Ама од нас зависи. Навистина од нас зависи. Не се политичарите Богови. Исто говно се ко нас. Едит: Напротив На англиски се вели civil servants - во директен превод: 'Слуги' на народот. А ние овде шо прајме? Ние ним им сме слуги.
ВМРО не е пропадната партија. Нека не ве лажат некои фејк портали. Всушност, сеуште е најголема политичка партија. Митко Јанчев ни дома не го сакаат, а не пак членството на ВМРО-ДПМНЕ. Ако сака ВМРО-ДПМНЕ да падне на 100.000 гласови, слободно нека си го гласа Јанчев. Типот излегува на телевизија и зборува на кавдаречки дијалект. Тотален политички дилетант.
Пак етикети моите родители последните 15 години не гласале за никој. Јас од кога сум полнолетна прв пат гласав на овие избори и тоа за Левица. Не би дискутирала повеќе ниту вие ќе го смените мислењето за Сдсм ниту јас за нив. Само продолжете да ги гласате Вмро/Сдсм и наредните 30 години па во државата ќе останат само пензионерите и нашите мили "браќа" Поздрав до следните избори
Тешко, тие самите славеа победа со 12 мандати вечерта, најмалку веројатно е дека тие се зад се ова. Ама дека овие се најнерегуларните избори досега, се.
Вмро изгубиа свои гласачи затоа што е сдс на власт, работни места чуваат, мораа сега да гласаат за сдсм . Ама има и такви што беа за сдс ама не им дадоа работа па сега гласаа за вмро, со нова надеж. Ама ова ти е најниската класа што моли за работно место и оние неспособните. А тие што се со фирми , со криминали они секкао си се снаоѓаат и им е убаво, кој и да е на власт
А, според тебе, лично, за кој вреди да си го дадам гласот? Постојано ве читам требало да се смени Мицковски и компанија од состав. Што е апсолутно точно. А, Заев во ред ви е? Мене Заев и Мицковски ми се еднакво одвратни. Недостасува култура, манири, висок степен на речник. Такви сакате да ни ја водат државата? Јас не. Се додека се препукуваат цело време и спотовите и беа баш тоа нема да ги биде. А, од друга страна па, за оваков народ такви лидери треба. Алчни, ненаситни, со речник во -50. Арно си вика @g8lQQk
Економистот Бранимир Јовановиќ, кој беше дел од стариот состав на Левица, се обрати по повод освоените два пратенички мандати од партијата. -Ќе беше супер ако во Собранието влезеше нова партија, подобра од постојните, наднационална, која се залага за правда, за еднаквост, за сиромашните, за работниците, за обесправените… За жал, партијата која сега се претставува како „Левица“ нема ништо од ова. Оваа партија својата популарност ја изгради на анти-албанска реторика и на националистичкото мото „името не го даваме“. Водена е од класичен диктатор кој ја презема партијата со фалсификат и сега им пушта кривични пријави на сите кои не мислат исто како него. Постојано користи говор на омраза и повикува на насилство, шири сексизам, мизогинија, исламофобија. Добива донации од десетици илјади евра од соминителни фирми, покрај 220-те илјади евра од државата. И уште не влезен во Собрание, се заканува со стрелање. Да, СДСМ разочараа, не донесоа правда и се здружија со олигарсите. Да, ВМРО се националисти кои не сакаат да расчистат со криминалното минато. Да, ДУИ се опортунисти, кои зад превезот на национализмот, гледаат само тендери. Но оваа „Левица“ е најлоша од сите. Оваа „Левица“ е екстремно десна, национал-социјалистичка, фашистичка. Затоа мораме сите да се спротивставиме одлучно на ова зло, пред да стане предоцна, пишува Јовановиќ.
Ако се споредат резултатите од 2016 година, СДСМ и БЕСА заедно со нивните партнери во „најголемата коалиција во историјата” останаа покуси за речиси 210.000 гласови или за 8 пратенички мандати, а ВМРО ДПМНЕ и неговите за околу 140.000 гласови и за 7 мандати. Плус, гласови од ВМРО-ДПМНЕ се претопија во Левица, Интегра, Глас за Македонија, Единствена Македонија, Македонски концепт, неважечки ливчиња. Плус, огромна неизлезност на неопдределените, кои сигурно ќе додадеа барем 40-50.000 гласови на контото на ВМРО-ДПМНЕ. Значи, една огромна, огромна структура финансирана од странски служби и домашни поданици работат на уривањето на ВМРО-ДПМНЕ, па пак не можат да ги срушат.
Ај спиј мирно, ако ова ти е утеха за поразот океј. После сите работи што Заев ги направи( промена на име, договор со Бугарија) да не победиш со минимум 100 иљади гласови значи дека не те бива и ти требаат кадровски промени. Мицко нема никаков лидерски капацитет ни сила да привлече неопределени гласачи да гласаат за него. Момакот ниеднаш не излезе со јасен став по ниедно клучно и суштинско прашање, вртеше ко киша око Крагујевца. Со таква политика нема враќање на власт у скоро време. Мој фаворит за наследник е Никола Поповски, млад и современ политичар кој пред се' има поддршка од надвор.
Многу е веројатно. Да беа другиве Вмро или СДСм ке направија да имаат 5+ мандати барем разлика. На Дуи гласачката машинерија е надвор,што поради затворени граници,што поради страв ако дојдат кога ке се вратат да не им лупнат карантини или затворат граици,плус и албанците во Косово што имаат наши државјанства им затворија влез во МК. Затоа мораа да направат нешто да дојдат до гласови. Мое мислење дека ДУи стои зад сето ова. Другиве сите губат. Пропадната е и бетер од ова ке биде. Не треба да ме лажат портали,не сум слепец,нит па некој има да го заслужи мојот глас од овие. Ја пратам состојбата доолги години,бев нивни гласач многу одамна ,според мене ако остане Мицко,и итн..(Јанушев,лажгата Мизрахи) тие 100.000 им се загарантирани. Мислам дека е најлош политичар во моментов,па и Заев со фаца на наивно селанче изгледа ко интелектуалец спрема него. Или ке го пратат за амбасадор некаде или ке остане професорче или ке се изгуби ко оној Емил што беше.
Газеше,точно. Слушнавме и како. Да наредиш камион со песок и камења да се преврти на сред пат за да спречип жители на одредено место да стигнат на гласање, е баш тоа, газење. Умноболни.
Да не мислиш на оној Никола што беше министер за надворешни работи? Ако не се лажам. Туку....го снема Зоран Ставревски. Изгледа сфатил колку е саатот.