Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    Со голем дел од твоето мислење погоре се согласувам, но ова ми падна в очи. Искрено сум била сведок на иста ситуација само од СДСМ и мислам дека бројката беше друга, не беше 10. Не дека сум некоја загорена по партија или нешто слично, ама факт имаше вакво нешто.
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Хипстер само што видов ... мислам дека се работи за
    убиство со умисла
    :x . Беше толку критички настроен кон Гвујо и фамилијата, ништо не ме чуди. Ме изненади веста и жалосно многу. :(

    Луѓе просто не сме свесни во која мафијашка земја живееме!?
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    253.019
    Остај ти што се учи на факултет, учевме за докази и факти, ама добро знаеме дека доказите и факти можат и да се подметнат.
    Факултетот и пракса се два различни поима.
    Реков Македонија и се е можно.
    Не велам дека е точно ама, сепак постои претпоставка дека сепак има нешто што смрди овде.
    Основи за тоа постојат.
    И ова се учи на факултет ;) .
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Да, само кај нас е вака, по другите држави нема нарачани убиства.
    Ајде, без драми, секој е валкан на некој начин во политиката, ама оставете го човекот да си оди на раат, зошто секој го заслужува тоа.
     
    На Abeja и kate21 им се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    E па додека се осудуваме меѓу себе, додека за секој со поинакво мислење одма ставаме печат„предавник“, додека за секоја случена несреќа, сообраќајка и слично го поврзуваме со матни политички игри...ќе си се драпаме по ****** и ќе цмиздриме дека не ни чини ;( |(

    Патем, и Тоше да не го убија ВМРОвциве, пошто нели еднаш со Бранко седна на неговиот роденден? :^)

    А бе луѓе, не бидете смешни ќе ве молам, се возат коли на никакви патишта, се правиме манге на суво, после ќе гиниме по сообраќајки, е да, и не дека ВМРО или СДСМ ни се криви, туку зашто сме ја подзаборавиле онаа старата поговорка „полека, подалеку ќе стасаш“! Тууу, каков народ врие, се шо ќе се случи се припишува на политика, ко небаре само за тоа се живее, едвај два милиони :x Јас одговорно тврдам дека деведесет посто од народијава си нема свој живот, не ќе мислам јас на сонцево денес, или на љубов, или на иднина, ќе мислам дење ноќе какви завери ќе ни се случуваат :x НО КОМЕНТ!
     
    На vendiii, sanjaeva и Abeja им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    253.019
    ^
    Има, но ете конкретно се збори за кај нас, а си ја знаеме и ситуацијата во државата, па затоа не ме изненадува и да се работи за убиство.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Девојки претеравте. Едно е да не ги сакаш Грујо или Бранко но сосема друго е да обвинуваш некого без никаков доказ. Грев е !
    И како Никола да беше првиот и единствениот кој што ја критикува власта па ете го убија, запрепастена сум кои теории на заговор можат да измислат луѓето, баш сега читам на ФБ дека ова било заговор против Груевски за престојниот 2 круг на избори, демек го наместиле други и сега ќе изгледа дека е он крив само затоа што беше критикувач на власта. Па до сега на сите кои што се против Грујо требаше да им се случи нешто.
    И ваше право е да продолжите со овие обвинувања само бидете свесни дека тој човек имал семејство и греота е вакви работи да се пишуваат. На крајот на краиштата како сте толку сигурни дека ова е убиство со умисла, да не бевте присутни па тврдите со сигурност ?
     
    На vendiii, sanjaeva и Abeja им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    253.019
    Па тогаш каде се А1 и брат Љубе?
     
    На artemis, AngieVi, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Просто не ми е јасно како се лажете да зафаќате нечија политичка страна?? Младино а бе имаш свест имаш разум ... мисли со своја глава. Никој не рече Грујо е одговорен, има над него многу помоќен и пофрустриран кој е спремен на се за "доброто" на Македонија. Грујо е ситна риба.
     
    На lady.v и Hipster им се допаѓа ова.
  10. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски

    Те уверувам дека секој што е против власта на своја кожа го осеќа теророт на Фамилијата! А, најмногу чувствуваат роднините на политичарите! Од навреди и малтретирање (мобинг) на работа, до правење на неподносливи услови за работа и до отпуштање од работа, до омаловажување на децата на политичарите од опозицијата од страна на наставничките и директорите на училиштата, до секојдневни контроли и огромни казни на фирмите во кои тие работат. МНОГУ е страшна ситуацијата, верувај ми! :!:
     
    На AngieVi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Јас незнам што скокнавте веднаш во одбрана на нешто што уствари никој и не го нападна.
    Кога по социјалните мрежи излезе веста за смртта на Младенов, кај некои лица се јави и сомнеж што е нормално со оглед ситуацијата во која се наоѓаме.
    Јас не верувам во теории на заговор и не сакам истите да ги кројам.
    Ама во време кога власта директно се пресметува со политичките неистомисленици(Љубе, А1 телевизија) и кога на претходните избори имаше убиство кое се обидоа да го заташкаат, нормално е дека ќе постои сомнеж кај некои луѓе. Како онаа старата, ако еднаш се изгориш од врела чорба после и ладната ќе ја дуваш.

    Но, сметам дека треба да се воздржиме од теории на заговор, се додека не постојат барем некакви индикации дека такво нешто е можно.

    Превземено од Твитер
    Ivana‏@Saraginova
    Денес во Македонија заедно со Младенов почина и новинарството! Почивај во мир Никола.

    Borjan Jovanovski‏@BorjanJovanovsk
    RIP Никола! се помалку не има

    Daliboard‏@daliboard
    Народецу неразбран, разбери дека со втишувањето на гласот на Никола Младенов, сите имаме одговорност да бидеме погласни!

    Lina Simon‏@lina_simon
    Вистинскиот новинар е вечна опозиција.
    Никола Младенов, почивај во мир.
    Ќе ни недостигаш.

    Vanco‏@ordanoskiv
    Никола Младенов беше главен уредник на Млад Борец во времето на „новинарската пролет“ во МК, 80-и-некоја. И тогаш требаше да се биде храбар

    Влија-ТЕЛЕ-н‏@Kopriva
    Кога во вакво едноумие ќе изгубиш човек како Никола Младенов, трагедијата е уште поголема. Почивај во мир, you will be greatly missed!

    Vlatko Spila‏@VlatkoSpila
    се надевам дека не постои некоја теорија на заговор... НЕКА ПОЧИВА ВО МИР НИКОЛА МЛАДЕНОВ...

    Боцка Ос‏@osilo_boc
    Како на некој напуштен пат да загинал #НиколаМладенов ? Веста објавена по 12 часа од сообраќајната несреќа. Се сеќавате на случајот Мартин Н.?

    Маци‏@ViktoryNik
    Никола, Никола, нешто чудно ни се случува ?!

    Дејви‏@DjAnG0o
    Голема загуба за новинарството и слободната мисла во Македонија. Почивај во мир #НиколаМладенов

    Жими тебе‏@Kiril_X
    Во секој случај е несреќа: дали загинал или му се слошило или му наместиле, еден Господ знае, а сомнежот е гадна работа.

    Elena‏@EStavrevska
    Смртта на #НиколаМладенов те натера да заклучиш дека не треба да се збори многу многу? Поздрав од Кичмата ти, било је лепо живети с тобом!
     
    На artemis, Hipster, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Кај и да се живи се! И Љубе и сите новинари од А1. Тие беа најголеми критикувачи на Грујо па сепак сите се здрави, живи и си работат по други телевизии. Едно е затворската казна за Љубе и затварањето на А1 а сосема друго е да убиеш некого на таков начин, да сакаа можеа лесно да го затворат и него или да му најдат нешто и ќе се решеа од него . Иако сум поддржувач на власта не ја оправдувам за многу од одлуките што ги има направено но вакви обвинувања против кого и да се, се свирепи па уште со толкава сигурност, ајде бе !
     
    На Valeriya му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Во ред Теси, баш и за тоа ми беше прашањето дали постојат вакви случаи поврзани со СДСМ. Зошто чудно ми беше што знам волку луѓе и сите тие да се уценувани баш од ВМРО и тоа со години наназад, а немаат никаква поврзаност ни со едната ни со друга партија.
    И далеку од тоа дека СДСМ се светци, да се разбереме. И јас лично сакам Бранко да си отиде зошто заради него многу луѓе не ги гласаат веќе, а така нема никогаш да престане оваа диктатура.

    Абеја со тебе не дискутирам веќе. Воопшто не дискриминирам или навредувам. Во ниеден пост не реков дека во Центар и Карпош живее 100% интелектуално население, а во другите општини нема ниту еден или еден. Али дека најмногу има таму, да има.
    И ако прочиташ малце статистика на веб страна што не е Курир, ќе сватиш и ти ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Жалам за Младенов. Навистина искрен и непристрасен,голем човек беше.
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Чекајте...прајме муабет за А1, телевизијата што не ги пријавуваше вработените, што работеше на црно, што пакуваше смоки во хангари и што не плаќаше даноци?
    Прајме муабет за Љубе, кој беше фатен со 100.000 евра црни пари за спонзорирање на својата предизборна кампања?
    Ако Да, тогаш ми е под ниво да ги коментирам, па ако сакаат и први братучеди да ми се!

    Значи, според вас, Грујо е крив што е Велија во затвор?
    Не ве боли ни малце што се заебавал за своја корист со Ваши пари? Пари што како телевизија ги добивал од Советот за радиодифузија, а си ги користел за свои желби и луксузи + кршел закони, кои сите други сме обврзани да ги следиме??

    Никој не сакам, ниту ВМРО, ниту СДСМ, сите се под ист калап правени, и затоа не се ни замарам со политика.
    Знаеме дека има уште илјадници други поданици од двете страни кои сигурно имаат црни пари, не плаќаат даноци, не пријавуваат вработени, ама погоренаведените се виновни, и ТРЕБА да се казнат.

    А дека уште многу други треба да бидат во затвор - треба. На сите ќе им дојде крајот, меѓусебно ќе се изедат, само да им помине меракот за дружба :)
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.766
    Пол:
    Женски
    Да, да, имаше. И тоа не од скоро, уште од поодамна имаше случки. Не ни помислив искрено дека мислиш дека од СДСМ се светци, баш ми се допаѓа твојот пристап на темава. Само сакав да потенцирам дека имаше такви случаи. :)
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Ееее, ја претераа, жими мајка.

    Да ви кажам право, ако стварно е убиство, сигурна сум дека немаше да го направат пред втор изборен круг, знаејќи какви сценарија (вистински и лажни) може да произведе човековиот ум!

    Пре-те-ра-но. Оставете го човекот да премини на другиот свет на мир.
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Со таа разлика што А1 телевизија не ги пријавуваше вработените и 5 години пред тоа, ама тогаш се замижуваше, оти не плукаше толку по власта. Е откога почна со плукањето, експресно се откри финансискиот криминал кој постоел и се знаел уназад 5 години.
    Само Љубе ја спонзорирал кампањата со ,,црни,, пари? Кој ќе пресмета како ВМРО и СДСМ ги спонзоррираат кампањите? Кој ќе пресмета колку пари во кампања фрли ДПМНЕ на локалниве избори кога сме сведоци дека се рекламираа 24/7?
    Е тоа е СЕЛЕКТИВНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ и борба со политичките неистомисленици.
     
    На lunicka, Danilela, Li0ness и 2 други им се допаѓа ова.
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Немој толку слепо да веруваш дека истото тоа не го прави и СДСМ. Да, и тие го прават истото, купуваат гласови со пари и бркаат демек ,,неопределени,, членови кои ќе гласаат за нив.

    Пострашен е фактот кој води на ,,едноумие,, кој не враќа назад и асоцира на социјализам.....Ни отиде демократијата јабана.