Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.272
    Допаѓања:
    36.895
    Пол:
    Женски
    Затоа треба да се даде шанса на други. Ама народов запнал за овие две партии. И така ќе се вртиме во круг.
     
    На raww, Maro87 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Сите се фини и паметни додека не седнат на фотелја. Не верувам ни дека некоја трета- 5та- 10та опција би била подобра од сегашниве две, иста би била.
    Ете Левица доби скоро 40 000, можеше да има повеќе пратеници ама изборните единици не им дозволуваат, а добро е да има освежување.
     
    На WildMk, Nightwish11 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.627
    Пол:
    Женски
    Така е.
    Вмро беа бескруполозни не само према опозиционите веќе вработени гласачи, туку и према своите,ако ги оценат дека се "непослушни" и дека не придонесуваат за партијата онака како што они имаат замислено у нивните болни умови.
    Имам тетка која во времето на вемеро беше вработена у министерството за образование и знам кои хорори психолошки им приредуваа. Еве ден денес,сеуште е на работното место,послободна него икад, и тоа при "туѓа" власт.

    Од друга страна, на сдсм никогаш нема да им опростам што горе споменатите фашисти на денешницата, шетаат на слобода.
    Тоа им е најголемата дамка во овие години и ги кошташе гласови.
     
    На JuLleE, WildMk, LollySky и 6 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.272
    Допаѓања:
    36.895
    Пол:
    Женски
    Ќе го бараме Бранко изгледа. :wasntme:
     
    На Nightwish11 и Ahoy им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.038
    Допаѓања:
    14.526
    Пол:
    Женски
    Отвори кај било кој партиски вработен од сдс на фб и види ги објавите, сигурна сум дека не сакаат да ја објават секоја изјава на нивните лидери ама мораат, плус на секое сретнување на улица пред избори те тераат да гласаш за нив. Бидете реални бе алоо:D

    А вработените од вмро знаеш како седеа на работните места и во време ма сдс? Со страв, ете така . Не смееа да се појават на протестите за името, не смееа на предизборнитте кампањи сега, не се експонираат во јавност моментално, зошто тек тогаш ќе бидат избркани. Си седат и си ќутат со страв.
    Ко што знаеш ти една приказна за тетка ти, јас знам илјада и една
     
    На Veta, The Saturdays и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    :rofl: Отпуштал Заев вмровци, освен неколку директори и двајца тројца што смени друго ништо не направи од тоа. Ене ги уште дремат у администрација со решение на неопределено. Згора на тоа искочи тој податокот пред некој ден дека има уште илјада и кусур што не се ни појавуваат на работа а зимаат плати, баш поради тоа што не им даде работа на сите што го гласаа и не ги брка вмровците е причина што разочара луѓе и не го гласааат, буквално 99% од тие што влегоа во собрание да го убијат ене ги седат во судство, елем мелем мепсо водовод и којзнае каде (единствено пошта не се оти таму брачата се).

    Ако го мрзите вие Сдсм тоа е во ред, ако неќете да гласате за нив и тоа е во ред, ваше право си е. Ама ве молам да не ми кажувате дека ова 3 год владеење било полошо од 11 години владењето на Грујо, или пак дека имало криминал ама важно градел, апла глупости.
    Прво не ни може да се споредат владеењета, Грујо и мијалков си направија империа , газеа цели семејства и единствено што дадоа е на своите послушници и толку, другите го јадеа стапот. Не е Заев тој што се смееше дека му течел низ ногавици на некој и дека ќе рушел со динамит згради и дека еј тој полицаецот искочил на протест ај отпушти го, тука на протест го погребуваа заев па ене ги уште не се отпуштени, или заев ли е тој што газеше мали фирми и ги тераше да згаснат или да потпишат дека пола е на мијалков ако не со алфите коќет ќе му направи. Заев ли е тој што затвараше невини и уништуваше фамилии со детонатор кога беше, ај да не се објаснувам на секој 5ти пост, вајда сте ги слушале 40те бомби што излегоа, кога правеа што сакаат буквално.
    Никој не негира дека има пропусти сега, и криминали, и дупки, ама дека биле полоши, тоа не знам на кој може да го продадете, секој што бил тие 11 години под вмро знае што се дешаваше околу него. Доволно видоа спотовите на вмро и понашањето кога беа у техничка влада да луѓе што не ни планираа ниту пак го сакаат заев да го гласаат, да излезат да гласаат само за да не ги видат овие пак...Ајде ви се молам со тие прикаски, тоа ако на вас или тато мама им дал грујчо и к*р ве боли што им правел на другите не значи дека било тогаш супер времиња....

    Еве ви најдобар пример, самиот факт што 11 години како кукавици се криевте и никој не смееше да писне на Грујо и Мијалков а сега сите отворено можат да го ќенаат Заев без страв дека ќе бидат тепани или апсени е доволен доказ дека нит се исти нит било полошо.
     
    На M.B., JuLleE, Pixi5 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.107
    Пол:
    Женски
    Па затоа да бидеш член на било која партија е најлошото нешто што можеш да си го направиш во животот, буквално ќе бидеш принуден да лижеш г*зови и да ќутиш без да смееш да се спротиставиш.

    И искрено ги жалам луѓето со партиски книшки и партиски вработени, затоа што се принудени да трпат се и сешто, на сите неправди немо да молчат, на сите митинзи мора да ракоплескаат на лагите на нивните лидери, а ако се побунат ќе летаат од работа и после прашање е дали ќе можат да најдат друга работа.

    Па не ми е воопшто јасно како човек може сам да си го дозволи тоа, до толку ли е способен човекот да се понижи за пари и за подобра позиција во општеството. Подобро ќе работам во фабрика ама барем нема до толку да си дозволам некој да ме гази.
     
    На raww, Someonespecial, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    375
  10. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    Just DUI it:rofl::rofl:
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.177
    Допаѓања:
    12.927
    Платите се покачиле, да, ама се покачија и цените, превозот, се друго, така што како што не се живееше со минималец од 9.000, сега не се живее со минималец од 14.900.
     
    На Аргентина *, raww, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Да кажеш дека за три години направиле иста штета како овие за 11 е резултат на читање исклучително само фејк портали и двоцифрен и манипулативен IQ.
    А да ги прашаш која е таа штета што е иста со онаа на грујо, не знаат да кажат освен"ама Грујо барем не ја продаде државата и не го смени името". Епа ако грујо ве организираше да упаднете у собрание и да се тепате тамо, што не излеговте со исти елан да ја бранитe државата да не ви "ја продадат", тешко е да признате дека крв падна за фотелјата на грујо и пак ве продаде, со ваши и наши пари избега , а вие шо сакате правите кој ве е.... ви кажа:P.
    Како тие 11 години да ги заворавивте или се правите дека се заборавени.
    Бркање...
    Јас не познавам ниеден од вмро шо е избркан или симнат на пониска позиција...
    Во мојата институција нема ниеден вработен во времето на вмро што е избркан, симнат со позиција или деградиран, сега поубаво живеат отколку тогаш.
    Добија покачување, зимаат терени, имаат слобода, никој не ги прогонува за да одат на протест, никој не им се заканува.
    Потсвесно сите го знаат ова, посебно вработените по државни институции, само инатот не им дава јавно да кажат :D.
     
    На honey.11, Ева33, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    2.949
    Пол:
    Машки
    :rofl:
    Јак критериум дека биле помалку лоши, сум можел да пишувам дека ми е лошо и да пишувам против власта:rofl:
    Додека они се богатат, ти можеш да пишуваш статуси по форуми и на фб. Шо ќе му смени тоа во животот на обичен човек? Ова го читаат Забрчанец и Коста Петров и се смеат на глас

    А тоа што не отпуштил Заев никој, тоа пак е негова вина. Забораивте ли како врискаа по протести 180 илјади администрација, мора да се намали. Не шо не се намали, туку се зголеми.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.262
    Ај пробај ти да ги отпуштиш при ваква економија.
    Да ти се 'истурат' во моментов плус 30.000 невработени, плус нивните семејства, буквално на улица.

    Кој ќе ги рани?
    Кај ќе се вработат?

    Прво треба да има доволно работни места каде што би ги вработил, после да ги отпуштиш.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Зошто свесно манипулирате со измислени приказни? Никој од вмровците не живее подобро, а трендот на опаѓање на популарноста на СДСМ доволно зборува за нивните резултати. Со цела централна и локална моќ, едвај вадат 280.000 македонски гласови. Тоа е самото нивно партиско јадро. Помеѓу Македонците постои огромен отпор спрема СДСМ, не само заради Преспанскиот, Бугарскиот, Тиранскиот договор, двојазичноста, туку и поради катастрофалните економски, инфраструктурни, образовни, здравствени резултати. Затоа, се пикираа избори во сред Корона, за да неопределените не излезат на избори, а тие во најголем дел ќе го дадеа гласот за ВМРО или Левица. Скоро 250.000 Македонци, во доминантно македонски општини, под контрола на СДСМ, не излегоа на избори. Доволно зборува за нивната популарност и резултати.

    Дали ги слушаше бомбите за Зоран и Вице Заеви? Договарање тендери, трас-трас судство, рекет, палење на автомобили, цела мафија пуштена на слобода да агитира и поткупува на избори. Смешно е да обвинувате некој дека се вработил партиски, а ти самата се имаш вработено преку партија (СДСМ).

    За крај, Груевски можеби ги продаде вмровците, ама, затоа Зоран Заев и Мијалков убава коалиција си направија. Што преку бизниси, што преку купување пратеници.

    https://360stepeni.mk/grubi-povtorno-bi-koalitsirale-so-sdsm-ama-premierot-da-bide-albanets/

    Само да те цитирам во блиска иднина:

    1) Ilyan во 2020 година: „ Мора да имаме Албанец премиер, за да не се врати злото наречен Груевски.“
    2) Ilyan во 2024 година: „ Мора да имаме федерализација, за да не се врати злото наречен Груевски.“
    3) Ilyan во 2028 година: „ Мора да имаме автономија, двонационален парламент, двонационална полиција и армија, за да не се врати злото наречен Груевски.“
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    На хардкор вмровчињава очигледно не му е доволно тие да се стабилни, туку му пречи ако и на комшијата му е исто добро. Тоа е проблемот.
    Се гледа по самата кампања кое им е гласачкото тело.
    Излишно е да се коментира.
     
    На Nightwish11 и Ahoy им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.262
    Да не не живееше во Македонија тој период?
     
    На ilyan и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Интересно како некои ги бранат СДСМ па и не направиле полошо од Вмро за тие 11 години. Штета е да се расправаме кој испаднал поголемо го*но од партија дали едните за 11 години или другиве за овие 4 години. Ама за последните 4 години СДСМ како кучиња врзани на ланец 11 години и конечно пуштени ја уништија Македонија и сменија име на државата, историјата ја продадоа на Бугарија, двојазичноста за соживот.. Лично познавам жена што со купена диплома стана директорка на гимназија откога дојде Сдсм на власт ама отвори и го профилот споделува нивни објави им коментира најдобри сте и така. Бедно е и на исто ниво како бранење на Вмро во нивните 11 години да се бранат СДСМ после нивните 4 криминални, години најголема штета направија за Македонија. А вие што ги бранете Сдсм тешете се слободно со Нато и дека убаво е да се знае Албански :)
     
    На Snowflake97 и tina2018 им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.262
    ВМРО, без преседан.
    Ни во времето на СФРЈ немаше толкав притисок од власта.... и 'случајни' сообраќајки.
     
    На LollySky, Nightwish11, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.272
    Допаѓања:
    36.895
    Пол:
    Женски
    Или одат од една во друга партија само за да не бидат избркани. Ај покажи непослушност да те видам. Одма добиваш клоца в газ. :D
     
    На Snowflake97 и Ahoy им се допаѓа ова.