Аргентинче, изгледа тебе од земјите само за Аргентина и за Маусдонија ти е гајленце. Како на форум изливате вакви нежности уште рано сабајле ( признавам на сабајле ич не сум речита), а не одите на пример по тие штабовите, комисиите, средбите со пратеници и слични тракатаници да си кажите што ви лежи на душа? Имате претставник или немате? Је..те изборен грабеж...ете вемеро имаше поише гласови минатиот пат, пак не напраи влада. Сега мицко мож поитро ќе игра. Или ти си за левица? Пс. @Biljarkata таман на излегување сум, ќе стаев по една кутија пуканки иначе
Ок, јас се инволвирам, сакам да знам кога да почнам да учам кинески Ама па ти си запозната со некои многу интересни аспекти Јас на пример појма немав дека можело во политичка опција да се инвестира Де кажи, може и ние да инвестираме во некое АД полит.партија, еве на пример @WildMk ако си напраи партија Валдке, АД да си ја крстиш партијата, ти останува да смислиш од што ке биде кратенка
Баш ова партија што никогаш не била во парламент некои луѓе "знаат" дека одма ќе биде лоша. Еве сега во парламентот ќе ги видеме што ќе прават и за следните избори ќе можат да се критикуваат што направиле додека биле таму.
Абре Апасиев ја узурпира партијата која требаше да биде со колегијално водство. Фати ги избрка сите и се устоличи за 'главен'. Нема во Македонија партија која се потпира на идеологија. Се' е од интерес.
Јас не би ги гласал од неколку причини, првата е пучот кој го направи минатата година и со фалсификати и уцени го избрка тој Савески што му беше другарче заедно со сите што не размислуваат како него и си ја зема партијата за себе само. Друго пред некој месец испадна тој скандалот со пари дека добивале што после испадна демек биле донации од приватни фирми мислам беше, ама ајде еве нека го простиме ова бидејќи нели сите се исти и примаат пари од некаде, најголема причина е понашањето. За некој си со 10ки на факс и што знам што многу курчење и уличарско понашање има, као газда у кафана се сили нешто многу ќе враќал името, ќе праел ова она итн итн... мислам не викам дека ваков однос не е успешен за гласови, еве Трамп види го милиони го гласаа баш поради тоа понашање и патриотизам, ама тој рецепт не работи тука, овдека ќе заврши како оној од Грција што тепаше, што викаше ќе го укинел преспанскиот договор кога ќе дојде на власт, па после изјави иако не го подржувал ќе го оставел... Поради тие причини не би дал никогаш глас на нив, еве ќе видиме како со 2 пратеника ќе се понаша во собрание, али освен што ќе ќења и одзима време на говорница друго не верувам дека ќе прави посебно у собрание. (Инаку интересна работа што приметив, во 2016 пред да почне гласањето и Вмро и Сдсм ги напаѓаа Левица бидејќи тогаш им крадеа гласови на двете партии, сега Сдсм не ги караа пред избори бидејќи отиде на десно партијата и почна да краде само од Вмро гласови, а Вмро не ги караат бидејќи им е можност за коалиција. Како брзо се менуваат времиња еј..)
Фино друштво се најдело да го навредува ама да останеа овие во партијата сега Левица дали напола од гласовите ќе ги добиеше.
Чекај, ова за тебе е ок? Како истите глупости во СДСМ и/или ВМРО не се ок, а за Левица се? Абе сите се исти. И да тргне некој со најдобри намери во политика, машинеријата го јади. Докажано, веќе... не знам што поќе ви треба. 1991 се осамостоивме. Која година е сега?
Ааа со овие куршуми не... Што се уплашиле сите "леви сили" од него!? Ќе видиме како ќе постапува во собрание. Или ќе "котира" уште повисоко, или ќе ги снема како многу други македонски мали партии. За 2 пратеника толку врева?!? Некого прпа да не го фати?!
Воопшто не е битен, ама вие упорно го верглате како 'трета опција'. Ни имало трета опција во МК, ни ќе има.
Се сложувам со тебе. Инаку текстовите ги споделив само за да се види дека не е толку чесен и безгрешник како што го опишувате.
Женче, не мора да цитираш се и сешто, олабави малку,не го дрви со твоите идеологии Јасно ми е дека за тебе само "левите и сините" се битни.
За тебе курчење за мене имање став добро во некои тв дуели дискутираше на нивно ниско ниво ама мора така со некои неписмени соговорници за да го разберат. Друго од тоа понижено главата доле и умилкување кај странците и Албанците од Заев, Мицко и сите други сега сме во оваа ситуација. Да имавме нормален премиер што има свој став и мислење така ќе дозволеше да се смени името?
Нема бе нема... Еве, 30 години сме сведоци. Ни една мала партија не успеала да се провне на врвот. А имало од секогаш. Левичарски, десничарски, вакви, онакви, секакви. Исто како и во повеќето држави во светот, на крај се сведува на две опции: полеви и подесни.-Толку