Ширите русофобија и синофобија, џст фор д рекорд. Руското и кинеското влијание биле штетни за нас, НАТО ни требало да не штити. Поштеди ме од тоа. И друга работа, шо и да ти пиши некој, ти не ги поимаш работите за да вратиш аргументирано и цело време извртуваш. Прво ја спореди употребата на албанскиот јазик кај нас, со тоа што децата учеле кинески во Шведска (ко ние овде шо учиме германски и француски во училиштата). После заборај на шведските училишта каде се изучува кинески и напиша дека Кина и Русија не можат да продрат во големите држави туку почнуваат преку малите како нас, хахахахаха Да ти кажам, толку се интересираат Кина или Русија за нас што во ниту една политичка опција не инвестираат сериозно, шо и да се случува тука, си стојат немо. Ако некој успеал со таков страв од источните земји да ви ги испери мозоците и да ги гледате како закана за “нашата земја“, шо да се дискутира понатаму.
Зошто сме во Нато е прашање на геополитика,не дека ќе видиме некој бенефит од тоа. Нато е пред се воено профитерска организација, што се тиче мене не ни треба да постои веќе пошо ја изгуби сржта на постоењето со крајот на својот природен антагонист, Варшавскиот пакт.
Додека албанците излегоа масовно на гласање и добија пратенички места како никогаш досега, македонците го преспаа денот, фураа одмори во Охрид, за малку фали и малцинство во парламент да останат! Затоа нема да не биде никогаш! Срам да им е на сите што не гласаа, независно за која политичка партија! А тоа од корона дека се плашеле да не се фураат многу зошто први се во парк да прават собири и гужви, први се у маркети да се бутаат, по плажи во Охрид да се тегнат, за во банка да не правиме муабет, па уште Грција да пуштат граници, нема маслинка да чекаат, макар и 20 дена карантин да ги бутнат. Пола Чаир е заболен со корона, па сите масовно гласаа, се борат за национални интереси, а македонциве уште не се завртел, ножот е веќе наместен за бодење. Се разочарав од македонските гласачи! Со овој пост не иницирам национализам, туку насочувам на фактот дека македонците колку и да се фураат дека им е жал за името за државата и глумат патриотизам, само лаат на уста, а на дело ништо, националните интереси никој не ги гледа, само повикуваат на раздор исто како говедоно Апасиев, за разлика од нив, албанците повикуваат на нивно соединување "заедно сме посилни" и затоа ќе ги биде како народ. Срам да им е по 100 ти пат на сите што не излегоа на гласање!!!!!
Извинете на упад вака доцна навечер , ама .. Мене искрено ме чуди како има луѓе што сеуште гласаат за СДСМ и за ВМРО ? Дефинитивно ни треба рестарт и добар рефреш на политичка сцена . Ми се допаѓа што Левица влегува во владата . Да се прашувам јас , би ги пикнала сите помали партии , ама не се прашувам , па си ќутам . Инаку , ДИК излезе многу аматерска организација . На син ми да му дадеа да се справи со пребројувањето на гласовите , ќе го завршеше во дадениот рок . Патем , син ми има 6 години . Овие излегоа како дечиња што се тетерават додека проодуваат . Толку аматери . Уствари , не се они аматери , наредено им е да испаднат вака малку неспособни отповеќе .
Ја не излегов, сега што проблем имаш ти со тоа? Зарем мислиш луѓе како тебе што гласаат или за СДСМ или ДПНЕ нешто многу добро прават? После се што направија овие две зла, за јас да гласам за кој ме руга? Ти арна си? Мене апсолутно не ми е гајле за името ниту за оваа шиптарска држава. Која е продадена од СДСМ и ДПНЕ. А ти мислиш некоја си трета опција или Левица ќе биде спасител.ROLF LMAO Јас уште кога бев средно 17 години, укапирав дека името мора да се смени ако сака Македонија да влезе Еу и Нато. Тогаш кога онаа Бакојани не блокираше во Букурешт или каде и да беше Од 2001 шиптарите со сила и крв добија држава. Ти немаш држава од 2001. Затоа, твојот аргумент паѓа во вода.
Се сложувам во најголем дел со твојот пост, ама неизлезноста се очекуваше. Мислам дека помладите во најголем дел, не излегоа да гласаат. Сепак, тоа е нивно легитимно право на изразување незадовоство. А Албанците, по кој знае кој пат, ни одржаа лекција.
Ич не ми е срам. Нит одам по паркови, нит се бутам по маркети, нит на плажа се тегнам. Ниту има за кого да се гласа, нит верувам бо протоколов за "безбедно" гласање. Се надевам смсм и вмро ја сфатија пораката и ќе почнат да гледаат подалеку од својот нос. Со среќа на "победникот" сдсм. Ептен победија
Изборите се чиста намештаљка со согласност и на ВМРО и СДСМ а по налог на нашиот стратешки партнер и со цел да се кантонизира колонијава.
И јас сакам да не постои ни една воена алијанса, ниту воени конфликти, фор дет метр... Ама рано е уште. Не сме спремни, како човештво.
Јас не гласав и што сега виновна сум што сум разочарана од сите и нема за кого да дадам глас..Никој не го заслужил, се додека се овие и си тапкаме во место. И да не гласав, ама не буткам во маркет, не сум на плажите во Охрид, не правам собиранки во парк, не одам за Грција и да се отворат границите...Не ги ставај под ист кош сите оккк.... Земи во обзир дека полата не се ни вратени во МК за да гласаат, надвор се, тие што не сакале си е нивно право...
Зошто не би гласале за Левица еве на следните избори? Никогаш не биле во парламент до сега па да ги судите какви биле. 30 години и сами знаете 2 партии се менат и сега кога имаше стварно шанса за 3та партија само 40000 гласови. Апасиев е реален и има завршено факултет правен со 10ка просек. И баш оти е реален сите партиски ботови на сдсм вчера го нападнаа него на твитер како он е фашист сакат да му ја нарушат репутацијата.
Оти е ист како сите кои до сега биле на власт. Идологијата в канта, газот во фотеља, џебот зинат за пари.
Отварам темава тие за ЦИА зборат И јас не излегов и баш ми е гајле. Еве сега ќе почне надолу да оди државата пошо не излеговме на гласање, а досега кога излегувавме масивно, цутеше на сите им е смачено
Па кога сте излегувале масовно и сте гласале за сдсм/вмро нормално ништо не сменило. Зошто сега не се испадна масовно да се гласа за 3та партија како Левица? Видете кај Албанците по нивните гласови дури може да ги изброеме и колку се во Македонија околу 200000 се од 1800000 население тоа се 10% еве и 50000 да не гласале ама не ми се верува тоа кај нив буквално сите одат на гласање. И со 250000 они се 15% никако не се 25%.