Знаете што ми е битно само, да продолжат евроитеграциските процеси. Та дали бил Ристо, Петко или Трајко, ич не ме заболе патиката. Ги видовме сите.
Добро бе Вајлд, какви се тоа евроинтеграциски процеси . кога една партија која се декларира како проевропска, при прослава на наводна победа со 15 пратеници се истури од пукање со автомати и пиштоли , јавно, без срам и перде, а покажувајќи мафијашка сила среде Скопје?? Тие ли ќе ја спроведуваат европската интеграција???
Народ тешко се одучува од она на што е навикнат од деда-прадеда. Ќе почнат со усвојување закони по брза постапка, ќе фрлат странците некое кредитче, ќе пркни тро економијата, колку да не умираме за јадење... и то е то.
Чекај, нели ти планираше да се селиш? Цело време ги гласаш СДСМ, ги браниш СДСМ на форумот, релативизираш глупости, а планираш да се селиш. И, потоа некој друг не држел до својот став и идеологија
сакаш да кажеш дека евроинтеграција за нас би значела фрлање странско кредитче за да не умираме за леб? Погрешно мислење сум имал тогаш јас за ЕУ
Не знам дали сакам да се селам. СДСМ 'ги бранам' оти кога тие се на власт, евро-атланските интеграции се придвижуваат напред, а кога е ВМРО, го враќаат назад тој процес. Реков веќе, битно ми е тоа. А за селење... на две сум... еве веќе 30 години.. на две...
Кредитче за државни проекти, граѓански проекти, вакви проекти, онакви проекти, некој автопат ќе се изгради, реформи во институциите ќе пробаат да направат, и толку Ама дека многу некоја драстична разлика во секојдневието ќе видиме, нема... за брзо, нема.. Море и за долго нема. Рачунај, една деценија може да трае процесот до зачленување, после тоа уште 50тина години да се смени тро менталитетот, во меѓувреме повеќето ќе му ја киднат, како во Бугарија... и толку
Не беше тоа поентата, нема еве да дојде она, али ќе дојде некој друг у нејзино име и слично.. Примерот Меркел ми беше од рефендумот кога викаше мицко дека ќе го блокирал па дојде тетка Меркел и после изјави не бојкотира кој шо сака нека прави...
Како се придвижуваат, кога 3 пати добиваме датум без датум Можеби се придвижуваат во твојата фантазија, али на терен владее тотална диктатура, олигарсија, мафија, корумпирано судство. Финансирано и контролирано од СДСМ. Ги слушавме бомбите за Заев и компанија. Трас-трас судство, договарање предмети, подмитување судии итн...
Да си здрава и жива, си ме сфатила... Инаку потврда ова за Бугарија. На првиот ден од влезот на Бугарија во ЕУ повеќе од 10000 бугари ја напуштија Бугарија, засекогаш
Па процес е тоа. Не може денес да почнат преговори, утре да завршат. Знаеш колку процедури има, посебно правни кои треба да се спроведат? Брзината со која ќе спроведуваме, е мнооогу битна за тоа колку брзо ќе станеме полноправна членка. А ко шо сме флегми, плус 'во пакети' примаат нови држави во ЕУ, рачунај, ќе треба да се причекваме со Косово ... најверојатно.
За референдумот си во право, со што се докажува дека некој друг влијаеше однадвор да ни се смени името при неуспешен референдум, ама тоа е некоја друга тема..
Да, еве гледам колку процедури има. 3 датуми без датуми Дај жити се. Не релативизирај глупости. Србија и Црна Гора веднаш почнаа преговори.
Па не е исто за секоја земја. Сите со различни проблеми се соочуваат, и сите имаат различна моќ. Србија се пазар од 8 милиони луѓе, а Црна Гора на море излегува. Ние шо? Имаме исфрустриран, сиромашен, неквалификуван народ? Јаката работа
Епа поентата е и Апасиев утре да добие многу пратеници и ако почне со такви муабети, ќе дојде не Меркел али некој/а како нејзе и ќе му објасни што како треба како што на мицко му објаснија.... Така да овие негови муабети дека ќе шкртал преспански договори и името ќе го враќал се излишни...