дури не видам не верувам...кога ќе видам дека е така ќе речам дека си во право. Ама...нека покаже времето
Тогаш како пред 7-8 години бевме во групата со Србија и Црна Гора, а денес сме со Албанија и БиХ? Повторно пишуваш глупости. Од толку што напреднавме сме во група со Албанија и БиХ : Подобро не пишувај вакви работи. Се бламираш само
Глеав на времето, до пред две години, се' следев. Доволно знам. И ти да живееш овде, сакала-не сакала се' ќе знаеш.
Па ВМРО не врати назад со тоа што им се инаетеше на Грците со 'Воинот на коњ', автопат 'Александар Македонски', не знам шо... Затоа реков дека ако гласам, за ВМРО нема никогаш.
Ништо не знаеш, само влечеш непродуктивни дискусии на форумот. Ако си следела до пред две години, може требало и да престанеш да дискутираш за политика пред две години.
Ти гласаше за СДСМ пред 2 дена. Не фолирај никого тука Македонија беше во група со Србија и Црна до 2016-2017. Во група со Албанија и Косово не ставија во 2019-2020. Повторно пишуваш лажни дезинформации.
Како бе вајлд Александар грчки? Од кај сега муабетов? Кој смее да се меша во внатрешни интереси на една држава? Зарем не смееме да градиме сопствена историја и да ја негуваме традицијата? Зарем сега ако албанците речат Галичка свадба е нивни обичај ние треба да речеме, ок, ваша е нема веќе да ја славиме? ( бај д веј Галичка свадба има континуитет(не медиумски) 1400год) А можеби и таа е грчка а? Дај доста симињаме гаќите на некои си грци и бугари, да речеш германци или руси, кинези да беа па да се плашиме, ама на бугари и грци бе... мрсул народ
Не гласав за никој. Пеесе пати пишав за то на форумов. Прв пат во 24 години не гласав воопшто. Иначе, претходно, не гласав секогаш за СДСМ, гласав и за мали партии... кога не беа умни СДСМ. Да не мислиш дека верувам во авторитети, па да се колнам во партија? Ете смеат. Ним им се можеше, нам не. Јас пак се чувствувам како македонка. Пак ќе играм на македонски ора, зборувам на македонски јазик, пеам македонски песни. Тоа никој не може да ми го земе. Мене, никој не може 'да ме земе'.
Не мора да ми докажуваш. Знам дека си гласала. Доволно е човек што прочитал пар книги, во врска со психологија, да те прочита како буквар. Но, тоа си е твое за кого да гласаш, но кога друг пат реплицираш прави го тоа со аргументи, кои се лесно опипливи и проверливи, а не да се базираат врз твои пусти желби.
Арни ми се аргументите, само што ти 'страдаш' од confirmation bias. Ај имај убав ден и ти.. доста на политика дебатиравме за мене.
Уште еднаш да повторам и прашам, КАДЕ исчезнаа 250000 македонски гласови?? Зошто сдс и дпмне не си погледнат во своите редови и да се прашаат кај им се гласовите од 2016та?
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави „математичка“ пресметка дека на оваа партија и е сеедно со кого ќе коалицира во формирањето на идната Влада и дека сите патишта водат кон Мала Речица. Османи, всушност, посочува дека СДСМ и Беса, односно коалицијата „Можеме“, практично, има ист број мандати (46) колку што би имале и ВМРО-ДПМНЕ (44) и Левица, која стана парламентарна партија освојувајќи два мандати. Од тоа излегува дека барем „математички“ за ДУИ би било сеедно дали во идната влада ќе коалицира со СДСМ и Беса, за кои Османи наведува дека поединечно имаат 42 плус 4 пратеници или со ВМРО-ДПМНЕ е со Левица. Односно, дека и во двата случаи крајниот резултат би бил 61 пратеник, што е минимумот за формирање парламентарно мнозинство и за добивање на мандатот за формирање влада.