Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Па и не би се сложила баш. После Преспанскиот договор и донесување на одлука за промена на име, нешто што 20 години сите политички партии знаеа дека ќе мора да се направи а ради рејтинг не го правеа, да добиеш на избори и да не завршиш како Сириза на Ципрас, не е баш дека е во изумирање. Мое мислење е дека овие избори беа клучни за СДСМ, штом ги доби, тешко дека во скоро време ќе падне од власт.
     
    На Shaya, JuLleE, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Што кажува многу за народот, за жал.
    За какви глупости паѓаат влади, министри добиваат откази...штом ова го прогледа низ прсти народот, можеш да го дупиш веќе како сакаш. Во длабок сон е, кома.
     
    На Konfetka, glosipgirl, темјанушка и 8 други им се допаѓа ова.
  3. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Ако му сврти Беса на Зеко,а има најави, ќе биде весела математика
     
    На Veta и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  4. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Не ги доби.

    ВМРО - 44
    СДСМ - 42
    БЕСА - 4
    Левица - 2

    Со официјална и неофицијална коалиција е 46-46.

    Албанските, ромските и турските гласови го ублажија поразот на СДСМ, а Корона вирусот и неизлегувањето на неопределените направи ВМРО да не победи убедливо.

    СИРИЗА е втора партија во Грција. Никаде не заврши таа. Сеуште е многу влијателна. Веројатно мислиш на ПАСОК.

    Според мое мислење ВМРО-Левица треба да остават СДСМ-ДУИ да формираат влада, за да се дадат уште повеќе отстапки на Албанците, а потоа за 1 година ќе има нови предвремени и локални избори каде ќе им се случи потоп на СДСМ. Тенденциите се јасни. При толкав капитал, моќ, централна и локална власт, партиски вработувања, поткуп, контрола врз сите институции, а сепак да губиш од килаво ВМРО-ДПМНЕ.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    :o

    Па нели ми викаше со моето неизлегување на гласање, ќе сме имале Албанец премиер и што ти знам. А сега тука викаш да им дадат отстапки.

    Целта ти е патриотизам или само да дојде ВМРО на власт? :^)
     
    На Shaya и Ahoy им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки
  7. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Да, треба да им се дадат отстапки, затоа што Албанците излегоа, гласаа и заокружија, а со тоа добиваат уште поголема политичка моќ.

    Македонците апатични, незаинтересирани, себични. Не заслужија ништо повеќе од ова што тек допрва ќе им се случува во иднина. Затоа, нема жалење и плачење. Добија шанса, а не ја искористија.
     
    На темјанушка и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки

    Еве една луда математика.

    *Но колку и да звучи нелогично, ВМРО има можност за повеќе математички калкулации отколку СДСМ.
     
    На Veta, Cutiepie1, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Мислиш за разлика од претходните години кога имале помала политичка моќ и не им се давале отстапки? :?:
    Зарем има таков период?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Ама чекај сеа, дај ако дебатираме, немој со тие ВМРО математики. Зашто реално, смешни се.
    Ако така, дај извади ги од ДПМНЕ гласовите и пратениците од ГРОМ, од Ѕинговата партија и др. Мислам нема логика.
    СДСМ има предизборна коалиција со БЕСА, Обединети, ВМРО народна, исто ко што ВМРО има со Гром, Социјалистичка партија, партија на срби и уште 10 други. И тоа е сосем легитимно.

    Сириза, веднаш по потпишувањето на Преспанскиот договор, кој грците очигледно го сметаат за неповолен за нив, изгуби на изборите во Грција од Нова демократија и Ципрас отиде во опозиција. Испадна Ципрас политичар за една употреба. Многумина се надеваа дека и Заев ќе го снајде истата судбина, демек политичар за една употреба, да смени име и ќе иде у опозиција.
    Е сега овде испадна друго и не можеш да ме убедиш дека Заев или СДСМ не се победници на избориве, зашто колку и да ги релативизираме работите, вистината е таа. И тоа е така зашто очигледно членството на СДСМ ги подржува тие проевропски политики. Да беше обратна ситуација, Мицкоски да го напраеше тој потег, ваљда ВМРО ќе се распаднеше, зашто членството на ВМРО очигледно не прифаќа промена на име. И тоа е тоа.
     
    На WildMk, BloodElf, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    :D

    Сите мали партии во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не тежат ниту 10.000 - 15 000 гласови заедно. Од друга страна, БЕСА тежи 40.000 гласови, Ромите тежат 10-15.000 гласови, Турците тежат 10.000 - 15 000 гласови.

    Плус, дел од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ отидоа во Левица, Интегра, Единствена Македонија. Тоа се отприлика околу 30 000 гласови.

    СИРИЗА изгуби минимално. Не изгуби катастрофално.

    ВМРО не победи убедливо, затоа што свесно се ставија изборите за време на Корона, кога огромен дел од неопределените нема да излезат да гласаат, а тоа и се потврди на изборите.

    СДСМ + БЕСА = 327.000

    ВМРО + ЛЕВИЦА = 351.000

    Интегра = 12.000 (скоро сите разочарани вмровци)
     
    На Cutiepie1 и tina2018 им се допаѓа ова.
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Опасни весели математики :D Кај се учи ваква математика, сакам и ја. Одземи од СДСМ све, присовој ја и Левица и може да бидеш победник.
    Најдобронамерен совет, back to reality.
    Ова ме потсети, вакви математики правеше и СДСМ кога беше опозиција, посебно се сеќавам далечната 2011, со гласовите на Љубе и Љубчо, па видовме после уште долги години си остана у опозиција.
     
    На oblace1, JuLleE и Ahoy им се допаѓа ова.
  13. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Нема зошто да одземам. Само ти кажувам дека СДСМ во македонски средини стои слабо, а тоа во идниот период ќе биде уште повеќе изразено. И, Бујар Османи ги стави ВМРО-Левица во една рамка. Не знам како ќе игра Апасиев, но членството им е многу повеќе блиско до ВМРО отколку до СДСМ. Одење во коалиција со СДСМ би значело самоубиство за Левица.

    351.000 наспроти 327.000.

    Не се исклучува можност и Интегра да влезе во коалиција со ВМРО.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Одење во коалиција со ДУИ и ВМРО исто е самоубиство на Левица, пошто ДУИ и ДПМНЕ никад нема да го поништат Преспанскиот договор, а тоа е главен предуслов на Левица за коалицирање.
     
    На ninja35, Ahoy и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.199
    Допаѓања:
    258.494
    Вакви пресметки правеа и пред локални, па потоп. После и за претседателски, и пак изгуби Вмро. Еве пак сега пресметки. Се' нив некој им краде гласови.
    Чисто за споредба во мојата општина за претседателски СДСМ победи со 20 плус гласови, сега со над 800.
    Незадоволство има, јас очекував поголемо.
    Штета што не излезе македонскиот народ.

    Инаку, Заев оди на одмор, лабаво. Влада после 2 август.
    Оставете ги плановите и математиките, работата е малтене завршена.

    Се надевам ова ќе биде лекција за двете партии. Едната да си ги исправи грешките, а другите да се реформираат. На нам ни треба и здрава опозиција.
     
    На LollySky, oblace1 и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Предуслови пред кампања. Зад затворени врати други приказни се кројат. Затоа, ВМРО никогаш не ја напаѓаше Левица и обратно. И, двете партии се свесни дека ВМРО немаше да освои 61 пратеник и мора една албанска партија да влезе во коалиција. Левица со влегување во власт добива можност да гради инфраструктура, кадри, пари што долгорочно би им значело поголемо влијание. Сепак не сум пророк. Сите сценарија се можни.
     
  17. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Во твојата општина живеат 20% Роми. Плус, 2 декади СДСМ градоначалник, партиски вработување, партиска инфраструктура и целосен поткуп на Ромите, а не можат со 1% разлика да победат.

    Како си очекувала поголемо? Дали ги гледаш бројките во доминантно македонските средини? Секаде има -20% излезност. Тоа во бројки знаеш ли што значи?

    Влада после 2 Август со Албанец премиер или како?
     
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    А зошто да не му веруваат?
    И јас викав „Боже сачувај“ на заевите ветувања, ама на чудо останав колку луѓе го проголтаа мамецот.
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    41.783
    Пол:
    Машки
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.199
    Допаѓања:
    258.494
    Врска немаш од која општина доаѓам.
    Градоначалникот цели над 15 години си беше од Вмро, Ромите кои гласат се далеку помалку од твоите 20 %.
    Полека ти реков со математиките и предвидувањата.
     
    На BoaVista и Ahoy им се допаѓа ова.