошто сме во НАТО. Нели за тоа правевме муабет?