Ако работел како советник, нормално дека ќе е на платен список, што е тука скандалозно? Тоа што сум пишувала за СЈО било за трите грации, Апасиев ниту е тужен, ниту е гонет.
Ауууу, златното дете бил тој на Бриџи. Едно златно, да го грабнеш и да бегаш Апашев си ја присвои Левица на најподмолен начин и ја направи султан партија. Ништо нема од Левица, онаа за која вредеше да застане човек.
Како бе СЈО сеа не ви чини?! А у 6 се чекавте секој ден и блузи носевте, песни им пеевте, па документарци гледавте... Една со 6ка просек ви беше божица, а професор по право не чинел. Она плата од 3000 евра месечно, па и ја исплатија до даске, он за 2 правни мислења не чинел... Плус он се откажа навреме од нив...
Што ви згрешил Апасиев, освен што напишан латиница може да се прочита како Апашиев? Како за човек без ниедна државна функција досега, таман си е, чист (ваљда). Тоа што избркал од партија некои што сакале да бидат привезок на двете опции наместо да бидат трета, му е само плус. Или не се продава евтино, или уште не му ја погодиле цената. Ама соу фар, соу гуд.
Не. Тоа што ги избрка, за да нема колегијално водство, туку само тој да е лидер и да си обезбеди (барем) за него пратеничко столче. Не се другите поарни, ама за ист некој да е, нема потреба да менуваме.
Уште не почнал а треба многу гомна да изеде за да биде приближно ист. Жалосно е што по други теми се правите револуционери во разни сфери, а во ваква тема ко попчиња со испран мозок.
Оф леле, ко баба на пазар. Не, остај ги останатите да продолжат, зошто него да му даваш? Ај со здравје.
Watch him Ние вака сега ко оние од балконот на Мапети можеме да дофрламе, ама му давам 6 месеци пред да изрази земјопоседнички/ бизнисопоседнички/ неолиберални аспирации... Ај ќе збориме Он има предност што е интелигентен и речит, ама дека е психопатско гованце, ЈеТ
Политичкава ситуација кај нас во денешно време е толку безначајна, бесмислена, бледа, трагикомична и невредна за коментирање. Не ме интересира, ниту дома зборувам за политика, ниту со роднини и пријатели, а ниту на форумов. И многу поопуштено се осеќам. Ни лук јал ни лук мирисал. Излегов, го ризикував здравјето, но го искористив моето право и своето гласачко ливче го оставив неважечко бидејќи мојата татковина не е северна. Нити гласав за едни, ниту за други ниту за трети. Не е пандемијава крива, сите беа неспособни да понудат задоволителна програма, не дека ќе ја исполнеа. За ова кратко време на кампања, изгледа како да си ги мереа на кој му е поголем и на крај нерешено испадна. Едниот демек отиде на одмор, уствари отишол да му го продолжат.
Така ли од партија те лажат? Тоа што е против Преспанскиот договор значи дека не е за ЕУ? Ај не ме цитирај веќе на темава.
Ако неќиш да те цитирам, не ме цитирај и ти, или пиши нешто со што се согласувам. На форум така одат работите. Не сум член на ни една партија. Замисли
A они од жал за Деспина прифатија да бидат министри, заменици, советници, што и да беа? А не се сите невини дури не се докаже дека се виновни? На поминување сум го видела у компјутер @Dentina , не сум му седнала да го анализирам јали е јали не е психопат. Онака, на прв поглед не ми се превртуваат црева, како ко ќе ги видам ЗЗ и Мицко. И уште не е толку арогантен како Фрчко (али се со време иде, let`s see)
Не. Оти сакаат да лапаат државни пари. Имам основано сомневање дека извршила криминал. Натаму е на институциите. А по таа проблематика, обрати се кај нив. Сигурно познаваш некој што работи во МВР, обвинителство, или судство. Ад-хоминем не ти помага. Напротив.
Постојано се жалиш на ад хоминем атак. Знаеш зошто не можеш да водиш дискусија без некој да те нападне директно? Затоа што си иритантна as fuck.