Кога ќе прочитам ваков пост Вмро беа гној со режимот се согласувам и ги разбирам тие што гласаа за Сдсм во 2016 иако јас не бев една од тие и не гласав за никој на тие избори. Ама после 4 години пак да гласаш за нив или немаш интернет или намерно се правиш глув и слеп за сите срања што ги направеа во овие 4 години. Ајде прво што според тебе "добро" направиле зголемиле минимална плата ахам на продуктите цената исто зголемена и таа плата што ја зимаме сега иде иста како пред 5-6 години и акцизата ја зголемиа. Сме мрднале од место на какво црно место мрднавме? Еу не не прима до 2050 влеговме во Нато воена алијанса никаква корист економска од нив дури и 2% од БДПТО ќе треба за Нато да оди(Да не се заборави истото Нато во 2001 ќе не бомбардираше ако не потпишеме капитулација). Ни смениа име незаконски и противуставно со 30% референдум. Со 30% еј најди било која држава во светот каде некој референдум бил успешен со 30%. После тоа двојазичност за малцинство што не се ни знае дали се 25% ама соживот нели. Сјо креиран од СДСМ за да гони криминал а они најголемите криминалци. Случајот Рекет каде што на крај испадна и Заев како си се согласува за 6 милиона евра. Сите 999 гафови на Заев неможе да му ги запамти човек ама битно за него холокаустот било добра работа. Па како го заебаваат преку телефон последно беше дека мисли оти зборува со Грета уште малку и со некој починат/а ќе зборува. Ја задолжија државата до безкрај тие што ќе останат овде нивните деца ќе го отплаќаат сеуште долгот покрај нас. Тендерите ги заборавив ама еве последно ми текнува за тендер каде идејата ја земале од Индија ја позајмиле де нема везе. После се ова пак да гласаш за СДСМ стварно чудно.
Види, се тоа си стои. Ништо не негирам. Нема политичар што нема гафови, овие на Заев се катастрофални. Мене лично Заев како човек воопшто не ми се допаѓа и не сметам дека е достоен за премиер ама ете, него го избрале. После тие 2,5- 3 години владеење на СДСМ, "злото" кое тие мене лично ми го нанесоа е ништо во споредба со злото од тие 11 години режим. Исто и мене ми е чудно како тие 11 години некако се забораваат и пак толку луѓе гласаат за ДПМНЕ, ама ги има, и никогаш луѓето нема да ги делам според политичката определба како што тоа многу го прават тука.
Чекам одговор на моето прашање. 1. Како тоа се инаетеле,во која смисла ? 2. Чив е ,,Воинот на коњ,,.!? Не може да одговараш на она само што тебе лично ти одговара,а кога веќе секаде се мешаш - изволте. Те читав ако си на власт ќе си им излезела во пресрет на граѓаните. Да речеме скоро и да имате власт. Вака со игнорирање не се удоволува во никој случај,само паѓаш твој рејтинг.
Па затоа на овие избори јас гласав за Левица во некоја пописмена држава луѓето ќе се свестеа и ќе гласаа само за 3та партија македонска.(Не сакам да навредам никој од форумот и не се мисли за овде туку општо бидејки овде и сите да сме гласале за Левица 50-100 гласови повеќе би биле тоа и не би направеле разлика)
Иако Левица не ме фасцинира нешто премногу, супер е што влегоа во парламент, нова партија. Само, ако коалицираат со било ДПМНЕ или СДСМ, мислам дека ќе ја изгубат довербата. Најдобро да си останат независни и свои овој мандат во парламентот.
Да ако не влезат во коалиција и продолжат да критикуваат таму кај треба да се критикува на следните избори може да имат и дупло гласови и пратеници.
Шо е објективно во твоето мислење, дека Сдсм се подобри, иако не многу? Или имплицирањето дека победата е чиста? Ај плиз. Ајде партиите шо се бунат ( значи партиите во множина ), ама голем број медиуми вклучително провладини објавија дека нешто не штима со пребројаните гласови. Се работи за скандал, мислам веќе е и срамота да се побара изговор. За да делува неопределено било кој, треба да намали релативизирање. Не може во време на другиве на власт тоа да беше режим, диктатура, сељаци биле, неписмени, а денес двете страни да се повикуваат на одговорност, со акцент повторно на Вмро....хаха...не оди тоа така. Сите знаеме дека Вмро имаат дилови со Заев минимум 5 год наназад по налог и покровителство. Разликата е шо Вмро ги уценуваат и им ветуваат работи за да ја добијат нивната послушност ( да потсетиме дека поранешното раководство секое утро присуствуваше на некое рочиште ), додека Сдсм не им се проблематични на странците. Сдсм не чекаат понуди, одамна сами се нудат на располагање себе и државните интереси само и само да бидат власт. Мислам дека на план измеќарство, Мицко се потруди од Вмро да создаде пандан на Сдсм ( колку шо се може ), ама своеглавоста на Грујо западњаците не ја забораваат. А не дека груки не им беше послушник, далеку од тоа.... само тие бараа уште.... И дали тоа за поразот шо ти е во м. род упатено мене ми се обраќаш? Не ми е мене тешко што се однесува изборите, ниту сум тажна ни сл....пишувам став. Редно е да престанеш со претпоставките за соговорниците.
А СДСМ не избрка никој? Не сменија директори? Како што мајка ти летала од работа во време на ВМРО, така леташе татко ми во време на СДСМ. Заборави дека во 2015та додека беше Грујо сите што беа со договор добија решенија по државниве институции? За мене ВМРО се помало зло од овие другите. Тоа што Грујо го правеше за 11 години, овие го направија за 3 години.
Од кога викам дека немаме саглам политичар. Тие што гласаат за двете зла ги разбирам. Мора да покажат послушност на партијата. Во спротивно, добиваат отказ. Ги гласаат овие заради евроинтеграциите, а тие се првите што ќе избегаат во странство.
Точно дека е субјективна мојата згрозеност од вмро и сдсм.Во право си. Спрема МОЈОТ светоглед оманале и двете партии. Затоа не ги гласав ни кога живеев таму, а ниту го искористив правото на гласање од кога живеам надвор. За нишка поголемата аверзија моја кон вмро се виновни бомбите, бомби од сдсм успешно ги скрија, па ете не чувме што они мателе. Плус познаници и пријатели имам од двете страни и пологични секогаш ми се левите. Кои впрочем не се ни толку леви. Претпоставките се мајка на секон з.еб, се извинувам. Не знам дали си тажна, извини и за погрешното родово обраќање, фино ако не си. За мене е ubi bene ibi patria , така да ни за патриотизмот нема да се сложиме. Секое добро.
Вемеро е зло кое никогаш не смееме да дозволиме да се понови. Прашајте роднини вработени од Вмро на времето како душата им се има тресено од своите. Што останува за туѓите. Сдсм не ги избрка гласачите на вемеро од работа. Конкретно мојот град е про сдсм отсекогаш, и низ многу институции вмровците сеуште се на своите работни места. Исто како и претходно шо не ги чепкаа.
Ќе избркаме се...од директор до чистачка. Така и направија. И после СДСМ не избркале никој. Нема грешка.
Избркаа да, ама во многу помала мера од тие претходно, барем во моево градче. Сменија директори на ДПМНЕ затоа што не можеа ни една саглам работа да завршат оти од штаб им диригираа така, успорувај што можеш повеќе. Тоа што Грујо неможеше да направи во 11 години, овие направија во 2,5. Да не се повторувам, ќе ја цитирам Лов затоа што сте сложувам со неа. И, директорката на образовна институција кај мене во град, именувана од ДПМНЕ, кога дојде СДСМ на власт беше преплашена да не лета од таа позиција затоа што знаеше како работеа нејзините. Ама, енеа, уште ја врши директорската позиција таму.
Многу луѓе вработени од времето на вмро останаа на работа оти се префрлија сдсм. И цело време така во круг.
Тоа во твојот град. По Скопјево многу летаа од работа. Имам комшии што трчаат за партииве. Преплашени да не летаат од работа. И да имаш решение ќе ти најдат нешто и ќе те избркаат. Мене повеќе ме нервира што се пикаат неспособни да работат. И после нормално дека младите ќе бегаат. Овде одамна нема иднина.
Режимски фаци? Режимот? Кого затвори сдс од тој режим? Па владата требаше да падне у истиот момент кога гвујо избега. Режимски методи? Неуспешен референдум го прогласија за успешен? Оние што отвараа врати во собрание и оние што беа по судници со процеси од сјо а имаа роднини пратеници, ги уценуваа за да гласаат за северна. Како одат вработувањата денес? Среќа шо ми е дефицитарна струката па најдов друга работа, али 3 години поминаа само шо дојдоа на власт, еве ме мене полетен, единствен дипломиран со таа струка во град(не право, не економија) викам чим го нема вмро ќе ме примат. Роднина еден ми вика да спомнам дека си наше дете. Нема шо да спомнуваш викам, нема дужен да бидам на партија ја, сам ќе си одам на интервју. Long story short, испадна и директорот нов ни бил роднина подалечен. Сеа од високо те гледа се познава. Триста изговори за да примат со средно некој, шо нема да ги одбива и да споделува едно опшество за сите и прав пат. Немаш пари да понудиш, немаш книшка, нема работа за тебе. Тој првиот роднина зема 10илјади евра од ФИТР. Знаеше месеци унапред дека ќе добие, уште повикот необјавен. Дишеме слободно? Дишат тие што ги знаат дека се сдс, да живееш у мал град каде секој шо не е сдс е против нив, ко да се секта се понашаат.
Затоа напоменав, во мој град. Не сум живеел во Скопје, па не знам. Жал ми е за татко ти затоа што знам како ви е. И да точно, и мене тоа ме нервира што примаат не способни, со купени дипломи. Ама за жал ова нема да се искорени уште долго време.