Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Од сега натаму кога на Гвујо ќе му текне да бара помош финансиска или политичка, ќе се обрати кај Џули. 8) Не е свесен, која директна врска ја имам. ;) Затоа нека пази каде ги пере парите.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.651
    Допаѓања:
    202.146
    Пол:
    Женски
    Со Бакрачески Охрид нема да живне, ќе пропадне. Не за друго, затоа што човекот нема да смее да зуцне, што ќе му кажат, тоа ќе го прави. Башка ако бираме човек, тогаш не би гласала ни за едниот, ни за другиот. Барем ги знам какви луѓе се, лично ги познавам, и гласот би му го дала на некој трет, ако го има. Ама веќе неколку години немам право да гласам во Охрид, така што моето мислење не менува ништо. Само ми е жал за градот и за луѓето... допрва ќе видат што значи мака.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    http://evesti.mk/2013/03/27/neoficijlan ... a-mladeno/
    :|
    Ми смрди нешто, ми срди.
    Бог да го прости.

    Инаку не вреди навистина за градоначалнициве да ја дебатириме, скоро сите си гледаат за лични интереси, колку и да имаат добро и набилдана програма, искрено се сомневам дека некој ќе направи нешто општокорисно за граѓаните.
    Со чест на исклучоци, ама за Скопје како град да го земеме, одамна некој не се заангажирал како што треба, за тоа што ни треба на нас граѓаните.
    А споменици не ни требаат, тоа кој сака што сака нека збори, ама од нив немам никаква корист нит аир во нашето живеење.
    Таков градоначалник не ни треба, таков човек не му треба на народот.
    Вајда ќе се свестиме некогаш.
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СЕУШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ДЕХАРИ ЌЕ БИДЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КИЧЕВО

    Kоалицијата на двете најголеми македонски партии за поддршка на Благоја Деспотовски во Kичево вчера поднела приговори за седум избирачки места со кои може да се доведе во прашање победата на кандидатот на ДУИ, пишува Дневник.

    Весникот пишува дека оспорени се седум избирачки места, од кои четири во Осломеј, две во Зајас и едно во Kичево, каде што постоеле докази за групно и семејно гласање.

    Според процените, гласовите од овие избирачки места можат да влијаат на изборните резултати и да бидат одлучувачки дали Дехари ќе ја потврди победата или прегласувањето ќе направи пресврт.

    Претседателката на Општинската изборна комисија, Љтифе Бајрами, вчера потврди дека се поднесени приговори од коалицијата за Деспотовски, но како што рече, не може да коментира за кои избирачки места. Таа најави дека во законскиот рок од 48 часа приговорите ќе бидат разгледани.


    Извор: mkd-news.com
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Ајде не пишувајте глупости, одма поврзувате баби жаби. Човекот уште не се оладил а вие го поврзувате во политички завери. Секој ден умираат луѓе, ако секој го поврзуваме во политичка завера, кај ќе ни биде крајот. Уште не чекаат да се објави несреќата одма сите знаат кој за што како направил, кој појака вест ќе напише или кој поголема лага ќе и сервира на јавноста. Бог да чува. Да се засрамат сите што немаат попаметна работа од измислување приказни.
    Не знам од каде оваа вест ја сместивте во актуелни политички настани, кога настанот е за во црна хроника. |(
     
    На kate21 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Изивини Абеја, само ти пишуваш паметни работи, а сите тропаме глупости.
    Извини стварно.
    Тoa е усталом некое мислење,реченица ако тебе ти глупо скролај.
    Човекот беше сепак некоја си фигура во новинарството, политички новинар, има врска со политика.
    Можда нависитна нема врска дека случајот е исцениран, не дај боже да е така.
    Ако не се согласуваш ти со нешто не мора да е одма глупост.
    И не си филмај какви завери, боже, само ете така ми дое на памет а и прочитав слични коментари.
     
    На Rubiii и julie77 им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека постои нешто за кое треба да се согласувам, и нормално дека ќе го мислам ова за глупост се додека не се докаже нешто навистина цврсто, се дотогаш, е гола вода.
    Не реков дека само јас зборувам паметни работи, но не се потпирам на такви измишљотини и обид да и се искриви вистината на јавноста. Па што ако бил новинар и сопственик на списание, тие луѓе не умираат? Умираме сите, кој порано, кој подоцна. И не значи дека треба да не убие некој за да умреме. Сообраќајни несреќи се многу чести а и ако сакал некој да го убие баш тука ќе го сторел тоа, во Хиподром, на влезот во Скопје, сред бел ден |(
    И те приметувам, дека ако некој ти реплицира, за работа за која и самата не си сигурна и не знаеш што е и како е, единствена одбрана ти е острото враќање на репликата и обид за некакво омаловажување на оној кој се обидел да ти реплицира.
    И кога сме кај филмањето, ти започна со поврзување на несреќата со наводни местенки, што значи започна со свое сценарио засновано на туѓи коментари.

    Вакви муабети почнаа да се шират и по несреќата на Тоше, па светец бил, па наместено му било, па жив бил итн. Кој од кој поголема лага да сервира.

    И најтрагично е тоа што не чекаат да помине ниту ден од несреќата.

    Ама секое чудо за три дена, така и со невистините.
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Абре јас незнам каде виде ти омаложавуње во мојата реплика, уствари во било која реплика но ајде, нека ти биде.
    Ме изритира дека си направи филм дека тука праам ефери,ми ги изврти зборовите, и тоа не ми се допадна.
    Едноставно прочитав, т.е прво ја видов веста и на телевизија кажаа и искрено се изненадив. Прочитав некој коментар во врска со ова, и онака напишав де не мислев сеа да вадам афера некоја дека го убиле, стварно не дај боже.
    Ама неможеш да кажеш дека не е можно, зашто сепак беше котраверзна личност, голем критичар и на власта и на опозицијата, мислам дека и имаше некоја тужба против него од некој политичар.
    Незнам дали си го читала и пратела, ама сепак има поврзаност со политика.

    Во осталом тебе не ти е прв пат да ме цитираш и повикуваш, но мене не ми смета, расположена сум за дискусија, па според тебе макар и глупава да била.
    И како што самата си кажа, да не ја праиме работата поголема него што е, самата си кажа ете дека мрзиш такви работи, не ги зачинувај само.
    Мене кога нешто ми е глупаво, не се замарам да реплицирам и да го праам којзнае што е.
    Ако ти смета, ќе си го пријавам мислењето, нека го избрише Реин.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    И јас сум “шокиран“ од веста за загинувањето на Никола Младенов. :( Се пуштам на Фејсбук и одма гледам од Прес 24 линк и викам wtf.
    http://press24.mk/story/makedonija/zagi ... a-mladenov
    Немав слични размислувања како него, ама сепак не е сеедно кога читаш дека некој познат лик загинал. Нека му е лесна земјата. Ќе видиме што и како се случило. Се е можно, па дури и наместена сообраќајка, ама ајде рано е да се каже.
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Па првиот збор кон мене ти беше дека само јас сум пишувала паметни работи ама нема врска.
    Глупости беа тие - сеуште невистини, не велам и јас дека нешто не е така, но за сега-не е, а можеби нема ни да биде. Сега за сега е обична сообраќајна несреќа со смртен случај.
    И она што ме изнервира мене лично а верувам и други, што одма се прават филмови околу нечија смрт, а тоа не е убаво, пред се поради можноста сето тоа да не е вистина а и што не се остава човекот на раат да премине мирно на другиот свет.
    Дискусија може да постои, но само ако има некој доказ, факт па ајде да го поврзуваме со се и сешто. Ама дискусија базирана на претпоставки па дури и лаги, не води никаде, освен еве вакви препирања.
    Ова можело да му се случи на секој и на било каков начин. А што ако човеков умреше од срцев удар? Што ли ќе измислуваа тогаш? :?:
    И русинов пред некое време што "се самоуби", никој сеуште не докажа дека е убиство а не самоубиство, но шпекулации нормално дека се шират низ јавноста, но постои веројатност да се лаги и човекот да се самоубил поради банкрот.
     
  12. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Лесна му земја. И мене ми пројде на ум некоја завера...што е како е, а и дали ќе се разјасни...не се знае. Иначе немам читано Фокус па немам некоја поголема слика за него како новинар.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    Страшно :o И овие па источни соседи до кога ќе б'цкаат? |( Нека си гледаат нивната земја, нивната економија, а не за туѓата да коментираат.

    Интересно е што зборат за политичари што сакаат да подгреваат меѓуетнички тензии во Македонија, а во целото клипче, ја не видов тие со своите ставови нешто поинакво да прават.

    Тој па уште „да ги истераме“ рече.
    Во чија земја e тој па да не` тера?
    Ние со векови сме си тука.

    A за тоа кој кого ќе истера, не се знае тоа никогаш.

    УФ!!!
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    253.027
    И на мене ми падна на ум дека нешто смрди, а и нема да ме изненади да е така. Се додека во Макдеонија неистомислениците се требат како муви, се ќе ни биде сомнително.
    А знаеме дека сообраќајната незгода е најдобар и најнесомнителен начин доколку сакаш некого да елиминираш.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Јас не се срамам да кажам дека сум за СДСМ. Нит имам членска, нит некој од мојата фамилија има, нит ми помогнале некогаш во животов ама ги почитувам. Кажав еднаш и пак ќе кажам.. чим на еден обичен форум можам да видам какви ликови ги гласаат Вмро, а какви СДСМ, се јасно во државава наша! И за ваков народ само ваква власт треба.

    И факт е дека најмногу интелектуалци има во Центар и Карпош отколку во цела Македонија! Е затоа таму никогаш веќе нема да победат зошто тие луѓе не се прости и неможат да се купат со 500 денари или со 500 евра!

    Веќе кога сме кај избориве, јас знам 10 души на кои вмро им наложија да најдат плус 10 души да гласаат за нив (проста математика - 10х10=100) значи 100 гласа со уцена нели да не си ги изгубат работните места.
    Колку луѓе знаете вие (Кате21 и Валериа-како најгласни против опозицијата) што СДСМ ги уценувала вака?

    И да, Стефче не заслужи да победи. Заборави изгледа од каде доаѓа и кој е заслужен за тоа што е денес. Али до некаде разбирам, не му се даваше фотељата и треба ли син му да вози БМВ?
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сегде се гласа за партија, само во Карпош, Струмица и мооооооожеби Куманово се гласа за човек, за градоначалник.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Ова мислење за наводна местенка не го прифаќам, не дека е спротивно со моето туку дека не е вистинито, барем не сеуште.
    Можеби дека сум учела на факултет да верувам во докази, факти :?:
    Нема врска, било па поминало, не дека ќе поминам сега цел ден во докажување на нешто.
    Има кој да собира докази, па кога ќе и бидат достапни на јавноста, ќе дадам свој коментар.
    Сите муабети во темава ми одат како николче виа бране приврзаници и затоа се нервирам, што се мора да се врти околу нив двајца и да се контра постојано и да не се наоѓа заеднички јазик дека и двајцата не вредат. Секогаш има постови со скриени намери.
    Уживајте во остатокот од денот. :*
     
  19. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Јас ова не го сметам како б'цкање, туку како релевантен податок за реалноста во Македонија. Отварање на нашите очи, кои се широко затворени.
    Веќе многу години биднаа, откако нашите ТВ куќи ја кријат реалноста од нас. Ние и не знаеме што се случува. Фотошопот премногу им работи на властите.

    Веќе не ни е проблем сиромаштијата. Парите не се проблем. Пари нема. Навикнавме. Сега поголем проблем е албанизацијата на државата, која е бавна, но незапирлива. Па ова ни во Кореа го нема.
    Вмро се удира во гради, билда патриотизам, а го продадоа Кичево. За да го добијат Скопје. Или којзнае што. Огромно суми се во прашање.
    Во 2004, кога требаше да се гласа на референдум, САД не призна под уставно име. Само за да пропадне референдумот. И им успеа. Јас кога велев, одете да гласате, не подлегнувајте на ова признавање, помало зло ке е да не прогласат за 52 америчка држава, отколку ова што ни го прават, задната намера им е смртоносна за мк, сите ме правеа луда, што знае малолетник од политика. Се радуваа, славеа.
    Сега гледам има коментари Бранко е крив. Но Никола знае се, а не исправа. Продолжува да не закопува. Се за пари и власт. Албанците со години го плаќаа Косово и го добија. Веќе со години ја плаќаат и западна МК. Колку и да не ни чини, така е. И ке си ја добијат. Си имаат трпение луѓето.
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за Никола Малденов ;(
    Бог да го прости.

    Многу го почитував како новинар, редовно го читав неделникот Фокус за кој сметам дека е единственото пишано гласило кое остана непристрасно во државава.
    Иако на Младенов власта сакаше да му залепи етикета дека бил опозициски настроен, како на секој кој немисли ко власата, сепак оние кои го пратеа човекот од самиот почеток знаат дека како што сега го критикуваше Груевски и неговата влада, исто па дури и со поголем жар го критикуваше и Бранко дури беше на власт.
    Човекот беше начитан, објективен и без влакна на јазикот. Штета што се помалку такви луѓе остануваат.

    Нека му е лесна земјата.
     
    На Li0ness, JuLleE, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.