Љубчо Георгиевски и ВМРО-НП: Поради изборниот модел кој го форсираше ВМРО-ДПМНЕ сега Македонците се најмалку застапени во Собранието
https://www.24.mk/details/grubi-spremni-sme-za-sorabotka-so-sdsm-no-samo-ako-naser-ziberi-e-premier Со Албанец премиер одма влегуваме во ЕУ и сите проблеми во државата ќе се решат. Ако претходно македонецот го третираа како малцинство само во градовите со Албанец градоначалник замислете како ќе е со Албанец премиер тоа би било низ цела Македонија како ние да сме 20-25% а они 70-75%. Подготвени сме за соработка со сдсм, но само ако Насер Зибери е премиер, рече Артан Груби од дуи во денешното гостување на Канал 5 телевизија.
Одлично одиграно. Видовме колку се совпаѓаат податоците. Сега ќе почекаме да поминат роковите за приговори, па може тогаш да ја пуштат страната. Прашање е дали Сдсм и дуи, навистина имаат толку гласови притоа вмро мудро си молчи, и они изгледа се имаат нешто офајдено. Мириса на тежок криминал. https://citaj.mk/2020/07/17/foto-di...a-vo-delchevo-rezultatite-gi-iznenadija-site/ Али добро народот кога можеше да го проголта името, ова е мачја кашлица.
Еве ви ги резултатите од изборите во CSV формат, кој сака да ги обработува слободно. https://raw.githubusercontent.com/martintaleski/election-results-macedonia-2020/master/rezultati.csv П.с не сум ги собирал јас. Едит: Податоци од ДИК во табела (потешко за обработка): https://drive.google.com/file/d/1WOzcYkzl5gVi_P0HOcDhOtpt9Ch5_6Uf/view
Предноста од познавање на странски јазик е голема и секој го знае тоа, меѓутоа јазик што е на светско ниво или по свој избор. Во конкретниов случај е наметнување, јас го гледам како мал чекор на асимилација. Англискиот се изучува секаде, и во Германија овде е во редовна настава. Паралелно секој може да го изучува плус јазикот за кој е заинтересиран и за кој мисли дека ќе му е потребен. За албанскиот ако некој има потреба нека го учи слободно има курсеви. Ама нема смисла да се наметнува.
Многу обвинувања од партиите кои имале присуство на терен, хартиените записници црно на бело кои не кореспондираа со објавени резултати, запалено возило во кое пренесувале гласачки ливчиња и тој циркуз што се случуваше со онлајн “транспарентниот“ увид во резултатите, мене доволно ми укажуваат дека имало мучки. Не е прв пат во оваа држава да се изигра народната волја за да верувам дека сега процесот бил фер и коректно спроведен. Околу доказниот дел, прочитај ми го и ова мислење дека е џабе докажување Најново https://denesen.mk/dik-i-oficijalno...1gHbcBAc3MwS60cCdDY8-qwjaKZIOzM9c27P424wnfWr0 За Аргентина ми било гајле во фудбал....некогаш. Не знам која е Маусдонија, сега Северџан е тема на муабет. Иначе државите се уредени така да служат како инструменти на моќниците за остварување контрола во свои сопствени цели, зарем јас како Вајлд да навивам која ќе надмудри во геополитиката? Јас сум за воена неутралност и не сум приврзаник на НАТО. Ама според НАТО, ако не сме со нив сме против нив па моравме да се приклучиме за да не не дестабилизираат. И пак не сум против влезот во НАТО но кое е фајдето од НАТО кога меѓуетничките тензии во земјата повторно зовриваат рутински? Една реална закана имаше за нас и таа после се си стои. И не планирам јас овдека да се правдам за кого гласам. Јас сакам да падне Сдсм од власт. Но мислам на Мицкоски му е даден тесен простор да се надитрува. Запад почна често да се меша во нашите избори на страна на својот најверен играч, на тие на кои им одговара таквото мешање се нешто исток им смета, и така тргна дискусијата, а не дека јас фаворизирам некои држави. Ама овие ветришта се знае од кај дуваат. Се знае кој ни крои политики и ни ја менаџира државата, кој ни носи на високи функции луѓе какви шо ни поставува. Па американската амбасадорка кога изјави дека е време за избори, изборите веднаш се закажаа. Ајде, начекале и тие будала народ шо дозволи до ова дереџе да се дојди, не е се до нив.
Душата ме болеше додека го гледав гостувањето на Артан Груби. Еј со каква злобна сигурност тврдеше дека ќе биде премиер Албанец. Ти вика ќе се соединеле сите Албански партии со една цел гореспоменатата. А ако се соединат нашите нема да биди функционална влада (ќе пукат Калаши)
Прво, никаде не се 20 посто роми. По твоево испаѓа дека ромите процентуално се повеќе од албанците, што е нон сенс. Друго, глас е глас, со еднаква вредност, му се допаѓа тоа ме некој или не. Еве излегоа табелите и може да се види дека Коалицијата Можеме убедливо победува во речиси сите градски избирачки места. Додека во селата, предност има Коалицијата Обнова. И сеа ок ли е да се каже дека населението од село е поподмитливо од она во град? Не е, секако. Друго, табелите те демантираат во целост, разгледај ги детално бројките за Штип, Делчево, Крива Паланка и општо цела Источна Македонија, голем пораст на бројот на гласови на конто на Можеме во однос на претходните избори и голем пад на гласови за Обнова. И да биде иронијата уште поголема баш благодарение на етнички најчистата изборна единица 3, резултатот е вака поволен за СДСМ.
Македонците ги ставивме во таква доминантна положба. Седеа дома не гласаа, 200.000 македонски гласови помалку, а за таа цена албанците излегоа масовно и добија близу 30 пратеници албанци... Тие одат со паролата "заедно сме посилни" а ние со препукување и раздор. Дали ни се допаѓа или не албанците се победници на овие избори. Е затоа нема да не биде! Мислите дека албанците не се свесни дека имало криминал во партиите, мислите не се свесни дека се крадело, ама националните интереси го ставаат пред се друго, си ја сакаат нацијата и верата, а ние глумиме патриоти по фејзбук, а на дело ништо. Кога му предложија на Мицковски заедничка влада со Заев, категоричен беше во негативниот одговор, а Али Ахмети цело време ги повикува партиите од албанскиот блок на заедничко делување, а тие мудро си молчат, а верувам и преговараат и се договараат.
Централна власт - СДСМ Локална власт - СДСМ 57 градоначалници Парламентарни 2016 - СДСМ 436.981 Претседателски 2016 - СДСМ 322.581 Парламентарни 2020 - СДСМ без БЕСА 270.000-280.000 Значи, се вратија на таа бројка од 2014 парламентарните (283.000). Тенденциите се јасни, но убаво е да се фантазира. На таа пара, нивен буџет, поткуп со картички, партиски вработувања, да имаш вакви смејурија бројки е катастрофа. И, притоа да имаш карикатура ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ нема никакво зголемување на гласови, туку зголемување на партиски вработувања, кои гласаат за работно место. Од друга страна, фалат преку 250.000 македонски гласови. За споредба, ВМРО со централна и локална моќ, парламентарни избори, 2014 година: 481.000 гласови. За Ромите колку ги има по Источна Македонија, погледај по бројот на основците. Во најголем дел градски средини се движат помеѓу 8-10%. Ромите не се селско население, туку напротив градско. Ајт, одам на спиење
Прочитај го мојот пост претходно. Карикатура ВМРО-ДПМНЕ. И, голем дел од гласовите на ВМРО отидоа во Левица, Интегра, Единствена Македонија и бојкотирачи. СДСМ парламентарни 2016 - 49 пратеника СДСМ парламентарни 2020 - 42 пратеника Од друга страна, зборуваме за СДСМ која има централна и локална моќ, пар, буџет, можност за партиски вработувања, поткуп, бизниси, а такви смејурија бројки. ВМРО, на таква моќ, вадеше по 480.000-500.000 гласови. Не се споредува. Парламентарни избори 2020 година. Супер, епа, тогаш вака стојат работите по таа математика,во коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ ГРОМ има еден пратеник, Социјалистичка партија има два и ДПСМ на Стоиљковиќ еден. Значи, 44 пратеника за Обнова на Македонија минус 4 на коалиционите партнери се 40 на ВМРО ДПМНЕ. Коалицијата Можеме на чело со СДСМ има четири пратеника на БЕСА, два од ЛДП, два од НСДП, еден на ДОМ, еден на ВМРО- НП, еден на ДС, еден на ПДТ значи од вкупно 46 минус 12 на коалиционите партнери останува СДСМ со 34 пратеници. Одам на спиење.
@Аргентина * те цитирам :"тие се власт, институциите ги држат заробени, граѓанска свест 0 и им се може шо сакаат да прават." Ок , ама претседателот на дик е кадар на вмро, министерот за внатрешни такоџе, и ако тие не можат да протестираат, истражат, макар да напуштат позиција како израз на несогласување, кој треба да им испослова пребројување. Можам да замислам дека е тешко да се осетиш поразен, ама потполно не си критичен во обвинувањата . Не е само рафално пукај. Како што реков, вмро победи минатиот циклус . Зошто не направи влада и дали само странците се криви, и зошто кога беа на власт не си регулираа и ревидираа односи и ставови, не знам. Ама дека се еден збир од расипан џган, опортунисти, лезилебовичи, крејзи самозаљубени персони, недоволно потковани интелектуално , селски итромани, тоа знам. Сдс не ги сметам за многу подобри, така да не сум ни " комуњар" од вашиот речник. Уживајте, но без јасна критика и самокритика, и одговорност, џабе се , нема напред.
Да не ве цитирам сите- резиме на денот: - фалеле македонски гласачи- па добро, кај би можеле да исчезнат? - не фалеле албански гласачи- па не фалеле пошто во отсуство гласале https://fokus.mk/taravari-nekolku-iljadi-luge-koi-glasale-vo-skopje-i-kichevo-ne-bile-vo-drzhavava/ Интелектуално потковани и мк политиканти, не оди во иста реченица @Dentina . Можеби постоеле два, тројца во историјата, ама толку многу одамна, што и јас сум ги заборавила. Дали по хакирањето сајт, изборните податоци се кредибилни- ќе видиме во следната епизода. Демек многу битно, дали мурти или курто, на сета претходна папазјанија. Гуд/бед њуз- дури не се договорат да се договорат, нема корона полициски час. Ваљда.
Апасиев колку и да се глупира, со развојот на настаниве само може да добие. Единствен услов е да не влегува во никаква коалиција и да успее да се избори за една изборна единица. Дури и да има било каква влада, дуи+сдс+дпа, многу скоро пак ќе има предвремени. Супер што расчистил со оние лузери од претходното раководство, што сакаа коалиција со сдс минатите избори, па некоја хоризонтално вертикална хиерархија, па пленуми. Знам дел од нив, пренаивни луѓе. Само треба некој да го седне и да му каже да заборави на глупости од типот признавања на Палестина и отповикување на признавање на Кореја и Израел. Аха и Каталонија ќе ја заборавев хахахаха. Човече живееш у Македонија, бараш признавање на Каталонија. Мислам свести се, да не се објаснуваме повеќе. И да внимава на сендвич луѓето кои ќе почнат да го величат како што ќе оди подемот на Левица. Имаше уште неколку тешки глупости у програма затоа не го гласав. Но, откако ми излегоа (не)владините активисти на почетна со глупости од типот нацист, фашист, хомофоб и замисли најголема опасност за Македонија од осамостојувањето, мислам дека само од инат на нив барем дупло ќе го гласаат на наредни избори.
Таман си беа изборите. Жал ми е само што дпмне не изгуби уште подрастично, па да се освестат дека со исти режимски фаци и методи не можат да тераат понатаму. Јас гласав за тие што победија, а јас и многу други гласавме за нив воглавно од една причина- злото да не се повтори, да не се повторат оние методи на вработувања исклучиво преку штаб, мобинг на работа, шпионирање од комшии и роднини и сл. Да не се повтори диктатурата. Сега е далеку од сјајно, но барем дишеме слободно.
Исчезнале македонските гласови зошто не излегоа да гласаат. Не велам за сдсм или вмро да гласаат, ете и за левица можеа, интегра, овие со змијата и ежот(не знам како се викаат) небитно.... Битно ќе имаше повеќе македонски пратеници. И да "гласале "луѓе што не се во државава за Дуи, па нашиве тука беа па не излегоа. Бојкот за мене е кога к... те боли за се, а најгласен си за критика и по социјални мрежи. Албанците им одржаа лекција на неопределените и разочараните. И кај нив има неопределени и разочарани, ама за заштита на националните интереси се прават. Смешно е да глумиш патриотизам од дома. Едит: јас гласав за сдсм затоа што сум за европска визија, се вреднува трудот на жената, имаме слобода на изразување и не идам со страв на работа. Не дека ништо не сум им замерила, но ете гласовите нека им бидат мотив да поработат на исправање на грешките кои не се во толкава мера колку што е да живееш во режим и да ти бараат книшка од вмро за да запишеш дете во градинка.