Не ми одговарате на прашањето и континуирано го избегнувате. Зошто не излеговте на масовен протест да го браните името и државата, а излеговте да ја браните фотелјата на грујо и се потепавте во собрание? Тоа значи дека и двете страни се криви, едната реши да го направи тоа, а другата ништо не превзеде да спречи, нити превзеде било каков обид да направи нешто. Тоа значи премолчно согласување или? @Abracadaver ме интересира и твоето мислење, секако доколку сакаш и можеш.
Живеев. Затоа, ВМРО газеше на избори со по 500.000 гласови. СДСМ, на сите тие странски пари, централна и локална моќ, не може да освои ни 280.000 гласови. Најголем хумор на овој форум е тоа што најсилните подржувачи на СДСМ планираат иселување од државата. Се читате ли по другите теми што пишувате?
Тек смо почели бе има време ако се на власт 11години сигурно ќе биде полошо, зошто јас како што памтам никој не се жалеше на првиот и вториот мандат на вмро во тоа време, тек од третиот. А овие за една година заеба се
Ако јас се иселувам не значи дека не мислам на семејството кое ќе остане тука. За разлика од некој, не сум себичен. А нели беше неопределен?
Тоа што победуваше со 500.000 гласови, е баш еден од доказите дека вршеше тортура врз сопствениот народ. Во бомбите и тоа беше обзнането.
Не сум била на никакви протести како ме нападна дека јас сум се потепала во собрание незнам. Ама очигледно не ти е баш убаво кога ќе ја прочитеш вистината за Сдсм.
Слушни ги бомбите. Сигурно уште се најдуваат по интернетот И транскрипти имаше, ако не ги најдеш во аудио форма. Читај, и уживај. Ла*на да јади Narcos
Не викам дека си била, но дали се согласуваш со мене дека тоа што опозицијата молчеше и не изреагира како што израгира кога им се лизгаше фотелјата значи премолчно поддржување и помагање да помине промената на името и уставот? Во Грција имаше протести за преспанскиот, не толку масовни, ама имаше, а од вмро со прст не мрднаа.
За ВМРО, националистичката пропаганда која ја фураат, е само параван за криминалите кои ги извршуваа. ВМРО во времето на Груевски тоа...
Да требаше да се организираат протести за името ама опозицијата да се изјаснеше тогаш дека е против промена на името сега ќе имаше и повеќе гласови. А Мицковски во секоја емисија гледаше да избегне да одговори дали е за промена на името или не.
Тоа оти не им е гајле за името. Ич дупот не ги заболе. Сакаат фотељи и тендери. Што не остана Грујо тука, ако е толку голем патриот? Нека ги трга со нас маките, а не, се по*ра на се' што можеше, и ко му дожеже на га*от, му ја кидна. Стоки се и СДСМ што не презедоа ништо, и никој од високите функционери не казнија. Та и онаа Ката од СЈО! Резил!
Ај преслушај сеа пак, и види дали кажува "важи" или "марш"? Не дека го бранам, се изјаснив на тема Заев, ама ова сериозно е (лоша) монтажа.
За ова треба да се трепка, а за тие од 2016 та требаше да се замижи, не за друго, лепени и монтирани беа
Ок тоа и стварно да е монтирано ама ова со Грета сигурно не му е. И тоа еднаш го имаа заебано вака и овој пат пак на истата финта.
Абе една лекција што да ти кажам. Еве уште плачам што не излегов на гласање ниту годинава ниту на било кое претходно гласање откако имам право на учество. И нема никогаш ниту да излезам додека сум во ова државиче. Ниту сум патриот, ниту ми е некоја животна цел да оправам структура која тоне од самото свое постоење. Еден живот имам и истиот не планирам да го минам во спасување на неработници кои се влечат по партиски штабови само за утре да може да земат работно место на некоја особа слична на мене, која сака да се вработи на чесен начин. Исто како што не планирам цел живот да гледам неправди, нестручност и игнорантност каде и да се свртам. За малограѓанството и да не зборувам. Одбивам да избирам помала штета, само за да немале Албанците повеќе пратеници. Никогаш не сме ни биле граѓани од прв ред, само што тешко ви е тоа да го прифатите. Па ако бирам каде да бидам граѓанин од втор ред, секако нема да биде тука. Ќе биде на место каде функционираат институции, кадe поголемиот процент се работници а не дремаџии, каде нема да земам мизерна плата после 5 години студирање и најважно од се' каде никој нема да си земе за право да кажува на друг за кого и дали да гласа. Затоа што луѓето таму имаат многу попаметни работи во животот од тоа на daily basis да се расправаат за партии и политичари кои уво ги заболе кој е тој Митре што се истепал за да докаже дека Мицкоски/Заев има повеќе право следни четири години да краде за разлика од другиот. И да, и не излегувањето на гласање е всушност порака и мислење. Став со кој не сакам да бидам продолжение на генерациите кои и покрај тоа што се секојдневно понижувани и со одземени основни човекови права, сепак гласаат само за да не дојдело на власт друго зло. Гуд лак на сите кои остануваат, затоа што јас for sure нема да си ја барам среќата тука и немам ни обврска да одлучувам за нивната иднина.
И Заев! И сите шо имаат прекршено закон. Замислете да има нормална полиција, нормално обвинителство и нормално судство? Само замислете, сите тие што се платени за да го спроведуваат законот, да го спроведуваат истиот. Просто е. Ко грав. Сигурна сум дека сите познавате барем еден што работи во некоја од овие институции. Што значи, луѓе кои ни се роднини и пријатели се оние кои не ги спроведуваат законите. Па како не им е срам, в лице да не' опулат, а единствената работа за која се платени, и тоа од наши пари, да не ја извршуваат?? На ништо не личиме. Само формално сме држава. Внатре, празно... Празни ветувања, празни души...