Оти 'продадени'? Оти знам дека нема етнички 'чисти' нации? Edit> Y-DNA haplogroups in populations of Europe
Секоја нација си ја брани својата историја,култура,идентитет,само кај нас може да се деси негирање и откажување од истиот! Да имаше малце Македонско во себе без двоумење ќе кажеше чив е воинот на коњ и покрај спорните прашања. Со вакво размислување како твоето нема да се разликуваме многу од Палестинците,Курдите...
Без двоумење ? Историчар верувам дека не си, за воинот на коњ знаеш од школските учебници. Што има лошо во тоа да погледнеш подалеку, што имаат да кажат страните стари книги и записи, туѓата историја, страните историчари ? Што има лошо во тоа да процениш дека можеби некој друг е у право? Каква гордост гледаш у тоа да си историски и генетски поврзан со еден обичен варварин ?
Абе по Вашето мислење ако тераме,се ќе испадне дека другите се во право,затоа и лесно се откажувате од се. Одговорот го добив од тебе и сум разочарана. Оди во Солун сликај се таму со воинот на коњ,тука само плукај ги нашите.Тоа можете. Арно кажал Гоце на времето: ,,Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови како Македонскиот,,
Не забегувај со сентименталности. Имаме многу поголеми проблеми од воинот на коњ. Дали е твој или нечиј, не ти менува ништо у стандардот или начинот на живот. Истото тоа твое чувство на поврзаност со тој варварин, го има и гркот. Можеш да му забраниш,или пак тој тебе ? Историчарите се поделени по ова прашање, ама неее, просечниот македонец ЗНАЕ и ТВРДИ со сигурност. Абе не млатете се.
Гркот не ти забранува,ти наредува да му го дадеш, - ,,ти,, тоа го правиш,јер не ти е гајле нели,после тоа ти забранува да го прикажуваш како свое историско богатство,ти брише идентитет и име,одиш таму на одмор на крај ти вика : А да вие сте Граѓаните на Р.СМ. Веднеш глава во право е нели. Не си никој и ништо. Али небитно така ? Битно у грчка сме јес
Филмови. Имам одено по одмори у Грција дури и имам работено сезонски, ниту еден проблем не сум имала,ниту еден зајадлив коментар, ниту едно понижување на национална основа, ништо. Политиката ви го труе мозокот и перспективата. А ти не оставаш пари кај грците претпоставувам, ради патриотското чувство или сепак си преминала преку гордоста ? Како би знаела инаку за тоа како ги третираат македонските државјани?
Македонија извојува победа над Грција во судот во Хаг пред 10тина години, значи не смее(ше) Грција да и брани, можеше да користи симболи, имиња од својата историја и со тоа не прекршуваше никакво право. Ама, некој направи Преспански договор, го потпиша и сам се посра на својот народ, на својата земја и на одлуката во Хаг и за тоа народот го награди со уште еден мандат.
Да а. Те молам одговори ми која е таа сатисфакција што ја осеќаш у врска со фактот дека варваринот на коњ, кој колел бебиња,деца, жени,мажи, во име на чест и територија, дели ген со тебе,односно ти со него
Плус и бисексуалец... тоа " пригодно " го забораваат. Постигањата на Ацо се симбол на она што тие можеле да постигнат во животот, ама " нема се времена бајо"
Сте се фатиле за воинот на коњ, а никој не гарантира дека потекнуваме од него. И Грците велат дека потекнуваат, и Египќаните.. Врз кој основ сте 100% сигурни дека сме негови потомци не знам. Да не бидам погрешно сфатена, почитувам патриотизам, ама што толку сте фатени за него не ми е јасно...
Не бе,детето кога ќе порасне ќе оставиме само да се определи од кој пол е,а дотогаш ќе му се обраќаме со ,,тоа суштество,,. Јас и маж ми ќе пушиме марихуанче на тераса,смеејќи се на оние што разговараат на тема Религија и верба во Бог затоа што денес тоа е оф топик тема. Се само да се вклопиме во новово општество.
И во мода е да сте би и ќе си правите муабет за со кој уште да викнете за едно тројче да мавнете И суштеството така ќе го воспитате ќе му викате дека кога ќе порасне ќе си се определи дали сакате да го викате петро или петра нека не го гледа мандалото меѓу нозе тоа не го дефинира што е дали машко или женско.
За кој Ацо збориш, од 21 век? Колел, бесел за територија? Срам да му е. Aрна си? Пробуваш новата интернет генерација да ја "фатиш" со -колел и бесел за некој што живеел пред наша ера?
Каква врска има кој пол е детето со сексуалната ориентација? Никој не негира дека Аце бил маж, пак останува дека си имал дечковци Слободно ти викај си го сине детето, тоа нема да го спречи да биде геј, ако тоа е. Да не зборувам дека најмногу промени на пол се случуваат во најрелигиозните регии затоа што порадо би рекле дека синот им стана ќерка и сега има дечковци, отколку дека синот им има дечко.
Јас не можам да влијаам било што да ти е сатисфакција, било чиј туѓ успех или неуспех, почнувајки од спортски успеси на омилениот национален тим до воени освојувања. Мојата забелешка се однесуваше дека обично го својатаат оние што се грозат од бисексуалци.