Ама од нас зависи. Ако не директно, индиректно, ако не работам јас во судот, познавам луѓе кои работат во судови, имам пријатели во МВР.... Не може сите да се правиме наудрени, и да викаме: Уште долго. Колку е долго, ние одлучуваме. Никој друг!
Ја гледаш ли иронијата? За Аудио на Заев викаш монтирано а за тие од 2016 100% не се. Јас повеќе би верувала и верувам дека ни тие од 2016 се монтирани и се реални а и ова од сега со Заев. И 2те партии не ги сакам ниту ги бранам за нивните постапки ама ме нервира кога гледам вака некој да ги брани Сдсм после последните нивни КАТАСТРОФАЛНИ 4 години.
Абе мн запнато со Груевски, па не е веќе тука, има и доста нови млади во вмро, затоа пак луѓето ги подржуваат, иако знаеме дека и во двете партии има тешко срање, сепак идеалите на вмро повеќе ми се допаѓаат отколку на сдсм, мене лично
Како да не сум запната за Груевски, кој беше полош од Тито? Да беше сега жив Тито, за кршење на основни човекови права ќе му се судеше.
А што е полошо, да промениш име на држава или да го натераш народот сам да си го продаде идентитетот и да бега во друга држава под друг пасош, во случајот Бугарски? Интересно ми е и мене како се обвинува СДСМ за продажбата на името а не се обвинува ВМРО што успеа 500,000 да ги направи Бугари, или пак тоа не е продажба и не е продадена историја?!
Абе Вајлд, ај ние ќе излеземе на протести (нема, не сме таков народ), ќе се буниме, штрајкуваме и сл., власта ќе направи нешто, ама треба менталитетот да ни се промени, да се променат тие што работат во тие институции.
Не те разбирам баш ама дали со сдсм на власт сите престанаа да вадат бугарски пасоши и визи и останаа во Македонија бидејки овде им е многу убаво?
Знам. Сум организирала протести. Партија дури не се вклучи, сите 'спијат'. Баш тоа се обидувам да го 'предизвикам' кај сите. Да станат активни. Сепак, за нивниот живот се работи. Не мора ни Заев, ни Грјуо да ми кажи, дека на доктор не сакаат да ме прегледаат без мито. Знам.
Вмро после овие избори е пропадната партија.Ако не направи нов конгрес и да донесе нови луѓе па нешто да се смени ,можеби во иднина. Се споменува градоначалникот на Кавадарци за нов лидер место Мицко. Настрана тие. На овие избори најчудни е се гласовите за ДУИ,мислам дека они стојат зад сите овие проблеми со ДИК,софтвери,кражби на гласови. Каде гласале толку албанци за нив ,кога не се тука. не се вратени од Швицарска,Герм,Австрија.... Ако нема некои промени во мандатите после приговорите,тешко ке се формира и одржи новата влада.
https://www.youtube.com/watch?v=6hzl2sYY-SU&feature=emb_title Ова се само мал дел од бомбите. Останатите беа избришани од јутјуб каде се спомнуваа палење на автомобили, договарање на тендери помеѓу Вице Заев и лица блиски до СДСМ, трас-трас судство, рекетирање на бизнисмени, Албанците и ДУИ не вредат 5 пари итн... Еве музика за релаксација кога ќе имаш време. Таман да си уживаш.
Обратно е девојче... Каде прочита мое изјаснување околу видеото од Заев дали е вистинско или монтирано! Вие на апла видеа викавте монтажа е, а Протуѓер дирекно кажа дека се тоа треба во ендек да се фрли, луѓе да се убијат, апла се разговараше! Апла се кажуваше како ќе превртат трактор, ќе исцинираат сообраќајка за да спречат гласање и.т.н Еве сега ќе се изјаснам за видеото на Заев, се спомнува таа сума на пари, ама според мене апла нема ништо... Цитирајте дирекно, може ќе се разубедам, со која реченица кажана на видеото станува збор на рекет?
Не буквално дека ке пропадне,ама и овие избори покажаа дека ги изгубиле своите традиционални гласачи,ако не видат проблем во себе,ке тонат се подлабоко.
Па и тоа го пишав. Нека лежи в затвор, ако прекршил закон. Шо чека МВР, обвинителство, судство?? Нели се независни сите кои работат таму? Поназад пишав. Сигурно познаваш некој што е вработен во тие институции. Прашај ги зошто не си ја работат работата?
Ај, баталете кавги ! Од искуство знам дека вака изгледа кога на хардкор ВМРОвци им објаснуваш било што зошто не се ни трудат да разбираат
И едните и другите си земале делот. Карате се за фиктивни работи, ама баш. Ем и знаете како одат овие работи. И нема жива сила што ќе ме натера да гласам. Тоа шо они си го замислиле ќе си го остварат.