Не, у нашиов случај реалноста е симплифицирана. Ако си за поништување на тие договори автоматски ги загрозуваш евроинтеграциите со тоа што им даваш чиста позиција за вето.
Интересни барања Левица бара отповикување на признавањето на Косово, Јужна Кореја и Израел и итно отчленување од НАТО Левица бара забрана за користење на името ВМРО од страна на политички партии
Програмата и ставовите на Левица по sci-fi од оние на Интегра. Пази, тие биле за европски интеграции, ама во една видоизменета ЕУ. Аха да, светот го чекаше баш Робеспјер од Македонија да ја измени Еу. Ќе отповикале независност на Косово, а ќе барале независност на Каталонија. Нон сенс. Ќе вовеле отповикувачки мандати на пратениците, ама не да може да ги отповика само народот кој ги избрал, туку и лидерот на партијата ако не му одговараат. Демократија, нема што. Султан партија на Апасиев. И ај програмата ќе ја прескокнеш некако, ама она што ствара одбивност кон Левица е баш Апасиев. Таква самобендисаност и исфрустрираност, таква искомплексираност и фанатизам, па све тоа зачинето со скопски сленг у обид #куриња и сликање и постирање уверение со 10.00 просек и повтарање на 3 минути дека е професор по право. Јок. Уште не седнал у фотеља ќе стрела. Ако стрела како што поднесува приговори ич да не му бегаат
левица играат паметно и на големо за во иднина да се омасовуваат и добијат повеќе моќ... во денешно време во политика се е околу експонираноста во масовните медиуми и привлекување на внимание и изгледа затоа вадат некои дури и ексцентрични ставови и барања. важно да се во оптек и да се зборува за нив. со тоа им расте рејтингот и не паѓаат во заборав. ми текнува на онаа народната изрека: „подобро на лошо да те спомнуваат отколку воопшто да не те спомнуваат“. овие ставови ми се како објективен набљудувач, немам лична поддршка за спомнатата политичка партија.
Отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја. За разлика од прекинот на дипломатските односи со овие држави, Левица смета дека веднаш треба да биде признаена независноста на Палестина, Каталонија и на Баскија. А ова озбилно или пак трола? Ако вистина, да и се извинам на @Dentina , многу брзо стигнаа и до надворешна политика
Се бори против сепаратизам ( отповикување на признавањето на Косово) а бара признавање на Баскија и Каталонија Не по врат по шија работава
Амин, чедо . Тоа е, шта Ќеш...толку ум, мора да му претече некаде по ринглите на типов. Кој ќе чисти флеки зарибани после него, не знам.
За Аљи (Аца Антич) немало докази дека е вмешан во злосторства, аха... Али Ахмети повикан да се јави во Хаг како еден од основачите на ОВК
Не мора да значи дека 'го тераат во опозиција'... поќе ми личи ко да му 'кажуваат', 'да не скока многу', ако влезе во влада.
Одамна му го навестуваат меѓу редови ова, затоа и смени реторика на избориве за да го запаметат ко борец за правата на Албанците а не ко лопов кога ќе го снема од власта за брзо време.
Што сте наивни бре, мислите дека на Аљи му текна идеја за премиер од негов сој? Па тој не прднуе без налог од надвор. Послушник и одработувач пар екселанс. Евентуално 50% министри во влада ќе напика, колку демек Зоче да испадне дека го победил на Аљи и не му учинил, а вие да се радувате дека некој се уплашил од Зочето па за негов атер отстапил од барањата. Што и да биде, само знам дека ќе бидеме за жалење и тоа со гусла.
Дуи тешко дека и во Влада ќе биде. Така се шушка. Толку е. На одмор се, да, али се крои и Влада. Или скроена е веќе. Се уште има постапка и за изборите. Преговори, тужби. Таман си е после 2 август. Некако и ДУИ ко издишани, ги нема со Премиерот веќе по медиумите