ВМРО-ДПМНЕ не победи со 100.000 разлика, затоа што изборите се одржаа за времена Корона и огромен број неопределени, апатични гласачи не излегоа да гласаат. Самите бројки го потврдуваат тоа. Затоа, и изборите се форсираа сега, за да нема излезност, затоа што неопределените ги решаваат изборите, а тие во глобала најголем дел гласаат за опозиција. Народот не е највеќе разочаран од СДСМ заради Преспанскиот или Бугарскиот договор, туку поради катастрофалната економска политика и стотиците скандали. Затоа, и сме сведоци на толкаво иселување последните 3-4 години. Не познавам некој, а да не планира да се исели.
Исто слушавме и од бомбите како Зоран Заев, Кичеец договарале паравоена војска во југозападна Македонија, за да победат на избори. Плус, тајни договори со Сашо Мијалков. На избори можеш да украдеш 20-30.000 гласови, но тоа не го менува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ си газеше.
Тие неопределени и апатични гласачи треба да ги привлечеш, ако не знаеш и умееш си пакуваш куферите и отстапуваш место на некој друг да се обиде. Не знам како вината за поразот не ја гледаш у нивните редови туку бараш оправдувања, илуминати, марсовци, корона и остало.
Значи вмро не победи заради корона, а сдсм изгуби гласови заради скандали и лоша економија . Во вмро супер беше, ама знаете вирусов ги спречи луѓево да ги гласаат .
Така би било преочигледно, плус другите уште одма би излегле со обвинувања и би се поништиле изборите.
Исто вака изгледа кога објаснуваш било што и на некој хардкор поддржувач на сдс. И џабе цело време се препукувате дали дпне или сдс биле полоши, кои се поголеми криминалец и све остало. И двете партии се буквално исти само различно обоени, и двете се исто срање што 30 години се врти во круг, а народот е заробен во тој круг и само му ги замачкуваат очите. И кога би ме прашале мене ни едните ги сакам, ни другите, зошто веќе ми е јасно дека они меѓу себе пак си соработуваат, и двете партии си имаат бенефит, и двете у исто време вршат криминали и крадат од народот, а кога ќе дојде пред избори само си ја префрлаат топката кој поголемо срање направил и кој по прљав веш ќе извади на површина, а од кога ќе се изгасат камерите и светлата, пак заедно кројат планови за нови криминали и гомнарии.
Неверојатно! Сите загрижени за состојбата на опозициска партија и нејзин лидер кој не бил ден на власт, а за реалноста никој мува не го лази? Нема секирации за условувања од силеџии кои веќе отворено не тераат сами да се обесиме во името на "едно општество за сите", не ви е гајле што ќе имаме шошон премиер и еден куп пратеници кои имаат само една (големоалбанска) идеја да спроведат, или пак партиципација во власта со 50% нивни министри, не ви е гајле што отворено најавуваат федерализација на земјава, (сосе знаме, химна, итн), не ве боли и засега ништо од ова така? Најмногу се загриживте дали Мицко го бивало или не да биде лидер на ВМРО? Па дури ни мене како голем поддржувач на ВМРО не ми паѓаат на памет вакви третостепено важни дилеми кога гледам дека пред нос ни ја продаваат куќата и не прават бездомници во своја земја! Не ве загрижува што како досега, уште повеќе па понатаму ќе се тера беззаконие и самоволие на дивите орди по улици, установи, парламент, а никој нема да смее да им писне (пошто одговорот им е калаш имам, власт имам, ќе ве пукам и никому ништо)? Не ви поминуваат барем малку морници од извеснава иднина? Најсериозно сте повеќе загрижени дали Мицко и ВМРО требало да се реформираат зошто немаме во моментов попаметно гајле да си бериме? НЕВЕРОЈАТНО!
Па затоа сме во таа ситуација, поради неспособноста на лидерите на нашите партии, поради тоа што и Мицко и Зајко гледаат да се сместат на фотеља и да си ги полнат џебовите, а не да ја заштитат државата и граѓаните.
Хммм....океј, само мислев од тоа што го напишав за државите општо, е јасно дека не се доживувам како некој патриот. Јас не би имала против странска управа под услов да тргне на добро.... но испаѓа колку повеќе ги слушаме од надвор, работава се удолу оди. Како преку поделби да се трудат да владеат. Светот е суров. Никој не ти помага ако прво сам не си помогнеш. Поздрав и секое добро и до тебе.
Јас отидов да гласам да падне Сдсм. Не сакав да оставам одлуката кој ќе ја води мојата држава на заслепени луѓе и на Албанците. Грујо ко беше на власт, на исти вакви максималистички барања на Дуи, им даде министер за одбрана и тоа на нецела година. И албанската опозиција во земјава го обвинуваше Ахмети дека е под контрола на Груевски. Ама се можеше тогаш, затоа што народот му пружаше легитимитет на Вмро со голема предност. Затоа се стори се тој легитимитет, таа предност да бидат одземени. Денес состојбата е влошена. Заев ја дестабилизира државата за гласови. Се реши спорот со Грција ( којзнае дали е решен, времето ќе покажи ), ама ни предизвика внатрешен проблем, шо е уште полошо! Ако слушавме за името 20 години, сега каприците на Албанците треба да ги слушаме. За “тврдења“ дека побогато и послободно се живее овие 3 год, ноу комент, тоа се хол њу левл бесмислици. Но можно е некои да си се осеќаат привилегирани поради партиското членство, од каде да знам. А знаеш ли дека има некои кои го продадоа гласот за мочаните картички од 9000 и 3000? ОК, ќе им се најдат месецов, но што потоа? лол
Чекај, Ако пријавиме свадба , ќе дојде полиција и ќе ја прекине/растури свадбата? Со закон е забрането свадба да не се прави, или е една од препораките? Знам дека е укинато она дека во кафич смеат само 4ца на една маса.
Мислам дека е ограничено со број на присутни, и други некои протоколи имаат. Не мом да најдам точно на страната на владата. Секој ден нови уредби носеа.