Супер сте гласале, истите ги оставија луѓето без работа со приватизацијата пред години. Сега ич нема партиски вработувања, затоа сите избегаа од државава. Супер, седи 5, сега сте слободни.
Дојдоа со нови луѓе и нова структута. Ете една од моите забелешки кон СДСМ е Шеќеринска, но вмро воопшто не се ослободија од минатото. Кога би тргнале со поинаква визија и поинакви ставови, различни од оние пред 2016 та година можеби и јас би гласала за нив. Заради ова голем дел од членството им се разочарани.
Смешно е да глумиш патриотизам, а да гласаш за СДССМ. СДСМ ниту е македонска, ниту патриотска партија, туку граѓанска. Тоа е огромна разлика.
Злото да не се повтори, а нели гледате овие 2ипол години дека е дојдено ново зло? Вработувања исто и сега беа, појди во општина, во комунална, во администрација секоја, во водовод и др... Ниту дишемеме слободно, ниту ќе. Подобро да сте го поништеле гласот , ако веќе сакаш да бидеме реални
па јас да гласав за сдс и да го слушав интервјуто на артан груби па душава ќе ме болеше бе еј ама убаво им кажа бе , го прашаа заев катеорично кажа не за албанец премиер и он вика : па добро бе , пред избори се ќе каже.
Голем дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ се разочарани, затоа што раководството не застана зад народот и не се радикализира. Со старото тврдо вмровско раководство, ВМРО го газеше СДСМ со 200.000 разлика, па сега види ти кој носел резултати, а кој не. Димитар Апасиев освои гласови врз база на радикализам, а не врз база на некое фино, “реформирано“ момче како што глуми Мицкоски сега Не гледаат, затоа што истите тие се вработени од таа партија за која гласаат, а ваму спинуваат дека порано имало партиски вработувања
Јас не глумам патриотизам, туку зборам за оние што глумат, а уствари не се. Зборат за името што го сменија, уставот го сменија, па што не се кренаа на масовни протести, во Србија за мерки против корона се кренаа.... Глумење патриотизам од дома и пред телефон или компјутер е смешно и банално. Поентата ми беше дека со бојкот не се постигнува ништо, боље гласај за партијана со ежот и змијата отколку воопшто да не гласаш. До сега било како било, но токму сега, сметам дека треба поголема солидарност кај македонскиот блок отколку кавги и раздор. Тоа е мое мислење, можеби не сум во право, ќе видиме...
Работава е да цркне комшијата, макар и тој цркнал.Само што забораваш на третиот комшија кој ви се смее на двајцата и користи. Тоа е тој менталитет. Не си ти крива има еден куп исти како тебе, ама затоа колективно сите не дупат.
Помина времето за едит па вака ќе се надополнам.. За да му ја зачуваат фотелјата на Груевски упаднаа во собрание, ги испотепаа таму, луѓе по судови и затвори заглавија, а за името и уставот си седеа дома и пишуваа коментари по фб, епа види сега дали се патриоти или се нешто друго. На крајот Грујо ги остаи и пребега со државни пари .
ГДУ со змијата и ежот имаат вкупно 5.500 гласови во државата. Интегра 12.000. Научете дека со овој модел ако гласаш за мала партија си фрлил глас во ветер, додека албанскиот глас се окрупнува, и не за џабе тие ја прекроија 6 изборна единица. Гласајте за големи партии, и да бараме реформи, агресивно, ние како граѓани да си го бараме своето. Видовте ли Артан Груби како лета во облаци? Епа ќе лета, Македонците му дадоа крилја. Абе луѓе гинеле со векови да ни створат држава, а денес не сакале да изглезат на гласачко место, да потрошат 10 минути да гласаат. Со неопределените гласови фрливме над 3 пратеници, и со малите партии гласови отидов во ветер, така што едно 7 -8 пратеници Македонци изгубивме од глупавост, и неодговорност. МАСОВНО ДА СЕ ГЛАСА, МОРА!!!
Верувам само за тоа што е докажано во пракса. СДСМ = Евро-Атланска интеграција ВМРО = изолација на Македонија
Да, во време на ДПМНЕ воопшто немаше партиски вработувања. Напротив, имаше дупло повеќе од сега. Затоа СДСМ победи со толку мала разлика, а ДПМНЕ победуваше со огромна. ДПМНЕ победуваше затоа што кога дојде на власт во администрација ги смена сите кои немаа нивна членска карта, од хигиеничарка па до директори. И сите тие добиваа пораки од типот: "Задолжително присуство на митинг, во спротивно отказ". Ама многу брзо го заборавате тоа. Брзо заборавате режим. Прашајте некој што работи во Влада, ќе ви каже како работеа пред и после 2017. Мене ми кажуваа, до 2017 владеел режим, ако не го направиш тоа што се бара од тебе, не битно што, дури и некој местени договори со кои можеш да си ја уништиш иднината, "скапо ќе платиш". После тоа биле тотално лабави и опуштени, е сега тоа од една страна е добро, ама од друга нормално дека не е. Некој горе спомна дека сме ги гласале СДСМ затоа што сме добиле раб. место, ама не е така. Напротив, вие тоа така го правите. Еве јас ги гласам затоа што мајка ми буквално леташе од супер работно место во некоја 2009/2010 затоа што немаше членска од ДПМНЕ а не сакаше ниту да има. Немаше ниту од СДСМ, неопределена, ама сепак леташе. Тоа летање и донесе милион болести, да не навлегувам во детали. Ги гласам и затоа што зголемија минимална плата, затоа што конечно мрднавме од место и други причини, да не набројувам. Поголем дел од пријателите го поддржуваат ДПМНЕ, ама, највеќе поради промената на името. Неколку дена пред изборите разговарав со нив и велат, ние може да го сакаме/ прифаќаме името или не, ама дека има повеќе пари, има. Ова не го кажав јас, туку човек кој е долгогодишен гласач на ДПМНЕ и доби работно место од нив пред изборите во 2016, и сеуште е на истото. А околу тоа со партиското вработување, убаво ви објасна Мицкоски во спотот со Тамарчето од аеродром, дека без членска на ДПМНЕ немаш иднина ако дојдат тие на власт.
Епа баш поради овие работи не излегов да гласам. Двапати имам гласано во мојот живот и толку. Немав опција за која можев да гласам. Се се врти во круг и се едно исто. Никој со конкретна понуда да каже пред изборно, знаејќи дека предизборно се се ветува, а колку се исполнува е прашањето..Се видоа и двете партии за овие години и ништо посебно..така се додека е вака, луѓето ќе се разочаруваат. Нема да излезат на гласање, а плус сега има повеќе отселени и такви кои не се ни вратени во земјата во овој период.
Не ме смеј молим те. Сега исклучиво по квалитет се вработуваше, да да. За жал и со едните и другите, се е исто.
На глупости се трошат време и енергија Место да отпуштаат буџетари, тие туку трупаат. И се' со цел за да 'заработат' гласови.
Затоа еден мој пријател ми се јави кога требаа да бидат во април изборите, уште почетокот Март, ми викаше ејјј абе знам дека не се замараш со политика, ова-она, ама сакав да те прашам дали ќе гласаш за СДСМ ми требаат гласови за собирање, за да останам на работа како професор и да добијам решение. Пази од 2017та го вработија како професор со просек дечкото стварно, уште решение нема до ден денес, им требало за гласови да собираат, за да си ја исполнат целта. Не бе околу вработувањата не е исто...исти се и тие и тие, ми се одмили од тогаш и затоа не излегов. За кого да гласам..
Абе убаво се знае како одат работите од двете страни. Ама ај ќе се правиме слепи и глуви. Се ќе стане розово.
Па уште и велат требало да излезеш на гласање за да се имало повеќе пратеници, за да немаат услови од Албанците...офффф мори мајко, повеќето не се во државата си се отселија со цели фамилии. Претходната недела од мојот град еден куп си заминаа, ниту останаа за гласање. Тие веќе си се таму и не се оптоваруваат за тука. Тие што требаа да се вратат не се вратени, поради короната или останаа..Луѓето се разочарани и веќе не им пали тоа. Се виде на овие избори. Сега нека си ја чукнат главата и нека си се замислат зошто е така...