Од кај виде дека не чини? Ако се покаже дека не чини следни 4 години пеки, ама буквално уште нема влезено во Собрание од сите страни му се нафрлија ко волци.
Почеток е ова само, прво се почнува со фашист, расист, националист, пошто сдс нели познати по прогресивноста и еу интеграции се и лажат мали деца на таа карта, па пари земал -5000 евра за 6 месеци работа во сјо Тука неписмени еден куп што ги знаеме работат државно и земаат над 600 евра месечно и истите потресени зошто Апасиев земал толку Маска да си ставиш кога читаш да не се заразиш со глупоќа.
Вемеро не го сакаше жешкиот костен на промена на името, а некаде некој од нив во некоја канцеларија веројатно знаеше дека еден ден ќе мора и тоа да се избоксува. Раководството народски кажано, си ги натовари магарињата, Заев ќе влезе во историја како човек кој потклекна на притисок да смени име, и овие другите номинално се чисти пред своите избирачи. А избирачите се секаде разновидни. Само во Туркменистан ваљда Нијазов добиваше 99% од гласови на избори. Во Македонија секогаш ќе постои поделбата во мк електоратот. Колку се демократски методите и на едните и на другите, чувме, фала богу, не мора превод и на албански. Народот ќе проголта се што ќе му се сервира. И вмро после 2001 велеа не коалицираат со терористи па коалицираа. И сдс велеа нешто слично па и тие ретерираа. Приватизација не е чепната, лустрација служеше за поткусурување, а народ заборава, заборава, заборава...
Не зел многу. Да му дадеме ли шанса да приземи уште? Ко ќе се бапни гладен, ненапумпан со милиони... Уште 10 години ќе ни требат да се отарасиме од него, дури не се напумпа убаво со пари. За што ни е тоа? Никаква корист нема. Апсолутно. Само штета.
Не сум политички „едуцирана" и можеби ми недостигаат клучни информации, па затоа ќе прашам: зошто се смета за крадење ако доктор на (било кои) науки зел плата од 1000 евра месечно, макар и за консултации? Не би требало ли ова да е нормата за сите доктори на науки/експерти, особено кога им е доверена одговорна работа, како што била таа во СЈО?
Инаку од толку к*рчење на Апасиев со тие 1900 и колку и да се приговори у рок од 2 саата му ги "стрелаа". Пред 4 години оној од србија го заебааа где је печат, еве сега кај нас дојде и тоа... Тешко нас со ваква влада, нестабилна и поделена, како ли ќе биде за тие закони со 80 пратеници што требаат за да има гласање, со господ напред...
Абе ќе ги фаќаат за врат ама пак ќе има ќе гласам ако ова направиш, пак ќе има со уценување со плаќање ова она...исто се врти у круг. Ај може вмро ќе позајми некој пратеник пак.
А и ние можеме да ги 'фатиме за врат', и тоа да не можат да мрднат. Само овој народ не знае за граѓански активизам, и граѓанска непослушност... за жал.
Незнам дали другите приметиле, кога нешто ќе те засегне тебе лично, а неможе да остане на твоето, тогаш употребуваш арсенал не потребни и навредливи зборови. Еве горново незнам зошто е потребно?! Ако незнаеш да дискурираш или неможеш да се носиш со спротивен став,.отстапи, зашто вака личиш на "или моето или ничие" Овде збориме за личности кои сите ги знаеме и секој кажува што мисли, ама освен ти, друг не сум прочитала да навредува ради личен став Брани го својот став и мислење ама не прави напади на личности.Таквото однесување многу кажува за тебе. ...не си научила ништо во странство,џабе јадеш леб таму И, не се нервирај толку, ако толку ја браниш на Апасиев дружината дојди си па гласај си. ...и биди си паметна, ама носи маска
Како поинаку да направам споредба, има ли подобар начин од тоа да ги мериме платите или хонорарите на Доктор по право и административец влезен со лепење плакати, посебно кога разликата е мала и кога неговото се нарекува крадење? Дали стварно мислеше дека ќе ти пројде спинот?
Апасиев зима 1000 евра. Администрација 500. Апасиев оди и предава и на др места, оти е способен. Администрација нокој не плаќа за да клати врата на екстра место.
Дали ти си за сеуште да биди било кој од ВМРО ДПМНе и СДСМ и да нема (можна) трета опција како на пример еве моментов "ветува" Левица? Дали менталитетот ил доменот на индивудалната (и грото) нивото на интелигенција ни се сведува на тоа само да кукаме и плачиме како може подобро да е итн.... а сепак се се сведува на две партии што не дупат веќе 30 години?
Радо би гласала некој чист како Апасиев него да изберам веќе јавно корумпирани и упорно широко прифатени како Заев и Мицковски. Два пратеника се. Чиниш 15 добија. Чиниш со пукање прославија. Штом Апасиев се извалка, нема веќе гласање за него. Како шо требаше за сите претходно да е. Ама не е. Оти чистиот не ви чини, оние гнидите ви чинат. И дур го викате со прв збор на уста шо ќе ви дојди, сетете се двете партии шо се менват на власт шо напраја. И дур ги гласате џабе ви е. И да сака не можи ни пола Апасиев да напрај од то. И потсетник. Два пратеници се. Два. Не 15. Не 12. Туку ... Два. Во статус искористи метафора. Не пукаше во населби.
Не си во право. Не ни сметаат баш тие два пратеници, нека си тераат, ни смета (мене барем) што од ист калап политичари се појавуваат на сцената, веќе 30 години. Што е поентата да експериментираме со Апасиев? Ист како ВМРО ќе биди. Ќе ја блокира Евро-интеграцијата. И шо напрајвме? Ааајде, пак назад 10 години. И после чуденката: Ами оти до сега не сме влезени? Ами нема ни да бидиме некогаш, со овој памет. Цел свет се обединува, ние, јаката држава, оаза ќе прајме, и то со нецели 2 милиони неквалификуван, корумпиран, пасивен кадар, и никаква економија. Мислите им е гајле на светот за нас? Не им е. Можат тие и без нас, не уште 10, уште 100 години. Ние не можеме сами.
јас досеа немам видено квалитет, се што отскокнува малце ми влева надеж дека можеби е нешто. Брејјј одма да се хејтало, небањат, немијан, на од факултето од Грујо предавал, фашист, че пукал откај ти знам ти што. Нели мислиш дека е малце ретардирано и просто да се обвинува вака, а од друга страна корупцијата е на многу високо ниво и за сегде ти треба пријател макар и да те вработат за ебани 250 евра? Или секош бираме магаре да ни го бапни или змија да ни го лапни т.е СДСМ или ВМРО? xD